You are on page 1of 13

ЗБОРНИК

на студентски научни трудови од


Првата студентска конференција
за историја и археологија
Издавач Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за образовни науки,
Институт за историја и археологија. Адреса: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,
бул. Крсте Мисирков 10а, 2000 Штип, Република Македонија

За секое наредно објавување или реобјавување на целата публикација или дел


од содржините, авторските права ги задржуваат авторите.

Уредници

Бисера Срцева

Ѓорѓи Ефремов

Рецензенти

Проф. д-р Тодор Чепреганов

Проф. д-р Трајче Нацев

Доц. д-р Стојко Стојков

Доц. д-р Катерина Младеновска – Ристовска

Доц. д-р Верица Јосимовска

Доц. д-р Љубен Тевдовски

Лектура

Проф. д-р Виолета Николовска


Содржина

Предговор ................................................................................................................... 4

Маринела Серафимова, Накитот во Брегалничкиот басен во праисторијата


..................................................................................................................................... 6

Јаким Доневски, Археолошкиот локалитет Здравчиј Камен во село Шлегово


................................................................................................................................. 16

Кристијан Блажевски, Визијата на Александар Македонски и неговото


наследство во денешниот свет ............................................................................ 36

Антонио Неделковски, Полибиј и неговиот субјективен приказ на


Македонците ........................................................................................................... 43

Бисера Срцева, Античкиот период во македонската историографија по


осамостојувањето во 1991 година ....................................................................... 49

Игорче Дунимаглоски, Византиското лукавство изразено преку улогата на


Алусијан во востанието на Петар Делјан ........................................................... 59

Ивана Настовска и Ивана Талимџиоска, Богомилството: кои и што биле


Богомилите ............................................................................................................. 67

Александра Митева, Маската на балканските војни .......................................... 76


Предговор

Првата научна конференција за историја и археологија, која се одржа на


22. февруари 2017 година е дел од серијата самоиницијативни настани на
студентите на Факултетот за образовни науки на насоките за Историја и
Археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, организирани во
соработка со професорите.

Целевме кон воспоставување врска меѓу студентите од Универзитетот


„Гоце Делчев“ од Штип и студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од
Скопје базирана на заедничките интереси и идни професии, со надеж дека ќе
создаде традиција на соработка за во иднина. Одржувањето на
Конференцијата е доказ за успехот на овој план. Иницијативниот одбор во
состав од Ѓорѓи Ефремов, Бисера Срцева и Филип Лолески под менторство на
неколку професори воспостави критериуми и агенда на Конференцијата која
беше силно поддржана, не само затоа што беше прва, но затоа што беше
настан од повисоко ниво кое бара ангажирана и посветена работа.

Со ваква констелација на нештата, решивме да не се ограничуваме со


конкретна тема за конференцијата на која се пријавија единаесет студенти.
Дадовме слобода за секој студент самостојно да ја одреди темата на која ќе
истражува и да се произнесе во областа во која е најмногу подготвен. Така
сметавме дека ќе добиеме најдобар продукт и ќе извлечеме максимум од
студентот. Темите се однесуваа на историјата и археологијата во Македонија.
Затоа агендата содржеше теми од антика, среден век, теми за историјата на
Македонија под османлиската власт и историјата од крајот на XIX и почетокот
на XX век. Темите поврзани со археологија беа презентирани во посебна
категорија и паралелно со темите од историја според периодот кој го
обработуваа.

Можам со сигурност да потврдам дека Конференцијата ја постигна


својата цел. На студентите им беше дадена можност да ги обелоденат своите
истражувања или пак да го изнесат својот став за конкретно прашање. Она што
е исто така важно е искуството кое го стекнавме при спроведувањето на оваа

4
идеја во пракса, а тоа е начинот на организирање и реализација на една ваква
идеја, начинот на вршење на истражувањето и најважното – публикацијата.

Како највисоко достигнување на оваа Конференција е тоа што им беше


дадена можност на студентите од прва година, како најмлади студенти да ги
согледаат процесите на истражување, презентација и публикација на трудови,
а на студентите од последните години да го искажат она кое го стекнале како
трајно знаење при студирањето. Уште би ја потенцирал и можноста за јавно
говорење, нешто што се учи и развива само преку практикување.

Предност и бенефит од постоење врска помеѓу штипскиот и скопскиот


универзитет, било меѓу студентите или професорите, се надевам ќе имаат
студентите од сите тековни генерации и оние кои следуваат. Се надевам оваа
конференција, колку и да е успешна, ќе биде модел за идни настани кои ќе
направат да се слушне гласот на студентите, а зборникот пак платформа за
нашата работа.

