You are on page 1of 13

ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија

ПРЕТСТАВНИЦИ: Дамјан Манчевски, министер за


информатичко општество и
администрација

Александар Бајдевски, заменик на


министерот за информатичко
општество и администрација

ПОВЕРЕНИЦИ: м-р Јахи Јахија, државен секретар во


Министерството за информатичко
општество и администрација

Ана Малцева, раководител на сектор во


Министерството за информатичко
општество и администрација

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН
за изменување и дополнување на Законот за основање на
Јавно претпријатие Македонска радиодифузија

Скопје, февруари 2018 година


ВОВЕД

I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ОД ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО


ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Јавното претпријатие Македонска радиодифузија врши дејност од јавен интерес во


областа на електронските комуникации, под услови и начин определен со Законот за
основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, Законот за аудио и
аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за електронските комуникации, Законот за
јавните претпријатија и други закони. Имајќи предвид дека со реформските активности кои
резултираат со измени и дополнувања на основниот закон за радиодифузната дејност -
Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се наметнува како неопходна
потребата од хармонизација на Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска
радиодифузија со измените и дополнувањата на наведениот закон. Оттука, несомнено е
јасно потребата да се направат измени и дополнувања и во Законот за основање на
Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.

Законот за основање на Jавното претпријатие Македонска радиодифузија е донесен во


февруари 1998 година. Од донесувањето до денес се извршени две измени и дополнувања
на законот, но сепак ниту една од измените и дополнувањата не се однесува на
усогласување со позитивните законски прописи од оваа област. Овој Закон не бил
консолидиран со постојните измени кои се наметнувале во областа на радиодифузната
дејност односно електронските комуникации, посебно имајќи го предвид фактот што
последната измена на законот е направена во 2009 година, а веќе од декември 2013 година
е донесен Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Со денот на влегувањето
во сила на овој закон престана да важи Законот за радиодифузната дејност, но до денес
одредбите во Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија не
се усогласени со позитивните прописи.

Со укинувањето на Законот за радиодифузна дејност потребна е доследна имплементација


на начелата од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во текстот на Законот
за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија, како и усогласување на
дејноста на претпријатието со одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски
услуги. Оттука, а имајќи го предвид обемот на дејноста којашто истото ја извршува согласно
позитивните законски одредби, се воведува и функцијата заменик директор на јавното
претпријатие.

Понатаму, досегашниот начин на финансирање на Јавното претпријатие Македонска


радиодифузија – Скопје, согласно кој најголем процент од средствата се обезбедуваа со
плаќање на радиодифузна такса од страна на граѓаните, треба да претрпи корекции од
причини што веќе се извршени измени во содржината на Законот за аудио и аудиовизуелни
медиумски услуги, а во насока на усогласување на дејноста која се врши под услови и начин
определен и со тој закон. Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
финансирањето на јавниот радиодифузен сервис веќе е определено да се врши преку
Буџетот на Република Македонија во висина од 0,5%, годишно, а предложено
финансирањето да биде 0,7% од Буџетот, од кои 19,5% се распределуваат за Јавното
претпријатие Македонска радиодифузија за одржување, употреба и развој на јавната
радиодифузна мрежа.

Поради веќе извршените измени, како и поради предложените измени и дополнувања на


Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги во кои се земени предвид Извештајот
на Прибе во делот на медиумите и Извештајот на Европската комисија за напредокот на
РМ, се јавува како неопходна потребата за измени и дополнувања на Законот за основање
на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ

Основната цел на овој предлог – закон е усогласување со измените и дополнувањата на


Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ВРЗ


БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно


претпријатие Македонска радиодифузија ќе предизвика финансиски консеквенции врз
Буџетот на Република Македонија. Овие финансиски последици се веќе утврдени преку
проектираните буџетски импликации коишто произлегуваат од Законот за аудио и
аудиовизуелни медиумски услуги.

