You are on page 1of 8

Тема 2 / Работилница 4 Креативни Идеи

Прирачник Животни вештини и Лидерство: Тема 2 / Работилница 4

Образложение: Препознавање и вреднување на критичко мислење се елементи на


позитивна личност која донесува одлуки, содржи социјални компетенции и поседува
препознатливи особини во текот на развојот. Младите кои имаат и покажуваат критичко
милење развиваат позитивни и конструктивни однесувања и одбегнуваат негативни и
деструктивни однесувања.

Таргет група: Млади кои посетуваат училиште и надвор од училиштето како и млади
кои завршиле најмалку основно образование .

Предавачи: Волонтери на Мировниот Корпус и локални предавачи кои се обучени за


тоа како да ги користат и адаптираат животните вештини и прирачникот за лидерство.

Временска рамка: 90 минути

Предуслови : Тема 2 , Работилница 4

Верзија: Февруари 2013


Работилница 4: Креативни идеи

Дата : Време :90 минути Предавач(и):

Подготовка на предавачите :

1. Изработете и залепете пет ливчиња(знаци) на кои има по една буква од зборот


П-А-У-З-А
2. Подгответе ливчиња со прашања ПАУЗА или вежби од Прирачникот 1.

Материјали:
 Опрема
Флип табла, маркери или мрсни боички
 Подготовка на Флип таблите
Флип табла 1: Стекнете креативност
Флип табла 2: Храна за забавата
Флип табла 3: Игри за забавата
Флип табла 4: Гости на забавата
Флип табла 5: Локација на забавата
Флип табла 6: Датум и време на одржување на забавата
 Работни листови
Работен лист 1: ПАУЗА за Подобри Одлуки
 Материјали за работилницата
Материјали на Обучувачот 1: Прашања за ПАУЗА

Цели на учење
1. После групната работа , учесниците ќе развијат креативни заклучоци за една
зедница или ќе создадат свој личен став.

Насоки за работа

I. Мотивација (10 минути)

Материјали
Букви за П-А-У-З-А залепени околу местото каде што ќе се одвива работилницата

Ливчиња хартија од Прирачникот за работа 1: Прашања за ПАУЗА

А. Разгледување на ПАУЗА
Учесниците ги разгледуваат чекорите од ПАУЗА за донесување на одлуки.
1. Потесете ги учесниците на сите чекори од ПАУЗА при донесувањето на одлука.

Кажете:„Минатиот пат разговаравме за ПАУЗА како начин за подобро


донесување на одлуки . Можете ли да се сетите што значат буквите во зборот
ПАУЗА?“

2. Покажете кон буквите ПАУЗА кои се залепени наоколу и прашајте ги учесниците


заедно да го кажат знашењето на зборовите (Пауза, Прашај, Разбери,
Селектирај и Оцени).

Кажете: „Потесетете се на прашањата кои што сами си ги поставувате во врска


со која активност ќе ја превземите во чекорите од зборот ПАУЗА. Ќе ви дадам
ливче хартија со едно прашање или активност. Кога ќе ви дадам сигнал, брзо
направете група со оној кој што го има истиот збор на ливчето.“

3. Разделете му на секој учесник по едно ливче. Дајте му сигнал. Кога ќе се


оформат групите кажете:
„Сега разговарајте со членовите на вашата група и да одлучете која буква од
ПАУЗА одговара на вашето прашање. Почекајте и одлучете, на ниво на група, и
кога ќе ви дадам сигнал одете кон таа буква.“

4. Почекајте еден момент, дајте му сигнал, и кога групите ќе си одберат буква


дајте му шанса на секоја група да образложи зошто ја одбрале баш таа буква и
како одговара со нивното прашање или активност. Доколку некоја од групите
нема место, побарајте од таа група да ви предложи кое би било нивното
вистинско место.

B. Заклучок
Заклучете:

„Одлично ја изработивте вежбата вклучувајќи ги сите чекори од ПАУЗА. Денес ќе


поминеме на следниот чекор, Прашувајте. Понекогаш е течко да се размислува за
различни опции при донесување на одлуките, затоа ние ќе научиме неколку начини за
да бидеме покреативни при донесувањето на повеќе одлуки.

