You are on page 1of 9

VOVED

Локалитетот ,,Големо Градиште,, се наоѓа на 20 км


источно од Куманово во атарот на Кратовското село Коњух.
Станува збор за доцноантичка населба од 4 до 7 в., односно
град на воени ветерани. На просторот помеѓу реката и
градиштето се појавуваат рушевини од некогашен
ранохристијански храм со кружна основа. Додека на неколку
метри од нејзината источна страна бил најден и извор со
лековита вода.

LEGENDATA NA DEDO ZAFIR

Станува збор слеп, побожен и угледен човек по


име Зафир. Нему на сон му се јавило дека помеѓу селската река
и едно мало ритче има остатоци од мала црква каде биле
положени коските на некој маченик. Заедно со селаните и
калуѓерките од женскиот манастир од Бељаковце тргнале на
местото и почнале да копаат. Низ текот на копањето дедо Зафир
давал инструкции кој каде да копа, при тоа секој откопувал по
некој крст, камена скулптура и сл. Но кога некој селанец по
име Данило почнал да копа Зафир наредил да престане и рекол
,,застани, тука се скалите не е време тоа да се откопува,,.
Според преданијата Данило наишол на криптата која е откриена
многу подоцна со археолошките ископувања. Ова лаичко
ископување според визијата на дедо Зафир се случило во 1918
г., додека целиот настан бил обележан во белградските весници
во 1924 г.
Оваа интересна вест стигнала до Археолошкиот
Факултет во Белгард. При што врвниот археолог Никола Вулиќ
ги започнал првите стручни археолошки ископувања на овој
локалитет во 1937г. Но позначајните пронајдени наоди биле
пренесени во српскиот манастир Ресавица.
HRONOLOGIJA NA ISKOPUVAWATA

По ископувањето на Вулиќ во 1937г. , следните


ископувања биле по овој редослед:
- Светозар Радојчиќ во 1938, наодите биле пренесени во
Куршумли ан,
- Иван Микулчиќ во 1970, Градиште и Ротонда,
- Виктор Лилчиќ во 1990, Ротондата,
- Македонско-американски тимови во 1998,
- Каролин Снајвли во 2000, систематски истражувања на
Ротондата. Која е и универзитетски професор по археологија
на катедрата во Гетисбург од Пенсилванија.

CRKVATA OD SELO KOWUH

Станува збор за базилика изградена во периодот од 4 до 6в.


Која се одликува како една од ретките вакви цркви во
Југоисточна Европа. Таа е од централен тип на ранохристијански
базилики со кружна основа – ротонда на еден кат. Оваа црква
според Зафир наречена Св. Јован Опсечен, била почивалиште на
некој Христов следбеник, мартир кој загинал токму на ова
место. Додека пак ова ни укажува на фактот дека станува збор
за Мартириум. Кои пак мартириуми биле во голем подем во
доцниот Рим односно раното христијанство.
Форма на правоаголник кој преоѓа во трапез. Во центарот има
ходник налик на потковица. Поставена на менои и ѕидани
масивни столпци. Со, однадвор правоаголнаа одвнатре
полукружна источна апсида. Како и камари во источниот дел.
Главниот влез е на запад преку трибелон. Има северен и јужен
влез но северниот подоцна бил заѕидан.
- должина: 23м.
- ширина: 7,5м. и 14м.
Импостни капители со врежани крстови,
растителни и зооморфни орнаменти. Еден од капителите има
релјефна претстава на
кокошка, која го симболизира Христос. Додека на абакусовиот
лист натпис
,,Domus Martiris,,. Кој натпис ни кажува за
значењето и намената на оваа ранохристијанска базилика.

