You are on page 1of 15

ОДНОСОТ НА УЧЕНИКОТ КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

СОДРЖИНА

Вовед----------------------------------------------------------------------------------------------3

1.Квалитет и заштита на животната средина--------------------------------------5

2.Улогата на учениците во заштитата на животната средина -------------6

3.Односот ученик – еко култура, животна средина-----------------------------8

4.Училиштето како едукациски фактор за поздрава животна средина


(Оосновни аспекти на создавањето на еколошка култура кај учениците)---9

Заклучок----------------------------------------------------------------------------------------13

Користена литература--------------------------------------------------------------------15

2
Вовед

Грижата за животната средина е задача на сите нас. Чиста и здрава


животна средина значи здрав живот. Животната средина е тесно поврзана со
одржливото користење на природните ресурси. Тоа е неопходно за нејзина
заштита. Правилното делување со животната средина се врши на начин со кој
ќе се зголеми одговорноста на учениците кон животната средина напоредно со
зголемување на одговорното делување на индустријата, односно применување
на најсовремени технологии и практики во индустриските процеси. 1

Годините на индустриски развој битно ја измениле животната средина и го


нарушиле нејзиниот состав. Со развојот на технологијата низ годините доаѓа до
нарушување на стабилноста на животната средина, односно доаѓа до:

- загадување на воздухот;
- влошување и уништување на биодиверзитетот;
- загадување на површинската и подземната вода;
- деградирање и загадување на земјиштето; и
- неповратно трошење на природните ресурси;

Влијанието на човекот врз животната средина е многу големо. Се


забележува неговото влијание на промената на биосферата и
трансформацијата на природниот екосистем. Ова се однесува на периодот кога
се трошеле ресурси, дошло до загадување на водите и воздухот и деградација
на земјиштето. Со еден збор, се менува биодиверзитетот. Луѓето ги населувале
најубавите природни простори и со тоа придонеле за нарушување на
екосистемот. Така, природните и вештачките екосистеми прераснале во
човекови населби.

Националната стратегија за инвестиции во животната средина обезбедува


пристап на јавноста до информации за начинот на кој може да се придонесе за
животната средина преку спроведување на едукативни кампањи за
подигнување на јавната свест.

1
Kulić, R. Despotović, M, Uvod u andragogiju, Zenica, 2005, стр. 182-183.

3
Еколошката свест во светот е пробудена со Декларацијата на човековата
средина на Обединетите нации од 1972 во Стокхолм и продолжува на
меѓународно ниво со цел да се усвојат заеднички протоколи.

На 5 јуни се одбележува денот за заштита на животната средина.

1. КВАЛИТЕТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

4
Проблемот на современата цивилизација е проблемот поврзан со
опстанокот на човековиот вид. Според тоа, прашањето за односот на човекот и
неговата непосредна околина треба да се заснова токму на тој проблем.

Што е животна средина? Навидум обично прашање, но сепак бара


комплексни одговори. Од општа култура, животната средина може да ја
дефинираме како се она што не опкружува, средина на нашето живеење,
делување, средина во која ги исполнуваме нашите егзестенцијални и духовни
потреби. Како ќе го постигнеме сето тоа? Само доколку водиме грижа за
животната средина и придонесеме во подобрување на нејзината состојба.2

Квалитетот на животната средина како поим не може прецизно да се


дефинира. Според дефиниција на Манчиќ Р. Квалитетот на животната средина
се дефинира како квалитет на животот односно достигната мерка на
општествениот прогрес, воведувајќи го коефициентот на уредување на
средината, како елемент на квалитетот на животната средина. Доколку го
следиме квалитетот на животната средина ќе не доведе до сознание дека врз
промените на состојбата на квалитетот на животната средина влијаат голем
број на индикатори, но не би згрешиле ако кажеме дека најголемо влијание
имаме ние, луѓето. Со нерационална употреба на природните ресурси, е
нарушена стабилноста на животната средина.