Штип, 25 јануари 2018 Ѓорѓи Ефремов

5
Игорче Дунимаглоски УДК 94 (495.02)(093)

Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје

Инстирут за историја, Филозофски факултет

ВИЗАНТИСКАТА ЛУКАВОСТ ИЗРАЗЕНА ПРЕКУ УЛОГАТА НА АЛУСИЈАН ВО


ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН

Апстракт: Целта на прилогот е преку анализа на византиските извори и


достапната литература со реконструкција на настаните од востанието на Петар
Делјан (1040-1041) да се објасни лукавството на Византија изразено преку
планирано и смислено испраќање на Алусијан, вториот син на последниот
владетел на Самуиловото царство, Јован Владислав (1015-1018) и внук на Арон
(брат на цар Самуил) во востаничките редови. Алусијан кој бил во византиска
служба веројатно бил испратен од Јован Орфанотров со цел да направи раздор
за полесно задушување на востанието на Петар Делјан.

Поттикнат од трудот на почитуваниот проф. д-р Атанасовски Александар за


Востанието на Петар Делјан (1040-1041)1 во кој не се отфрла можноста Византија
смислено да го пратила Алусијан да дојде кај востаниците за да предизвика
раздор, а самиот тој бил и причина за неуспех и пораз на востанието, се решив,
преку толкување на изворите и соодветната литература да ги елаборирам
постапките на Византија за вметнување на Алусијан2 во востанието на Делјан3 од
1040/41 година. Ќе се обидам преку поставување на логички прашања во контекст
на настаните и изворните податоци кои експлицитно не го посочуваат Јован

1
Филозофски Факултет,(2015). Востанијата во Македонија, Атанасовски Александар, Востанието
на Петар Делјан (1040-1041), Скопје, 62.
2
Златарски Н. Васил, (1994). История на българската държава през средните векове, том 2,
Фотокопско издание. София, 62-63; Грцки извори за българската история, VI, БАН, София, 1965,
стр.(304).
3
За потеклото на Петар Делјан поопширно види кај: Илјовски Ристо, (1987). Потеколото на Петар
(О)Делјан, Гласник на институтот за национална историја, XXXI бр.2, 161-193; Стјепан Антолјак,
(1985). Средновековна Македонија том I, Петар Делјан или Долјан или Оделјан?, Скопје, 711-725.

59
Орфанотроф за организатор на заговорот за раздор во востаничките редови да
докажам дека токму тој е организатор на заговорот. Византискиот естаблишмент
предводен од Орфанотров, немоќен воено да се спротивстави на востаниците,
презел еден ваков лукав чекор којшто завршил со успех.

Текот на востанието до битката пред градот Солун

Според македонските историчари востанието запчнало од белградско-моравските


краишта кога организаторите на востанието заминале во Белград каде што го
пречекале Делјан кој пристигнал таму од Унгарија.4 Според бугарските историчари
востанието започнало исто така од белградско-моравските краишта, но Делјан
пристигнал таму од Цариград преку Бугарија во Белград.5 Двете историографии се
сложуваат, а исто така и изворите потврдуваат, дека востанието имало успех и
брзо се ширело.6 Востанците не наишле на сериозен византиски отпор и
продолжиле до Острово од каде се подготвувал напад на градот Солун. Во тие
моменти според Скилица: “Имено, додека бил стратег во Теодосипол (се мисли на
Алусијан) бил неоправдано обвинет и пред да биде извршена истрагата за она
зашто бил обвинуван, Јован побара од него да плати 50 литри злато, а покрај тоа
му го одзеде многу уредениот имот на неговата жена што го имала во Харисион”.7

За истиот настан Зонара вели: “Алусијан сè уште се наоѓа кај Ромеите, поради
расправија со царот тој бил осуден да остане дома и да не оди во палатата и во
Византион, освен кога не му било дозволено да влезе.”8 Тука се поставува