SEVERNA BAZILIKA STOBI

ISTORIJA NA GRADOT

Историографските податоци и археолошките истражувања ни


овозможуваат да изградиме соодветна историска слика за
континуитетот на живеење во Стоби и настаните врзани за градот.
Материјалните остатоци од архајскиот и класичниот период, откриени
со археолошките истражувања, најверојатно го определуваат почетокот
на живеењето во Стоби. Нивниот мал квантитет и недостатокот на
пишани извори не дозволуваат некакви поконкретни заклучоци околу
карактерот на населбата и нејзината големина.
Првите историографски податоци за Стоби ги среќаваме кај Тит
Ливиј (59 г. п.н.е – 17 г. н.е.) и тие нè информираат дека во
197 г. п.н.е Филип V ги поразил Дарданците во близина на
Стоби. Вториот податок на Ливиј се однесува на римските
освојувања во Македонија и 167 г. п.н.е. кога Стоби станува
главен центар за трговија со сол во третата мерида. Со
археолошките истражувања се лоцирани утврдената населба и
некрополата од хеленистичко време со што е овозможено следење на
континуитетот во развитокот на градот.
Трговијата со сол и поволната географска положба му овозможуваат
на Стоби константен подем во вековите на римското владеење.
Наоѓајќи се на крстопат помеѓу Вардарската магистрала и
Дијагоналниот пат, Стоби прераснува во еден од најзначајните
римски градови во Македонија.
Од Ι – ΙΙΙ век, за време на pax Romana, Стоби доживува промена во
урбанизацијата, демографска експанзија и ја достигнува најголемата
површина во историјата на своето постоење. Во времето на Август,
градот станува oppidum civium Romanorum, а подоцна и
municipium. Иако автохтоното население е доминантно во Стоби,
голем дел од граѓаните уживале Ius Italicum и припаѓале на
трибите Aemilia и Tromentina. Во периодот на владеењето на
Веспазијан (69 – 79 г. н.е.), Стоби започнува со ковање на
бакарни монети за локална употреба кое ќе трае до Елагабала (218
– 222 г. н.е.). Од раноримскиот период досега се откриени и
документирани театарот, бедемот, Porta Sacra или Porta
Heraclea, водоводот, синагогата, Casa Romana, делови од улици,
делови од цивилната базилика и јавната градба со арки.
Археолошките податоци кажуваат дека градот настрадал во втората
половина на ΙΙΙ век. Иако не е исклучена можноста за земјотрес,
овие деструкции вообичаено се поврзуваат со походот на Херулите и
Готите во 267/69 г. кога настрадале и други градови на Балканот.
По катастрофата градот е обновен и во периодот од IV - VI век
има доста промени во урбанизацијата. Најголемиот дел од објектите
што денес се забележуваат на терен се изградени во овој временски
интервал. На крајот од IV век или на почетокот од V век, на
источната страна е подигнат нов бедем. Тој е изграден западно од
стариот и поминува преку некои од раноримските градби од I - III
век.
Еден од позначајните настани во историјата на доцноантичко Стоби е
формирањето на христијанската заедница. Името на првиот епископ –
Будиус е забележано на соборот во Никеја во 325 г., а од IV век
датира и старата епископска базилика. Ова се најраните
документирани манифестации на христијанството во Р. Македонија.
Во 388 г. императорот Теодосиј го посетил Стоби и тука издал два
едикта со кои се забранува собирање на еретиците и јавни дискусии
за верата. Откриената сакрална архитектура во Стоби и посебно
епископската базилика на епископот Филип, од почетокот на V век,
зборуваат дека градот бил доста значаен религиозен центар со
воспоставени христијански традиции. Фактот што Стоби бил главен
град на провинцијата Macedonia Secunda ги наведува некои од
истражувачите да сметаат дека не бил само епископија туку имал и
ранг на митрополија. Епископите од Стоби се среќаваат како
учесници на христијанските собори се до крајот на VII век кога
стобската епископија егзистирала само фиктивно.
Најпознатиот жител на Стоби живеел во V век. Неговотo име е
Јован од Стоби (Ioannes Stobaeus) и е познат како антички автор кој
составил антологија од четири книги со литература од Хомер па се
до IV век. Благодарение на неговото дело до денес се сочувани
бројни извадоци од книги кои денес не постојат.
Теодорих и Остроготите во 479 г. на патот кон Драч го ограбуваат
Стоби, но овој напад немал такви последици како хунскиот и градот
е обновен.
Преселбите на Словените и движењата на Аварите, Кутригурите и
други племиња во текот на VI век ќе доведат до опустошување на
градовите низ целиот Балкански полуостров. Истовремено се
случуваат климатски промени кои негативно ќе се одразат на
земјоделието и условите за живот. Од овие причини, кон крајот
на VI век градот ќе биде напуштен, а празните објекти подоцна
биле срушени од земјотрес. Во средниот век е забележано
населување на Словените на овој простор, но без некој особен
интензитет на живеење за што сведочат и откриените словенски
гробови. Последниот историски податок во кој се споменува името
на градот се однесува на победата на Византискиот император
Василиј II над војничката посада во Стоби во 1014 г.

