You are on page 1of 1

https://mk.wikipedia.

org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0
%B2%D0%B5%D1%86
Трескавец — манастир во областа Пелагонија, на 10 километри од градот Прилеп. Се наоѓа
на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под Златоврв (1422 м). Во рамките на
манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои
конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на
околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, на рамнината Пелагонија, како и на
градовите Прилеп, Битола и Крушево.
За манастирот Трескавец се вели дека е најнепристапното и најскриеното светилиште
во Македонија, затоа што до него може да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста
патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. Манастирот
Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен
центар на Охридската архиепископија….

You might also like