4
Панов Б., (1985). Средновековна Македонија, том III, Востанието на Петар Делјан (1040-1041).
Скопје, 51-60; Јовановиќ М., (1963).Востанијата на македонскиот народ во XI век, Скопје, 5-25;
Аџиевски К., (1994). Пелогонија во средниот век, Скопје, 68-74; Бошкоски М., (2009). Скопје и
Скопската област од VI до крајот на XIV век, Скопје, 134-138; Атанасовски А., Востанието на Петар
Делјан (1040-1041), 62.
5
Златарски В., История, том II, 41-80; Н.Благоев, (1928). Петър Делян и неговото востание в
моравско и Македония против Византия, София, 1-22.
6
Подетално кај: Ферлуга Ј., (1964). Драч и драчката област пред крај X и почетком XI века,
ЗРВИ,књ.VIII2, Београд, 126-129; Јовановиќ М., Востанијата, 5-25; Џон В.А. Фајн Јуниор, (2015).
Балканот во Раниот Среден век, Скопје, 203-206; Острогорски Г., (1992). Историја на Византија,
Скопје, 389-392; Аџиевски К., (1994). Пелогонија, 68-74; Атанасовски А., Востанието на Петар
Делјан (1040-1041), 62; Златарски В., История, 41-80.
7
Лапе Љ., (1975). Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, I дел, Скопје, 81;
Византијски извори за историју народа Југославије, том.III, (1966). Византолошки институт на САН,
посебна изданија, Београд,153.
8
ВИИНЈ III, 253.

60
прашањето зошто Орфанотров токму во екот на востанието во Македонија го
казнува Алусијан кој според Псел, кој лично се познавал со Алусијан, вели: ”Овој
не беше сосема во императорска благонаклонетост: тој не беше член на Советот,
не учествуваше во сјајните почести, нему му беше заповедано да остане дома и
да не доаѓа во Византион, освен ако царот лично не го повика”.9 Одговорот
можеби е во потребата Орфанотроф да го принуди Алусијан да замине во
Македонија и со влегувањето во востаничките редови да направи раздор од
внатре за лесно задушување на истото. Овде треба да се посочи византиската
далекувидна политика со која се задржувале во служба дел од повидните по род
личности за подоцна да бидат искористени во сопствени цели. Токму тоа се
случило со Алусијан, имајќи предвид дека востаниците се повикуваат на државно-
правните традиции на Самуиловото царство, а Алусијан бил во директна врска со
Самуиловиот род.

Потоа, втор важен е моментот да се утврди дали Алусијан заминал кон


логорот на Делјан од сопствениот дом во Теодосипол или од Цариград. Според
претходно споменатите извори Алусијан без дозвола на царот не смеел да влезе
во Цариград. Тоа значи дека Орфанотров којшто тогаш се наоѓал во Цариград, го
повикал Алусијан кај себе веројатно за да му ги соопшти своите планови.
Византиските извори не се едногласни околу ова прашање, Скилица е многу
прецизен и известува: ”Во месец септември, 9 индикт, 6549=(1040 година)
патрициј и стратегот на Теодосипол, Алусијан, вториот син на Арон, одненадеж
побегна од Цариград и му се придружи на Делјан.10 Додека пак Псел вели: “кога
разбра за случајот кај неговиот народ, кога дозна дека тие во недостиг на царски
род, незаконит син, преправен, си избрале за да им царува, тој се осмели на
нешто многу бујно, ги напушти децата, ја отфрли љубовта на сопругата, никому не
доверувајќи им за одлуките, освен на малкумина околу него за кои знаеше дека се
способни за невозможни дела и дрскости. Така тој се дрзна од крајниот исток,
речиси, да тргне на запад, а за да не се дознае за тоа и да не се препознае од тие
во градот (Цариград), тој сосема се преправи, не симна само едно од старата

9
ВИИНЈ, 222.
10
ВИИНЈ, 153.

61
облека, а другото го остави на телото, така сосема преправен како наемник, тој се
криел од очите на сите.”11 Според изворните податоци Алусијан престојувал во
Цариград од каде што заминал кон логорот на Делјан.

