Professional Documents
Culture Documents
Полимери
Полимери
ПОЛИМЕРИ
Полимерите се органски соединенија составени од долги молекуларни вериги.Кај молекулите на
полимерот се разликува главна верига која содржи голем број атоми а најчесто се содржани и
странични вериги чија должина по правило е многу помала од онаа на главната
верига.Вообичаените полимери се составени од соединенија на јаглеродот, меѓутоа полимери
може да се добијат и од неоргански соединенија како што се силикатите и силиконите.Има бројни
природни полимери(пр. Протеин , целулоза, скроб), но полимерните материјали кои се користат во
индустријата и секодневниот живот најчесто не се добиваат од природните полимери.Има два
основни вида индустриски полимерни материјали: пластики и еластомери.
Предности-
(3) Многу полимери имаат добар надворешен изглед. Можноста да се произведуваат во различни
бои без дополнително бојадисување е важна предност на пластичните маси.
(4) Имаат добра хемиска стабилност што овозможува истите да се користат за заштита на некои
конструкции од корозија.
(5) Добри технолошки својства: лесно се оформуваат, се сечат, се стругаат, лесно се заваруваат, се
пресуваат, се коваат и друго.
(6) Некои полимери имаат зголемена стабилност на абење, триење и удар, голема јакост,
проѕирност и друго.
(1) Мала отпорност на температура (60÷80 ºC). Некои се стабилни и на температура до 200 ºC, а во
исклучителни случаи и до 350 ºC. Опасно при горење на пластичните маси при високи
температури е одделувањето на отровните соединенија.
(4) Некои полимери се склони на стареење под влијание на топлина, светлина, на кислород од
воздухот и друго. Процесот на стареење се забрзува при дејство на натоварување.
(6) При примена на полимерите и пластичните маси во носивите конструкции треба да се земе во
предвид промената на јакоста со текот на времето, помалиот модул на еластичност и влијанието
на продолженото дејство на товарот како и взаемното дејство на влагата, сончевото зрачење и
влијанието на околината.
Полимери, структура и добивање
Структура на полимерите
• Линиски,
• Разгранети,
• просторно вмрежени.
сл.1
Ако линиските полимерни молекули се поврзани со напречни гранки се добиваат т.н. вмрежени
полимери, Сл. 2 (c), ако врската е тродимензионална тогаш тие се просторно вмрежени, или само
мрежи, Сл.2 (d). Овие полимери потешко се деформираат и во поголема мерка отколку
линеарните полимери ја задоволуваат дефиницијата на тврдо тело.
сл.2
Добивање на полимери
Мономерните единки може да бидат сврзани меѓу себе така што да градат линеарна или
разгранета низа или вмрежена структура и тоа ќе зависик од видот на реактантите и од
условите при кои се одвива реакцијата.Својствата на полимерите зависат од структурата
односно линеарните се порастворливи во споредба со разгранетите а особено од
вмрежените За првите е карактеристично својството на термопластичност а на
вмрежените термореактивност Со различни постапки на обработка тие може да се
преведуваат од еден во друг вид на пример каучукот кој е со линеарна структура со
вулканизација може да се преведе во полимер со вмрежена структура
Во полимерната низа – во скелетот на полимерот меѓусебно најчесто се поврзани атоми
на јаглерод но може да има и азотни атоми (полиамидите) , атоми од кислород
(полиестерите) или може вопшто да нема јаглеродни атоми.
Се добива од нафтата односно бутан кој е дериват на нафтата.Од бутанот во големите печки се
издвојува водородот.На водородот му се додава хлор и се добива хлороводородна
киселина.Понатаму се додава ацетилен винилхлорид Н2С=СН=С2Н3Сl.Се остава да лежи во
челични котли под притисок.Спонтано преку процесот на полимеризација се умножува во
поливинил хлорид во прав.Се загрева на температура од 163 степени целзиусови при што станува
тесто,потоа се развлекува меѓу челични цилиндри до саканата дебелина и се обликува во
најразлични производи. Тој е тврт и крт и за да му се подобри пластичноста се додаваат
пластификатори (најчесто естери на фосфорна и фтална киселина) и ваквите производи
се слични на гумата и од него се прават ѓонови за чевли, наметки за дожд, чадори,
филмови, вештачка кожа и друго
Синтетички полимери
CH2 = C(CH3)COOCH3
сл.4
C6H5CH=CH2
сл.5
Тој е добар изолатор отпорен на киселини бази и соли, физиолошки е безопасен и наоѓа
широка примена за пакување на прехрамбени производи, како изолационен мареријал за
изработка на цевки фолии хемиски садови и апарати.
Поликондизациони производи
сл.6
сл.7
Слика 8
Полистилор (PS). Toj e исто така од групата најрименувани и најевтини
термопласти.Полистеролот се добива со полимеризација на етилбензол.Полстеролот е
чист без мирис и вкус термопластичен материјал со изразена кртост и тврдост.Поради
слабата ударна жилавост неможе да биде конкурентен на инжењерските пластики за
изработка на машински делови.Полистиролот има одлична ливливост, неговата точка на
топење е само 115 степени.Од него се изработуваат цврсти пени (стиропор) кој се
користат за термичка и звучна изолација и бидејќи се отпорни на влага се користат и за
пловечки производи.Тој не е корозивно отпорен како полиетиленот и полипропиленот и е
подложен на дејство на растворливи органски масла.Подложен е и на дејство на
ултравиолетови зраци.Полистеролот наоѓа широка примена за делови и амбалажа за
широка потрошувачка,канцелариски прибор,за кабли и т.н. Некој од недостатоците на
полистиролот може да се надминат со додавање пластификатори и со
кополимеризација.Една од поважните модификации на полистиролот е термопластот АВЅ
кој се добива со комбинација на уште два полимера.Поради одличната жилавост,и
високата јакост и крутост тој има широка примена : за автомобилски делови,компјутерски
делови,канцелариска опрема и т.н
Полиметил метакрилат (RMMA)- Акрилатите се добиваат со полимеризација
од акрилната или метакрилната киселина.Најпознат акрилат е RMMA чие комплицирано
име малку кој го знае.Овој материјал е далеку повеќе познат како плеиксистакло
(плексиглас).Тој е тврд и крут прозрачен термопласт ко има повисока жилавост од
стаклото.Плексигласот е незапалив и многу отпорен на ниски температури.Тој има добра
хемиска постојаност и постојаност во атмосверски услови.Се користи за стаклени
површини кај авионите,автомобилите и бродовите,кај машините за заштитни прозрачни
облоги,за прозивни цевки и контејнери,за леќи и очила и т.н.
Полиутеран (PUR)-Пур е кондензационен продукт од реакција на изоцијанит со
алкохол.Раслични полимери може да се добијат со примена на различни реактивни
материјали.Посебна карактеристика на плиутераните е што може да се јават како
еластомери (гуми) или како крути и тврди термостабилни материјали.
Овие пени се користат за меки облоги кај мебелот.Полиутераните имаат широка примена
и како премази и превлеки.