You are on page 1of 16

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ


РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ ИМА

СКОПЈЕ, МАРТ 2011 година


Страна 1

Содржина
Содржина............................................................................................................................1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
I.ВОВЕД..............................................................................................................................3
II.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА.....................................................3
III.ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ............................................................................4
IV. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ..............................................................5
V. Табеларен преглед на обврските на работодавачот според ЗБЗПР........................6
ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА..............................9
Правилник за заштита на работниците при пожар спасување и евакуација..............13
И З Ј А В А...................................................................................................................16

Содржина............................................................................................................................1
I.ВОВЕД..............................................................................................................................3
II.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА.....................................................3
III.ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ............................................................................4
IV. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ..............................................................5
V. Табеларен преглед на обврските на работодавачот според ЗБЗПР........................6
ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА..............................9
Правилник за заштита на работниците при пожар спасување и евакуација..............13
И З Ј А В А...................................................................................................................16
Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
I.ВОВЕД
Областа на заштита при работа е регулирана со Законот за Безбедност и здравје
при работа (Службен Весник бр.92/07) и бројни подзаконски акти донесени врз
основа на овој Закон. Во овој закон се утврдени мерките за безбедност и здравје
при работа, обврските на работодавачот при организирањето на здравјето и
безбедноста на работа како и правата и обврските на вработените.

Овој закон се применува на сите дејности од јавниот и приватниот сектор освен


оние кои се регулирани со посебни прописи (Вооружените сили, Полицијата
итн).

Тенденција е областа на заштита на работа да се регулира со наметнување на


конкретни обврски на работодавачите и вработените. Со донесување на новиот
закон за безбедност и здравје и со бројните подзаконски акти кои го следеа
новиот закон како и со конкретни чекори од Државните органи во областа на
заштита при работа се централизира една досега маргинализирана област. Иако
големиот дел од позаконски акти се донесени (преземени) од системи во кои
Македонија беше дел сепак има најави на заменување на истите со нови
усогласени со оние на Европската Унија како дел од критериумите за членство.

II.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА


Според Законот за Безбедност и Здравје главни карактеристики на односот со
кој се уредува безбедноста и здравје при работа се:

Субјекти според КОЈ Сите вработени и работодавaчи.


ЗБЗПР(член 1 и 2)
Простор ( член 6) КАДЕ На сите места каде се извршува
работниот процес.
Процес ( член 5) ШТО Заштита при работа е составен дел од
организацијата при работа и истата се
остварува преку почитување на
постоечките прописи и со превземање на
конкретни мерки.
Односи и правила (член КАКО Подготвување на изјава за безбедност
11) Испитување на работното место и
околина.
Предвидување на ризици и преземање за
намалување на истите.
Подготвување на правилници за
евакуација, пожар.
Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
III.ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ
Општи обврски кои му се наметнати на работодавачот се да избира работни
методи кои ќе го подобрат нивото на безбедност и здравје при работа (член 5
став 2) и да го прилагоди работниот процес кон способностите на вработените
(член 10). Работодавачот ќе дозволи вработените непосредно или преку свој
претставник да учествуваат во утврдувањето на недостатоците и подобрување
на условите за работа (член 27 и 28) и мора да назначи:
-едно или повеќе стручни лица за безбедност (член 19)
-овластена здравствена установа која ќе врши стручни задачи за здравје
при работа ( член 17 и член 20)
-да донесе безбедносни мерки против пожар (член 17)
-мерки за прва помош и евакуација (член 17)
-обука на вработените за безбедно извршување на работата (член 17)
-вршење на прегледи и испитување на работната средина ( член 33)
-следење на здравствената состојба на вработените( член 17)

Работодавачот според Законот за безбедност и здравје мора да изготви и да


спроведе изјава за безбедност на секое работно место. Изјавата за безбедност
претставува идентификација на опасностите и проценка на ризиците. Оваа
обврска работодавачите имаат рок од две години од стапување на сила на
Законот за безбедност и здравје при работа односно до 07.2009 година. Оваа
законска одредба не се применуваше поради отуството на издадени дозвола за
вршење на стручни работи од страна на Министерството за труд и социјална
политика.

Основните обврски кои Законот му ги наметнува на Работодавачот за да ја


организира безбедноста и здравјето при работа, можат да се извршени директно
од страна на работодавачот или преку назначување на овластени стручни лица.

