You are on page 1of 4

'Ag£ph, 93

(1 Јован iv. 16)


ЉУБОВ.

Carij, 911 'Elpij, 325 Pistij, 800


(Евреи. vi. 19) (Евреи. vi. 19) (Евреи. xi. 1)
МИЛОСРДИЕ НАДЕЖ ВЕРА

'Alhqeia, 64
(Ефес. iv. 15)
ВИСТИНА

Diakonia, 166
(Дела Апост. xi. 29)
ПОТКРЕПА

Тој објаснува дека „при напредокот на Христијанинот од овој свет


кон подобар, тој најпрвин влегува како катехумен во нартексот
или порталот на запад, со увереност за поткрепа и утеха од
световните грижи; притиснат напред во наосот или воинствената
црква*, каде престојува Вистината; и откако добро напреднал со
практикување на христијанско милосрдие, низ портите на Верата и
Надежта, тој влегува низ светата порта [portæ sanctæ] во бемата,
делот крај олтарот, хорот, или Триумфалната Црква“†,

*
прев. Ecclesia Militans, христијаните кои се борат против злото и
Христовите непријатели.

прев. Ecclesia Triumphans, или Тржествената Црква, која ја чинат
верниците, кои се на Небо.

242
светилиштето на Љубовта. Кога ќе се испитаат броевите,
значењето станува уште појасно. Најпрво бројот 93 што е
припишан на делот крај олтарот, ја дава висината на човек висок
888 (93½ х 9½ = 888). Потоа, тријадата сочинета од трансептите
[странични бродови] и светилиштето го дава бројот (93 + 800 +
911 =) 1804 или за 1 помалку од страната на триаголник што е
впишан во Свештениот дел. Второ, во средишната точка кај
вкрстувањето на трансептите и наосот, е припишан бројот 325, а
крстот чии краци се 325½, е долг 651. Ако на 325 додадеме 64,
добиваме 389 или за 1 помалку од бројот на polis, град*; воедно и
од страната на ромб, кој е долг 676 стапки. Овие две средни имиња
припишани на црквата „Воинствена“, го претставуваат stauros и
omphalos во центарот на светот. Трето, бројот на тремот е 166, или
за 1 повеќе од страната на ромб, чиј периметар е 660, дијаметарот
на земјата. Конечно, сумата на шесте бројки е 2.359 + 6 = 2.365,
која очигледно е замислена за 2.368, Исус Христос.
Понатамошната врска меѓу трите степени и „Црквата на оние
што очекуваат†, Црквата Воинствена и Триумфалната Црква“ е
забележана од Оливер. Масонската ложа теоретски е поткрепена
од три столба, на хебрејски наречени DBR (мудрост), OTZ (сила),
и GMR (убавина). Бројната вредност на трите имиња е 426‡
страната на квадрат вметнат во ромб, чии страни се 671. Оттука
бројот 671, освен што е нумерички еквивалент на англискиот збор
masonry [масонство], тој е воедно еднаков на Тора, закон
(„Неусогласености“, стр. 104 и 188).
Геометриски, мерките на масонската табла целосно се
совпаѓаат со исказите во ритуалот, дека ложата е долга колку што
е истокот оддалечен од западот и широка колку што е северот
одделен од југот, а висока е колку небото. Надворешно таа
изнесува околу 64 х 21 ¼ инчи, и изгледа дека генијално е
смислена да ги вклучува сите канонски мерки на универзумот;
бидејќи весика, што ја содржи таблата, е широка 48⅔, квадратниот
корен од 2.368. Тогаш периметарот е 170½, или 1/12 од дијаметарот
ଶ.଴ସ଺
на сатурновата орбита изразена во сончеви дијаметри ( =
ଵଶ
170½).

*
прев. Или град-држава.

прев. Ecclesia Expectans, верниците кои чекаат во Чистилиштето.

прев. Би требало 526 (= 206 + 77 + 243).

243
Повторно, периметарот на внатрешната линија од назабениот
раб е 155,79, a 155,79 х 9,5 = 1.480.
На тој начин, индиректно броевите 2.368, 2.046 и 1.480 се
добиени на многу едноставен начин.
Понатаму, бројот 64 ја имплицира мерката на Свештениот дел,
бидејќи сумата на броевите од 1 до 64 = 2.080. Исто така, 64 инчи
се еднакви на 192 јачменови зрна*, а 192 е броен еквивалент на
името Mariam.
Површината на просторот затворен во границите е (60 х 18 =)
1.080 инчи, а тоа е бројот на милји во месечевиот радиус, како и
нумеричкиот еквивалент на Тo Pneuma Hagion, Светиот Дух.
Ромбот што ја содржи таблата има периметар од 231 инч, што
воедно е обемот на капакот од ковчегот во пирамидата.
Хексагонот што ја опкружува таблата има периметар од 691, а
тоа е должината на сончевата орбита.
Ако таблата се вметне во Соломоновиот печат, мерките на
преплетените триаголници од една до друга точка ќе бидат 384
јачменови зрна, или тоа е големината на сончевото растојание
изразена во тон.
Тогаш ако малиот Човек од Витрувиј се вцрта во квадрат
еднаков на должината од таблата, периметарот на квадратот е 768
јачменови зрна, а весиката долга 768 е широка 443, а тоа е
бројната вредност на Ð lÒgoj, словото [зборот]. Квадратот што го
содржи големиот човек - бидејќи е двојно поголем од претходниот
- има периметар од 365 инчи.
Ако круг со дијаметар 14,2 инчи се вцрта во средината на
масонската табла, за да ја претставува сатурновата орбита –
односно 2.046 делено двапати со 12—ќе се покаже поткрепен од
двата столба, Јахин и Боаз, а двата глобуси поставени врз овие
столбови можеби го должат своето потекло на ова.
Осакатеното и деформирано тело на Хирам често било
прикажувано легнато во ковчезите, кои биле насликани на
масонските табли од третиот степен. Сега, должината на ковчегот
е 48⅔ инчи, или тоа е квадратниот корен од 2.368, што укажува
дека Хирам бил персонификација на Исус Христос. Не можеме да
дискутираме за масонската легенда овде, зашто масоните слично
на христијанските свештеници, сѐ уште ги изведуваат своите
церемонии тајно, но сите кои се иницирани знаат дека важноста на

*
прев. Barleycorn; 1 jaчменово зрно е третина од инч или 0,85 цм.

244
Хирамовата смрт е точно аналогна на онаа од Христос и дека
третиот степен има слична симболика со ритуалот на Евхаристија,
кој во раната црква се одвивал во подеднаква тајност и
мистериозност како што се прави и денес при издигнувањето на
мајсторот масон.

ГЛАВА XII

ГЕОГРАФИЈА

245

You might also like