Professional Documents
Culture Documents
113206250 Стефан Марковски Среќата е глагол извадок PDF
113206250 Стефан Марковски Среќата е глагол извадок PDF
глагол
- Како мириса цутот
на животот во вас ?
Стефан Марковски
Десет илјади цветови напролет
Месечина наесен
Свежо ветре на лето
Ситни снегулки в зиме.
~ Ву Мен
1|
На луѓето, среќни и несреќни,
На првите, за да се заборават во волшебствата на мигот сегашен,
На вторите, за да се присетат на иднината
И сеќавањето да го претворат во јаве.
2
Содржина
1. Кратко упатство за читателот..............................................................................................
2. 111 практични напатствија: не заборавајте – долгиот, прекрасен и посакуван живот ви е
на дофат!...........................................................................................................................
3. Како да се направи обичниот ден поубав?...................................................................................
4. Животот е збир од најразлични среќни мигови...................................................................
5. Нибаната во Будизмот и стремежот за квалитетен, долг и прагматичен живот................
6. Каква треба да биде здравата и среќна личност и како до таква состојба на умот?...........
7. Како опуштеното тело помага во опуштање и флексибилност на умот?...........................
8. Медитацијата ја буди креативноста..........................................................................................
9. Кратко упатство за медитација..........................................................................................
10. Изградете личност отпорна на стрес................................................................................
11. Техники за ослободување на умот од негативни мисли и чувства.......................................
12. Медитација на умствено мапирање..........................................................................................
13. Подобри ја моќта на волјата и самодисциплината! ................................................................
14. Преплетувањето на моќта на волјата и самодисциплината..............................................
15. Самодисциплината и моќта на волјата како аспекти на управувањето на вниманието......
16. Автохипнозата – тајна кратенка до успехот....................................................................
17. Предлози за автохипнотички афирмации..........................................................................
18. Како до правилно распределување на вниманието? .................................................................
19. Преплетувањето на прагматизмот и оптимизмот е предуслов за секој вид успех!..............
20. Траењето и интензитетот на среќата и смислата на животот.........................................
21. Присутноста, високата самоконтрола и правилниот распоред на вниманието....................
22. Хормоните и среќата.......................................................................................................
23. Еднојајчаните близнаци храна и среќа................................................................................
24. Физичката активност и среќата..........................................................................................
25. Науката за(д) човековите задоволства.......................................................................................
26. Насмевката и смеата како ментални дисциплини....................................................................
27. Стравот од неуспех е страв од успех.................................................................................
28. Успехот и среќата не се синоними......................................................................................
29. Како да се „подмлади“ мозокот? ..........................................................................................
30. Водењето на вистинскиот тип дневник може да ве одведе до посакуваните цели..................
31. Запознајте ги десетте свети заповеди на оптимизмот............................................................
32. Зрелоста на немислењето и уметноста на сегашниот миг.................................................
33. Верувај и ќе бидеш верен на она што си...............................................................................
34. За да имаш висока самодоверба, секогаш знај што сакаш....................................................
35. Убавината е искреност кон себеси......................................................................................
36. Природен тек (расказ за оптимизмот)....................................................................................
37. Инспиративни цитати од сите светски краишта.....................................................................
38. Препорачана музика за релаксација, енергија и подобрување на расположението..................
3|
Среќата е живот во изобилие
Да биде во тебе. Да дејствува низ Тебе, како што тоа го прават глаголите.
Некаде длабоко во Космосот низ нечуен татнеж одекнува секоја твоја мисла.
4
5|
Кратко упатство за читателот
А сепак, авторот е убеден дека ефектот на ова дело и тоа како може да биде поголем и
пофундаментален во облик на класична книга, иако делови од истото ќе бидат
достапни и во електронска форма.
Секако, секој од нас минал низ периоди кога се чувствувал повеќе или помалку
среќен, продолжувајќи со животот, градејќи ја својата личност од безброј различни
искуства.
6
2) Доколку некои напатствија ги смета за невообичаени или силно чувствува дека
не се позитивни за некој аспект на сопствениот организам препорачувам да се
консултира со лекар и стручно лице во однос на специфичниот проблем;
3) Доколку некои напатствија ги смета тешки за остварување и се чувствува
себеси присилен да ги остварува истите, потребно е да биде мотивиран, а основите за
обезбедување на мотивација исто така може да се изградат по пат на соодветни
техники на физиотерапевтски и психотерапевтски третмани од страна на стручни
лица;
4) Напатствијата претежно се однесуваат на релативно помлади личности (до 40-
тина години, иако ова возрасно ограничување не е ригидно) без оглед на полот и
расата (иако во однос на некои поспецифични форми би требало да се земат дури и
овие физиолошки дистинкции);
5) Повеќето меѓу нив, кои ги нуди ова дело, со исклучок на неколку техники, не ги
сметам за оригинални и на нив можете да наидете читајќи голем број книги со ваква
тематика, научни студии и други видови книжевно-филозофски текстови, меѓутоа,
она по што тоа се издвојува е нивната концентрираност и сеопфатност – веројатно
откако ќе успеете да ги пронајдете соодветните техники кои би ги применувале во
насока на зголемување на квалитетот и должината на животот, би сакале да
прифатите и некои други кои овде се исто така базично понудени, имајќи ја предвид
концентрираноста на совети од најразлични типови;
6) Ако сте дополнително заинтересирани за овие напатствија и техники – што е
особено чест случај кога читателот е почетник т.е. без посериозни предзнаења за
опфатените теми, пребарајте ги истите на интернет или во други книги и по никоја
цена не се откажувајте од својата цел – да живеете живот каков речиси сите луѓе на
светов низ историјата и до ден денес посакувале и посакуваат – долг, полн со
уживања од најразлични облици, со вистински и отворени пријатели, почит и восхит
од сите страни, како резултат на својата насоченост кон праксис и позитивни
остварувања.
