You are on page 1of 4

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО НАСТАВАТА ПО

ПРЕДМЕТОТ – АНГЛИСКИ ЈАЗИИК

предметен наставник: Каролина Неделковска


2014/2015

1. Предмет: Англиски јазик


2. Наставник: Каролина Неделковска
3. Одделение: Второ
4. Еко-стандард: Видови отпад
5. Точки на акција:
 Запознавање на учениците со поимот биодиверзитет и човечкот како најголем
причинител за неговото загрозување
 Спроведување на истражување за загрозените видови во Македонија, разгледување на
причините, последиците како и можните решенија за проблемот
 Формирање на еко-патроли (групи на ученици) кои ќе изработат илустративно-
подржани проекти за секој загрозен вид одделно (пр. Охридската пастрмка,
белоглавиот орел, рисот итн.);ученици кои ќе бидат вклучени во реализација на
точките на акција, кои ќе го надгледуваат и контролираат процесот на имплементација
на овие активности
 Поставување на илустративните проекти во рамките на еко-катчето во училиштето

6. Тема: Unit 2: Animals


7. Наставна содржина: Обработка на културолошка тема (животни и околина)
8. Активност:
Наставникот ги запознава учениците со поимот „биодиверзитет“ преку обработка на текст
„Класификација на животните. Се развива дискусија за различните животни видови кои
живеат на територијата на Македонија. Се бара бура на идеи од учениците за тоа кои
животински видови се загрозени, кои се причините за нивно истребување, влијанието на
човечкиот фактор како и можни решенија како би се заштитиле видовите од истребување.
Податоците, идеите и препораките се запишуваат на табла. Потоа учениците се делат во
групи и секоја група има за задача да спроведе истражување за одреден загрозен вид и да
изработи еко-проект со прецизно наведен план за заштита на истиот. Проектите треба да
бидат изработени на англиски јазик и илустративно подржани. На вториот час учениците
ги доработуваат проектите а потоа ги поставуваат во училишното еко-катче.
9. Време на реализација: Втора седмица од месец декември
1. Предмет: Англиски јазик
2. Наставник: Каролина Неделковска
3. Одделение: Прво
4. Еко-стандард: Уреден еколошки двор
5. Точки на акција:
 Отстранување на сите непотребни и нефункционални предмети и растенија од дворот
(исушени цвеќиња, лисја, скршени клупи, канти итн.)
 Поставување и означување на корпи за органско ѓубре, за хартија и пластика
 Редовно чистење на дворот
 Истакнување на упатства за одржување на дворот
 Формирање на еко-патроли (групи на ученици) кои ќе изработат илустративни пароли
со еко-пораки на англиски јазик; ученици кои ќе бидат вклучени во реализација на
точките на акција, кои ќе го надгледуваат и контролираат процесот на имплементација
на овие активности
 Поставување на еко-паролите на видни места низ училишниот двор

6. Тема: Unit 9: I've got a sore throat


Наставна содржина: Обработка на јазични структури со ТРЕБА и НЕ ТРЕБА
10. Активност:
Наставникот ја истакнува потребата од почист и поуреден училишен двор како составен
дел од нашата животна средина. Се дискутира за последиците од загадувањето и
неодговорното човечко однесување врз здравјето на луѓето, животните и растенијата. Се
бара бура на идеи од учениците за тоа што треба а што не треба да правиме за да имаме
почист и поуреден училишен двор. Идеите и советите се запишуваат на табла со посебно
нагласување на јазичните структури ТРЕБА и НЕ ТРЕБА. Потоа учениците се делат во
групи и секоја група има за задача да изработи по три еко-пароли кои ќе бидат
илустративно обработени и запишани на англиски јазик. На вториот час учениците ги
доработуваат паролите а потоа ги поставуваат на соодветни места во училишниот двор.
11. Време на реализација: Трета седмица од месец април