Во 1976 година е изработен предлог индикатори за квалитетот на


животната средина, формиран од страна на Еевропската економска комисија
на ООН, и нивна појдовна основа била усвојување на три подрачја од вкупно
тринаесет групи на индикатори за квалитетот на животната средина . Тие
подрачја се :

1. подрачја што укажуваат на заемното влијание на средината и


општествениот , економскиот и културниот развој;

2. подрачја што претставуваат основни делови ( категории ) на средината;

2
Cifrić, I/Čulig, B,Ekološka svijest mladih. Zagreb: CDD. 1987,стр.297

5
3. подрачја што претставуваат инструменти за влијание на општеството
врз средината.

Заштитата и добросостојбата на животната средина е во интерес на сите,


а воедно и од нас зависи.

Кога говориме за заштита на животната средина тогаш треба да се


запрашаме: како можеме да придонесеме за почиста животна средина и како
можеме да заземеме активно учество во нејзината заштита? Одговорот е
едноставен. Тука станува збор за предвидување на сите негативни влијанија со
било која човечка акција, промена односно интервенција, со цел спречување на
причините за загадување или уништување на животната средина, прекумерно
трошење ресурси и простор и деградација. Пред да и наштетиме, треба да се
запрашаме: што добиваме ние од загадена и нарушена животна средина?

Исто така, заштитата на животната средина е пропишана со законски,


плански, технички и технолошки мерки кои имаат за цел да ги спречат или
намалат последиците кои се јавуваат.3

2. УЛОГАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во Р. Македонија се реализираат многубројни еколошки акции во кои


учествуваат сите генерации. Како што се вели ’’иднината е на најмладите’’,
најактивно учество заземаат учениците. Овие акции се спроведуваат под
покровителство на еколошки здруженија кои своите еколошки програми ги
доставуваат во училиштата. Во овие акции се вбројуваат голем број на
активности како што е ’’разубавување на училишниот двор’’, проекти за
рационално користење на природните ресурси, разни активности од полето на
заштита на шумите, намалување на ерозивните процеси, спречување на
загадувањето на воздухот, водата почвата и слично. Ваквите активности се од
големо значење и глобален интерес.

Учениците преку едукативниот процес во училиштата претставуваат


свесен, активен и еколошки фактор во подобрување на животната средина.

3
Kundačina, M, Činioci ekološkog vaspitanja i obrazovanja učenika, Učiteljski fakultet u Užicu, Užice, 1998,
стр.23

6
Свесни сме дека секојдневните наши активности сериозно ја нарушуваат
животната средина. Таа има потреба од наша заштита. Заштитата на животната
средина најмногу зависи од најмладите бидејќи тие се иднината, каков е
нивниот однос кон животната средина таква ќе биде истата за идните
поколенија. Брзиот пораст на индустриското производство и воопшто
современиот начин на живеење на денешната цивилизација, предизвикува
бројни непожелни влијанија врз животната средина. Некои од тие појави се
случуваат пред нашите очи. На одредени места животната средина е во голема
мера деградирана. Тоа е резултат на нашите амбиции за подобрување на
животните услови кои неретко предизвикуваат оштетувања во животната
средина поради вмешување во природните законитости на биосферата.

Современото индустриско загадување е универзално, има глобален


карактер за разлика од периодот пред индустриската револуција кога
загадувањето на животната средина било пред сé од локален карактер. Сите
човекови нехумани акции започнувајќи од фрлање на отпадоци, нерационално
користење на природните шуми, обесшумување и слично се чекор понапред во
дестабилизација на еколошкиот систем на животната средина.
Самопрочистувањето на животната средина е оневозможено бидејќи таа во
голема мера е деградирана. Токму тука може да се согледа важноста од
влијанието на учениците како најактивни заложувачи за чиста околина и
поздрава животна средина. Преку разните еколошки интервенции учениците
можат да влијаат за остварување на сонот: здрава животна средина-здрави
поколенија.