II. Информација (35 минути)

Материјали:

Флип табла 1: Бидете креативни

А. „Митови за креативност“
Учесниците ќе научат различни начини на креативно размислување.

1. Запознавање со неколку идеи за креативност. Кажете:

„Би сакала да откријам што мислите за креативноста. Ќе кажам еден исказ и


доколку мислите дека е точно, станете. Доколку мислите дека не е точно
седнете на подот. Доколку мислите дека е можеби точно во одредена ситуација
седнете на колена! Подготвени?

2. Прочитајте го секој исказ по еднаш и почекајте додека се наместат учесниците


да стојат или да седат. Кога ќе заавршите со сите искази, споделете го точниот
одговор и објаснете го. Доколку некој од учесниците седат на колена, поканете
ги да објаснат зошто. Одговорете го секое прашање кое ќе ви го постават
учесниците пред да го прочитате следниот исказ.

Искази за креативност

a) Креативноста е вродена особина. (Не точно. Секој е креативен! Можеш


да бидеш креативен и без тоа да си уметник или мизичар. Важно е како
ги решаваме проблемите.)

b) Можиш да научиш како да бидеш повеќе креативен. (Точно.Денес ќе


научиме неколку начини да се биде покреативен!)

c) Можеш да бидеш креативен на утро или доцна на вечер. (Не точно.


Можеш да бидеш креативен во било кое време.)

d) Ќе бидеш покреативен доколку имаш одреден рок. (Тоа е време до кога


треба да се заврши нештото). (Обично тоа не е точно. Повеќето луѓе
сметаат дека се загрижени и напнати доколку се наоѓаат под притисок.)

e) Да се биде креативен потребно е да се има добра идеја. (Не точно.


Луѓето кои што се креативни имаат многу, многу идеи но во моментот ги
користат најдобрите.)

f) Понекогаш најглупавите идеи се најдобри. (Точно. Глупаво, значи


различно, потребен е различен начин на размислување.)

g) Да се биде креативен мораш да работиш сам. (Не точно. Повеќе луѓе


околу тебе значи поквалитетни идеи.)

3. Прашајте ги учесницитедали би додале други искази за кои што слушнале.


Потоа кажете:

„Овие искази претставуваат неколку заеднички идеи за да се биде креативен.


Често луѓето мислат дека за да се биде креативен треба самиот да имаш своја
идеја.Но, да се биде креативен не значи откривање на оригинална и единствена
идеја. Всушност, покреативните идеи можат да изменат или на дополнат нечија
лична идеја. Тоа значи дека повеќето идеи се варијација на претходни идеи од
други луѓе.“

4. Претсавување на Флип Таблата 1: Стекнете креативност со учесниците. Кажете:

„На таблата има листа со неколку начини за креативност, особено кога се


обидувате да излезете со многу различни опции во чекорот Прашај од ПАУЗА.
Погледнете во нив и кажете ми кои од нив се однесуваат на исказите кои
претходно ви ги прочитав.“

5. Помогнете му на учесниците да направат врска помеѓу исказите за креативност


и елементите од Таблата 1. Доколку ви е потребно, можете повторно да го
прочитете исказот „е)“ ( кој што се однесува на имањето на многу идеи, кои би
ги додале на спосокот, или идеи кои би ги елиминирале), исказ „ф)“ (кој што се
однесува на размислувањето на противникот и исказот „г)“ (кој што се однесува
на потребата да имаме повеќе луѓе доколку сакаме да откриеме многу идеи).

B. Заклучок
Заклучете:

„Повеќето од овие пет начини да се биде покреативен, се базираат врз основа


работата као одлика за донесување на идеи. Не мора да дојдете со уникатни идеи за
да бидете креативни. Во следната активност ќе видите како секој можи да придонеси
во креирањето на идеи со употреба на една од овие идеи.“

III. Вежба (30 минути)


Материјали:

Флип табла 2: Храна за забавата


Флип табла 3: Игри за забавата
Флип табла 4: Гости на забавата
Флип табла 5: Локација на забавата
Флип табла 6: Датум и време на одржување на забавата

А. Стекнете креативност

Учесниците вежбаат различни начини на креативно размислување

1. Објаснете дека би сакале сите да исссткнат креативни идеи.


