You are on page 1of 31

 Трговијата со луѓе претставува сериозно

кршење на основните човекови права и


слободи
 Право да не се биде во ропски однос или
ропска потчинетост
 Право на слобода и безбедност на личноста
 Забрана на суровиот и нехуман третман
 Слобода на движење
Трговијата со луѓе е регрутирање, превезување, пренос,
засолнување или прифаќање на лица, по пат на закана или со
употреба на сила или други форми на принуда или киднапирање,
или измама, залажување или со злоупотреба на моќ или состојба
на немоќ или со давање или примање на пари или корист, заради
постигнување на согласност на лице кое има контрола над друго
лице со цел на експлоатација.

Експлоатацијата подразбира во најмала мера, експлоатација на


проституцијата на други лица или други форми на сексуална
експлоатација, принудна работа или принудно услужување,
ропство или постапување слично на ропството, слугување или
вадење органи.

2
Криумчарење мигранти значи обезбедување на нелегален
влез на едно лице во држава членка каде тоа лице не е
државјанин ниту има постојан престој, со цел на
непосреден или посреден начин да се прибави финансиска
или друга материјална корист;

Нелегален влез значи минување на граници без почитување


на потребни услови за легален влез во државата во која се
влегува.

3
1. Конвенција на Обединетите нации против транснационалниот организиран
криминал, 2000
2. Протокол против криумчарење на мигранти по копнен, воден и воздушен
пат кон Конвенцијата на ОН против трнаснационалниот организиран
криминал, 2000
3. Протокол за спречување, сузбивање и казнување на трговијата со лица,
особено жени и деца кон Конвенцијата на ОН против транснационалниот
организиран криминал, 2000
4. Конвенција на Обединетите нации за правата на детето, 1990
5. Протокол кон Конвенцијата за правата на детето за трговија со деца, детска
проституција и детска порнографија,
6. Меѓународна конвенција за спречување на трговија со бело робје, 1910
7. Меѓународна конвенција за спречување на трговија со жени и деца, 1921
8. Конвенција за спречување трговија со полнолетни жени, 1933
9. Конвенција за спречување и укинување на трговија со луѓе и искористување
на проституцијата на други, ООН1949
10. Конвенција за спречување на трговија со луѓе и експлоатација на други,
1950

4
Во согласност со Уставот на Република
Македонија, меѓународните документи-
договори ратификувани во Собранието на РМ се
составен дел на правниот поредок на Република
Македонија, на планот на борбата против
трговијата со луѓе.

5
• Оваа Конвенција е централниот инструмент во пакетот договори
изготвени за решавање на транснационалниот организиран
криминал.
• Поединечните протоколи приложени кон Конвенцијата се
занимаваат со трговија со луѓе, криумчарење мигранти и трговија
со лесно оружје.
• Одредбите од Конвенцијата важат за сите три форми на
криминал.
• Целта на Конвенцијата е да унапреди меѓудржавна соработка за
поефективна борба против транснационалниот организиран
криминал.
• Конвенцијата бара да се елиминира „безбедното место“ во кое
може да дојде до активности на организиран криминал или
криење докази или профит, преку промовирање на усвојување
основни минимални мерки.

6
ЦЕЛИ:

• Превенција и борба против трговијата со луѓе со посебно


внимание на жените и децата;
• Заштита и помагање на жртвите на таквата трговија, со
целосно почитување на нивните човекови права и
• Унапредување на соработката меѓу државите-членки со
цел да се постигнат овие цели.

7
Трговијата со луѓе се дефинира преку три
основни елементи:
1. Процес
2. Средства
3. Цели
Процес Средства Цел
(како) (со што) (зошто)

Експлоатација по пат на:


•Врбување; •Закана; • проституција или други форми
•Превезување; •Употреба на сила; на сексуална експлоатација,
•Пренесување; •Присилба; • порнографија,
•Купување; •Грабнување; • принудна работа или
•Продавање, •Измама; слугување,
•Засолнување или •Злоупотреба . просјачење
прифаќање на лица состојба на немоќ, • ропство,
физичка или ментална • присилни бракови,
неспособност на друг • присилна фертилизација,
• незаконито посвојување или
нему сличен однос,
• недопуштено пресадување
делови од човековото тело.