Стручните лица во прв поглед ќе имаат обврска да го советуваат


работодавачот,да подготвата стручна основа за изјавата за безбедност да вршат
контролни прегледи на работното место, да вршат обука на вработените и да
даваат конкретни предлози за унапредување на безбедноста и здравјето на
работното место.( член 19)

Работодавачот е должен земајќи го во предвид технолошкиот процес, да преземе


мерки за заштита при пожар или доколку настане да ја намали опасноста на
најмала можна мера за да ги заштити вработените.

Во таа насока работодавачот ќе организира и ќе обезбеди евакуација,


спасување и прва помош, ќе оспособи лица кои ќе ја спроведуваат евакуацијата,
ќе ги запознае вработените со планот за евакуација и ќе спроведе практични
вежби најмалку една во две години.( член 24). Доколку на работното место и во
работните простории работат до 20 луѓе тогаш најмалку еден од нив ќе биде
оспособен за давање на прва помош, гасење пожар евакуација и спасување а
Страна 1

над овој број на секои 20 по уште еден.(член 24)

Работодавачот ќе обезбеди соодветни апарати за гасење на пожар и истите ќе ги


постави на видно и достапно место и ќе ги сервисира во согласност со

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
подзаконските прописи. ( член 8 од Правилникот за изборот на видовите и на
количините на противпожарните апарати..)

Работодавачот во случај на непосредна опасност ќе има даде на вработените


соодветни упатства за запирање со работа и евакуација и во никој случај нема
да ги задолжува вработените со извршување на работни задачи.

Средствата за работа работодавачот ќе ги држи во исправна состојба, а ќе ја


проверува исправноста и безбедноста со правење на повремени испитувања.
(член 33).

IV. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ


Вработените генерално треба да соработуваат со работодавачот со давање на
мислења, предлози и забелешки. Активната улога на вработениот не
претставува само право туку и обврска на вработениот.(член 38) Вработените ќе
соработуваат и со стручните лица поставени од работодавачот во областа на
заштита на безбедноста и здравјето при работа.

Вработените ќе ги почитуваат упатствата од производителот при управување со


средствата за работа (член 41).

Вработените имаат право да именуваат претставник кое претставува лице


избрано од страна на вработените да ги застапува нивните интереси во поглед
на безбедноста и здравјето при работа пред работодавачот.(член 3)
Бројот на претставниците ќе зависи од бројот на вработените, со тоа што тој
број не може да биде помал од:
- над десет вработени, се избира еден претставник,
- двајца претставници на 101 до 500 вработени и тројца претставници кај
работодавачот кои имаат над 501 вработен.

Претставникот на вработените има право:


o да ги обиколи работните места поради согледување на состојбата
во врска со безбедноста при работа;
o да разговара со работодавачот за потребите и проблемите на
безбедноста и здравјето при работа;
o да ја извести инспекцијата на трудот за нејзино посредување, да
присуствува, да ги даде своите согледувања и да има увид во
записникот составен од страна на инспекторот и
o да побара од работодавачот информации и да има пристап до
изјавите за процена за безбедноста и извештаите што се обврска
на работодавачот и други документи во врска со планирањето и
уредувањето на безбедноста и здравјето при работа.
Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
V. Табеларен преглед на обврските на
работодавачот според ЗБЗПР
ОБВРСКИ НА
РАБОТОДАВАЧОТ И
ВРАБОТЕНИОТ СПОРЕД
НОВИОТ ЗАКОН ЗА
БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ
РАБОТА(Сл.весник
бр.92/07) од 24.07.2007
година ИЗВОР ПЕРИОД

1.Изјава за безбедност
Две години од денот
на влегување на сила
на овој закон ( член
60). Тоа значи дека
крајниот рок за
а.) Секој работодавач мора да изготвување и
изготви и спроведе изјава за Член 11 став 1 од Законот спроведување на
безбедност на секое работно за безбедност и здравје при изјава за безвбедност
место работа е 07.2009 година
б.)Изјавата за безбедност се
заоснова на идентификација на
опасноста и проценка на Член 11 став 3 од Законот
ризиците по безбедноста и за безбедност и здравје при
здравјето работа
в.)На вработените и на
претставниците им се Член 27 став 2 од Законот
презентира изјавата за за безбедност и здравје при
безбедност работа

г.) Работодавач ќе биде казнет


со глоба од 5.000 до 8.000 евра
доколку нема изготвено и Член 58 став 1 алинеја 1 од
спроведена изјава за Законот за безбедност и
безбедност во писмена форма здравје при работа

2.Заштита од пожар,
евакуација и спасување
а.) Земајќи го во предвид
технолошкиот процес и
материјалите кои се користат Со стапување на сила
Страна 1