IV. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ


НА ЗАКОНОТ, НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, КАКО И ПОДАТОЦИ
ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ
ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на предложеното изменување на Законот потребно е да се издвојат 0,7%


од Буџетот на Република Македонија на годишно ниво,од кои 19,5% се распределуваат за
Јавното претпријатие Македонска радиодифузија за одржување, употреба и развој на
јавната радиодифузна мрежа.
ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА

Член 1
Во Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија-Скопје
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.6/1998; 98/2000 и 48/2009) во членот 2 став
2 зборовите „Законот за радиодифузната дејност“ се заменуваат со зборовите „Законот за
аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

Член 2
Членот 5 се менува и гласи:
„Дејности на јавното претпријатие се:
- пренос и емитување на програмите и програмските сервиси што ги обезбедува јавниот
радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија (во натамошниот текст: МРТ), согласно
Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,
- за потребите на МРТ експериментално пренесува и емитува програми и/или
програмски сервиси;
- развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на јавни електронски
комуникациски мрежи и средства и /или обезбедување на јавни електронски комуникациски
услуги, согласно Законот за електронските комуникации;
- контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република
Македонија на програмските сервиси кои ги пренесува и емитува јавното претпријатие.“

Член 3
Членот 7 се менува и гласи:
„Јавното претпријатие дејностите утврдени во членот 5 од овој закон ги врши преку:
- три радио мрежи на ултра кратки бранови (ВХФ/ФМ),
- една радио мрежа на средни бранови ( СБ ),
- дигитални мултиплекси,
- мрежа на микробранови дигитални преносни врски и
- пристап до сателит (up-link) и/или пренос на програмските сервиси на МРТ преку интернет,
согласно одредбите од овој Закон.“

Член 4
Членот 8 се менува и гласи:
„Јавното претпријатие се грижи за обезбедување, оптимална чујност и гледаност на
програмските сервиси на МРТ, што се емитуваат преку мрежите од член 7 од овој Закон.“

Член 5
Во членот 9 сврзникот „и“ се заменува со запирка, а по зборот „директор“ се додаваат
зборовите „и заменик директор.“
Член 6
Во член 10 став 5 зборовите „Советот за радиодифузија“ се заменуваат со зборовите
„Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

Член 7
Во член 11 став 1 алинеја 2 по зборовите „Правилникот за внатрешна организација“ се
додаваат зборовите „Правилникот за систематизација на работните места, Правилникот за
плати и други надоместоци“

Член 8
Членот 14 се менува и гласи:
„(1) Со работата на Јавното претпријатие раководи директор кој го избира и разрешува
Управниот одбор.
(2) Управниот одбор на Јавното претпријатие избира и разрешува и заменик директор.
(3) Директорот и заменик директорот се избираат за време од четири години.
(4) За директор на Јавното претпријатие може да биде избрано лице кое е државјанин на
Република Македонија, со завршено високо образование, со работно искуство од најмалку
пет години во областа на радиодифузијата или електронските комуникации.
(5) Постапката на избор на директорот поблиску се уредува со Статутот на Јавното
претпријатие.
(6) Ставовите (4) и (5) се однесуваат и на заменик директорот.“

Член 9
Во членот 15, по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи:
„(6) Одредбите од ставот (2), (3) и (5) се однесуваат и на заменик директорот на Јавното
претпријатие.“

Член 10
Во член 16 став 1 зборовите „радиодифузна такса“ се заменуваат со зборовите
„финансиските средства обезбедени од“.
Ставот 2 се брише.
Во став 3, којшто станува став 2, зборовите „од ставот 2 на овој член“ се заменуваат со
зборовите „на јавниот радиодифузен сервис МРТ“.
Во став 4, којшто станува став 3, зборовите „посебно сметководство“ се заменуваат со
зборовите „посебна сметководствена евиденција“, а зборовите „од ставот 2 на овој член“
се заменуваат со зборовите „на јавниот радиодифузен сервис МРТ“.

Член 11
По членот 16-а се додава нов член 16-б, кој гласи:
„Член 16-б
Јавното претпријатие донесува Годишна програма за работа и истото е должно да ја
достави до Владата на Република Македонија најдоцна до 30 октомври во тековната
година, а којашто се однесува за наредната година и истата особено треба да содржи:
- програма за работа за наредната година со планирани активности особено за
исполнување на обврските согласно со овој закон и
- финансиски план за нaредната година кој ги содржи планираните приходи и расходи
за наредната година групирани по структура, како и предвидени капитални инвестиции за
наредната година.
Финансискиот план од ставот (1) алинеја 2 на овој член го одобрува Владата на Република
Македонија најдоцна до 31 декември во тековната година.
Јавното претпријатие е должно да донесе Годишен извештај за работа за претходната
година, кој е должно да го достави до Владата на Република Македонија заради добивање
на согласност најдоцна до 31 март во тековната година и истиот особено треба да содржи:
- извештај за реализација на програмата за работа од претходната година,
- финансиски извештај за реализација на финансискиот план од претходната година
и годишна сметка, со податоци за реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски
од претходната година групирани по структура и
- ревизорски извештај од независен овластен ревизор и ревизорски извештај од
Државниот завод за ревизија, доколку е извршена ревизија од него, како и ставот на
претпријатието во однос на резултатите од извршената ревизија.
Во прилог на годишниот извештај за работа на претпријатието за претходната година
се доставува и усвоената годишна програма за работа за претходната година.“

