You are on page 1of 2

(применува, разбира, знае и помни, препознава)

2 Со помош подредува броеви до 100; Ги препознава знаците за


споредување на два броја.С о пом о ш б рои по два, по пет и по десет и
препишува групирање по два, по пет и по десет Со помош брои по три до 30 и
по четири до 40. Препознава цифра во двоцифрениот број и со помош ги
разложува на десетки и единици. Со помош и броење на предмети ги одредува
парови на броеви чиј збир е 10 и парови на броеви чиј збир е 20. Препишува
месна вредност. Препишува разложување двоцифрени броеви. Со помош
собира/одзема едноцифрен број со/ од двоцифрен број до 30. Препишува
парови од двоцифрени броеви. Препишува мала разлика меѓу паровите на
двоцифрените броеви. Следи и препишува решавање проблеми и загатки.

3 Знае да подредува броеви до 100; Знае да споредува два броја со


знаците за споредување.Брои по два, по пет и по десет и користи групирање по
два, по пет и по десет за да изброи поголема група на предмети до 100. Знае
да брои со мали постојани чекори, по три до 30 и по четири до 40. Знае што
претставува секоја цифра во двоцифрениот број и ги разложува на десетки и
единици. Знае парови на броеви чиј збир е 10 и парови на броеви чиј збир е 20.
Препознава двојни вредности. Знае да удвојува двоцифрени броеви. Познава месна
вредност. Знае да собира/одзема едноцифрен број со/од двоцифрен број до 30.
Знае да собира и одзема двоцифрен број со цели десетки.Знае да собира парови
од двоцифрени броеви. Препознава мала разлика меѓу паровите на
двоцифрените броеви. Препишува решавање проблеми и загатки
4

Подредува броеви до 100; споредува два броја користејќи ги знаците за


споредување.Брои по два, по пет и по десет и користи групирање по два, по пет и по
десет за да изброи поголема група на предмети до 100. Користи броење по два, по пет и
по десет за решавање практични проблеми. Почнува да брои со мали постојани чекори,
по три до 30 и по четири до 40. Знае што претставува секоја цифра во двоцифрениот
број и ги разложува на десетки и единици.Ги знае сите парови на броеви чиј збир е 10 и
парови на броеви чиј збир е 20. Препознава двојни вредности. Удвојува двоцифрени
броеви. Познава месна вредност. Разложува двоцифрени броеви. Собира/одзема
едноцифрен број со/од двоцифрен број до 30. Го поврзува броењето нанап- ред/наназад
по 10 за да најде број кој е за 10 поголем/помал од кој било двоцифрен број, а потоа
собира и одзема двоцифрен број со цели десетки, Собира/одзема едноцифрен број со/од
двоцифрен број до 30. Собира парови од двоцифрени броеви. Наоѓа мала разлика меѓу
паровите на двоцифрените броеви. Го разбира одземањето како разлика и како
намалување. Го користи знаењето за решавање проблеми и загатки.
5

Со сигурност подредува броеви до 100; Применува знаци за споредување на


два броја.Брои по два, по пет и по десет и користи групирање по два, по пет и
по десет за да изброи поголема група на предмети до 100. Користи броење по
два, по пет и по десет за брзо и успешно решавање практични проблеми. Брои по
три до 30 и по четири до 40. Знае што претставува секоја цифра во
двоцифрениот број и ги разложува на десетки и единици.Ги знае сите парови на
броеви чиј збир е 10 и парови на броеви чиј збир е 20. Одредува двојни вредности.
Удвојува двоцифрени броеви. Познава месна вредност. Со сигурност собира/одзема
едноцифрен број со/од двоцифрен број до 30 и повеќе. Го поврзува броењето
нанап ред/наназад по 10 за да најде број кој е за 10 поголем/помал од кој било
двоцифрен број, а потоа собира и одзема двоцифрен број со цели десетки,
Собира парови од двоцифрени броеви. Наоѓа мала разлика меѓу паровите на
двоцифрените броеви. Го разбира одземањето како разлика и како намалување.
Со сигурност го користи знаењето за умешно решавање проблеми и загатки.

You might also like