при работа, работодавачот Член 24 став 1 од Законот на законот за


треба да преземе мерки да не за безбедност и здравје при безбедност и здравје
настане пожар работа при работа

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
б.) Работодавачот да утврди
план за евакуација и
спасување во случај на Член 24 став 4 од Законот
вонредна ситуација и да за безбедност и здравје при Најмалку еднаш на две
спроведе практични вежби работа години
в.) На секое работно место каде
работат до 20 вработени
најмалку еден ќе биде обучен
за прва помош, гасење пожар, Со стапување на сила
евакуација и спасување а над Член 24 став 6 од Законот на новиот закон за
овој број на секои 20 уште по за безбедност и здравје при безбедност и здравје
еден работа при работа
г) Работодавачот ќе склучи
договори со други правни
субјекти специјализирани за
давање на услуги, особено во
однос на давање на прва
помош, итна медицинска Со стапување на сила
помош, активности за Член 24 став 7 од Законот на новиот закон за
евакуација и спасување и за безбедност и здравје при безбедност и здравје
противпожарна заштита. работа при работа

Обука и претставници на
вработените
а.) Бројот на претставниците ќе Член 29 од Законот за
зависи од бројот на безбедност и здравје при
вработените работа
а)при вработување
б)при преместување
на ново работно место
в)при вовоедување на
нова технологија и
б.) Работодавачот има обврска нови средства за
да спроведе обука во областа Член 31 од Законот за работа,
на здравје и безбедност при безбедност и здравје при г)при измена на
работа на вработените работа работниот процес
Со стапување на сила
на законот за
безбедност и здравје
при работа и
Правилникот за
полагање на стручен
в.) Обуката се спроведува од Член 19 од Законот за испит од областа на
страна на стучно лице кое има безбедност и здравје при безбедност и здравје
положено стручен испит работа при работа

Права и обврски на
вработените
Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
а.) Право и обврска на секој
вработен е да дава предлози,
забелешки и мислења во
областа на заштита на Член 39 став 2 од Законот
безбедноста и здравјето при за безбедност и здравје при
работа работа
б.) Вработениот мора правилно
и според упатствата да ги Член 41 од Законот за
користи средствата за работа и безбедност и здравје при
опремата за лична заштита работа
в.) Вработениот има право да
побара асистенција од
надлежниот инспекторат за
труд доколку смета дека не се
исполнети условите за Член 42 став 2 од Законот
безбедност и здравје при за безбедност и здравје при
работа работа
г.) Вработениот мора веднаш да
го извести работодавачот за
секој недостаток кој би можел
да ја загрози неговата или Член 42 став 1 од Законот
безбедноста на другите за безбедност и здравје при
вработени работа
Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
Врз основа на член 17 став 1 од Законот за безбедност и здравје при работа
(понатаму: Законот), кај работодавачот ___________________________
управителот ___________________ на ден _._.20__ година го донесе следниот:

ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО


ПРИ РАБОТА

I. Основни одредби
Член 1

Овој правилник, во согласност со Законот, го уредува спроведувањето на


безбедноста и здравјето при работа на вработените во
_____________________________________________________ (понатаму:
Работодавачот) со цел создавање на безбедносни услови при работа заради
заштита на здравјето и работните способности на вработените.

II.Oбврски на Работодавачот

Член 2

Работодавачот обезбедува безбедност и здравје при работата и презема мерки


потребни за заштита на безбедност и здравје при работата на вработените.

Член 3

Работодавачот воведува заштитни мерки и избира работни и производствени


методи кои го подобруваат нивото на работа на вработените.

Во случај на повреда при работа поради невообичаени и непредвидливи


околности кои се надвор од контролата на Работодавачот или поради настани
чии последици не можеле да се избегнат, Работодавачот не е одговорен според
прописите за безбедност и здравје при работа.

Член 4

Работодавачот доколку смета ќе ги довери своите обврски во областа на заштита


на здравјето и безбедноста на вработените на овластени правни и физички
Страна 1

лица.

На овластените лица ќе им ги стави на располагање сите потребни информации


во областа на здравјето и безбедноста на вработените.

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
Член 5

Работодавачот го следи здравјето на вработените преку ангажирање на


овластена здраствена установа која врши прегледи на здравејто на вработените,
најмалку еднаш во 18 месеци.