Доколку не се пробуди свеста кај најмладите за значењето на животната


средина во иднина ќе се соочиме со контаминирана животна средина. 4

Во другите земји еколошката свест на учениците се подигнува на едно


повисоко ниво преку нивното членство во невладини организации кои се
залагаат за зачувување на природниот баланс и спречување на процесите на
загадување. Како пример за една таква организација ќе ја наведеме ,,грин пис’’
(1971), која преку својата работа всушност ја информира јавноста за сите акции

4
Žderić M.Škola i životna sredina: Novi Sad: Misao, 1983,стр.32

7
кои негативно делуваат врз животната средина (загадување на водата, земјата
и воздухот).

Елиминацијата на проблемите од еколошки карактер не може да се


спроведе само со желба и добра волја од страна на учениците, тука улога
треба да заземе и државата.

3. ОДНОСОТ УЧЕНИК – ЕКО КУЛТУРА, ЖИВОТНА СРЕДИНА

Што всушност претставува еко-културата?

Еко-културата не посочува кон вреднување на сето она што не опкружува,


не посочува да го цениме она што ни го подарила природата, да не го
уништуваме она што е пред векови создавано, негувано. Наоѓа одговори во
однос на основните прашања за екологијата, развива критички став кон
растечката деградација на животната средина и укажува на неопходноста за
рационално користење на природните ресурси. Основните начела на еко-
културата не се само информации кои учениците треба да ги знаат, истите
треба да бидат спроведени во пракса. За да се воспостави правилна
корелација на учениците со животната средина од голема важност е
образовната едукација која учениците ја добиваат од најрана возраст
започнувајќи од предучилишното образование продолжувајќи во основните и
средните училишта... Се почнува од запознавање на основните еколошки
принципи, сфаќањето на животната средина како еден голем екосистем.

За да учениците бидат подготвени да се соочат со сите проблеми кои се


јавуваат во животната средина, потребно е да имаат систематизирано знаење
за современите проблеми во животната средина и за карактерот и суштината
на опасностите кои се јавуваат во неа. Се со цел, утре да ги спречат
негативните последици на еколошката рамнотежа.

Со цел да се заштити животната средина, најпрвин треба да се


запрашаме: Кои фактори влијаат во изградувањето на еколошко одговорна
личност? Од голема важност се факторите кои придонесуваат за зачувување на
животната средина и одржување на квалитетот на живеење. Како прв фактор ќе

8
го наведеме семејството (едукацијата која доаѓа од семејството), а потоа
воспитувањето од образовните институции.5

4. УЧИЛИШТЕТО КАКО ФАКТОР ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ПОЗДРАВА ЖИВОТНА


СРЕДИНА

Животната средина како динамичен процес преку различни природни и


општествени фактори постојано се менува. Од тој аспект е значајно еколошкото
воспитување и еко-културата бидејќи неможеме да знаеме што ни носи
утрешниот ден. Со запознавањето на децата-учениците со еко-културата им
посочуваме на еколошките проблеми и помагаме во нивно решавање.

Во формирање на еко-културата кај учениците, важна улога има самиот


систем на образование. Образовно – воспитниот процес во функција на
заштита и унапредување на животната средина претставува планско
развивање на човековото знаење за животната средина за време на целиот
живот кој има за цел развивање на свеста за основните карактеристики на
човековата средина, односите во неа и кон неа.

Бидејќи најголемо влијание врз односот на учениците кон животната


средина и нивните иницијативи за нејзино зачувување доаѓаат од семејството,
непосредната околина и образовните институции. Да анализираме како
училиштата влијаат врз подигнување на свеста на учениците притоа знаејќи
дека еко-културата се заснова на различни видови на знаења кои ги одредува
наставникот. Како поважни ќе ги издвоиме следните видови на знаења: 6

1. наставникот – како најважен посочувач за крајната цел на извршените


проекти, а воедно и организатор на активностите на ученикот ги проценува
еколошките капацитети на ученикот, го води низ целиот процес и влијае врз
создавање на навика и став кај ученикот;

