You are on page 1of 1

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделение


Наставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)
Наставна единица 1. Презентација на текстот A cat, kittens, lost and found mittens (Мачка, мачиња и
изгубени и пронајдени ракавички) икт
Датум 30.09.2014 / 02.10.2014 / 03.10.2014
Цели на часот Ученикот да може:
 да го збогати својот вокабулар со нови зборови кои се среќаваат во текстот
 да учествува во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на
клучните зборчиња и сл.
Фази на часот Активности
Воведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците да му набројат неколку домашни животни. Потоа
ги прашува учениците да му кажат дали дома имаат некои миленици и кои миленици ги
имаат. Потоа бара да ги именуваат нивните миленици и да чажат зошто ги чуваат
Главен дел (25 мин) Наставникот со употреба на флеш карти и хамер ги поучува новите зборчиња кои се
среќаваат во приказната. Учениците ги повторуваат зборчињата повеќе пати за да го
увежбаат нивниот изговор.
Наставникот ги претставува животните од приказната и ја презентира истата преку
слајови на прожекторот. Учениците внимателно го следат.
Наставникот ја раскажува приказната уште еднаш, но сега ги охрабрува и учениците да
му се придружат во раскажувањето преку правење на соодветни движења и преку
повторување на новите зборчиња.
Наставникот кажува зборче на англиски а учениците го имитираат слушнатото животно
или со мимики го објаснуваат слушнатиот предмет.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче- боенка со мачка и им дава инструкции како
да ја обојат сликата. Учениците ја обојуваат сликата и ја отсекуваат со ножици. Додека
тие работат, наставникот се движи низ училницата поставувајќи им прашања за
мачката која ја обојуваат на сликата. Потоа секој ученик и дава име на неговата мачка
Наставни средства и прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти,
помагала компјутер, прожектор, предмети во училницата и сл.
Наставни методи и метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, тивка активност (silent way),
форми на работа фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа
Корелација со други со македонски јазик (значењето на зборовите)
наставни предмети со ликовно образование (обојување на слика)
со запознавање на околината (животни-миленици)
Додатна активност Игра –погоди го животното. Еден ученик излегува пред одделението и имитира некое
животно, а останатите од одделението треба да го погодат животното. Доколку го знаат
зборчето на англиски, тие го кажуваат истото на англиски јазик (на пр. dog, cat, kitten.).
Откако ќе го погодат животното, друг ученик имитира животно.
Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа,
инструменти за мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на
оценување и ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.
вреднување на U=учени
Очекуван исход Ученикот усвои нови зборчиња и учествуваше во раскажувањето на текстот преку
мимики, повторување на клучните зборови и сл.
Рефлексија на часот

You might also like