You are on page 1of 30

Науката и научното

сознание

Предавање од Методологија на
истражување на безбедносните
појави
Проф. Др Цане Мојаноски
Што ќе работиме денес?

• а) Поимот на наука
• б) Конститутивни елементи
на науката
• в) Научното сознаие
• г) Науката и етиката
На што помислувате кога ќе го
слушнете зборот наука?
• првата слика која им доаѓа на ум е онаа на
епрувети, компјутери, вселенски бродови
и луѓе во бели лабораториски мантили.
мантили
• Овие надворешни обележја се дел од
науката.
• Природните науки биологијата, хемијата,
физиката и зоологијата се справуваат со
физичкиот и материјалниот свет (напр.,
карпи, растенија, хемикалии, ѕвезди, крв,
електрицитет итн.).
• Природните науки се основа на новата
технологија и добиваат голем публицитет.
Што е науката?
науката
• науката е систем на знаења за стварноста.
• Во најдобрата книга на Medawar, со наслов Границите
на науката (The Limits of sience):
• науката е "организирано знаење". (Во латинскиот јазик
глаголот scire значи да се знае, а именката scientia
значи наука).
• Рускиот филозоф Ракитов (според Копнин, 1974),:
"науката е знаење...
знаење Науката е систем на знаења за
законите на функционирањето и развојот на
објектите... Науката претставува систем на знаења
што непрекинато се развиваат и пополнуваат".
пополнуваат
• При тоа, под систем на научни знаења најчесто се
подразбира уреден, поврзан, опфатен, проверлив и
точен збир на научните факти, засниван врз
определени принципи, искуствени генерализации,
научни закони и научни теории.
Што е науката (2)?
(2)
Под наука, значи, подразбираме развоен систем на
вистинити знаења (од факти, принципи, теореми,
категории, хипотези, теории до законите итн.) за
светот, до кои се доаѓа со примената на определени
методи, а (свесно или несвесно) поаѓајќи од некоја
филозофска теорија, метод и поглед на светот.
(Andrija Stojkovi})
Според тоа, науката би можеле накусо да ја дефинираме
на следниов начин: науката е определен вид
интелектуална работна дејност на луѓето, чија
главна цел е утврдување на вистината за
природните или општествените појави и нивиите
закони, што се постигнува со соодветни научни
средства и постапки. Секоја наука има свој посебен
предмет на испитување и соодветни средства што се
приспособени на ова испитување.(Mihajlo Markovi})
Попер за науката,...
• науката не е систем на знаења туку е
дејност,
дејност трагање по знаења, настојување да
се приближиме кон вистината за стварноста
• Карл Попер (1973 , с.306), на пример, тврди
дека "...науката не е систем на извесни или
добро засновани искази, ниту е систем
што постојано напредува кон завршеност.
Нашата наука не е знаење.... не е
поседување на знаење, поседување на
несоборлива вистина што некој човек го
прави човек од наука, туку тоа е неговото
упорно и безобѕирно трагање по
вистината..."
вистината
Науката е знаење или,...?
,...
• На овие сфаќање им се приговара дека се еднострани.
• На првото се става забелешка дека самото знаење
не ја прави науката; науката не е само знаење, таа е
повеќе од тоа. Знаењата можат да бидат сфатени и
како цели на науката, но и како производ на науката.
Затоа науката може да се сфати и како форма на
човековата дејност насочена кон стекнување на нови
знаења за стварноста, која при тоа се користи со
своевиден метод со научен метод.
• Постојниот систем на знаења се користи низ
процесот на сознанието, а се менува, збогатува и
развива со посредство на научниот метод.; сите
останати карактеристики на науката стекнуваат Без