Член 12
Директорот на Јавното претпријатие избран до денот на влегувањето во сила на овој закон
продолжува да ги врши работите на директор на ова јавно претпријатие до истекот на
мандатот за кој е избран.

Член 13
Јавното претпријатие ќе го усогласи Статутот со одредбите на овој закон во рок од 30 дена
од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 14
Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на
влегувањето во сила на овој закон.

Член 15
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Македонија“.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ

I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ЗА


ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЈАВНО
ПРЕТПРИЈАТИЕ МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИJА

Во член 1 Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија се


усогласува со позитивната законска рамка. Имајќи го предвид фактот дека со примената
на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги престана да важи Законот за
радиодифузна дејност, се врши усогласување при цитирање на законски аналогии.

Со член 2 се утврдува дејноста на јавното претпријатие со цел воспоставување на јасна


дистинкција помеѓу дејноста на јавниот сервис Македонска радиотелевизија и дејноста на
Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.

Со член 3 се утврдува начинот на којшто јавното претпријатие ја врши основната дејност,


усогласено со веќе завршениот процес на преминување од аналогни во дигитални
преносни врски.

Со член 4 се определуваат обврските кои произлегуваат од дејностите на Јавното


претпријатие усогласени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Се член 5 се воведува и функцијата заменик директор на јавното претпријатие, којашто


функција е соодветна на тековното извршување на надлежностите на Македонска
радиодифузија.

Со членот 6 се со којшто се интервенира во член 10, се имплементираат законските


одредби што јасно упатуваат на спречување на судир на интереси кои би можеле да го
имаат членовите на Управниот одбор на претпријатието.

Членот 7 се однесува на дополнување на надлежностите на Управниот одбор на Јавното


претпријатие. Дополнувањето се врши на начин што се наведени Правилниците кои ги
донесува Управниот одбор, се со цел нивно усогласување со одредбите предвидени во
Законот за јавните претпријатија како lex generalis.

Со член 8 допрецизираат одредбите за избор на директор и заменик директор на јавното


претпријатие, имајќи го предвид опсегот и сложеноста на работата и надлежностите што
ги има како раководни лице, а со цел зголемување на можноста за избор на најкомпетентен
кадар за вршење на функцијата.

Со член 9 се утврдуваат правата и обврските на заменик директорот на Јавното


претпријатие Македонска радиодифузија.
Со член 10 се уредува финансирањето на јавното претпријатие преку усогласување со
одредбите што се однесуваат на начинот на финансирање од Буџетот на Република
Македонија, пропишани со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со член 11 се допрецизира обврската за транспарентност на претпријатието, а што се


однесува на годишни програми и годишни извештаи за работа на истото. Ова, особено што
ЈП МРД согласно позитивните законски прописи се финансира во најголем дел од Буџетот
на Република Македонија.

Со член 12 се утврдува мандатот на директорот кој е веќе именуван пред влегувањето во


сила на овој закон, додека со членовите 13 и 14 се определува рок во кој е потребно да се
усогласи Статутот со измените и дополнувањата на законот, како и подзаконските акти.

Со член 15 се утврдува vacatio legis на законот за изменување и дополнување на Законот


за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.

II. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Со предложените измени и дополнувања во Законот се предлага усогласување со


одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено што истите се
меѓусебно суштински поврзани и се однесуваат на истата правна работа.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со предложените измени и дополнувања на Законот за основање на Јавно претпријатие


Македонска радиодифузија се очекува хоризонтална хармонизација на законските
прописи. Воспоставување на нов систем на финансирање од Буџетот на Република
Македонија со распределување на соодветен процент во висина од 19,5 % од вкупно
предвидените 0,7% кои се предвидени за финансирање на радиодифузната дејност.