Сепак, доколку навистина ги испитате резултатите на секоја од овде изложените
техники, речиси непостоечка е веројатноста да не постигнете реален прогрес во
посакуваната насока.
Патем, имајте предвид дека секој совет на кој ќе наидете при читањето на оваа или
било која друга книга која се занимава со постигнувањето на оваа цел, на еден или
друг начин е присутен во вас. Закопан во сферите на вашето потсвесно, речиси
бескрајно знаење.
Единствената задача на ваквите совети е да ве поттикнат во успешната потрага по
вистинското Јас.
7|
111 практични напатствија: не заборавајте – долгиот, прекрасен и
посакуван живот ви е на дофат!
8
5. Не се форсирајте да станете поинтелигентни одошто сте, ниту пак да
навлегувате премногу во области кои немаат суштински допирни точки со вашата
личност – гледајте интелигенцијата да ја ставите во функција на својата добробит, не
да се заборавите во своите интелектуални амбиции и интелектуално его;
6. Што се однесува до самата содржина на идеите, обидете се да бидете што е
можно полиберални и уживајте во различностите меѓу вашите и сфаќањата на
собеседниците, без оглед дали станува збор за интелектуални (политички, научни,
филозофски, религиски) или емоционални разидувања;
7. Секогаш имајте ја предвид ирационалноста на чувства од типот на стравот,
тагата и потпаѓањето под искушенија;
8. Размислувајте прагматично, претпочитајте да пристапите секому
добронамерно и отворено, одошто да го одбегнувате или лажете;
9. Одбегнувајте да се споредувате со останатите, дури и доколку се чувствувате
поуспешни од своите „ривали“ – наместо како ривали, обидете се да ги гледате луѓето
како слични на вас;
10. Кога некому за одредена работа му е тешко – помогнете колку сте во можност,
без резерва и не очекувајте сериозно дека ќе ви биде возвратено – правете го тоа со
љубов и срце, затоа што вие така сакате;
11. Бидете постојано љубезни и научете се да не очекувате премногу од начинот на
кој ќе ви биде возвратено, но исто така не правете премногу за некој за кој ќе оцените
дека не се ни обидува да ви возврати;
12. Ако не сте задоволни од својата работа, согледајте ја својата севкупна
материјална и семејна состојба и донесете сигурна одлука. Ако не сте задоволни од
платата или односот на претпоставениот, веднаш побарајте промена – ако не биде
овозможена, сменете го работното место дури откако ќе загарантирате дека е тоа
можно. Сепак, не очекувајте премногу за да не се разочарате дополнително;
13. Ако некогаш воопшто почувствувате потреба некому да одвратите на некаква
провокација, направете го тоа со проста и искрена насмевка;
14. Ако некогаш чувствувате одредена болка на определен дел од телото (на
пример, забоболка), гледајте што е можно побргу да ја надминете (по природен пат),
затоа што пролонгираната болка на еден или друг начин се јавува како
предизвикувач на стрес, истоштеност и негативни емоции;
15. Во текот на денот гласно смејте се повеќе (околу 20-тина) пати по малку –
барајте причини за смеа, и научете да бидете насмевнати постојано (дури и
неприродно), без, или со мал оглед на надворешните околности;
16. Иако може да ви се чини дека е подобро спротивното, научете, откако веќе ќе
достигнете фаза на висока самоконтрола, да ги прикривате позитивните и
негативните емоции (да чувствувате без да ги изразувате надворешно);
17. Сите задоволства сместете ги во сегашноста, поголемите поделете ги на
поголем број помали задоволства;
18. Наместо да се навраќате на спомени кои ви оставиле негативни траги и да се
обидувате да ја предвидите иднината, релаксирано и задоволно живејте ја сегашноста
– ни на момент не го заборавајте ова;
19. Навикнете се на постојано задоволно живеење, но не се автоматизирајте – не ја
заборавајте вештината од старите убавини постојано да пресоздавате нови;
20. Научете техники преку кои ќе ги подобрите когнитивните капацитети (на
пример, умствено мапирање (за кое во делово имаме издвоено и посебен дел),
брејнсторминг, зголемување на генералната концентрација и меморија) и искористете
ги во конкретни цели;
9|
21. Имајте бариера кон постојани двоумења, нереалистички и размислувања за кои
знаете дека се бесцелни, но наместо изнасилено да ги истурнувате од својата свест
таквите мисли, постојано, без прекор кон сопствената „неспособност“, навраќајте се
на важните нешта;
22. Стојте си на дадениот збор, особено ако е тоа зборот кој сте си го дале на
самите себе;
23. Сменете се пред сè ако е тоа ваша, не туѓа, или пак, волја на надредени или
авторитети (вклучувајќи ненаучни писанија од типот на религијата, астрологијата,
таротот и тн.);
24. Развијте спонтана и оригинална смисла за хумор кој ќе ве опушта вас и вашите
пријатели;
25. Развијте (отпрвин помалку механички) повеќе стилови на смеење кои потоа ќе
ги интегрирате во своето секојдневно однесување во вид на рутина;
26. Обидете се да не ги заборавате шегите и постојано „рециклирајте“ ги во нови
контексти;
27. Не си го фокусирајте вниманието на автоанализи и она што сте го направиле