5
Mrmak I. Uticaj škole na razvoj životne sredine, Beograd: Prosvetni pregled 40,
1979,стр.24

6
Kundačina, M. Faktori osposobljavanja učenika u zaštiti životne sredine. Užice: Učiteljski fakultet.

1998,стр.24

9
2. наставните средства – се однесува на разни макети, цртежи, модели,
графикони, табели и слично;

3. училишни материјали – прирачници, училишни книги и слично кои


содржат информации од областа на животната средина;

4. непосредната реалност – под овој поим се подразбира животната


средина во која ученикот живее и таа е од клучно значење;

5. медиумите – како што е радиото, телевизијата, интернетот и сите


преостанати информациски медиуми преку кои се повикуваат учениците во
заштита на животната средина.

Иако како што веќе е наведено, семејството има важна улога во


формирањето на децата во еколошко совесни индивидуи, сепак училиштата се
незаменливи ,,учители’’ во областа на заштита на животната средина. Притоа,
од голема важност е интензитетот на ангажираност на училиштето во
активностите за исполнување на задачата.
Со интегрирањето на еко-содржините во училиштата тие стануваат
составен дел од наставната програма, на пример како што е предметот
,,запознавање на природата и општеството’’ преку кој најмладите ученици се
запознаваат со животната средина и нејзините благодети, а со тоа е поставена
нивната основа за понатамошното стекнување на знаења. Преку воведените
предмети од областа екологија и заштита на животната средина, учениците се
запознаваат со начините на кои може позитивно но и негативно да се делува
врз животната средина, за начините на загадување на земјата, загадување на
воздухот и водата, и како истите да се намалат или овноват. 7 Исто така, се
опфатени и степенот на загрозеност на биосферата, кои се причинителите и
како да се ублажат последиците, сфаќањето за важноста на еколошкиот свет и
системот на еколошка организација во природата и нивните односи, взаемните
односи помеѓу животната средина и живите организми, начинот на
континуирано одржување на екосистемот притоа запознавајќи се со основните
екосистеми и слично. Сето ова може да се постигне преку разни училишни
работилници, дебати, надворешни активности и слично. Крајниот резултат би

7
Весна Ацевска Скалила во зеленото, Детска радост, Скопје, 1994,стр.43

10
бил запознавање на децата со непосредната околина и развивање на свеста за
водење одговорен живот кон животната средина.

За да можеме да дадеме целосен а пред се правилен одговор за методите


кои треба да се употребуваат во наставно-образовниот систем со цел да се
разбуди еколошката свест кај учениците и желбата за заштита на животната
средина, најпрвин треба да се започне од некои основни информации за
животната средина за да се насочат учениците. Потоа се пристапува кон
давање на основни дефиниции односно разјаснување на следното прашање:

Што е тоа екологија, што претставува животната средина, зашто е толку


важна нејзината заштита, што претставува еко-култура?

Одговорот би бил следниот: екологијата ја претставува целокупната


животна средина која е составена од растителен и животински свет, а е
условена од човекот кој може да ја подобри/разубави но за жал може и да ја
уништи.

Кои се резултатите од нашето несоодветно однесување? Загадена храна,


загадени води, нарушени екосистеми и разни болести на човековото здравје.

Доколку станува збор за ученици од рана училишна возраст тогаш односот


би бил поинаков. Бидејќи се работи за деца кои досега можеби не биле
запознаени со основите на животната средина најпрво се запознаваат со
основните поими а потоа се преминува кон преставување на начините на кои
може да се заштити животната средина. Најчесто овие едукативни часови се
одвиваат во природа преку екскурзии, излети, патувања и слично.

