You are on page 1of 2

Културата на корупција го поткопува образованието

Илија Ацески

Она што секоја високообразовна институција треба да го направи за почеток


во борбата против корупцијата е создавање „антикоруптивен амбиент“, во кој
треба да завладее транспарентност на сите процеси на универзитетот
Кога ќе кажеме корупција мислиме пред се' на „расипаност, разврат,
подмитување, поткуп, гниење, распад, фалсификување“, односно секоја постапка
(чин, дело), или нешто кое го прави поединецот или организацијата, јавна или
приватна, со што се крши законот или довербата поради корист или добивка. Во
секој случај, станува збор за сложен феномен, кој понекогаш претпоставува голем
напор да се идентификува во една конкретна ситуација. Не станува збор за нешто
кое се распознава само во ситуација кога доаѓа до кршење на законите, туку и
длабоко навлегува во моралното однесување на човекот.
Во сферата на образованието таа не е ниту нова, постои многу одамна и се
манифестира во речиси сите сфери на образовниот процес: од имплементација на
наставата и плаќање на наставниците, подготовка на трудови, издавање и
дистрибуција на учебници, користење на средства за приватни цели. Не станува
збор само за тоа дали некој прима парични средства (мито) за да изврши некоја
дејност надвор од законот. Некои говорат за „култура на корупцијата“, начин на
однесување кој во голема мера се практикува на универзитетите во Македонија, а
главно се согледува во следното: плаќање на мито за остварување на различни
цели, во зависност од позицијата на оној кој е вo состојба тоа го овозможи;
корупција во сферата на изборите на наставници и менаџерските тимови; корупција
при набавка на разни средства кои ги користат факултетите; неправедност и
пристрасност; разни недоследности во реализацијата на активностите од страна на
наставниците, нередовност во одржувањето на наставата, неадекватна литература,
неодговорност при оценувањето на студентите и слично.
„Културата на корупцијата“ во основа го поткопува системот на
образование, ги демотивира младите за работа, длабоко ги навредува оние кои се
посветени на работата и најпосле го ослабува системот на квалитетно образование.
Во краен случај, една од причините за неквалитетно образование е широко
распространетата „култура на корупција“. За жал, на примерот на системот на
високо образование во Македонија, никој не се обидел подлабоко да навлезе и да
ги објасни причините за тоа.
Би било интересно да видиме што се влегува во сферата на „културата на
корупција“ и дали можеме да препознаеме по нешто на универзитетите во
Македонија, особено на државните, кои се чини многу малку развија механизми за
заштита. Корупцијата во образовниот систем подразбира спектар на различни
активности меѓу кои следните се чини се составен дел од „нормалното“
функционирање. Полагање на испити под лажни имиња, пренамена на средства кои
се за наставни материјали, примање на мито за полагање на испити, искористување
и злоупотреба на студентите на различни начини, уценување на студентите при
купување учебници, употреба на средства за лични употреба (службени
автомобили) продавање на испитни прашања, пишување на извештаи за
унапредување на наставници кои тоа реално не го заслужуваат, висок степен на
отсуство на професорите во текот на семестарот, акредитација на студиски групи
кои не ги исполнуваат основните критериуми, влијание на комисиите за избор при
повисоко звања, неподготвеност за настава, импровизација, неадекватно оценување
и слично.
Од што се „храни“ „културата на корупција“ и дали постои начин како да
започне процес на формирање на антикоруптивен систем? Се чини неколку
постапки се неопходни. Пред се', потребно е јасно препознавање на облиците на
корупција и формирање на јасна „концептуална рамка“ за нејзино намалување. На
пример, на скопскиот УКИМ за почеток на некои факултети нека се стави крај на
продажбата на книги од страна на професорите, со тоа што Универзитетот ќе ја
развие издавачката дејност, електронското издаваштво и други начини кои на
студентите ќе им овозможат полесно и некоруптивно набавување на учебници.
Никаде во светот наставниците не ги продаваат лично своите учебници на
студентите.

You might also like