LOKACIJA NA GRADOT

Градот Стоби се наоѓал на старата балканска патна сообраќајница


која преку моравската и вардарската долина , како главна
магистрала, водела од север кон југ од праисторијата до денес. На
овој простор се сечел и патот што од Пелагонија одел за Астибо
(Штип) до Пауталија (Ќустендил) и Сердика (Софија).
Поточно античкиот град Стоби бил распостранет на левиот брег на
Црна Река (Еригон), на местото каде што таа се влива во Вардар
(Аксиј).
Неговата географска и стратешка позиција биле едни од условите за
да градот Стоби прерасне во еден од најголемите градови на оваа
територија во римскиот период. •Денес на само 5км од Општината
Градско .

ISTORIJA NA ISTRA@UVAWATA NA SEVERNATA BAZILIKA

Северната базилика позната уште како и базилика D или една од


Basilicae Geminatae е откриена во 1937 година до нивото на
подот, под раководство на Ј. Петровиќ од музејот во Белград.
Тогаш се откриени атриумот, нартексот, анексите на атриумот и
нартексот, крстилницата, контурите на ѕидовите од наосот и
ходниците, и делови на северната патека и на наосот.
Подигањето на колоните на атримот и конзервацијата на нишите се
изведени по ископувањата и повторно по Втората светска војна.
Во базиликата и јужно од неа биле откриени вкупно 23 гробови кои
се датирани од 9 до 12 век.
Исто така во оваа година Институтот за конзервација на Македонија
го конзервирале баптистриумот и западниот дел од базиликата.
• 1959 година е годината кога се конзервира и реставрира поглем
дел од базиликата. Биле конзервирани ѕидовите на базиликата,
поправен каналот за снабдување со вода во северниот ходник, биле
дислоцирани некои парчиња на од базиликата со цел да се олесни
работата, потоа биле поправени некои работи од претходната
конзервација и др.
• Комплетна документација за задржаната конструкција на базиликата
и детална евиденција и документација на архитектонската пластика,
откриена при ископувањата на овој објект, оформена е во 1982
година.