пред останатите – неменливоста на минатото нема зошто да ве онерасположува;
28. Научете да танцувате и не одложувајте да ја искористувате оваа вештина со
лица од спротивниот пол кои ви се допаѓаат;
29. Сепак, не запаѓајте во незапирливо искушение кога чувствувате дека некое
лице ве привлекува, иако не е препорачано ниту да се откажете;
30. Научете го „јазикот на телото“, лицевото изразување и вежбајте ги своите очи
(држете ги постојано колку можете пошироко отворени, а доколку одредени навики –
како постојаното гледање во различни екрани, ве спречуваат во тоа, откажете се од
нив) со цел да штедите зборови кога тоа е неопходно и повнимателно да бидете
перципирани;
31. За сметка на изоставувањето на едни, константно внесувајте нови зборови во
својот јазик и тежнеејте почесто кон користење негации (особено зборот „не“);
32. Со помош на медитација и автохипноза можете да се откажете од повеќето
негативни телесни/психички навики во период пократок од 1 месец;
33. Немојте да ја форсирате медитацијата! Всушност, поголемиот дел од луѓето кои
практикувале медитација се чувствувале анксиозно и вознемирено заради чувството
на присилување на себеси кон медитирање. Медитирањето треба да претставува
дневна рутина која ќе ја изведувате со љубов и, буквално, без свесно очекување какви
било позитивни резултати – единствено психофизичка опуштеност во сегашноста;
34. Ако веќе верувате дека медитацијата има цел, знајте дека е тоа постојаното и
природно одржување на контрола над себеси, истата онаа која ни ја одзема стресот и
недостатокот на психичка енергија;
35. Научете да се гледате себеси „од трето лице“, односно од птичја перспектива
додека ги правите рутинските работи од секојдневието, така што ќе го визуелизирате
(можете буквално да го замислувате во боја, текстура и големина различни од
вистинските, при што пожелно е да го замислувате како повисоко, подобро градено и
обоено во посакуваната боја) сопственото тело (па и просторот околу него) како
опуштен и „лебдечки“ просторен објект;
36. Научете да ги посматрате сопствените идеи од дистанца и со релаксиран
мозочен тонус – во мигот кога ќе забележите „затегнувања“ на одредени (пред сè
предните) делови од мозокот, нежно и без предрасуди кон себеси, опуштете ги –
можете да го правите ова во паралела со релаксацијата на телото;
10
37. Живејте што е можно попросто, не се принудувајте на мултитаскинг и
фокусирајте го вниманието целосно на единствена задача во даден момент, без оглед
колку некој и да сака да ви го наметне спротивното;
38. Кога е соодветно времето, гледајте подолг период од денот да сте излезени
надвор одошто во затворен простор, и притоа, движејќи се, настојувајте да правите
правилни движења (иако не постојано едни и исти), кои ќе ги менувате споро и
ненагло;
39. Научете се да го ограничувате вниманието на едно или две сетила – на пример,
додека јадете/пиете одбегнувајте да се обѕрнувате на звуци (може да ставите ушни
тампони);
40. Постојано дишете чист и миризлив воздух – одбегнувајте загадени подрачја;
41. Во слободно време читајте инспиративна литература, но гледајте тоа да не е
навечер;
42. Во слободно време, експериментирајте со своите сетила – не слушајте еден
единствен вид музика, не гледајте единствен жанр на филмови, читајте различни
типови книжевност;
43. Испитајте ги сопствените уметнички и спознајни квалитети – можеби
доследноста ќе ви предочи способност на некое поле за кое не сте ни претпоставиле
дека поседувате талент – на пример, ако се занимавате со цртање, обидете се со
создавање музика, пишување, фотографија;
44. Научете да го одбегнувате концентрирањето кон нешта кои ви го одвлекуваат
вниманието во непрагматична насока и ви го уништуваат расположението
(detachment) – за ова од голема полза може да се покаже одржувањето медитативна
состојба на умот, за која ќе зборуваме понатаму во оваа книга;
45. Размислувајте за суштинските, наместо за формалните нешта и дејствувајте
суштински – а не постои посуштинско дејствување од обезбедувањето на сопствената
и среќата на оние кои нешто ви значат;
46. Доколку веќе се навикнете на опклади, коцкарници и спортски
обложувалници, имајте ги секогаш на ум своите граници на дарежливост – во
спротивно не посетувајте ги;
47. Дневно не минувајте повеќе од 2-3 минути пред огледало;
48. Ако се чувствувате посамоуверено пред огледало, научете постојано да се
замислувате од таква перспектива, но не се форсирајте да извршувате било каква
екстремна задача под дејство на самодовербата;
49. Обраќајте минимално време на својот физички изглед, без оглед колку
околината од вас го бара спротивното – сепак, навикнете се на пристоен стил на
облекување, редовно ставајте дезодоранс/парфем и изградете имиџ преку својот
модел на однесување меѓу познаниците;
50. Уживајте во сопствениот изглед – носете ја омилената облека, стрижете се
онака како што се чувствувате самоуверено и опуштено;
51. Не го одложувајте преблекувањето – откако ќе станете преслечете ги пижамите
