You are on page 1of 1

ДИФЕРЕНЦИРАН ПРИСТАП ВО НАСТАВАТА ПО

МАТЕМАТИКА
Овој начин на работа се одвива во три нивоа.Секој ученик според сопствениот избор и своите спо -
собности си избира сам кои задачи ќе ги решава.

I ниво – Ако го одбереш ова ниво, значи дека можеш да добиеш најголема оценка 3.
II ниво- Ако го одбереш ова ниво, значи дека можеш да добиеш најголема оценка 4.
III ниво - Ако го одбереш ова ниво, значи дека можеш да добиеш најголема оценка 5.

I НИВО
1. 375 976 857 766 963
- 163 - 535 - 632 - 543 - 741

2. 376 – 142 = 532 – 321 = 935 – 612 = 876 – 235 =

3. Ако намаленикот е 796, а намалителот 362, колку изнесува разликата?

Одговор:_______________________________________________________________________________

II НИВО
1. 435+252 – 346 = 264+314 – 157 = 346+433 – 562 = 538+351 – 763 =

2. Збирот на броевите 535 и 152 намали го за 343!

3. Во една книжарница имало 679 тетратки. Блокчиња биле за 214 помалку од тетратки, а тефтерчиња има-
ло за 343 помалку од блокчиња.Колку блокчиња имало во продавницата, а колку тефтерчиња?

Одговор:___________________________________________________________________________________

III НИВО
1. Брзиот воз изминал 968 км. Патничкиот воз изминал 543 км помалку, а шинобусот 112 км помалку од
патничкиот. Колку километри изминал шинобусот?

Одговор:__________________________________________________________________________________

2. Од еден овоштарски расадник продале 563 јаболкови садници, црешови садници за 251 помалку, а виш-
нови 122. Колку вкупно садници се продадени?

Одговор:_________________________________________________________________________________

3. Во едно стадо имало 356 јагниња, а во друго 243 јагниња. Од нив во првото стадо 132 јагниња биле
црни, а во другото 122. Колку вкупно бели јагниња имало во двете стада?

You might also like