You are on page 1of 2

Вака сега да ви каже тетка Лидија на вас кои површно гледате на јазикот, буквите,

симболите, вибрациите, случајностите, Божјото, зошто е нештото така какошто е


и зошто така треба и да остане! Зошто се бранат светињите и препознавањето на
истите, а потоа и зошто е нештото свето.
Прочитајте го ова ооо писмени и нека ни се на помош св.Кирил и св. Методиј чии
што спомен денес го празнуваме. По молитвите нивнии нека не чува Бог!

Ах да! Петиот ред!!!

Прочитајте го значењето на редоследот на азбуката. 👇

Во првиот ред:
– Јас Бога Го знам, говорам добро, значи постојам.

Втор ред:
– Животот е во изобилство на Земјата, кога вистината вселенска е во заедница од
Бог.

Трет ред:
– За сите луѓе кои мислат само Он (Бог) изрекува покој (мир).

Четврт ред:
– Словото, утврдено одозгора, цврсто повикува да се држиме до темелите на
мудроста за завршување на патот, доаѓајќи во хармонија за нов почеток.

Петти ред:
– Заштита на границите на нашата земја и обезбедување раст на Божјото
покровителство и нашето единство.

Шести ред:
– Хармоничниот развој и потенцијал за раст на моето семејство и јас како дел од
него, зависи од силата на Севишниот и семејната историја.

Седми ред:
–Смислата на животот - во стремеж за подобрување на духот и душата до целосно
созревање на совршена личност за вечноста.

Вертикално:

Прва колона:
– Мојот живот, како мисла се стреми кон хармонија, најмала честичка на разумот
во вселената.

Втора колона:
– Бог создава околу луѓето цврста граница и ги насочува кон самосовршенство.

Трета колона:
– Познавањето на Земјата и размислувањето за неа повикува на мир на духот на
нашиот род (народ).
Четврта колона:
– Да се говори вистината е наша традиција, наша одбрана, дел од нашата душа. (
Во што е силата брату?- Во Вистината!)

Петта колона:
– Благословот на Вселената е во тоа што Бог Создателот уверено и цврсто создава
раст на се’, за целосно созревање на семето.

Шеста колона:
– Суштината на постоењето на човечкото општество во светот, мир, рамнотежа,
хармонија, единство од Севишниот Источник (Извор) кон совршена душа.

Седма колона:
– Постоењето на небесниот Источник донесува во нашиот свет почеток на се’ и
раст на се’ и искуство на луѓето низ времето.

Дијагонала од горе надолу и од лево на десно:


–Јас многу размислувам и основа на моето творење е Севишниот Источник
секогаш.

You might also like