You are on page 1of 3

УПАТСТВО ЗА ПИШУВАЊЕ НА ДИПЛОМСКА РАБОТА

Изглед на организација на дипломска работа од почеток до крај:

Содржина (треба да ги содржи сите глави и подглави, нивните наслови и страните на


кои почнуваат, израмнето од десна и од лева страна)

Пример за Содржина:

СОДРЖИНА

1. Вовед_________________________________________________________________1
2. Наслов________________________________________________________________2
2.1 Наслов_____________________________________________________________4
....

Листа на акроними (тоа е листа на кратенки и нивно значење, наредени по


абецеден/азбучен редослед)

Пример за Листа на акроними:

ЛИСТА НА АКРОНИМИ

ATM – Асинхрон преносен мод (Asynchronous Transport Mode)


GPRS – Генерален пакетски радио сервис (General Packet Radio Service)
SDH – Синхрона дигитална хиерархија (Synchronous Digital Hierachy)
...

1. Вовед (првата глава секогаша треба да биде Вовед, каде што на 0,5-1 страна ќе
се воведе читателот во проблематиката што се обработува- може да биде и повеќе
страни, но едноцифрен број страни)

2. Наслов на главата

3. Наслов на главата

4. Наслов на главата

Забелешка: меѓу Воведот и Заклучокот треба да има минимум 2 глави, вообичаено е 3,


но може и повеќе (при што вкупниот број на глави да биде едноцифрен број). Секоја
глава треба да биде една целина, но која се надоврзува на претходните (пред неа) или
наредните (по неа) глави.

5. Заклучок (последната глава секогаш треба да ги содржи најважните заклучоци од


изложеното во дипломската работа- големината на заклучокот е ред на големина 0,5-1
страна, при што може да биде и неколку страни по потреба)
Листа на референци (тука треба да биде дадена литературата која се користела
при работата на дипломската)

Пример за тоа како треба да се набројуваат референците:


[1] Toni Janevski, “Traffic Analysis and Design of Wireless IP Networks”, Artech House
Inc., Boston, USA, 2003.
[2] Име на автор-от (-ите), Наслов на трудот/книгата, Име на конференцијата,
списанието или книгата, година на објавување.

Забелешка: Сите референци треба да бидат спомнати во текстот (таму каде што се
коментира или зборува за материјалот од таа референца).

Технички детали за организација на пишувањето на дипломската:

Големина на страна (paper size): A4


Големина на фонт за текстот (font size): 12 p.
Големина на фонт за наслови на глави: 16 p. bold
Големина на фонт за наслови на подглави: 14 p. bold
Проред (line spacing): од 1 до 1,5 линии
Тип на фонт: за кирилица: Mac C Times или македонска поддршка
со тип на фонт Times New Roman
за латиница: Times New Roman
Големина на страна (page size): A4
Маргини на страна: во разумни граници (сите маргини меѓу 2 и 3 цм)
Текстот треба да биде израмнет од двете страни, лево и десно: Justify

Слики:
Треба да се стави наслов на секоја слика под самата слика, при што бројот на сликата
треба да биде од облик Слика x.y, каде што x е број на глава, а y е реден број на
слика во таа глава.
Сликата и нејзиниот наслов треба да бидат поставени централно на страницата и да
бидат на иста страница. Пример за означување на трета слика во Глава 2:

Слика 2.3 Наслов на сликата


Табели:
треба да се стави наслов на секоја табела веднаш над самата табела, при што бројот на
табелата треба да биде од облик Табела x.y, каде што x е број на глава, а y е реден
број на табелата во таа глава.
Табелата и нејзиниот наслов треба да бидат поставени централно на страницата и да
бидат на иста страница. Пример за означување на трета табела во Глава 2:

Табела 2.3 Наслов на табелата

Забелешка: Сите слики и табели треба да бидат спомнати во текстот.

Равенки:
Равенките треба да бидат напишани во Equation Editor (има во Word) и да бидат
поставени централно на страницата. Бројот на равенката треба да биде во облик (x.y),
каде што x е бројот на главата, а y е редниот број на равенката во таа глава, се
пишува во мали загради и се поставува израмнето со десната страна на текстот. Пример
за означување на втората равенка во глава 4:

ab
d (4.2)
c2

Забелешка: Пред равенката секогаш мора да има текст, барем еден ред (не може равенка
да биде на почеток на нова страна).

Просечната големина на еден дипломски труд е 50 или повеќе страни напишани според
ова упатство. Максималната големина на еден дипломски труд е 100 страни.

You might also like