и облечете ја облеката предодредена да ја носите додека извршувате конкретни
задачи во текот на денот и ноќта;
52. Наместо љубомора кон туѓиот успех, чувствувајте ги новите можности пред
себе;
53. Сарказмот, ироничноста, навредите и грубите зборови заменете ги со хумор и
рационални одговори, но не и такви кои ќе ви ја ограничат слободата за дејствување
доколку тоа го налагаат надворешните услови;
11 |
54. Отворено и транспарентно зборувајте за своите проблеми само доколку
процените дека би здобиле реален бенефит – правете го ова што е можно поретко;
55. Движете се, зборувајте и размислувајте побавно од вообичаено;
56. Кога ќе чуете некоја вознемирувачка вест не вртете ја нагло главата и, доколку
веќе не сте навикнати, за момент „исфилтрирајте“ ги своите емоции пред да ги
изразите;
57. Дружете се со не многу широк круг на пријатели (може да е тоа и едноцифрен
број), но такви за кои знаете дека ве разбираат, кои изобилуваат со позитивна
енергија и кои ве мотивираат;
58. Старите рекле „не е богат оној со многу, туку оној кој се чувствува богато со
малку“ – релативноста на оваа изрека не е доведена во прашање, но сепак, тежнеејте
да се чувствувате максимално задоволни од моменталната финансиска состојба, колку
и да сметате дека сте под надворешен притисок;
59. За пари размислувајте додека се чувствувате „удобно“, а тоа најчесто не е
предолго/пречесто;
60. Не бидете скржави, подарувајте и позајмувајте на оние кои ви значат и
создавајте услови да ви биде вратено;
61. Не се фокусирајте на ситници и детаљи кои реално не се суштински за
релаксираноста и позитивното расположение;
62. Научете се на автоматско реинтерпретирање на ситуациите кога без
размислување ве обземаат мисли дека некој ве навредил, односно имал негативен став
кон вашата личност – не ги сфаќајте работите лично;
63. Најдобриот пат до самоиницијативно воспоставување психофизички баланс и
смирување води преку осознавање на медитацијата, јогата, автомасажата и
редовното туширање по физичките вежби;
64. Доколку често чувствувате потреба за релаксирање, секојдневно практикувајте
обѕирна медитација3 и не заборавајте дека не постои полесно остварлива цел од
мозочното и телесно опуштање;
65. Да се чувствувате младо без оглед на годините е еден од најважните аспекти на
општата добробит;
66. Трансформирајте ги схемите на размислување и емоционално доживување по
пат на зголемена самоконтрола и трансформирање на потсвесните пориви по кои се
раководите;
67. Доколку сте во можност, редовно посетувајте лекар и не трудете се да знаете
премногу од аспект на општата медицина – обидете се да го запознаете сопственото
тело, но не врз основа на индуктивни заклучоци кои со текот на времето може да ги
прифаќате по автоматизам;
68. Никогаш не заборавајте да дишете длабоко и со полн стомак при обично
движење или недвижење, а со гради за време на физички напор/спортување – земете
најдлабоки можни здивови, но не се присилувајте – правете го тоа природно, откако
ќе го го издишете веќе постојниот најцелосно и најбавно што можете;
69. Заради повеќе причини, секоја недела вежбајте различни вежби, менувајќи го
„планот“ на физичката активност на кој се навикнало вашето тело – вака ќе создадете
„мускулна збрка“ која може да создаде бројни бенефити за вашиот физички развој;
70. Мошне битно, доколку сакате да научите да се одржувате во константно
психофизички релаксирана состојба е постојано да го држите во опуштена состојба
најгорниот дел од телото, односно мускулите на рамењата, горниот дел од грбот,
12
вратот и лицето (вилиците, носот, усните, очите, челото, образите), очите оставете ги
наполу затворени, а главата подигнете ја нешто погоре од вообичаено, при што ќе го
спуштите погледот во хоризонтот;
71. Секојдневното спортување (во времетраење од барем еден час, ако е со среден
интензитет) нека ви стане приоритет и навика;
72. Раздвижувајте различни мускули на своето тело и воспоставете целосна телесна
контрола во секој миг – препорачливи спортови: џогирање, пливање, гимнастика;
73. Насочете се кон што е можно поголемо психофизичко опуштање за време на
спортувањето и чувствување на душевна ведрина и спокојство;
74. Постојано чувствувајте го телото како целина и фокусирајте ги своите сетила
кон објектите и дразбите непосредно околу вас;
75. Легнувајте рано (22:00 – 23:00), станувајте рано (6:00-7:00), имајте непрекинат
сон и одморајте по 30-тина минути во текот на попладнињата;
76. Не ги прескокнувајте оброците и настојувајте да внесувате овошје пред секој –
особено ручекот (пожелно јаболка), а појадокот нека ви е еднакво обилен со ручекот;
77. Раното гледање телевизија и работа со компјутер заменете ги со утринска
гимнастика и обидете се физички да бидете најактивни неколку часа по пладнињата;
78. Обилноста на оброците сведете ја на минимум и настојувајте да се исхранувате
3 или уште подобро, 5 пати дневно, така што би внеле релативно малку храна во
вашиот организам – вака вешиот метаболизам би останал константно „напумпан“;
79. Меѓу вечерата (која е добро да се состои од храна богата со јаглехидрати, како
