You are on page 1of 2

Плескавици од киноа и црвена леќа (посно)

Состојки
1 чаша варена црвена леќа
1 чаша варена киноа
1 главица кромид
4 лажици интегрално брашно
4 лажици мелени овесни снегулки
2 лажици густин
4 лажици презла
1 лажица сенф
зачини лук во прав, оригано, буковка, сол, бибер,
мелен ким

Најпрво ја вариме леќата и киноата, бидејќи одприлика им е потребно исто време


за варење (околу 20 минути), може и заедно да ги сварите во малку посолена
вода. Киноата убаво измијте ја во неколку води. Јас за варењето ставив повеќе
вода, па потоа убаво ги исцедив од вишокот.
Кога се убаво исцедени, може да ги изблендирате, но и не мора, бидејќи во
варењето ќе се распаднат. Додајте ги другите состојки, измешајте и видете дали
е многу леплива смесата, во тој случај додадете уште малку брашно/презла.
Јас плескавиците ги печев во Стоун леџен мултунаменската тава, на 200 степени
околу 25 минути и еднаш ги превртив. Доколку немате нелеплива тава, а сакате
без масло да ги испечете, користете хартија за печење.

Компирови погачки
Состојки

1. 500гр. компир
2. 100-150гр. брашно
3. 1/2 лажичка хималајска сол
4. 1/2 лажичка прашок за пециво

- Компирот се вари во лушпа и се остава


комплетно да се излади, потоа се лупи и гмечи.
- Постепено се додава брашното, солта и пецивото и се меси до добивање на
нелепливо тесто, по потреба се додава уште брашно.
- На набрашнета површина добиеното тесто се дели на 6 дела и се сукаат
помали погачки во големина на помала чинија.
- Се подпекуваат во нелеплива тава, без додавање на масло се до добивање на
златно кафеава боја.
- Се служат топли, но вкусни се и изладени..

Напомена
Се одличен прилог кон кари или други индиски јадења.

You might also like