You are on page 1of 8

Кодексот за професионална етика на стручните

лица во установите за социјална заштита е збир од


усвоени начела, вредности и принципи, според кои
стручните лица треба да се управуваат во својата
работа.
Кодексот пропишува стандарди на професио-
нално однесување, кон кои треба да се придржуваат
сите стручни работници и да придонесат во неговото
спроведување.
Должност на сите стручни лица е да се грижат
за правилна примена на овој Кодекс и за секоја
повреда на професионалната етика да им укажат на
колегите преку надлежните органи на Комисијата за
licencirawe.
Етичката одговорност на стручните лица спре-
ма кодексот опфаќа стандарди на однесување во
однос на:
- корисниците,
- другите стручни лица,
- работодавачот, установата во која работи и
други установи,
- професијата и
- заедницата.

1
1. Однос кон корисниците

- Да ги почитуваат основните права, вредности и


достоинство на сите луѓе и да го уважуваат
нивното право на приватност и тајност,
- Да ги преземаат сите мерки на заштита на
правата на корисникот,
- Да ги почитуваат и да не ги дискриминираат
корисниците, без оглед на нивните
индивидуални разлики (пол, род, возраст, раса,
боја на кожа, национална, етничка, социјална,
политичка, верска, културна, образовна,
јазична припадност, имотна состојба, личен и
општествен статус, ментална или телесна
попреченост, здравствена состојба, семејна
или брачна состојба) во остварувањето на
правата од социјална заштита,
- Po bilo koj osnov ne smeat da gi povredat
osnovnite ~ovekovi prava na korisnicite.

2
2. Односот кон другите стручни лица

- Да ја почитуваат и поддржуваат тимската


работа,
- Да градат и одржуваат односи на доверба и
соработка со колегите,
- Да ги прифаќаат и вреднуваат колегите со
нивните професионални достигнувања,
- Да овозможувааат пристап на колегите до
потребните информации од интерес на
работата,
- Da razvivaat formi na organizacisko u~ewe,
- Da gi koristat site raspolo`ivi resursi ,
zapazuvajki go najdobriot interes na
korisnicite,
- Континуирано да го подигнуваат нивото на
стручната работа, преку имплементирање на
стекнатите знаења од посетени семинари,
едукации, обуки итн.
- Да ги предупредуваат колегите во случаи на
прекршување на етичките принципи и да
преземаат соодветни постапки за
разрешување .

3
3. Одговорност кон работодавачот, установата
во која работи и другите установи

- Да ги исполнуваат договорените обврски и


должности,
- Да придонесуваат кон исполнување на
професионалните цели на установата,
- Да негуваат лојалност спрема својата
установа,
- Да придонесуваат кон развивање на
установата, одржување на професионалноста
при работата, без оглед на функцијата која се
обавува,
- Да развиваат партнерство со останати
институции и организации, во функција на
заштита на правата и интересите на
корисниците.

4
4. Одговорност кон професијата

- Да даваат услуги само во области кои се во


рамките на нивните компетенциi, кои
произлегуваат од стекнатото образование,
обуки и професионално искуство,
- Континуирано да го дополнуваат и
надградуваат стекнатото знаење,
- Да промовираат стандарди на професионално
однесување, преку отвореност за нови и
иновативни методи на работа,
- Да преземаат мерки за заштита на
доверливите податоци, кои ги добиваат од
корисниците на услугите ili koi gi doznale
vo rekot na raboteweto,
- Да ја познаваат и почитуваат важечката
законска регулатива, вклучувајќи го и овој
Кодекс,
- Неутрално, непристрасно и објективно да ги
извршуваат професионалните обврски,
- Да одбиваат подароци, компензација или други
средства кои може да го компромитираат
независното и објективно работење,
- Да се изземат или ограничат во стручното
постапување, во случаи на нивни лични,
здравствени проблеми, блиско сродство или
друг начин на поврзаност со корисникот и во
случај на конфликт на интереси,
- Да практикуваат пристоен и професионален
надворешен изглед и однесување на работното
место,
- Да градат активен однос и вреднување на
работното место и професијата, како и заштита
од професионалните ризици,

5
- Да практикуваат интервенирање по службена
должност, дури и без формално пријавување
на социјалните проблеми и ризици од страна
на корисниците или други надлежни
установи/институции
- Итно да преземат мерки за интервенција и
надминување на воочените социјални
проблеми и ризици, и со тоа, да спречат нивно
натамошно усложнување.

6
5. Одговорност кон заедницата

- Да преземаат i razvivaat активности за


превенција на социјалните појави, ризици и
проблеми во локалната заедница,
- Da sorabotuvaat so site relevantni
institucii,
- Да ги унапредуваат меѓучовечките односи,
хуманизмот, солидарноста во пошироката
социјалната и општествена заедница
- Да развиvaat и практикуваат професионална
сензибилност за социјалните појави, ризици и
проблеми во zaednicata.

7
8

You might also like