на пример, житарици) и појадокот допуштете 12-часовна пауза (заради одбегнување
клеточна автофагија);
80. Надминете си ги предрасудите кон одредени типови храна кои од Х причини
едноставно не сакате ниту да ги пробате (на пример, вегетаријанска храна, зелка, лук,
житарки, морски плодови...);
81. Исхранувајте се што е можно поразновидно и по можност никогаш не
внесувајте инстант-гликозна храна (газирани пијалоци, обични чоколади, шеќерни
производи – бомбони, слатки, сладоледи...) – особено не неколку часа пред спиење,
премногу масло (заменете го обичното со маслиново масло), солена храна и премногу
месо (можеби, со исклучок на црвено и пилешко месо со ниска маст и масна риба,
која е препорачана два пати неделно);
82. Секојдневно јадете околу 30 g чоколадо со концентрација на какао повисока од
70%, пијте 2-3 голтки топло млеко (наутро) и 1 чаша јогурт;
83. Одбегнувајте храна која не е свежа, со адитиви и вештачки витамини и
научете се да готвите – освен што е важно за здравјето е и забавно!;
84. Консумирајте не повеќе од чаша алкохол одеднаш и гледајте тоа да не биде
секој ден;
85. Консумирајте близу до 3 литри вода секојдневно4, од кои околу 1 литар
незасладен чај, по можност зелен, или пак, ако ви треба чај за смирување и
подобрување на расположението, можете да пробате: чај од лаванда, камилица,
кантарион, кава кава, ројбос, гинсенг, улонг, валеријан, маточина, ехинацеа, нане,
мајчина душица, чај од врба, чај од липа и тн. – препорачливо е да не се мешаат овие
чаеви едноподруго во текот на денот и да се пијат најмногу пред легнување и
непосредно по утринското будење;
4Советов се однесува доколку вашата маса изнесува 75 килограми; на секои 25 килограми телесна маса
е препорачливо внесување по 1 литар вода дневно
13 |
86. Не мора да се откажете од цигари доколку пушењето навистина го сметате за
неодминлив дневен ритуал (иако е несомнено далеку подобро доколку се откажете,
употребувајќи техники на умствено репрограмирање), но настојувајте да го сведете на
минимално;
87. Не пробувајте било каков облик на дрога доколку не сте длабински запознати
со можните краткорочни и долгорочни дејства, од една, и доколку не сте темелно
запознати со вашата личност, од друга страна, врз основа на што би се обиделе да
дадете прецизна прогноза за ефектите – ако воопшто некогаш се осмелите да пробате
дрога, имајте предвид дека зависноста од неа може да ве снајде пред сè доколку сте
личност со слаба моќ на волјата за откажување од негативните навики, а потоа и
затоа што дрогата, додека сте ја консумирале, ви го „замаглила“ рационалниот ум.
Затоа, значаен совет кој може да се упати во таа насока е да си ги преброите
реалните (краткорочни/хронични) психички и телесни навики и да ја земете предвид
својата сила на волјата за откажување од некои од своите лоши навики. Ако
навистина сте толку љупобитни да се запознаете со дејството на одреден тип дрога,
барем тестирајте се колку би биле способни да се откажувате од навиките. Ова,
секако, во најголемиот број случаи не се однесува и на потешките дроги;
88. Одбегнувајте кафе во раните утрински часови (ако го сметате за неопходно,
најдобро би било да пиете еднаш во текот на денот, и тоа меѓу 12 и 14 часот) и
енергетски пијалоци;
89. Некогаш, кога со сигурност ќе процените дека ви е понудена шанса за успех на
(не)професионален план, дадете максимални резултати од себе, помалку
занемарувајќи ја моменталната среќа и благосостојба, но единствено ако сте сигурни
дека ја имате способноста да и се вратите;
90. Патувајте само ако се чувствувате задоволни, а обидете се да го постигнете тоа
– патувањата сфаќајте ги не различно од нови животни хоризонти;
91. Немајте суета и прифаќајте ги критиките достоинствено и во функција на свое
подобрување, а ако сте доволно мудри тие нема ниту такви да ви требаат, така што не
би им придавале какво било значење, дури и ако се сосема оправдани;
92. Не го изневерувајте партнерот, но не дозволувајте да бидете заслепени и
зависни од него – независноста од партнерот е клучот за меѓусебна вистинска љубов;
93. Разводот сфатете го како нормален одговор на неочекуваниот тек на настани
во бракот, и преболете го што побргу – истово се однесува и за (помалку) сериозните
врски и пријателства;
94. Што е можно почесто бакнувајте се, гушкајте се и допирајте го телото на
партнерот, но не дозволувајте тоа да се сведе на едноставна рутина без уживање;
95. Имајте редовни сексуални односи, но одбегнувајте ја зависноста од сексуално-
експлицитни или порно видеа;
96. Одбегнувајте било какво медиумско информирање за негативни и настани кои
се ирелевантни за вашата и добробитта на оние кои ви значат;
97. Секојдневно користете интернет не подолго од еден час и не заспивајте со
својот компјутер – слично со споменатиот „речен“ тек на идеите, не дозволувајте да
минете непланирано долго време на својот профил од Facebook или Twitter;
98. Не седете подолго од 30 минути (без пауза) и притоа внимавајте грбот да го