Алусијан се вклучува во востанието на Петар Делјан

Кога Алусијан пристигнал во востаничките редови и кога увидел дека


почитуван е Делјан, тој со своите соработници почнал да работи за да придобие
на своја страна приврзаници. Мое мислење е дека Орфаноторв многу добро знаел
дека Алусијан ќе успее да направи раздор преку тоа што на востаниците ќе им го
открие своето потекло, бидејќи не може да се очекува строго централистичка
власт и контрола над сите позиции во едно така распространето востание. Делјан
не би можел да спречи влез во востанието на човек каков што бил Алусијан.
Делјан и Алусијан во Острово се сретнале кон крајот на 1040 или почетокот на
1041 година. Според византиските извори Делјан за да не направи раздор во
востаничките редови го примил за совладетел и веднаш му дал 40-илјадна војска
за да го нападне градот Солун. Според Псел кога Алусијан пристигнал кај
востанциите со своите сорабтници и им се открил на некои: “се зафатиле со
работа, им се приближувале поодделно на сите и гласот се ширел. Се случило
повеќето да го променат мислењето во полза на законитиот потомок.”12 Додека
пак Скилица вели: “Делјан многу радосно го прими - имено се плашеше,
Бугарите13 да не го претпочитаат пред него самиот, бидејќи тој имаше царска крв
и го зеде како свој совладетел во царувањето. Му даде војска од 40.000 и му
нареди да тргне и да го заземе Солун со опсадување.”14 Зонара15 дава идентични
податоци како и Псел, па токму и давајцата не споменуваат за опсадата на
Алусијан на градот Солун. Овде се поставува прашањето зошто Делјан би му дал
така одговорна задача на Алусијан без да предвиди што би се случило доколку
нападот би завршил успешно, кој тогаш би се издигнал во востанието? Можеби

11
ВИИНЈ, 222-223, И овде авторот говори дека Алусијан престојувал во Цариград.
12
ВИИНЈ, 223; Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија том V, (1988).
Колева Е., Михаил Псел како извор за историјата на македонскиот народ, Скопје, 90-112.
13
Византиските автори во овој случај името на народот го идентификуваат со воено-
административниот систем на државата преку постоење на темата Бугарија во Македонија.
14
Лапе Љ., (1975). Одбрани текстови, 81; ВИИНЈ,153-154.
15
ВИИНЈ, 253-254.

62
Алусијан по доаѓањето и агитацијата што ја спровел во Острово во востаничките
редови ја презел контролата над самото востание.

За опсадата на градот Солун предводена од Алусијан изворите не се


едногласни, според Кекавмен: “не подигна свој шатор и не ја улогори војската на
добро место, туку, кога стигнал се приближил до ѕидовите со својата војска и
почнал да се бори”, потоа продолжува: “кога оние што се наоѓале во тврдината
забележале дека се распрснале без ред, ненадејно излегле, и им нанеле тежок
пораз на Бугарите. Некои од нив биле убиени, други умирале од жед и жештина, а
останатите биле заробени. Самиот Алусијан, чудесен војник, побегнал фрлајќи ги
панцирите од себе.”16 Додека пак според Скилица: “стигнувајќи таму, Алусијан го
опколил со ров и почнал ревносно да го опсадува. Бидејќи 6 дена се обидувал со
хелеполи и машини да го заземе градот и бил насекаде одбиен, се откажал од
сите напади сметајќи дека со самото опсадување својот потфат ќе го привде кон
крај”, потоа Скилица продолжува: “со еден замав ги отворија вратите, нападнаа и
ги принудија на бегство Бугарите така што никој не ни помислувал да се брани.”17
По поразот Алусијан се вратил во Острово, при еден банкет Делјан бил заведен
во темниот дел од градината и ослепен од Алусијан и неговите соработници18.
Веднаш потоа Алусијан стапил во преговори со Михаил IV. Откако добил
уверување дека ќе му биде простено и ќе биде награден за стореното, Алусијан
исценирал напад на византиската војска, но пребегнал на страна на императорот,
што довело до конфузија во востаничките редови.19 По ослепувањето на Делјан
кое се случило во почетокот на 1041 година Алусијан организирал поход против
Византија, после поразот увидел дека не може да им се спротивстави, па почнал
да преговара.20 Според Скилица по ослепувањето на Делјан, Алусијан побегнал
кај царот во Монсинопол21, а овој го испратил во Цариград кај Орфанотров, откако

16
Лапе Љ., Одбрани текстови, 83-84; ВИИНЈ, 208.
17
Лапе Љ., Одбрани текстови, 81; ВИИНЈ, 154.
18
Сп.: Атанасовски А., Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 61.
19
Исто., 61.
20
Сп.: Златарски В., История, 68-69.
21
Бошкоски М., (1989). Престојот на византиските императори во Македонија во XI и почетокот на
XII век, Гласник на институтот за национална историја, XXXIII бр.1, 93-95.