активност и вон неа не постои наука смисла и содржина
само доколку се одвива сознајната дејност и
доколку тие се поврзани со сознајната дејност,
изрично тврди Kelle (1982, с. 511).
Науката е дејност,...?
,...
• На сфаќањето според кое науката е дејност, дејност
трагање по вистината за стварноста, а не систем на
знаења, се забележува за запоставувањето на
фактите,
фактите дека трагањето неизбежно се потпира врз
постојниот систем на знаења и дека тргнува од
расположивите, претходни знаења, па оттаму не е
независно од нив. Науката може да се сфати како
трагање по вистината, како своевиден облик на
човечковата дејност, но тоа сфаќање не поседува
вредни причини за исклучување на сфаќањата на
науката како систем на знаења.
• Ако ваквите приговори упатени за наведените
сфаќања се оправдани, тогаш тие укажуваат на тоа
дека науката би можела да биде сфатена
истовремено и како систем на знаења за
стварноста, дејност која се користи со особена
постапка научната метода.
метода
Науката и хиерахијата во неа ...
• Дрвото на сознанието и дрвот на животот како да не
припаѓаат на истиот свет. Меѓутоа, духот на времето,
принципите на на една цивилизација втемелени на
принципите на профитот, моќта, и престижот, владеат
позитивистичко ориентираната наука обрасци на
културата, длабоко ја испреплетуваат, нејзините
канони, владеачките парадигми, професионалниот
менталитет и начинот на формирањето на
стручњаците - накратко субкултурата. Тоа се односите
и на самите критериуми според кои се определува што
се смета научно сознание, а што не. А потоа, е начин
на формирање на стручњаците како натесните
специјалисти и фах идиоти.
• Во врската со науката интересно е сфаќањето на
Тофлер. Според него, етаблираната наука со својата
догма, хиерархија и ерес, постанала црква. Таа има
свои папи и кардинали, и моќ на екскомуникација. Таа
моќ ја почувствувале некои научници кои, затоа што се
осудиле да чепнат во владеачката научна ортодоксија,
биле залепени на столбот на страмот.
Макематика, филозофија, наука
• Кога математиката зе занимава со испитување на
квантитативните и просторните односи на стварноста таа
може да се смета за наука. Колку повеќе таа задира во
областа на апстракциите, како што се имагинарните
броеви, диференцијалите, замислените геометриски тела,
паралелите кои се сечат итн.,односно колку повеќе се
одвојува од материјалните објекти, таа се повеќе се
оддалечува од науката.
• На сличнен критериум се засновува дистинкцијата меѓу
филозофијата и науката. Имено, на филозофија и се
импутира спекулативното умување и интуицијата како
изворно сознание, без потпирање на чулното искуство.
Оттаму некои видови филозофии, како што се
метафизиката и филозофијата на религијата, тешко можат
да се подведат под поимот наука. Сепак, филозофијата,
како, впрочем и математиката, има многу допирни точки со
материјалната стварност и со сетивното искуство, затоа со
право може да се определи како наука.
Општествените – меки науки
• Општествените науки, како што се
антропологијата, психологијата, политичката
наука, социологијата,безбедносните науки го
инволвираат проучувањето на луѓето нивните
верувања, однесување, интеракција, институции
итн. Мал број луѓе ги поврзуваат овие
дисциплини со зборот наука.
• Тие понекогаш се нарекуваат меки науки. Ова не е
така затоа што нивната работа е непедантна или и
недостасува ригорозност, туку затоа што нивниот
предмет, човековиот општествен живот, е
флуиден, тежок за набљудување и тежок за
прецизно мерење со лабораториски инструменти.
Конститутивни елементи на науката