одржувате исправено;
99. Ускратете го и променете го вниманието оддадено на музиката, филмот,
книжевноста или било кој друг медиум мигот кога ќе дознаете за нивните негативни
импликации врз квалитетот и должината на животот, односно неговиот практичен
аспект;
14
100. Менувајте ги жанровите и стиловите на уметничките (најчесто овде зборуваме
за музички и филмски) дела кои ги перципирате и настојувајте да бидете насочени
кон 2 типа однос кон нив: 1) релаксациски – кога делата дополнително придонесуваат
за вашето психофизичко релаксирање; и 2) „покренувачки“ – дела кои ќе ви внесуваат
(позитивна) енергија кога тоа ви е потребно;
101. Што се однесува до дружењето, односот во љубовта и извршувањето социјални
задачи, доколку сте искрено среќни и задоволни со себеси, не би требало да се
изнесуваат посебни модалитети на однесување – следете ја сопствената самодоверба и
спонтано користете ги знаењата максимално прагматично;
102. Стојте на дадениот збор кога сте во врска која сметате дека нешто ви значи;
103. Често начинот на кој ќе се изразите е позначаен од самото изразување:
здравиот хумор, бојата и тонот на гласот, соодветното телесно и лицево изразување ќе
ви овозможат вистински и прецизно да ги изразите сопствените ставови;
104. Социјализирајте се на начин на кој чувствувате дека сте опуштени, задоволни
и среќни, било да станува збор за обично дискутирање по однос на било која тема или
шегување;
105. Не мора секој да ги знае тајните зад вашите успеси – колку и да ги сакате
останатите, имајте „филтер“ кон оние за кои чувствувате дека не можат или не сакаат
да ве сфатат такви какви што сте – во ред е да игнорирате некого откако ќе увидите
дека сите обиди за пријателски однос не вродиле со резултат;
106. Никому не дозволувајте да навлезе во вашето право на квалитетен и долг
живот и да ја ускрати вашата волја – во екстремни случаи, кога вам или на вашите
блиски се закануваат вакви опасности од други лица, бидете за секој случај спремни
физички, единствено во самоодбрана, да одговорите;
107. Не се обесхрабрувајте ниту на момент бидејќи вашето внимание вреди повеќе
од тоа да допушти запаѓање во негативни емоционални состојби – по автоматизам
дочекувајте ги „поразите“ со главата нагоре;
108. Без оглед дали ќе извршувате интелектуална или функција заснована врз
физички напор, секогаш применувајте ги примарно постапките кои придонесуваат за
вашата, а потоа и за добробитта на најблиските – занимавајте се со суштината и не
претерувајте со грижите и психичкиот/физичкиот замор на работното место, но
настојувајте да ги довршувате зацртаните планови;
109. Доколку имате желби за чување посебни домашни миленичиња, направете сè
за да ги реализирате;
110. Домашните миленичиња ќе ви помогнат во живеењето убав и долг живот
повеќе одошто отпрвин може да ви изгледа – доколку сте во состојба, а најчесто сите
се во состојба да одгледуваат барем 1 милениче, не одложувајте да се згрижите да
земете;
111. За крај: секогаш ја имајте предвид помислата дека ништо не е посуштинско и
позначајно од вашата моментална, а истовремено, постојана, среќа и добробит,
секако, не изоставувајќи ја онаа на тие кои ве опкружуваат.
15 |
Како да се направи обичниот ден поубав?
16
Во секој случај, плановите за работа треба да бидат што е можно поостварливи и да
содржат прецизно зададени цели.
Значи, целите треба да се настојува да бидат остварени на определеното место и во
определеното време, или пак, порано. На пример, ако нешто треба да се сработи на
работното место, тоа треба да се сработи токму таму, не дома. Ако нешто треба да се
сработи на пладне и притоа да одземе час и половина, треба да се настојува да се
сработи на пладне или порано
и за час и половина, притоа
не жртвувајќи ги нервите и
здравјето во брзање доколку
не се успее со навремено
остварување на планираното
или на предвидениот начин.
Или пак, да не се работи
после даден временски
период во денот или
неделата, да се прават
редовни паузи неколку пати
во текот на денот...
Патем, зошто е подобро
подранувањето во работата?
Повторно, од едноставна
причина: го поштедува умот
од непотребен стрес и
внатрешните притисоци кои
произлегуваат од
неподготвеноста кога нема
време умот да се спреми за
остварување на целите.
Во спротивно, подранувањето
подразбира дека личноста си
обезбедува време за кое би
можела соодветно да се
подготви за остварување на
предвидените цели.
На овој начин се поттикнува
создавање на здрави
работни навики кои во себе
вклучуваат флексибилност,
а со самото тоа, и поголема
продуктивност,
опуштеност и пријатност
во работата, кои всушност,
резултираат од
незагрозеноста на
присуството во сегашноста и
константната
медитативност на
работниот ум.
17 |
За пријатното доживување на работата препорачливо е да се работи на целите
едноподруго, значи, да не се испомешуваат и да не се работи на повеќе цели
одеднаш; умот треба да се фокусира на една задача, а пред да премине на
остварувањето на друга – неопходно е да си дозволи барем неколкуминутна пауза.