Со предложените измени и дополнувања се очекува да се создаде конзистентност,


координација и јасна слика за начинот на уредување на радиодифузната дејност,
разграничување на надлежностите на јавниот радиодифузен сервис Македонска
радиотелевизија и Јавното претпријатие Македонска радиодифузија, поставување на
повисоки принципи при избор на менаџментот и постојано следење и унапредување на
техничко – технолошките капацитети како предуслов за преманентен развој на јавните
електронски комуникациски мрежи и средства како и обезбедување на јавни електронски
комуникациски услуги.
ТЕКСТ НА ОДРЕДБИ ОД ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ
МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА

Член 2
Јавното претпријатие од член 1 на овој закон врши дејност од јавен интерес во областа на
електронските комуникации.

Јавното претпријатие Македонска радиодифузија дејноста ја врши под услови и начин


определен со Законот за радиодифузната дејност, Законот за електронски комуникации,
Законот за јавните претпријатија, со овој закон и други закони.

Член 5
Дејности на Јавното претпријатие се:
- пренос и емитување на програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис
Македонска радиотелевизија (во натамошниот текст: МРТ), на целата територија на
Република Македонија,
- пренос и емитување на програмскиот сервис наменет за активностите на Собранието на
Република Македонија на целата територија на Република Македонија,
- развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на јавни електронски
комуникациски мрежи и средства и обезбедување на јавни електронски комуникациски
услуги и
- контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република
Македонија со радио и телевизиски сигнали емитувани од МРТ, како и контрола и мерење
на пречки од други радиодифузни станици.

Член 7
Јавното претпријатие дејностите утврдени во членот 5 алинеи 1 и 2 од овој закон ги врши
преку:
- три радио мрежи на ултра кратки бранови (ВХФ/ФМ),
- една радио мрежа на средни бранови ( СБ ),
- три телевизиски мрежи ( ВХФ и УХФ ),
- дигитален мултиплекс ( ДВБ – Т ) и
- мрежа на микробранови аналогни и дигитални преносни врски.
Изградбата на мрежата од ставот 1 алинеја 4 на овој член наменета за пренос и емитување
на програмските сервиси на МРТ и за пренос на програмскиот сервис наменет за
емитување на активностите на Собранието на Република Македонија ја врши Јавното
претпријатие врз основа на студија за изградба на дигитална мрежа одобрена од Владата
на Република Македонија.

Член 8
Јавното претпријатие се грижи за обезбедување, оптимална чујност и гледаност на
програмите на територијата на Република Македонија што се емитуваат преку основната
радиодифузна мрежа.
Член 9
Органи на Јавното претпријатие се: Управен одбор, Надзорен одбор за контрола на
материјално-финансиското работење и директор.

Член 10
Управниот одбор се состои од седум членови.

Членовите на Управниот одбор ги именува и разрешува Владата на Република Македонија.

За член на Управен одбор може да биде именувано лице кое има завршено високо
образование од областа на електротехничките науки, правото или економијата со работно
искуство над пет години и со посебни знаења од областа на радиодифузијата и
електронските комуникации, а притоа имајќи ја предвид соодветната застапеност на
припадниците на заедниците.

Членовите на Управниот одбор не можат да имаат лично, или преку трето лице или по која
било основа интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со
Јавното претпријатие, кои би можеле да имаат какво било влијание на нивната независност
и непристрасност во одлучувањето во Јавното претпријатие.

За член на Управниот одбор не може да биде избран претседателот и член на Владата на


Република Македонија, претседателот и член на Советот за радиодифузија, лице
вработено во радиодифузна организација или во државни органи, членови на
раководствата на политичките партии, како и лица кои имаат удели, акции или други
економски интереси во радиодифузните организации.

Членовите на Управниот одбор се избираат за време од четири години.

