You are on page 1of 3

1. Што е плазма а што серум??

Серум е течниот дел од крвта кој се одделува по коагулација на крвта и не содржи


фибриноген и други коагулациони фактори, а плазмата се добива со додавање на
антикоагулансни фактори и во неа се содржи фибриноген
2. Наброј 3 антикоагулансни фактори
Хепарин, ЕДТА, натриум цитрат
3. Тестови за дијагностицирање на анемија
Клинички преглед, лабораториски анализи (определување на Hb, Ht, Er, изведување
на индекси MCV, MCH, MCHC, процент на ретикулоцити во крвта, преглед на
морфологијата на Er)
4. Тестови за дијагностицирање на леукемија
Клиничка слика, морфологија на клетките во периферната крв и коскената
срцевина, цитохемиски испитувања, цитогенетски испитувања, клеточни маркери
5. Млади еритроцити се ретикулоцити и се застапени со 2 %
6. Цитохемиски боења служат за отцена на потекло на клетката
7. Раздробување и хомогенизирање се врши на супст. во тврда, аморфна или
кристализирана состојба
8. За што служат реф. вредности?
За точно поставување на дијагноза, контрола на ефектот на лекување, скрининг,
експертиза
9. Наброј 3 фактори од преданалитичка фаза
Биолошки, методолошки и интерферирачки
10. Наброј фактори од егзогено потекло кои влијаат на реф вредности
Тип на исхрана, физичка и психичка активност, стрес, начин на работа
11. Опиши како непроменливите биолошки фактори влијаат врз резултатите
Пол - има разлика во конц. на железото, Hb, холестеролот, уратната кис., ALT, AST
Возраст - постарите имаат покачено ниво на глукоза, уреа, Hol., а намалено ниво на
Ca, P, вкупни протеини и албумин
Раса - повисоки вредности на витамини B12 и Lp кај црната раса
Менструалниот циклус - промена на конц. на хормони, Hol., вк. протеини, албумин,
фибриноген
Бременост - да се води сметка во која гестациска недела е земен примерокот
12. Во граници на реф. вредности се зема: +- 2SD
13. Принцип на Coulter-ов автоматски бројач
Клетките минуваат низ микронски отвор со конст. напон од двете страни, при
преминот се менува напонот зависно од големината на клетката. Бројот на
импулсни сигнали = број на клетки; големина на амплитуда на секој пулс = волумен
на клетката
14. Во зависност од циклусот назначено испитување - добиен резултат,
клиничките испитувања се делат на:
Плански резултати - се добиваат на крајот од работниот ден за рутинските
испитувања, а за високо специјализираните тестови (хормони, лекови, тумор
маркери) по една недела
Контролни резултати - на лежечи болни, кај пациенти на интензивна нега резултати
по 3 часа од земањето на биолошкиот материјал
Хитни или ургентни - кај пациенти кои се во опасни по живот состојби и резултатот
се доставува најкасно по 1 час од добивањето на материјалот за испитување
15. Карактеристики на вода од тип III?
Микробиолошка содржина < 103 cfu/ml
Резистивност 0,1 МΩ -cm
16. Функција на CD молекулите?
Рецептори, антигени, атхезија, пренос на активациона дразба
17. Во егзогени интерферирачки р-ри спаѓаат
Инфузиони раствори
18. Во егзогени интерферирачки фактори спаѓаат
Контаминација со детергенти и бактерии
19. Методолошки фактори кои влијаат врз резултатите од лаб. анализи:
Поставеност или позиција на пациентот при земање на биолошки материјал,
транспорт на примерокот, земање на примерок, селекција на анализи
20. Алдомет - раскажи
Хипотензив кој е по хем. структура метилдопа и е сличен со DOPA (кој пак е
прекурсор на адреналин и норадреналин), претставува компетитивен инхибитор на
ензимите кои учествуваат во синтеза на овие хормони
21. Пет примери за биолошки материјал:
Крв, ликвор, урина, желудочен сок, салива, конкременти ....
22. Влијание на возраст врз резултати
Кај деца, алкална фосфатаза во серум е повисока отколку кај стари лица;
остеокалцин е повисок кај деца и кај жени во менопауза
23. Во К3ЕDTA плазма:
Покачена конц. на калиум
24. Кортизол, највисоко и најниско ниво
Најниско ниво од 7-9 часот
Највисоко од 23-04 часот
25. ИЕ точка на албумин?
4,8
26. Четврта фаза на хемостаза да се раскаже
Се состои од проагулантни супстанци (проензими,супстрати и кофактори) и
антикоагулантни супстанци (инхибитори на тромбин и коагулациони фактори). Се
активира на два начина: надворешен и внатрешен. Внатрешниот се состои од
контакт на крвта со уратни соли, пирофосфат, масни киселини, кожа и притоа
активација на F-XIIa и продолжување на каскадниот процес. Надворешниот
започнува со ткивна повреда.
27. Прва и втора фаза на хемостаза
I фаза - трае помалку од минута, рефлексно се контрахираат мазните мускули на
локалните артерии и артериоли, се ослободуваат вазоактивните амини од
тромбоцитите
II фаза - атхезија на тромбоцити, при повреда на еднотелот стапуваат во контакт со
субендотелните структури и се атхерираат на сврзното ткиво
28. Карактеристики на вода од тип I
Микробиолошка содржина 10 cfu/ml
Резистивност 10 МΩ -cm
29. Број на Er
4,5 до 6 x 1012 /L
30. Наброј 3 методи на сепарирање според големина на молекули
Филтрација, гел хроматографија, декантација
31. Што е лиофилизација?
Метода на дехидратација на протеини, се изведува на ниски температури и под
вакуум. Сувиот протеин може со растворање да се доведе до неговата нативна
форма. Контролните серуми во лабораториите се добиваат во лиофилизирана
форма.

You might also like