9
Фаза на:
1. Регрутирање
2. Транспорт (Трансфер)
3. Екслоатација (Земја на дестинација)
Регрутирање Транспорт (Трансфер) Експлоатација (Земја на
дестинација)

•Закана; Од земјата на потекло, Експлоатација по пат на:


•Употреба на сила; земји на транзит и до • проституција или други
•Присилба; земјата на дестинација, форми на сексуална
•Грабнување; •Во рамките на една експлоатација,
•Измама; држава, каде регрутацијата, • порнографија,
•Злоупотреба транспортот и • принудна работа или
состојба на немоќ, експлоатацијата се во една слугување,
физичка или држава, • ропство,
ментална •На легални гранични • присилни бракови,
неспособност на премини, со оригинални • присилна фертилизација,
друг или фалсификувани патни • незаконито посвојување
документи,
•На легални премини
прикриени во пмв/тмв/воз,
•На илегални премини,

11
 Член 418 од КЗ – Засновање ропски однос и превоз на лица во
ропски однос
 Член 418-а од КЗ – Трговија со луѓе
 Член 418-б од КЗ – Криумчарење на мигранти
 Член 418-в од КЗ – Организирање на група и поттикнување на
извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно
лице и криумчарење на мигранти
 Член 418–г од КЗ – Трговија со дете
(1) Тој што повредувајќи ги правилата на меѓународното право, ќе
стави друг во ропски или нему сличен однос или го држи во
таков однос, го купи, го продаде, му го предаде на друго лице
или посредува во купувањето, продажбата или предавањето на
вакво лице или поттикнува друг да му ја продаде својата слобода
или слободата на лицето кое го издржува или кое се грижи за
него,
ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2) Тој што превезува лица кои се наоѓаат во ропски или сличен
однос од една земја во друга,
ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) ќе го стори спрема
малолетно лице,
ќе се казни со затвор најмалку пет години.

13
(1) Тој што со сила, сериозна закана доведува во заблуди или други форми на присилба,
грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, немоќ или
физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга
корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин
врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради
експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација,
порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна
бременост, незаконито посвојување или нему сличен однос, питачење или експлотација заради
со закон забранета активност или недопуштено пресадување делови од човековото тело,
ќе се казни со казна затвор најмалку четири години.
(2) Тој што ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона исправа
заради вршење на делото од став 1 на овој член ќе се казни со затвор од најмалку четири
години.
(3) Тој што користи или овозможува на друг користење на сексуални услуги или друг вид
експлоатација од лица за кое знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе
ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(4) Ако делото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член го стори службено лице во вршењето на
службата,
ќе се казни со затвор најмалку пет години. (измена од 31.12.2018 г., во сила од 08.01.2019 г.)
(5) Согласноста на жртвата на трговија со луѓе заради намера за експлоатација предвидена во став
1, не се од значење за постоењето на кривичното дело од став 1.
(6) Ако делото од овој член го стори правно лице,
ќе се казни со парична казна.
(7) Нема да се казни жртвата на трговија со луѓе која била принудена да стори кривично дело или
друго казниво дело додека била жртва, а кое е непосредно поврзано со нејзината положба на
жртва. (нов став - измена од 31.12.2018 г., во сила од 08.01.2019 г.)
(8) Недвижностите искористени и предметите и превозните средства употребени за извршување на
делото, се одземаат.

14
(1) Тој што со сила или со сериозна закана дека ќе нападне врз животот или телото, со
грабнување, измама, од користољубие, со злоупотреба на својата службена положба или
со искористување на немоќта на друг илегално пренесува мигранти преку државната
граница, како и тој што прави, набавува или поседува лажна патна исправи со таква
цел, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(2) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа
мигранти, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(3) Ако при вршењето на делата од ставовите 1 и 2 е загрозен животот или здравјето на
мигрант, или со мигрантот се постапува особено понижувачки или сурово, или се
спречува тој да ги користи правата што му припаѓаат според меѓународното
право, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. (измена од 31.12.2018 г., во сила
од 08.01.2019 г.)
(4) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни со
затвор најмалку пет години.
(5) Ако делото од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член го стори службено лице во
вршењето на службата, ќе се казни со затвор најмалку пет години. (измена од 31.12.2018 г., во
сила од 08.01.2019 г.)
(6) Предметите и превозните средства употребени за извршување на делото се одземаат,
согласно членот 100-а од овој законик. (измена од 31.12.2018 г., во сила од 08.01.2019 г.)

15
(1) Тој што организира група, банда или друго здружение за вршење на
кривични дела од членовите 418-а, 418-б, 418-г и 418-д
ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Тој што ќе стане припадник на група, банда или друго здружение од
став 1 или на друг начин ја помага групата, бандата или
здружението, ќе се казни со затвор најмалку една година.
(3) Припадник на групата од став 1 кој ќе ја открие групата пред да
стори кривично дело во нејзиниот состав или за неа, ќе се ослободи
од казна.
(4) Тој што повикува, поттикнува или поддржува извршување на
кривичните дела од членовите 418-а, 418-б, 418-г и 418-д ќе се
казни со затвор од една до десет години.

