You are on page 1of 2

Желбата за слава е легитимна за секого

(објавено во Глобус, 2008)

М-р Ане Тунтев, физичар

Прашањето како да влезам во „Гинисовата книга на рекорди“, бездруго, е најопштото


место во однос на супкултурата на светско ниво и ова посакувам да биде сфатено во
позитивна конотација. Конечно, не е ни реално секој од нас да очекува дека ќе има улица
или училиште што ќе го носи неговото име по сто години отсега, ама токму затоа зошто па
да не се потруди човек, уште утре што се вика, да биде запишан во таа прочуена книга, па
макар и за најбезначајниот рекорд што може да се замисли!? Желбата за слава (или, во
најмала рака, внимание од околината) е нешто многу природно и легитимно кај секој
човек. Она што би можеле да го направат луѓето од мојата татковина за да влезат во
фамозниот Гинис, според мое мислење, би морало да биде поврзано со работите што
сакаат да ги прават најмногу во секојдневниот живот, конкретно, со работите што ги
правиме кога прославуваме нешто. Зборувам за пеењето, играњето, свирењето, а богами и
за готвењето! Македонците како народ се извонредно музикални, па зошто да не се
искористи таа предност? Лесно можам да замислам ситуација во која илјадници млади
момчиња и девојки пеат, надвор на отворено, во парк или во природа, некоја од стотиците
популарни песни, сеедно дали е народна, поп-песна или нешто друго – се' додека таа им се
допаѓа. Сличен настан може да се организира и со нашите фолклорни друштва - на
пример, најдолго оро на светот - нешто во што ќе уживаат сите присутни. Понатаму, сега
кога е обновен интересот за чалгијата како форма, можат да се соберат многуте оркестри
од целата земја и да отсвират неколку песни сите заедно и тоа би било настан за паметење.
Што се однесува до храната, нашата традиционална кујна дава огромни можности за
смислено мегаломански проекти: грав во „тавче“ со огромни димензии, турли-тава во
ХХХХХЛ-варијанта, најдолга тулумба; мегазелник... Македонија изобилува со највкусни
овошје и зеленчук. Треба само малку креативност, па да се дојде до многу атрактивни
решенија, а башка што, по направениот рекорд, присутните ќе уживаат во сите тие
прекрасни јадења. Во земја со толку многу луѓе со талент за играње, пеење и готвење,
вакви и слични рекорди можат само да се множат. Верувам дека на овој начин можеме да
си покажеме дека се' уште сме кадарни и за позитивни работи во животот, освен за оние
другите.

You might also like