You are on page 1of 20

УНИВЕРЗИТЕТ “Св.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ - СКОПЈЕ

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Улога на централната и локална власт во создавање на претприемничка


економија

(Семинарска работа од предметот:Претприемнички менаџмент )

Предметни професори: Студент:

Проф. д-р Зоран Јаневски Миодраг Георгиевски

Проф. д-р Васил Поповски Досие број: 1856

Скопје, Декември 2018 година


Содржина:

Вовед............................................................................................................................1
1. Концепт на претприемничка економија...................................................................2
2. Улога на Владата во креирање и развој на претприемничкиот амбиент..............6
2.1. Креирање на поволна инвестициона клима.................................................6
2.2. Политика на одржување на конкуренцијата ..............................................11
3. Улога и мерки на локалната власт во поддршка на претприемништвото ..........13
3.1. Бизнис инкубатори .......................................................................................13
3.2. Научни паркови....................................... .....................................................14
3.3. Бизнис линк организации.............................................................................15
3.4. Бизнис мрежи................................................................................................15
3.5. Консултантски услуги и обука....................................................................16
4. Насоки за развој на претприемничкиот амбиент во Р.Македонија.....................16
Заклучок....................................................................................................................18
Summary....................................................................................................................19
Користена литература..............................................................................................20
Вовед

Поаѓајќи од суштинското значење на малите претпријатија за економијата како


и дека претприемништвото е клучен фактор за нивно стартирање и раст, јасно
произлегува дека треба да се развива бизнис клима со која таа врска ќе се поддржува.
Оттука, креаторите на политики, ја нагласуваат претприемничката култура во
општеството, како клучен фактор за капацитетот на општеството кое може да се
соочува со комплексностите и неизвесностите на глобалната конкурентска економија.

Имајќи предвид дека средината има големо влијание врз можностите за работа и развој
на претприемачите се јавува потреба секој кој се стреми да биде сопственик на
приватна фирма да биде свесен за тоа што се може и треба да направи власта за да им
ја олесни работата на претприемачите. Развојот на претприемништвото е директно
поврзано со егзистирање на претприемничка економија, односно специфичен
економски амбиент кој е во полза на претприемачите, а во голема мера го создава
токму власта.

Во оваа семинарска рабора се дава одговор на прашањето; Што се треба да


направат централната и локална власт за да овозможат развој на
претприемништвото? Во тој контекст креирањето на поволна инвестициона клима и
политиката на одржување на конкуренција како главни обврски на централната влада,
како и на улогата на локалната власт и мерките кои таа може и треба да ги превземе.

Оправданоста на темата произлегува токму од значењето на малите


претпријатија,како основен двигател на економскиот развој на секое општество, а кон
кое се стреми и Република Македонија. Со тоа сакаме да укажеме на нужност од
институционална и други видови поддршка од страна на државата и социјалните
партнери за создавање амбиент за развој на претприемништво и мали претпријатија во
Република Македонија и тоа, пред сè, во отстранувањето на бариерите и подобрување
на амбиентот за инвестирање во овој сектор.

Цел на семинарската работа е да се потенцира значењето на претприемачкиот


менаџмент и, како и можностите и перспективите кои ги нуди македонското општество
во создавањето, растот и развојот на малите претпријатија.
Очекуваните резултати на истражувањето се во насока да се добијат определени
квалитативни и квантитативни сознанија за улогата и значењето на
претприемништвото и малите претпријатија во развојот на националната и локалната
економија, за можностите, и ризиците на малите претпријатија, за потребните ресурси
кои влијаат на создавањето, растот и развојот на малите претпријатија,како и за
менаџментот намалите претпријатија.

Методологијата на истражување во семинарска работа се: методи на секундарно


истражување преку анализа на постојната литература,политики и податоци, како и
статистичкиот метод кој ќе се користи за анализа на временската серија на податоци

На тој начин се согледува состојбата колку властa се залага за развој на


претприемништвото, што до сега успеалa да постигнe и што би требало да се очекува
во иднина.