• автентичен предмет на истражување,


• теорија со кохерентни научни факти,
• метод на сознавање на предметот
• и јазик, односно, категоријален апарат
со кој општи во процесот на
сазнавањето и прикажувањето на
резултатите од истражувањето
Конститутивни елемени на науката (1)
• Секоја наука треба да исполнува четири основни
конститутивни елементи:
• 1. да има јасно дефиниран предмет со кој се
занимава;
• 2. да има своја методологија , т. е. доволно
развиени поагалишта, методи,постапки (техники) и
инструменти за проучување на својот предмет;
• 3. да поседува доволен број сознанија за својот
предмет, средени во научниот систем во кој
одговараат,
• 4. да располага со доволно развиен јазик на
(категоријални и останати поими, синтагми, термини,
симболи и др.) со кои може да ги соопштува
сознанијата за предметите со кои се занимава.
• (Банѓур,Поткоњак: Методологија педагогије, 1999)
Конститутивни елементи на науката (3)
• М. Марковиќ вели: „Се она што претендира да е наука, мора да содржи барем
некеои од следните елементи:
• а) јазик, т.е, систем на симболи који една наука се служи за да ги означи како
објекти на проучавање и операциите на истражување;
• б) искуствените факти од едно подрачје, т.е. исказите на интерсубјективен
карактер кои се добиени со повеќестепени набљудувања, експерирментирања и
мерење на одделните објективни појави;
• в) ставови со кои се утврдуваат извесни општи структури и релации (тука спаѓаат и
научните закони, формули, идеални теми и типови);
• г) методолошките правила со кои се регулира и насочува процесот на
истражувањето (тука спаѓаат и најопштите конститутивни принципи на научното
сазнавање и посебните правила на анализата, докажувањето, проверувањето итн. и
конкретните технички упатства);
• д) исказите со кои се формулираат нормите на практичната дејност на едно
определено подрачје (такви се нпр. моралните искази кои ги наоѓаме во
нормативната етика или нормите на уметничката дејност која ја садржи естетиката,
или исказите од техничките и медицинските науки кои пропишуваат начини на
терапија на заболувањето или начин на конструкција на техничките објекти);
• ѓ) филозофските претпоставки на една определена концепција на науката:
концепција на нејзиниот предмет, метод, цели и место во системот на науките и
човечкиот живот воопшто, мерилата за селекција на актуелните проблеми итн.,
• е) определен начин на организирање на фактите, хипотезите, законите, нормите,
• ж) накрајот, секоја наука во себе носи и сопствената историја.“
• (М. Марковић, Филозофски основи науке, САНУ, Београд, 1981, стр. 5 )
Предметот (домена) на науката
• Секоја наука или дисциплина има свој специфичен
домен и предмет. Со терминот "домен" или домена",
како што истакнува И. Трајковски, најчесто се
означува поле, делокруг, област подрачје или
регион на нечие дејствување, или важење на некоја
норма, а во политичка смисла со него се означува
територија или "земја" под власт или под
јурисдикција на некоја држава. По аналогија на тоа
се дефинира и "доменот на науката". Доменот на
научните дисциплини се дефинира со следните два
елементи: а) со степенот на монополизираност на
правото научно да се дејствува, односно да се
истражува во односната област и б) со степенот на
важење или признавање на сознанија на
односната наука во толкувањето и во
објаснувањето на појавите во соодветната домена”.
(Трајкоски,И.: 2000, стр. 119).
Предметот на науката
• Предметот на било која наука е комплекс на нови, актуелни,
меѓусебно сродни проблеми кои настануваат во процесот
напрактичната интерпретација на човекот и објективниот
свет.
свет Во секоја оделна наука одределувањето на предметот е
функција на практичното искуство за определено подрачје на
стварноста, језикот, методолошките и филозофскиите
претпоставки, нормите за практичната дејност, и специфичните
начини на организација на податоците.
• Професорот Шешиќ, основните видови предмети на мислење (а
отаму и предмет на науката) ги класификува со оглед на:
• 1) степен и обликот на нивниот развиток,
• 2) основните својства,
• 3) субјективното доживување, т.е. односот на субјектот спрема
предметот,
• 4) обемот на предметот,
• 5) сложеноста на предметот
• 6) на објективната реалност на предметот на мислење
Теоријата
• теоријата најчесто се идентификува
со науката. Во суштина, теоријата е
фондот на знања со кој една наука
располага.
• некиои автори од теоријата ги
издвојуваат научните закони и
хипотезите
Теоријата
• Најопшто под „научна теорија" се подразбира
целокупната човекова мисловна сознајна
дејност. Toа e „...воопштена поставка или
кохерентен збир на воопштесни поставки врз
основа на кои се објаснува некое подрачје на
појави (факти, податоци) ... Kaко подрачје на
рецепцијата и внатрешбната (неотичка)
елаборација на рационалните содржини,
теоријата редовно се спротставува на
практиката како подрачје на видливата,
надворешна дејност, иако те две подрачја се
взаемозависни и условени.
• Научната теорија во својот поим главно, ги
опфаќа верификуваните, објективни,
релативно трајнаи и прецизни знања за
предметната област или за предметот на
истражување (суштината на појавата).
Процесот на научното сознание
Втора фаза

НАУЧЕН ФОНД
(Научна теорија)