Ова е неопходно за умот да продолжи да егзистира во сегашноста, да не биде
заматен од мисли или чувства кои немаат допирни точки со она што се работи во
моментот и да ги избегне последиците кои ги раѓаат непотребните стресови настанати
притоа. Доколку успеете ова да го постигнете, и доколку достигнете степен на
присуство кој не може лесно да биде загрозен од какви било мисли/чувства, всушност,
не би ни требало да ви се објаснува што понатаму.
Кога константното и вистинско присуство во сегашноста и овдешноста е доволно
силно да се спротивстави и да се изолира од сите надворешни форсирања, всушност,
остварена е и суштинската цел во животот (во чија служба се сите други), така што
одржувањето прагматичен фокус на внимание станува прашање на формалност,
исто како и справувањето со секакви негативни ситуации и уживањето во
различните позитивни ситуации.
18
Животот е збир од најразлични среќни мигови
Во различни делови од оваа книга се објаснети техники кои директно или индиректно
ќе ве насочат кон совладување на овие вештини, а во ова поглавје накратко ќе
проанализираме повеќе аспекти врзани за нивните суштини.
***
Една од поголемите забуни кои настануваат кога некој се обидува да објасни што е
среќата настанува заради селективноста; секој развил сопствена дефиниција и
дискурс за „среќата“, иако за овој поим во науката има релативно јасна дефиниција
зад која стои огромен фонд аргументи.
5Во тој контекст, присуството овде и сега, како и медитативната состојба на умот, споменати во оваа
книга, не подразбираат потиснување и постојан обид за контрола над позитивните, туку единствено над
19 |
Сепак, оваа дефиниција нема многу допирни точки со долгорочната среќа, заради
што секоја, дури и најдепресивната личност која може да ја замислите е способна
барем понекогаш (дури и интимно) да се почувствува среќно.
20
болката, тагата, страдањето, сомнежот, неизвесноста, конфузијата,
самозалажувањето, самопритискањето, перфекционизмот, желбата за моќ,
споредувањето со другите, омразата, тврдоглавоста, непријателството, иритабилноста,
ригидноста.
21 |
Среќна може да биде личноста која е осамена, а се чувствува пријатно, или пак,
личноста која се однесува екстравертно, повторно доживувајќи пријатни психички
состојби.
Среќна може да е и личноста која прави баланс меѓу овие спротивности, сè додека се
чувствува доволно моќно за одржување на овој баланс кој овозможува среќа.
Мора да имате предвид дека секоја негативна состојба на умот која на еден или друг
начин ве опишува (анксиозен, депресивен, дефокусиран...) не е друго туку навика!
А науката покажала дека најголем дел од навиките може да бидат надминати или
создадени во период од околу 1 месец, а решението е во вашиот сегашен став!
22
За постигање и одржување на среќата во текот на животот потребна е одлучност, не
само на почеток, туку и во континуитет.
***
***
23 |
благосостојба, луѓето полека ќе отпочнат да сакаат да ви приоѓаат и вас да ве
забавуваат, на што вие сосем јасно ќе знаете како да возвраќате.
Впрочем, фактот дека истата е во афект сам по себе говори дека не би требало да го
сфатите сериозно ставот кој произлегува од таква состојба, без оглед дали целта на
таа личност била да ве навреди, омаловажи или обвини.
***
***
Ако веќе се придржувате кон повеќето од 111-те горенаведени совети, а сепак знаете
дека чувството на среќа ве напуштило, најпрвин треба да знаете дека тие не се во
целост насочени кон одржување и стабилизација на
самодовербата.
24
Имајте го неговото постоење постојано во предвид и без резерва притиснете го
секогаш кога ќе се најдете во непосакувана ситуација.
Ова лесно може да ви стане навика доколку неколку денови по ред си го замислувате
како такво.
***
25 |
Навикнете се да го оддавате вниманието на нештата кои ВАМ ви се значајни и по
никоја цена не го трошете на оние кои дури и на прв поглед ви изгледаат како малку
важни. Особено НЕ на оние кои не ве сфаќаат како личност и/или не се ни обидуваат
да ве сфатат.
***
Потребен е релативно подолг период (од најмалку 3-4 недели) за оваа психолошка црта
да ви стане навика (како што е случај и со сите останати навики), а откако еднаш ќе
успеете во тоа, сте постигнале една од најзначајните цели во насока на создавање
основа да се чувствувате свесни за сопственото тело и светот околу него, односно за
константната медитативна состојба.
26
Ваквата визуелизација не ја заборавајте ниту на миг!
27 |
Кога ќе се јават позитивни емоции/мисли, „пренесете ги“ во „најбитните фолдери“,
односно на „самиот десктоп“, како постојано би биле „видливи и пред вас“.
Само ова навистина ќе придонесе многу повеќе одошто на прв поглед може да
изгледа.
***
28
Бидете уверени дека општествениот статус ќе ви се подобри постепено,
навремено и кога ќе биде најпотребно.
***
Не постои повисок
приоритет за вас од тоа да
ја одржувате
медитативната состојба на
ум секој миг од денот и
секаде!