Кажете:
„Да замислиме дека планирате да организирате забава. Има многу одлуки кои
трреба да ги донесите поврзано со храната, забавата, гости кои би ги поканиле,
локацијата, датум и време. Доколку се одлучивте дексс ќе го употребите првиот
чекор на ПАУЗА техниката, нашиот следен чекор е Прашајте кои се сите можни
опции. Равотете во групи и донесете ги сите можни опции.“
2. Откако ќе завршат сите учесници поделете ги во групи од активноста за
мотивација, или можете да ги оставите во иситите групи. Разделете му листови
од флип таблата за секоја група, кажете:
„Сњекоја група ќе добие по еден листм на него напишете ги сите можни опци за
темата. Групите кои работаат на Храната, Збавата и Локацијата имаат по 50$ за
трошење. Започнете со пишување на идеите. Имате три минути.“

Забележете: Одберете сума на пари за домашна култура и број на учесници

3. Откако ќе дадете време за работа, замолете ги учесниците да престанат со


работа на нивниот лист и да преминат со работа на друг лист. Кажете:
„На новиот лист хартија, би сакала набрзина да ги прочитате идиете, да
додадете најмалку три идеи и три спротивности на идеите. Бидете креативни –
иако идеите ви бидат смешни. Имате три минути.“

4. Откако ќе поминат три минути, повторно кажете му на учесниците да ја сменат


групата.

„Со вашата нова промена на флип листот, разгледајте ги идеите и додадете


една нова, потоа одберете две и искобинирајте ги во нова идеја. Доволете му
на креативноста да биде без ограничувањља. Немојте да ставате граници на
вашите рамислувања. Имате три минути.“

5. Откако ќе поминат и тие три минути, замолете ги учесниците да отидат до


следниот лист.

„На новиот лист прочитајте што е напишано, додадете најмалку една идеја.
Потоа елиминирајте најмалку една идеја цртајќи правоаголник околу неа.
Бидете креативни . Имате три минути.

6. Замолете ги групите повторно да се сменат но овој пат дајте му неколку минути


за го прочитаат листот и да се подготват за донесување на заклучок на ниво на
група, потоа еден презентира.

7. Поставете неколку од слњедните прашања за дискусија за да му помогни на


учесниците да добијат најмногу од оваа активност.

 Кој лист ви беше најтежокза донесување на критичко мислење?

 Кои се предностите да се биде покреативен? (Можни одговори: Откривањето


на повеќе можности. Позабавно е. Се чувствуваш дека придонесуваш.)

 Дали вашата група стана покреативна како што се одвиваше активноста?


Доколку е одговорот ДА, до кој степен? Многу? Малку?

 Доколку размислувате креативно, до кој степен тоа ви изгледа возможно?

 Оваа активност ви дава шанса да употребите неколку заеднички начини за да


се биде покреативен: Напишете повеќе идеи, мислете и на спротивностите;
Комбинирајте ги идеите; Елиминирајте ги идеите. Кои од овие вежби најмногу
ви се допаднаа?

Б. Заклучок
Ова се неколку начини со кои би се поттикнла креативноста и размислувањето со
помош на додавање на повеќе опции кои ќе ги користиме во секојдневни ситуации.

Флип Табла 1 – Стекнете креативност


Начини да се биде
покреативен
Напишете идеи
Мислете и на спротивностите
Комбинирајте ги идеите
Елиминирајте идеи

Флип табла 2: Храна за забавата

Флип табла 3: Игри за забавата

Флип табла 4: Гости на забавата

Флип табла 5: Локација на забавата

Флип табла 6: Датум и време на одржување на забавата

ПАУЗА П – Која е одлуката

А – Кои се опциите

У – Кои се последиците

З – Коисти опција со глава срце раце и надеж

А – Откриј колку добро го сработи


Материјал за предавачот
Направете копија од овој лист и исечете го на квадрати по линиите. Поделете му на
секој учесник по еден, употребете го листот ПАУЗА за подобра одлука како клуч за
одговор.

Која е одлуката? Кои се опциите?

Кои се последиците? Користи ја можноста со глава, срце,


раце и надеж.

Откриј колку добро си сработил? Употреби ја можноста?

You might also like