Трета фаза
Прва фаза
Методот на на науката
• е начин на доаѓање до научно
сазнание, односно начин или пат на
теориско-практично стекнување,
проверување и развиток на научното
сазнание.
• Методот на науката е логички,
методолошки и научно втемелен начин,
постапка со која се истражува
определена појава
Јазикот на науката
• е помалку или повеќе кохерентен систем на сиболи и
содржини со чија помиош се изразува содржината на
науката,односно определен предметна проучување,
теорија и метод на науката.
• е во цврста врска со појмовно-категоријалниот апарат.
• Систематизацијата на поимите, е развиен јазик на
науката.
• синоними, хомоними, туѓинки и кратенки,
• Во принцип треба да се раководиме од критериумите на
стандардниот литературтрен јазик.
• односот меѓу мислењето и термините постојат четири
основни модалитети: можно е:
• 1) исто да се мисли во исти термини;
• 2) различно да се мисли во разнлични термини;
• 3) исто да се мисли во различни термини и
• 4) различно да се мисли во исти термини
Научното сознание
• Општата природа на научното сознание се огледа во
тоа што го прави среден системот на известувања за
стварноста, кој е добиен со определен процес во кој
логиката и искуството имаат решавачка улога.
Научното сознание не е само состојба, која што се
огледа во определена низа на информации, туку и
самото тоа е дејствен чин за нивно стекнување,
односно активност чиј резултат е - научното знаење.
• И сознанието како процес и знаењето како
негов резултат се раководени и подредени на
логиката, односно правилното мислење што се
засновува врз втемеленоста на ставовите.
Сознајната работа во науката подразбира примена
на општологички начела на мислење кои во науката
добиваат облик на епистемолошки правила. Тие
се вградени во посебениот начин на стекнување на
знаења, процедури, протоколи и техника. Научните
ставови на сознајниот процес, меѓу другото, се
искажуваат во поими, класификации, заклучоци.
заклучоци
Научното сознание (2)
• Освен епистемолошките начела, а и
ставовите на знаењето, во сознајниот акт се
содржани и докази, односно судови за
стварноста. Науката суди за стварноста и е
единствената дејност која мора да прибере
аргументи за своите тврдења.
• Стремежот кон искуство е вграден во
целокупната сознајна постапка, а е изразен
во научното знаење. Општата природа на
научното сознание поблиску се покажува во
низа особини од кои најважни се: општоста,
објективноста, проверливоста, прецизноста,
систематичноста, организираноста и
вистинитоста.
Научна заедница
• На науката и е даден живот преку
функционирањето на научната заедница, која
ги поддржува претпоставките, ставовите и
техниките на науката.
• Научната заедница е збир на луѓе и сет на
норми, однесувања и ставови кои ги
поврзуваат. Тоа е професионална заедница,
бидејќи тоа е група на интерактивни луѓе кои
споделуваат етички принципи, верувања и
вредности, техники и обука и патишта на
кариера. Тоа не е географска заедница. За
најголем дел, научната заедница ги вклучува
и природните и општествените науки.
Струка и наука
• Многумина надвор од јадрото на научната заедница користат
научни истражувачки техники. Одреден број практичари и
техничари применуваат истражувачки техники кои биле развиени
и преработени од научната заедница. На пример, многумина
користат една истражувачка техника создадена од научната
заедница (напр., анкета) без поседување на длабоко знаење за
истражувањето, без измислување нови методи за истражувањето
и без унапредување на самата наука. Сепак, оние кои ги користат
техниките или резултатите од науката ќе можат тоа да го прават
подобро ако тие, исто така, ги сфатат принципите и процесите на
научната заедница.
• Границите на оваа заедница и нејзиното членство се слабо
дефинирани. Нема членска карта или главен. Многу луѓе го
третираат докторатот во едно научно поле како неформална
“влезница” во членството на научната заедница. Докторатот, што
симболизира докторат по филозофија, е степен по
магистратурата која некого подготвува да изведува независно
истражување.
• Некои истражувачи немаат докторати, а и сите кои имаат
докторати не се бават со професии во кои изведуваат
истражувања.
• Тие влегуваат во многу занимања и може да имаат други
одговорности (напр., предавање, администрација, консалтинг,
клиничка пракса, советување итн.).
Колку е голема научната
заедница?
• Користејќи ја најшироката дефиниција
