You are on page 1of 2

Бугарија

1. Големина и граници
Бугарија е држава која се наоѓа во југоисточна Европа, сместена на источниот и централниот
дел од Балканскиот полуостров.

Вкупната површина на земјата изнесува 111 001 km², и според тоа се наоѓа на 102 место по
големина во светот. Таа граничи со Црно Море на исток, со Република Грција и Република
Турција на југ , со Република Србија , Република Македонија на запад и со Романија на север
608 km.
Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1 290 000 жители. Други поголеми градови
се Пловдив (331 796), Варна(330 486) и Бургас (197 301).[8]. Бугарија е членка на повеќе
меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО и Европска унија.

2. Клима и вегетација
Климата во Бугарија е умерено-континентална со топли лета и ладни зими. Врнежите се
движат од 500 милиметри во североисточна Бугарија до 2600 милиметри во планините на
југозапад.
Бугарија има неколку посебни географски карактеристики: Стара Планина, Дунавската
рамнина, Тракиската низина и Родопските планина. Стара Планина ја дели земјата на два
приближно еднакви региони: северниот е зафатен од Дунавската рамнина, каде што се
наоѓаат најмногу плодните земји; јужниот е претежно планински, со исклучок на тракиската
низина и басенот на реката Марица. Највисоката точки во државата е Мусала, која има 2925
метри надморска височина.
Околу 35 проценти од територијата на Бугарија е покриена со шума, а околу 30 проценти се
погодни за земјоделство. Биодиверзитетот е заштитен во три национални паркови, 11
природни паркови и 17 резервати. Флората опфаќа над 3800 видови, од кои 150 се загрозени
и 170 се ендемити. Фауната е претставена од кафеава мечка, чекал, евроазиски рис, царски
орел, египетски лешинар, црноморски делфин и други.
3. Административна поделба
Од 1999 г. Република Бугарија административно е поделена на 28 области. Како посебна
област, се вбројува и градот Софија. Во Бугаријa има 264 општини и 354 града.
4. Религија и население
Според најновиот попис од 2011 година, вкупното население во Бугарија е 7 351 234 жители.
Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има
индекс 4,3. Средниот животен век на луѓето во Бугарија е 69 години за мажи и 76 години за
жени. Според официјалните државни извори најбројни се Бугарите со 83,9% од вкупното
население. По нив по бројност следуваат Турците со 9,4%, па Ромите со 4,7% и друго
население, претставено со 2% (вклучувајќи Македонци, Руси, Ерменци и други народи). Иако
во најголем дел асимиларини во бугарската нација, во Бугарија се зачувани остатоци и
од Грци, Каракачани, Гагаузи, Власи и други етнички заедници.
Најбројна религија е Православието, каде 87 % од населението се Православни. Втора
најголема религија е Исламот со 12,7% од населението.
5. Сообрќај и туризам
Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно
Море) и копнени патишта.
Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен)
и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и културниот, селскиот и
други алтерантивни форми на туризам.

You might also like