1. Предмет: Англиски јазик


2. Наставник: Каролина Неделковска
3. Одделение: Деветто
4. Еко-стандард: Видови отпад
5. Точки на акција:
 Спроведување на анкета меѓу учениците на тема: Начин на исхрана и омилена храна
на учениците
 Анализа на резултатите од анкетата и изготвување на извештај за вообичаените
навики на учениците во поглед на исхраната
 Запознавање на учениците со последиците од брзиот и неправилен начин на исхрана и
нејзините последици врз човековото здравје како и со видовите здрава храна и
придобивките од правилниот и здрав начин на исхрана
 Формирање на health-тимови составени од група ученици кои ќе изработат power point
презентација за одделен вид на здрава храна, начинот на нејзино конзумирање и
придобивките од истата
 Делење на брошору меѓу останатите ученици од училиштето па и надвор од него со
содржини извадени од претходно подготвените презентации за здрава храна и здрав
начин на исхрана
6. Тема: Unit 6: I'm usually late (Учебник ПЕТ)
7. Наставна содржина: Истражување на храната, добри и лоши навики во исхраната
8. Активност:
Наставникот го истакнува влијанието на она што го конзумираме т.е. Храната врз
општата здравстена состојба на секој човечки организам. Се развива дискусија за
резултатите од спроведената анкета за начинот на исхрана меѓу учениците и за последиците
од истиот. Се бара бура на идеи од учениците за тоа кои видови храна се штетни по
здравјето на човекот и зошто и од друга страна видови храна кои се полезни и особено здрави
за конзумирање. Идеите и заклучоците се запишуваат на табла. Потоа учениците се делат во
групи (health-тимови) и секоја група има за задача да изработи power point презентација за
одреден вид здрава храна, нејзино правилно приготвување и конзумирање пр.овошје,
зеленчук, житарки, риба, соја, млеко и млечни произбоди. Учениците изработуваат и куси
летоци со најбитните информации за здравата исхрана и ги разделуваат меѓу останатите
ученици. На вториот час учениците ги доработуваат презентациите и летоците и истите ги
презентираат
9. Време на реализација: Трета седмица од месец Јануари

________________________________________________________________________________

1. Предмет: Англиски јазик


2. Наставник: Каролина Неделковска
3. Одделение: Деветто
4. Еко-стандард: Важноста на дворот
5. Точка на акција:
 Ослободување од непотребни предмети во училишната зграда (скршени клупи,
саксии, вазни, табли, стари и исушени цвеќиња итн.)
 Разубавување на училниците, ходниците и канцелариите со цвеќиња
 Изработка на упатсва за одржување на зградата и здрава животна средина кои ќе бидат
претставени како заповед и забрана за тоа што мора а што не смее да се прави со цел
поуредна зграда и средина во училиштето
 Назначување одговорни лица согласно бројот на одделенија и смени во улилиштето за
спроведување на горенаведените точки на акција
 Формирање на еко-патроли (групи на ученици) кои ќе бидат вклучени во реализација
на точките на акција, кои ќе го надгледуваат и контролираат процесот на
имплементација на овие активности
6. Тема: Unit 8: Having fun (Учебник ПЕТ)
7. Наставна содржина: Обработка на дијалог и граматички структури со МОРА и НЕ
СМЕЕ
8. Активност:
Наставникот отвара дискусија за тоа колку е уреден, удобен и пријатен за престој
просторот во училишната зграда. Се бара бура на идеи од учениците за тоа како да се
подобри атмосферата и просторот во училишната зграда, како да се разубави средината во
училиштето како би се добила попријатна и поздрава клима и услови за работа и учење.
Идеите и заклучоците се запишуваат на табла. Потоа учениците се делат во групи еко-
патроли и секоја патрола има за задача да изработи по три еко-пароли во форма на заповед и
забрана на англиски јазик. Учениците ги изработуваат и илустрираат паролите а потоа ги
поставуваат на соодветни места низ училишната зграда.
6. Време на реализација: Прва седмица од месец Март

You might also like