Член 6

Работодавачот средствата и опремата за работа, електричната инсталација,


греењето како и други инсталации ги одржува редовно и правилно во исправна
состојба, во согласност со техничките прописи и одредени стандарди, на начин
кој обезбедува потребна сигурност на вработените, така што во текот на
користењето и евентуални преместувања на друго работно место, истите
прегледи и проверки на нивната исправност.

Член 7

Работодавачот донесува правилници и ги известува вработените за истите за


заштита на вработените во случај на пожар и друга елементарна непогода како
и утврдува план за евакуација во кој поблиску ги уредува начините за
постапување во случај на пожар и друга елементарна непогода.

Информирање на вработените

Член 8

Работодавачот ги известува вработените при вработување, менување на работно


место или при менување на технолошкиот процес за мерките и активностите
што ги презема во областа на здравјето и безбедноста на вработените како и ги
запознава со обврските што вработените треба да ги превземе.

Член 9

Додека траат опасностите работодавачот не ги задолжува вработените со


работни задачи чие извршување би ја згрозила нивната безбедност и здравје.

Член 10

Работодавачот дозволува вработените да учествуваат во дискусиите за сите


прашања поврзани со безбедноста и здравјето на вработените.

Обука на вработените

Член 11
Страна 1

Работодавачот врши теоретско и практично оспособување на вработените за


безбедно и здраво работење при засновање на работен однос, преместување на
друга работа, при воведување нова технологија, односно новите средства за
работење, како и при промена на работниот процес.

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
Обуката се врши во текот на работното време.

Член 12
Работодавачот обуката ќе ја прилагоди на спецификите на работното место.

Евиденција

Член 13

Работодавачот е должен да води и чува евиденција за:


- работните места со зголемен ризик и вработените распоредени на тие
работни места;
- повреда при работа, професионално заболување и болести во врска со
работата;
- оспособување на вработените за безбедно и здраво работење;
- опасните материи кои се користат во текот на работењето;
- извршените испитувања на работната околина;
- извршените прегледи и испитувања на опремата и средствата за
работење и опремата за лична заштита;
- поднесените пријави од трудовата инспекција за смртни, колективни или
тешки повреди при работа и професионални заболувања, односно
заболувања во врска со работата на вработениот.

III.Права и обврски на вработените


Член 14

Вработениот има право и обврска пред почетокот на работата да се запознае со


мерките за безбедност и здравје при работа за работите кои ќе ги работи, како и
оспособување за нивно спроведување.

Член 15

Вработениот има право да одбие да работи доколку му се заканува непосредна


опасност по животот и здравјето, поради тоа што на работното место на кое
работи не се применети пропишаните мерки за безбедност и здравје, како и
други случаи утврдени со Закон.

Член 16

Вработениот е должен да ги почитува прописите за безбедност и здравје при


работа, за да не ја загрози својата безбедност и здравје, безбедноста и
здравјето на другите вработени лица, како и да го извести Работодавачот за
секој вид потенцијална опасност која би можела да влијае на безбедноста и
здравјето при работа.
Страна 1

Член 17

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
Обврските на Работодавачот утврдени со овој Правилник согласно Законот,
истовремено претставуваат права на вработените во врска со спроведување на
мерките на безбедност и здравје при работа.

IV.Организирање на работата во врска со безбедност и здравјето при


работа

Член 18

Вработените кои ги извршуваат работите во врска со безбедноста и здравјето


при работа учествуват во подготовката на актите за проценка на ризикот, во
опремувањето и уредувањето на работното место со цел обезбедување безбедни
услови при работа, вршат контрола на средствата за работа и опремата за лична
заштита, подготвуваат и спроведуваат оспособување на вработените за безбедно
работење, организираат преглед и проверка на опремата за работење,
предлагаат мерки за подобрување на условите за работа, подготовка на
упатства за безбедно работење, ја следат состојбата во врска со повредите при
работа и професионални заболувања, забрануваат работа кога ќе утврди
постоење непосредна опасност по животот и здравјето на вработените, водат
пропишана евиденција во областа на безбедноста и здравјето при работа.

Завршни Одредби
Член 19

Овој правилник стапува на сила на денот на донесување.


Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
НАЦРТ

Врз основа на член 24 од Законот за безбедност и заштита при работа( Службен


весник на Р. Македонија бр.92/07 од 24.07.2007) управителот на
_________________________ го донесе следниот:

Правилник за заштита на работниците при


пожар спасување и евакуација

член 1

Со овој Правилник, во _____________________________ (понатаму


Работодавач) се уредуваат мерките за заштита при работа, обврските на
работодавачот и правата и обврските на работниците во областа на заштита при
пожар евакуација и спасување.