1. Концепт на претприемничка економија

Кога се има во предвид влијанието кое го имаат претприемачките претпријатија во


екомомиите во општеството, како и влијанието и врз поголемите претпријатија по
однос ефикасноста на активностите во истражувањата и развој на истите, како и тоа
дека средината има големо влијание врз можностите за работа и развој на
претприемачите се јавува потреба секој кој се стреми да биде сопственик на приватна
фирма да биде свесен за тоа што се може и што треба да направи власта за да им ја
олесни работата на претприемачите. Развојот на прептприемништвото е директно
поврзано со егзистирање на претприемничка економија, односно специфичен
економски амбиент кој е во полза на претприемачите, а тој економски амбиент го
создава токму власта.

Претприемништвото заедно со малите и средни претпријатија може да опстојат и да се


развиваат само во специфичен економски амбиент кој претходно треба да биде
создаден од страна на државата односно од власта на сите нивоа. 1

1
http://www.entrepreneur.com/article/204086 (Посетено на 22.11.2018 година.)
Тоа подразбира пазарен амбиент, приватна сопственост и доволен број на
мрежи за поддршка при основање и развој на малите и средни претпријатија.

Важно е да се напомене дека освен државата односно власта, постојат и други


елементи кои треба да допринесат во создавање на погодна клима за развој на
претприемништвото. Тоа се културата односно нејзината толеранција за неуспех,
традицијата во смисла на поседување приватни бизниси наспроти зависноста од
големите фирми и сигурната работа, политиката и политичките партии и нивните
политики и заложби за развој на претприемништвото и владеење на правото,
медиумите како средство за поттикнување на луѓето да започнат бизниси, формалните
образовните институции кои наместо да ја потикнуваат креативноста на младите
сведоци сме дека во голема мера ја ограничуваат, како и многу други учесници во
економскиот и општествен живот во една земја.

Од сите фактори најголема и најбрза промена во промоција и поддршка на


претприемништвото може да направи власта на централно и локално ниво.

Државата односно централната и локалната власт потребно е да воспостават


систем на подршка на малите и средни претпријатија како би се поттикнал развојот на
претприемничката економија во општеството. Создавањето на ефикасен систем на
поддршка е сложен процес каде покрај владата и владините агенции и институции тука
треба да се вклучи и невладиниот сектор но и самите приватни претпријатија.

Но токму тука се согледува една контрадикторност, од една страна дека за


развој на претприемништвото е потребна слобода на пазарот и иницијативите како и
намалување на државната интервенција и помош со цел претпријатијата сами и
слободно да се натпреваруваат на пазарот. Во услови на слободната конкуренција
најуспешните заслужено ќе го освојат пазарот. Но од друга страна креирањето на таков
амбиент на поддршка од страна на оној кој е должен да создаде конкурентска клима на
пазарот, власта.

До оваа констатација од страна на економската наука е дојдено по серија


истражувања каде е утврдено дека многу од успешните големи корпорации во нивниот
почеток уште како мали односно средни фирми биле помогнати од страна на владата
или пак некои други претпријатија кои им овозможиле поголеми шанси за раст и успех
Нешто слично се случило и во поствоените општества (Германија, Јапонија,
Италија и др.) каде локалните власти одиграле многу важна улога во поддршка на
претприемништвото и иновации. Мерки кои во иднина ќе се покаже дека многу
придонеле за враќање на овие земји на стабилни нозе.

Државата треба да ги замени класичните мерки на интервенција како што се


даноците, царините, субвенционираните каматни стапки на кредитите со новите и
софистицирани мерки за поддршка на претприемништвото, бизнис инкубатори, бизнис
мрежи, технолошки паркови и сл. кои имаат помали нарушувачки ефекти врз
економскиот систем на земјата, а од друга страна се позначајни и за самите
претприемачи.

Во претприемничка економија претприемништвото се практикува како во


малите и средни претпријатија така и во големите претпријатија но и во единиците на
локалната самоуправа, образованието, здравството итн. Со навлегување на
претприемништвото во сите овие сектори се повеќе почнуваме да зборуваме за
претприемничко општество.