Кога станува збор за учениците и нивната запознаеност со животната


средина се наметнуваат повеќе констатации:

1. возраста на децата и нивните предзнаења бараат и голема стрпливост,


тактичност и почит на личноста на детето, од сите учесници во наставниот-
образовниот и воспитниот процес;

2. луѓето се единствените свесни суштества, кои плански влијаат на


промените и појавите во еко-средините;

11
3. еколошкото образование и воспитување, во основа има многу длабока
суштина и одговорност и било какви грешки во овој правец дирекно водат кон
казнување на природата и обратно;

4. како една целина природата со посебните екоцелини и со сите врсти и


видови, е голем таен еколошки лавиринт, за секој човек, а посебно за малите
деца, кои се животно заинтересирани да го изучат и излезат со знаења за него;

Правилниот избор на наставни методи, вистинските и правилни еколошки


знаења и искуства стекнати низ образованието во практичниот живот на децата
се клучни прашања за поставување на вака согледаната научна суштина. Во
сите овие процеси наставникот ја има клучната образовна и воспитна улога.

12
5. ЗАКЛУЧОК

Грижата за животната средина е мисија на секој жител на планетата Земја.


Природата секојдневно ни испраќа сигнали за опасноста која ни се заканува од
неправилното искористување на животната средина. Како најголеми виновници
се сметаат брзиот раст и развој на индустријата и технологиите кои го
нарушуваат природниот баланс. Секој придонесува за тоа во каква средина ќе
живееме. Дали ќе биде унапредена или деградирана зависи само од
човековите постапки. Што ќе и пружиме, природата тоа и ќе ни го врати.

Загаденоста на воздухот, земјата и водата не се еколошки проблеми кои со


текот на времето ќе исчезнат. Ова се проблеми кои постојат одамна, а низ
годините само се интензивирале. Само со активни мерки може да се делува
врз понатамоштата состојба на животната средина која во глобала е во
екстремно лоша состојба.

Основните еколошки поими кои се тема на изучување во училиштата се од


стимулирачки карактер и имаат за цел да го доближат знаењето до
воспитаниците. Како дел од нашето секојдневно живеење, животната средина
треба да се негува и да се воспостави правилен однос кон благодетите кои таа
ни ги пружа. Едукацијата за заштита на човековата средина треба да се воведе
како училишен предмет ширум училиштата започнувајќи од предучилишната
возраст и постоејќи се до средните училишта. Бидејќи, грижата за животната
средина ја претставува иднината, а иднината е условена од однесувањето на
најмладите.

Како што веќе споменавме иднината е на најмладите, со цел да се


навлезе во сферата на заштита на животната средина од клучна важност е
стекнатото знаење на учениците во образовните институции, за тие да можат
своите стекнати знаења на адекватен начин да ги применат во заштита и
унапредување на животната средина. Колку повеќе се едуцирани толку подобро
ќе можат да се справат со еколошките проблеми. Запознавањето на учениците
со елементарните задачи за заштита на животната средина подоцна би им
помогнало во соочувањето со загадувачите на животната средина и обидите за
нивно отстранување. Кај нас интересот за екологијата од страна на учениците

13
постојано расте. Тоа може да го забележиме од многубројните реализирани
проекти само оваа година.

На пример да ја наведеме еко-акцијата ,,Денот на дрвото’’ која оваа година


се одбележа со 5 милиони засадени садници во повеќе области во
Републиката, а учество заземаа градинките, основните и средните училишта.

Нашата држава доколку ги применува уставните и законските постулати би


имала предиспозиции да остане релативно незагадена средина.

14
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Kulić, R. Despotović, M, Uvod u andragogiju, Zenica, 2005


 Kundačina, M, Činioci ekološkog vaspitanja i obrazovanja učenika, Učiteljski
fakultet u Užicu, Užice, 1998
 Весна Ацевска Скалила во зеленото, Детска радост, Скопје, 1994
 Žderić M.Škola i životna sredina: Novi Sad: Misao, 1983
 Mrmak I. Uticaj škole na razvoj životne sredine, Beograd: Prosvetni pregled
40, 1979
 Cifrić, I/Čulig, B,Ekološka svijest mladih. Zagreb: CDD. 1987
 Kundačina, M. Faktori osposobljavanja učenika u zaštiti životne sredine.
Užice: Učiteljski fakultet.
1998

15

You might also like