Член 11
Управниот одбор на Јавното претпријатие ги врши следниве работи:
- го донесува Статутот на Јавното претпријатие по претходна добиена согласност од
Владата на Република Македонија,
- го донесува Правилникот за внатрешна организација и другите акти на Јавното
претпријатие,
- ја усвојува Годишната програма за работа и развој на Јавното претпријатие по претходно
добиена согласност од Владата на Република Македонија,
- одлучува за употреба на средствата остварени со работењето на Јавното претпријатие и
покривање на загубите по претходно добиена согласност од Владата на Република
Македонија,
- ја усвојува годишната сметка по претходно добиена согласност од Владата на Република
Македонија,
- го усвојува годишниот извештај за работењето на Јавното претпријатие по претходно
добиена согласност од Владата на Република Македонија,
- ги усвојува кварталните извештаи и шестмесечните извештаи за работа на Јавното
претпријатие по претходно добиено мислење на Надзорниот одбор за контрола на
материјално-финансиското работење,
- го усвојува Ценовникот на услуги на Јавното претпријатие по претходно добиена
согласност од Владата на Република Македонија,
- го избира и разрешува директорот на Јавното претпријатие врз основа на јавен конкурс,
- донесува деловник за својата работа и
- врши други работи утврдени со Статутот на Јавното претпријатие.

Член 14
Со работата на Јавното претпријатие раководи директор кој го избира, односно разрешува
Управниот одбор.

Директорот може да определи вработен кој во негово отсуство го заменува и го води


тековното работење на Јавното претпријатие.

Директорот се избира за време од четири години.

За директор на Јавното претпријатие може да биде избрано лице кое има завршено високо
образование од областа на електротехничките науки, со работно искуство над пет години
и со посебни знаења од областа на радиодифузијата и електронските комуникации.

Постапката на избор на директорот поблиску се уредува со Статутот на Јавното


претпријатие.

Член 15
Директорот на Јавното претпријатие:
- го застапува и претставува Јавното претпријатие,
- ја организира работата на Јавното претпријатие,
- го обезбедува спроведувањето на одлуките и заклучоците на Управниот одбор,
- ја предлага програмата за работа и развој и учествува во спроведувањето на истата,
- го предлага Статутот, Правилникот за внатрешна организација и другите акти на Јавното
претпријатие,
- го предлага Ценовникот на Јавното претпријатие,
- предлага критериуми за користење и располагање со средствата и употребата на
средства остварени со работењето на Јавното претпријатие,
- доставува квартални извештаи кои содржат показатели за финансиското работење до
Владата на Република Македонија,
- доставува шестмесечни извештаи до Управниот одбор,
- доставува годишен извештај за работењето на Јавното претпријатие до Владата на
Република Македонија и
- врши други извршни работи во врска со работата и работењето на Јавното претпријатие
утврдени со Статутот.
Директорот за својата работа одговара пред Управниот одбор на Јавното претпријатие.
Директорот склучува договор со Управниот одбор за уредување на односите со Јавното
претпријатие, со кој поединечно се утврдуваат правата, обврските и овластувањата
согласно со закон.

Во извештајот од ставот 1 алинеја 10 на овој член директорот е должен да достави


податоци за видот и обемот на завршените работи при извршувањето на дејноста на
Јавното претпријатие, како и податоци за финансиското работење во наведениот период.

Директорот на Јавното претпријатие се разрешува пред истекот на мандатот под услови и


на начин утврдени со Законот за јавните претпријатија.

Член 16
Средствата за работењето и развојот на Јавното претпријатие се обезбедуваат од
радиодифузната такса, Буџетот на Република Македонија, од приходите кои се
остваруваат со обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги во кои не е
опфатен преносот и емитувањето на програмските сервиси на МРТ, од кредитни средства,
донации и од други извори во согласност со закон.

Средствата за покривање на трошоците за развој, проектирање, изградба, одржување и


употреба на јавните аналогни и дигитални радиодифузни мрежи наменети за пренос и
емитување на програмските сервиси на МРТ и за пренос на програмскиот сервис наменет
за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија се обезбедуваат
од радиодифузната такса и средствата обезбедени за оваа намена во Буџетот на
Собранието на Република Македонија за што Јавното претпријатие е должно да изготвува
посебен финансиски план за реализација на буџетските средства во соодветната година и
извештај за реализираните буџетски средства добиени согласно со овој план за
определената финансиска година.

Обезбедувањето на јавните електронски комуникациски услуги кои не се наменети за


вршење на пренос и емитување на програмските сервиси од ставот 2 на овој член, Јавното
претпријатие ќе го врши со надоместок по цени утврдени во Ценовникот на Јавното
претпријатие.

Јавното претпријатие е должно да води посебно сметководство за активностите поврзани


со обезбедување на јавните електронски комуникациски услуги кои не се наменети за
вршење на пренос и емитување на програмските сервиси од ставот 2 на овој член, на начин
и постапка утврдени со Законот за јавните претпријатија и друг закон.

You might also like