16
(1) Тој што ќе подведе дете на вршење полови дејствија или ќе овозможи вршење полови дејствија со дете или
врбува, превезува, пренесува, купува, продава или нуди за продавање, прибавува, обезбедува, засолнува или
прифаќа дете заради експлоатација по пат на негово користење во сексуални активности за паричен или друг
надоместок или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување,
питачење или експлоатација заради со закон забранета активност, ропство, присилни бракови, присилна
фертилизација, незаконито посвојување или изнудување согласност како посредник да се посвои дете,
недопуштено пресадување на делови од човеково тело,
ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори со сила, сериозна закана, со доведување во заблуда или друга форма на
присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојба на бременост, немоќ или
физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга корист заради
добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице, или делото е сторено спрема дете кое не
наполнило 14 години, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(3) Тој што користи или овозможува на друг користење на сексуални услуги или друг вид експлоатација од дете за
кое знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(4) Корисникот на сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години, ќе се казни со затвор најмалку 12 години.
(5) Тој што ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона исправа заради вршење на
делото од ставовите 1 и 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(6) Ако делото од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член го стори службено лице во вршењето на службата, ќе се
казни со затвор најмалку десет години.
(7) Согласноста на детето со дејствијата предвидени во став 1, не е од значење за постоењето на кривичното дело
од став 1.
(8) Нема да се казни дете – жртва на трговија со луѓе во случаите во кои законот предвидува казнување на дете, кога
сторителот на кривичното дело го принудил да стори кривично дело, ако таквото негово постапување е
непосредна последица на неговата положба на жртва. (нов став, измена од 31.12.2018 г., во сила од 08.01.2019 г.)
(9) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(10) Недвижностите искористени и предметите и превозните средства употребени за извршување на делото се
одземаат.

17
 Објект на заштита
 Облици на постапување со луѓето како објекти на
комерцијални зделки
 Повреда на основното човеково достоинство, слободи и
права
 Основна цел е остварување профит со деградирање на
личноста
 Овој вид на кривични дела имаат основа во меѓународните
конвенции
 Секое лице кое претрпело штета, физичка или
ментална повреда, емотивно страдање,
материјална загуба или друга повреда или
загрозување на неговите основни слободи и
права, како последица на сторено кривично дело
(член 21 од ЗКП и 122 од КЗ)
 Сторител на делото може да биде било кое лице

 Пасивниот субјект не може да се појави како


учесник во делото, освен кога дава согласност за
трговија со лице врз кое има контрола (Пример:
родителот го продава своето дете).
 Алтернативно предвидени дејствија:
- Врбување,
- Превезување,
- Пренесување,
- Купување,
- Продавање
- Засолнување,
- Прифаќање лица заради експлоатација.

Со дејствијата, пасивниот субјект се доведува во позиција да


биде искористуван за експлоатација од различен вид
(Проституција или други форми на сексуална
експлоатација, порнографија, принудна работа или
слугување, ропство, присилни бракови, присилна
фертилизација, незаконито посвојување, недопуштено
пресадување делови на човековото тело)
 Комплексноста на битието на кривичното дело Трговија со луѓе
опфаќа различни начини на извршување на кривичното дело, како:
- примена на сила,
- сериозна закана,
- доведување во заблуда или други форми на присилба,
- грабнување,
- измама,
- злоупотреба на својата положба,
- злоупотреба на состојба на бременост,
- немоќ или физичка или ментална неспособност на друг,
- давање или примање пари или друга корист, заради добивање
согласност на лице кое има контрола над друго лице или на друг
начин.

Согласноста на жртвата на трговија со луѓе, заради намера за


експлоатација, не е релевантна за постоење на кривичното дело.
 Одземање или уништување лична карта, пасош или друга
идентификациона исправа заради вршење на делото – запретена
казна од најмалку 4 години
 Користење или овозможување на друг користење на сексуални
услуги или друг вид експлоатација од лица за кои сторителот
знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе
 Ако делото го стори службено лице во вршење на службата -
запретена казна затвор најмалку 5 години (согласно измената на КЗ од
31.12.2018, во сила од 08.01.2019 г.)
 Одговорност на правно лице
 Одземање предмети (недвижности, предмети и превозни
средства) задолжително се одземаат како предмети на делото
 Под Трговија со деца се подразбира секоја трансакција со
која дете се пренесува од кое било лице или група лица на
друго лице или лица, за паричен или друг надомест.