(вклучувајќи ги сите научници и оние во
професии поврзани со науката, како што се
инжинерите), околу 15% од работната сила во
напредните индустријализирани земји се
членови на научната заедница.
• Научниците се најмногу запознати со една
посебна дисциплина, бидејќи знаењето е
специјализирано.
• Во САД има околу 17.000 професионални
социолози, 132.000 архитекти, 650.000 правници
и 1.257.000 сметководители. Секоја година,
околу 500 луѓе добиваат докторати по
социологија, 16.000 стекнуваат медицински
дипломи, а 38.000 стануваат правници.
Норми на научната
заедница
• Универзализам. Без оглед на тоа кој го изведува истражувањето (напр., стар
или млад, машко или женско) и без оглед каде е тоа извршено (напр., САД или
Франција, Харвард или Непознат универзитет), истражувањето треба да се
оцени само врз основа на научната вредност.
• Организиран скептицизам. Научниците не треба да прифаќаат нови идеи или
докази на безбрижен, некритичен начин. Тие треба да ги предизвикуваат и
оспоруваат сите докази и да го подложат секое проучување на строго
испитување. Целта на нивниот критицизам е, не да го нападнат поединецот, туку
да се уверат дека методите употребени во истражувањето може да издржат
непосредно, внимателно испитување.
• Непристрасност. Научниците мора да бидат неутрални, непристрасни,
приемчиви и отворени за неочекувано набљудување или нови идеи. Тие не
треба да бидат строго врзани за одредена идеја или гледиште. Тие треба да
прифатат, дури и да бараат докази кои се против нивните ставови и треба чесно
да ги прифатат сите откритија засновани врз висококвалитетно истражување.
• Комунализам. Научното знаење мора да се сподели со другите; тоа му припаѓа
секому. Создавањето научно знаење е јавен чин и откритијата се јавна
сопственост, достапни за сите да ги користат. Начинот на кој истражувањето е
изведено мора да биде детално опишан. Новото знаење не е формално
прифатено се додека другите истражувачи не го разгледаат и додека не е јавно
достапно во посебна форма и стил.
• Чесност. Ова е општа културна норма, но е особено силна во научното
истражување. Научниците бараат чесност во сите истражувања; нечесност или
мамење во научното истражување е главно табу.
Науката и етиката
• Етиката почнува и завршува со вас,
истражувачот. Личниот морален кодекс на
истражувачот е најдобра одбрана против
неетичко однесување. Пред, во текот на и по
изведувањето на едно проучување,
истражувачот има можности и треба да
размислува за истражувачките акции и да ја
консултира својата совест.
• Етичкото истражување зависи од
интегритетот на индивидуалниот истражувач
и неговите или нејзините вредности.
неетичко однесување во науката
• Научното лошо изведување се случува кога истражувачот ги
фалсификува или ги искривува податоците или методите за
собирање на податоци или прави плагијат од делото на другите.
• Истражувачка измама се случува кога истражувачот
фалсификува или измислува податоци кои не се навистина
собрани, или фалсификувани извештаи како истражувањето
било изведено
• Плагијатот е измама која се случува кога истражувачот ги
краде идеате или писанијата на друг или ги користи без
наведување на изворот. Специјален тип на плагијат е крадење
на трудот на друг истражувач, асистент, или студент и негово
лажно претставување како свој труд
• Неетичко но законско. Однесувањето може да биде неетичко,
но да не го крши законот.
ЗАКОНСКИ ЕТИЧКИ
Да Не
Да Морални и законски Законски но неморални
Не Нелегални но морални Неморални и незаконски
Заклучок
Науката е посебно подрачје на интелектуалната дејност на
луѓето, што се одделило и осамостоиле врз основа на
општата поделба на трудот во општеството, благодарејќи
во прв ред на поделбата на духовната (интелектуална) и
физичката работа. Научниците, значи, продолжија со
човечката љубопитност, да одговараат на прашањата
што ги мачеа луѓето уште пред појавата на науката: што
се наоѓа од онаа страна на видливиот хоризонт, каков е
обликот на Земјата, кои се причините за врнењето на
дождот или молскањето на молњите, како настанува
живото битие, што е смрт итн.
Но, она што е карактеристично за науката, без оглед за која
наука станува збор, тоа е нејзината цел - подлабоко
откривање на вистината за појавите и нивните закони
отколку што е тоа можно со обичното посматрање - и
посебни средства и начини со кои таа доаѓа до оваа
цел.

You might also like