SEVRNATA BAZILIKA OPIS, FAZI I POSVETENOST

Северната базилика е првиот од северната страна на откриениот


комплекс од граби во западниот дел од Стоби.Поради тоа, го има
добиено името северна базилика. Базиликата лежи источно од Via
Principalis Inferior, од која се влегува од атриумот во објектот, кој е
понизок cca, 1-2 м. Комплексот на базиликата источно од улицата
му припаѓа на низата градби од оваа западна инсула на Стоби што
се шират кон југ се до театарот.
Северната базилика во Стоби преставува стандарден тип црква со
три кораба, со широка апсида, нартекс со пастофории отсрани,
атриум со странични анекси од северната и јужната страна и
четирилистен баптистериум од северната страна.
Сите досега откриени градби од црковен и профан карактер на
терасата источно од улицата Via Principalis Inferior имаат исти или
идентични планови. Сите овие објекти го следат системот на
планирање и ставање на објектите пониско од улицата. Со мали
отстапувања, овие објекти се речиси идентични според својот општ
план и прогрмирање на централните и страничните простории.
Голема сличност има и нивното внатрешно уредување, како и
системот на довод и одвод на вода.
Во Стоби досега се откриени 8 базилики кои ни сведочат за
големиот интензитет на ширење на христијанството на територијата на
источен и среден Балкан.
Истражувањата укажуваат дека северната базилика е подигната врз
една доцноантичка палата и дека имала повеќе градежни фази.
Римската палата преставувала раскошен и просторен објект со атриум
во кој бил сместен голем богато украсен базен, каде што трите
ниши од западната страна биле со оплата од бели мермерни плочи а
бочните одаи биле постелени со мозаици.
Римската палатапри крајот на 4 или почетокот на 5 век е преуредена
и оспособена за црква од базиликален тип со три кораба, нартекс и
атриум со фонтана и мал базен сместен во средината на големиот
раскошен базен од предходната палата. Базиликите во Стоби, сите
од ред, имаат исти или идентични планови. Тоа се објаснува со
тоа што доцноантчките палати биле преуредувани во цркви, така што
цели градежни ансамбли биле искористени во новиот аранжман.
Објектот со повеќе ремоделирања живеел до крајотна 6 век.
Четирилисниот баптистериум од северната страна подоцна е
дограден. Тогаш е отворен влез во северниот кораб за комуникација
со баптистериумот. Вака преуредената и обогатена со баптистериум
од северната страна, северната базлика, извесно време додека се
градела базиликата на епископот Филип, служела како епископска
базлилика на градот Стоби. По подигањето на монументалниот објект
на Епископската базилика над двете стари епископски базилики и
вклопувањето на луксузниот и обновен баптистериум, во северната
базилика веќе не се покрстува. Тогаш е затворен и доводот на
водата во нејзината писцина.
Забележуваме дека објектот има повеќе градежни фази. Од
приватен објект преминува во јавен – сакрален објект, подоцна се
доградува баптистериумот итн.
Кому била посветена оваа базилика при уредувањето на античкиот стар
објект, палата од профан карактер? Во чија чест е изградена оваа
монументална градба?
Авторите што го имаат откриено објектот не даваат никакви податоци што е
откриено во овој дел на црквата. Меѓутоа, тие од линијата каде што бил
канцелот со олтарната преграда па се до апсидалниот простор се симнале со
копање доста длабоко. На овој простор од презвитеиумот и апсидалното
пространство има остатоци од камени блокови што припаѓале на канцел
преградата, меѓутоа, тие се дислоцирани. Подоцнежни истражувања на овој
простор не се изведувани, поради што не е познат аранжманот на
синтроносот во широкиот апсидален простор ниту решението на местото за
сместување на реликвиите на светителот со кои е осветена базиликата.
Се претпоставува дека црквата е посветена на некој од локалните мартири
што загинале во прогоните и настрадале во театарот на градот Стоби, поради
што црквата во овој мартириополис можела да преставува црква мартириум
посветена на локален маченик прогласен за светител.
Сето досега споменатово го поткрепува наодот на една тула од подот во
јужниот кораб на која е преставена човечка фигура со подигнати раце во
ставот на орантес.
Анализирајќи го симболот на орант се дошло до заклучок дека пронајдената
тула во источниот дел во јужниот кораб, непосредно покрај презвитериумот
има за цел да укаже на реликвиите на мартирот врз кој е подигната
базиликата и осветена во негова чест.

ZAKLU^OK

Стоби со својата географско – стратешка позиција освен што


преставувал економски, политички, културен центар преставувал и
голем верски центар.
Стоби како муниципиум, како град со своја ковница, како
космополитски град, секако дека преставувал голем и значаен
верски центар.
За тоа ни сведочат и познатите епископи на Стоби кои учествувале
на големите верски Собори, а со археолошкитеископувања се
откриваат и самите сакрални градби кои сведочат за тоа. Една од
нив е и северната базилика која во доцната антика преставувала
епископска базилика за краток период, преставувала градба во која
се развивала и темелела една од најголемите денешни религии.

You might also like