Обврски на Работодавачот

член 2

Работодавачот земјаќи го во предвид технолошкиот процес, средствата за работа


како и големината на објектот презема мерки за да не настане пожар, а во
случај да настане да ја намали опасноста по безбедноста и здравјето на
вработените.

член 3
На секое работно место и во работните простории каде работат до 20 вработени
работодавачот именува најмалку еден за давање на прва помош, гасење пожар,
евакуација и спасување. Над овој број а на секои 20 вработени работодавачот
ќе обезбеди уште по еден.

член 4

Работодавачот на свој товар врши теоретска и практична обука на вработените


со цел да ги запознае со опасностите на работното место и дејствијата кои ќе се
преземат во случај на пожар.

член 5
Страна 1

Работодавачот склучува договори со други правни лица,специјализирани за


давање услуги во областа на заштита на безбедноста и здравјето на
вработените.

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
Планот за евакуација треба
биде истакнат на видно
место во просториите каде се
извршува работниот процес.
член 6

Работодавачот ќе изготви евакуационен план (Анекс 1) кој претставува составен


дел од овој правилник каде ќе ја предвиди постапката, мерките и начините на
дејствување при случај на евакуација на вработените во случај на пожар

член 7

Работодавачот ќе ги запознае вработените со евакуациониот план и мерките кои


ги презело за заштита на вработените во случај на пожар.

член 8

Работодавачот ќе ги земе во предвид предлозите, мислењата и забелешките


дадени од страна на вработените во врска со мерките кои се преземени или
треба да се преземат за заштита на вработените во случај на пожар.

член 9

Работодавачот нема да ги задолжува вработените со работни задачи додека


траат опасностите по безбедноста и здравјето на вработените

член 10

Работодавачот ќе ја обезбеди потрабната опрема за гасење на пожар и ќе ја


стави на видно и достапно место.
член 11

Работодавачот редовно ќе врши контрола и сервисирање на потребната опрема


за гасење на пожар

член 12

Работодавачот ќе им ја стави на располагање потребната опрема на лицата кои


ќе ја спроведуваат евакуацијата, спасувањето, гасењето на пожарот и прва
помош.

член 13

Работодавачот ќе обучи лице кое во случај на потреба ќе пружи прва помош.

член 14
Страна 1

Работодавачот ќе обезбеди главниот енергетски извор да биде поставен на


видно и достапно место како и лице кое во случај на пожар на електричната
инсталација ќе стори напори да го исклучи од напојување.

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
член 15

Лице кое ќе контактира со противпожарната бригада, во случај на пожар ќе


биде назначено од работодавачот.

Права и обврски на вработените


член 16

Вработениот ќе ги почитува прописите за безбедност и здравје при работа како


и ќе се придржува кон упатствата издадени од работодавачот за дејствување во
случај на опасност од пожар.

член 17

Вработениот ќе учестувува на обуките за заштита на здравјето и безбедноста на


вработените организирани од работодавачот.

член 18

Вработениот ќе дава конкретни предлози, мислења и забелешки за


унапредување на безбедноста здравјето на вработeните.

член 19

Вработениот има право да одбие извршување на работна задача доколку е


изложен на непосредна опасност по здравјето или животот.

член 20

Вработениот ќе ракува со средставата за работа според пропишаните упатства


со цел да избегне евентуална опасност од пожар.

член 21

Вработениот стрикно ќе ги следи правилата и другите интрени акти и наредби на


работодавачот за постапување во случај на пожар, други елементарни непогоди
и запирање на работа и евакуација во такви случаи.

Преодни и завршни одредби

Член 22

Овој правилник стапува во сила на денот на неговото донесување.


Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/
Согласно член 31 од Законот за безбедност и здравје при работа (Службен
весник на Република Македонија бр. 92/07), а по спроведената обука од страна
на работодавачот ___________________________, вработениот
___________________, на ден ___________ година ја даде следната:

И З Ј А В А

Јас, ___________________________ од ____________, распореден/а на работно


место___________________, кај работодавачот ___________________________,
изјавувам дека на ден ___________ година ја следев обуката од областа на
безбедност и здравје при работа и запознаен/а сум со актите на работодавачот
како и со средствата и мерките за заштита при работа.

Скопје, __________ година

Изјавил:

_____________________
Страна 1

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СТАНДАРДИ И ДОКУМЕНТИ КОИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ


ИМА/25.03.2011/АКАДЕМИК ОБУКА/

You might also like