63
претходно го удостоил со магистерски чин.22 Додека пак Псел наведува дека по
ослепувањето на Делјан , Алусијан “не му пријде веднаш на царот”, туку собрал
војска и тргнал против него. Кога претрпел пораз и увидел дека не е доволно
силен да се мери со византискиот цар скришно му дал до знаење на Михаил IV
дека ако повторно ја здобие неговата наклонетост, би бил подготвен да се
предаде.23 Откако Алусијан пребегнал во логорот на Византијците, Михаил IV
пролетта или летото 1041 година од Монсинопол лично се упатил кон Солун, а од
таму кон Острово. Набрзо потоа ја разбил востаничката војска, го заробил
ослепениот Делјан и го испратил во Солун. Потоа, продолжил со походот против
востаниците и со разбивање на последниот отпор од Манојло Ивец кај прилепско
востанието било ликвидиранo.24 Можеме да заклучиме дека по
подигнувањето на востанието, Византија не презела никаков поход против
востаниците сè до испраќањето на Алусијан и поразот пред градот Солун. Ова нè
упатува кон тезата дека Алусијан бил испратен од Орфанотров за да направи
раздор и да создаде услови за лесно ликвидирање на востанието. Токму тоа и се
случило, а за животот на Алусијан повеќе немаме информации, но треба да се
има предвид дека на неговите деца им обезбедил простор за пристап кон високи
функции. Неговата ќерка се омажила со Роман IV Диоген кој подоцна станал
Император25, додека пак неговит син Самуил Алусијан26 бил на висока воена
византиска служба и носел титула вестарх27 и дукс. Тој остнал на функција додека
на власт бил неговиот зет Роман IV Диоген (1068-1071).28 Ова е уште еден доказ
дека Алусијан за неговиот ангажман во елиминирање на воостанието во
Македонија бил удостоен со магистерски чин со што му било овозможено да
стекне реноме и углед во византискиот естаблишмент.

22
Атанасовски А., Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 61; Љубен Л., (1975). Одбрани
текстови, 81; ВИИНЈ, 154-155; Јовановиќ М., (1963). Востанијата, 22.
23
Сп.:Бошкоски М., (1989). Престојот, 94; Колева Е., Михаил Псел, 105-112; ВИИНЈ, 223-224;
Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том I,
(1981). Скопје, 102.
24
Аџиевски К., Пелогонија, 71.
25
Сп.: Златарски В., История, 127, ќерката на Алусијан најверојатно починала пред Роман IV
Диоген да се ожени со вдовицата Евдокија, жената на Константин X Дука (1059—1067), пред да
стане император околу 1067/1068 година.
26
Златарски В., (1922). Моливдовул на Самуило Алусиан, Археологически Институт I, София
27
ВИИНЈ, 231,
28
ВИИНЈ, 177, (бел.8).

64
Библиографија:

Извори:

1. Византијски извори за историју народа Југославије, т.III, Византолошки


институт на САН, посебна изданија, Београд 1966.
2. Грцки извори за българската история, VI, БАН, София 1965.

Литература:

1. Антолјан С., Средновековна Македонија, Т.1, Скопје, 1985.


2. Аџиевски К., Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994.
3. Златарски Н. Васил, История на българската държава през средните
векове, том 2, Фотокопско издание. София, 1994.
4. Златарски В., (1922). Моливдовул на Самуило Алусиан, Археологически Институт I,
София
5. Јовановиќ М., Востанијата на македонскиот народ во XI век, Скопје, 1963.
6. Острогорски Г., Историја на Византија, Скопје, 1992.
7. Панов Б., Востанијата на македонскиот народ во XI век, Средновековна
Македонија, т.3, Скопје, 1985.
8. Бошкоски М., Скопје и скопската област од VI до крајот на XIV век, Скопје,
2009.
9. Филозофски Факултет, Востанијата во Македонија, Атанасовски А.,
Востанието на Петар Делјан (1040-1041), Скопје, 2015.
10. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за
национална држава, том 1, Скопје 1981.
11. Лапе Љ., Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, I дел,
Скопје, 1975.
12. Ферлуга Ј., Драч и драчката област пред крај X и почетком XI века, Зборник
радова византолошког института,књ.VIII2
13. Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија том V,
Колева Е., Михаил Псел како извор за историјата на македонскиот народ,
Скопје, 1988

65
14. Џон В.А. Фајн Јуниор, Балканот во Раниот Среден век ( Критички историски
преглед од VI до доцниот XII век), Скопје, 2015
15. Илјовски Р., Потеколото на Петар (О)Делјан, Гласник на институтот за
национална историја, XXXI бр.2, 1987
16. Благоев Н., Петър Делян и неговото востание в моравско и Македония
против Византия, София, 1928

66

You might also like