За остварувањето на овој
приоритет единствени
предуслови се: 1) да
поседувате доволно
количество психофизичка
енергија во текот на целиот
ден (до кое лесно ќе дојдете
кога во период од една недела
би легнувале во
предзначеното време, би се
29 |
внесувале храна и вода на наведениот начин и би се обиделе да ги доживувате
нештата како што веќе посочивме, а пожелно би било да се придржувате и до
останатите совети кои самите ги сметате за суштински); и 2) постојано и без
престан (заради кои и да било причини!) да се обидувате оваа психофизичка
енергија да ја искористувате прагматично, онака како што е суштински и во
рамки на вашиот план, кој НАВИСТИНА ТРЕБА да биде остварен!
Без оглед дали се чувствувате осамени во моментов или не, НАВИСТИНА ТРЕБА да го
остварите својот план, без притоа да се разочарувате од кој и да било резултат кој
отпрвин ќе го здобиете.
Изолирајте се, најпосле, и од концептот за среќа, затоа што ваквиот концепт, како и
концептот за чудата, не постои надвор од бесмислените апстрахирања на човековиот
ум. Само тогаш можете навистина да останете среќни.
Клучот за ваквата, како и за сите останати типови умствена изолација во кои „лежи
клучот за човековата среќа“ е во споменатата медитативна состојба на ум.
А што таа подразбира, како може да се постигне и кои одговорности истата ги носи со
себе ќе биде предмет на објаснување во следните поглавја од книгава.
30
Како опуштеното тело помага во опуштање и флексибилност на
умот?
Ова значи дека мозокот и операциите кои една личност свесно ги остварува не треба
да се гледаат изолирано од било кои други акции кои повеќе или помалку свесно
телото ги остварува.
31 |
Сè што треба со мислите и чувствата да се прави е доловено во познатата Зен
поговорка „Биди господар на умот, наместо господарен од умот“.
Како што водата од реката не може да тече наспроти течението одредено од речното
корито, така и умот мора да се адаптира на секоја новонастаната ситуација во телото
и средината низ која продираат сетилата.
Како што самата вода од реката ја менува формата на речното корито, така и умот
влијае врз телото и просторот околу него, менувајќи ги онака како што оценува дека е
најдобро.
Како што водата не би можела да тече доколку не се наоѓа во течна состојба, така
ниту умот не би можел да господари над телото и просторот низ кој допира преку
сетилата доколку не се наоѓа во смирена и флексибилна состојба.
32
Оттука, врската меѓу телото и умот е најдобро кога е силна и постојана.
1) Јога
2) Таи Чи Чуан
3) Аеробни вежби
4) Анаеробни вежби
5) Медитација
6) Правилно дишење
9) Автогеника
10) Визуелизација
33 |
како мисловен процес во кој емергентно се наоѓаат креативни идеи преку
истражување на повеќето можни решенија, и тоа на спонтанo-континуиран (free-
flowing) начин. Притоа, преку ваквото спонтано истражување, за релативно краток
период се изнаоѓаат голем број, неочекувани врски.
34
Кратко упатство за медитација
Ова, секако, важи подеднакво и доколку сте почетник и доколку сте веќе искусен во
сферата на медитирањето, иако, се разбира, не се применува на истиот начин.
35 |
опуштени.
36
Притоа, фокусот на внимание треба да биде константно свртен кон дишењето.
Не дишете свесно.
Кај некои ова отпрвин може да биде тешко, додека кај други (наизглед парадоксално)
може да биде лесно, за потоа да стане отежнато.
Можете да се фокусирате кон било кој дел од себеси инволвиран во овој процес:
ноздрите, носот, дишните патишта, белите дробови, стомакот, или целиот систем за
дишење.
Ова значи дека без оглед што во текот на медитативните обиди да го одржувате
фокусот на внимание кон дишењето сосема е нормално и прифатливо да се соочите со
„неуспеси“.
Неговата природа со години била создавана врз принципи кои го дозволуваат тоа.
6 Инаку, освен кон дишењето, фокусот на внимание во различни медитативни техники може да се
одржува и кон перцепциите, кон замислен простор или геометриски тела и тн., меѓутоа во конкретниов
случај предлагаме тоа да биде дишењето заради воспоставување подобра врска меѓу телото и умот,
што би го зеле за предуслов кога станува збор за секое натамошно медитирање.
37 |
Значи, после секое „впивање“ од своите мисли и/или чувства кои се надвор од
сегашноста и овдешноста, медитантот треба најпрвин да ја развие способноста да ја
приметува оваа своја „впиеност“.
Вака располагате со доживување на апсолутна контрола над своето тело и ум, иако не
се обидувате да ги промените нивните моментални состојби, иако сте целосно
смирени и задоволни од таквата состојба.
38
Во оваа состојба сфаќате дека не сте ниту своите мисли, ниту своите чувства, туку
она што нив ги доживува.
Дури после достигањето на ваквата моќна врска меѓу телото и умот би можеле да
зборуваме за останатите, илјадници типови медитации.
На овој начин, вашето психичко тежнеење би било кон она што некои тибетански
Будисти го нарекуваат џогчен – „природна состојба на вашето суштество“, кристална
јаснотија на умот кој е како огледало кое просто ги рефлектира предметите од
овдешноста и сегашноста.
Процес кој би ве пренасочил кон насоката кон која треба да останете свртени.
Нема сомнеж дека, со доволен тренинг, ова навистина може да го постигне секој.
...продолжува...
39 |
За авторот
40