 Непосредна меѓународна основа за инкриминација на делото


е Протоколот кон Конвенцијата за правата на детето кој се
однесува на трговија со деца, детска проституција и детска
порнографија

 Според Протоколот, регрутирањето, превезувањето,


преносот, засолнувањето или прифаќањето на дете заради
експлоатација ќе се смета за Трговија со луѓе дури и кога не е
вклучена употреба на некој од начините, средства за
извршување на делото (сила, закана и сл.)
 Пасивен субјект е малолетно лице – дете, што се
подразбира секое лице кое не наполнило 18
годишна возраст

 член 3 (д) од Протоколот за превенција,


сузбивање и казнување на трговијата со лица
особено жени и деца и член 122 од КЗ
 Деца од семејства со низок социјален статус
 Разлабавена семејна структура – отсуство на
внимание
 Сите видови на насилства, особено семејно насилство
 Дискриминација по пол
 Несигурност во сопствената иднина
 Адолесцентна желба за подобар живот
 Недоволен пристап до образованието
 Неинформираност за проблемот на Трговија со деца
 Негативни модели – криминално однесување на
родителите
 Трговија со деца заради сексуална експлоатација
 Трговија со деца заради експлоатација на трудот,
присилна работа (во угостителски објекти, за
домашна работа – слугување)
 Трговија со деца заради просење
 Трговија со деца заради криминал
 Присилни бракови со деца – невести по нарачка
 Трговија со деца заради посвојување
 Продавање на деца заради пресадување на органи
 Детска порнографија и дистрибуирање – тргување
со порнографски материјал
 Дејствија на извршување на основното дело се:
- Врбување,
- Превезување,
- Пренесување,
- Купување,
- Продавање,
- Засолнување или
- Прифаќање малолетно лице – дете, заради експлоатација.

Кај овие дејствија, не е карактеристична примената на насилство, а


согласноста на детето со таквите дејствија не е од значење за
постоење на делото.

Цел на дејствието е експлоатација на малолетното лице за проситуција


или други форми на сексуална експлоатација, порнографија,
принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови,
присилна фертилизација, незаконито посвојување или нему сличен
однос, недопуштено пресадување делови на човековото тело)
 Степен на вина – Умисла

 Сторителот треба да знае дека лицето


спрема кое превзема определени дејствија
е малолетно, односно дете
 Ако делото е сторено со сила, сериозна закана, со доведување во заблуда или
друга форма на присилба, грабнување, измама со злоупотреба на својата положба
или состојба на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг,
со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на
лице кое има контрола на друго лице – запретена казна од најмалку 10 години
 Друг облик на кривичното дело е кога сторителот користи или овозможува на друг
користење на сексуални услуги или друг вид експлоатација од малолетно лице за
кое знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе – запретена
казна од најмалку 8 години
 Одземање или уништување лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона
исправа заради вршење на делото
 Кога делото е сторено од службено лице во вршење на службата
 Одговорност на правно лице
 Нема да се казни дете – жртва на трговија со луѓе во случаите во кои законот
предвидува казнување на дете, кога сторителот на кривичното дело го принудил
да стори кривично дело, ако таквото негово постапување е непосредна последица
на неговата положба на жртва (измена од 31.12.2018, во сила од 08.01.2019 г.)
 Одземање на недвижностите, предметите и превозните средства употребени за
извршување на делото
 Дејствие на извршување на кривичното дело е организирање група, банда или друго
здружение, за вршење на кривични дела од членовите 418-а, 418-б, 418-г и 418-д.
 Одговорност на определено лице кое ќе стане припадник на група, банда или друго
здружение или на друг начин ја помага групата, бандата или здружението
 Ослободување од казна на припадникот на групата, ако истиот ја открие групата пред
да стори кривично дело во нејзиниот состав или за неа.
 Предвидена е одговорност и за лице кое повикува, поттикнува или поддржува
извршување на овие дела
 Се работи за облици на создавање или зацврстување кај други неопределени лица,
одлука за извршување на делата, што не претставуваат поттикнување на некое
конкретно дело.
 Ако сторителот поттикнува друг или определена група лица на извршување на
конкретно дело, ќе постои одговорност како поттикнувач на тоа дело и форма на
соучесништво при извршување на конкретно кривично дело.
 Поддржувањето е облик на психичко помагање или храбрење неопределен круг лица
за извршување на овие дела.

You might also like