Поддршката на претприемништвото се изразува во вид на организирана мрежа


на институции без разлика дали се приватни, јавни или државни.

2. Улога на Владата во креирање и развој на претприемничкиот амбиент

2.1. Креирање на поволна инвестициона клима

Инвестициона клима претставува збир на специфични фактори кои влијаат врз


можностите и поттиците на фирмите за продуктивно инвестирање, креирање на
работни места и ширење на бизнисите. Поволната инвестициона клима го забрзува
економскиот растеж и придонесува за редукција на сиромаштијата во земјата. Многу е
важно владата постојано да презема соодветни мерки за подобрување на истата.

Државата треба да создаде клима во која инвеститорите ќе може слободно да


инвестираат и работат, соодветно законски заштитени и без било какви ризици од
злоупотреби. Треба да создаде држава во која инвеститорите нема да се плашат и
двоумат околу тоа дали е безбедно да ги инвестираат своите парични средства.

Владата треба да создаде услови за најниски трошоци при основање на бизнисот


како и да овозможи соодветн потик за раст. Во случај бизнисот да пропадне основачот
ќе поднесе само минимални загуби.

Самата влада може да влијае и тоа значително на некои трошоци како што се:
долги процедури и суми за регистрација на фирма, даночно оптоварување, квалитетот
и цената на инфраструктурата (енергетика, телекомуникации, патна инфраструктура и
сл.), корупцијата и многу други работи кои ги зголемуваат трошоците на фирмите.

Освен трошоците државата треба да ги намали ризиците за водење бизнис преку


заштитата на сопственичките права, ценовната стабилност, предвидливите политики,
стабилна валута и сл.

Клучни елементи за создавање поволна инвестициона клима се: 2

 Сопственички права
 Владина регулација
 Административно-бирократски пречки и корупција
 Инфраструктура
 Оданочување
 Финансирање на бизниси
 Институции (квалитет, ефикасност и кредибилитет)
 Политики на привлекување СДИ

Сопственички права – За созавање на поволна инвестициона клима неопходно


е донесување на соодветни закони и судски систем кој ќе гарантира добра заштита на
сопственичките права, ефикасно извршување на договорите како и експресно
разрешување на споровите.

Добрата заштита на сопственички права овозможува 3 предности за фирмите:

2
World development report 2005.A better investment climate for everyone. 2004 The International Bank for
Reconstruction and Development / The World Bank.Available
at:http://siteresources.worldbank.org/INTWDR2005/Resources/complete_report.pdf
 Овозможува еднакви можности на луѓето да инвестираат
 Полесно се одлучуваат да инвестираат во човечки капитал и опрема
 Ги оневозможува моќните групи како што се политичките и бизнис
елити да го експроприраат доходот и да ги присвојат туѓите инвестиции

Владина регулација – Познато е дека пазарот е најефикасен механизам за


алокација на ретките и ограничени ресурси кон точките на нивната најпродуктивна
употреба, но сепак тој не е семоќен. Постојат одредени домени на економска активност
каде пазарот не може успешно да ги разреши проблемите, тој почнува лошо да
функционира и е неопходна владина интервенција односно регулација. Но треба да се
има предвид дека како што постои пазарен неуспех така може да постои и неуспех на
државата, па државната регулација треба да биде предмет на постојано регулирање и
преиспитување. Во одредени случаи се јавува проблемот на rent-seeking (мито, разни
привилегии и сл.) како и разни лобирања од страна на големите компании кои ќе
сакаат да ги одржат своите позиции на пазарот.

Владата ќе мора да донесе соодветни закони со кои ќе ги заштити своите


граѓани од монополските позиции на одредени компании но и од загадувањето
на животната средина кое може негативно да се одрази на долг рок.

Тука говориме за владина регулација врз:

 природни и комерцијални монополи


 екстерналиите (загадување)
 асиметричните информации (неповолно избирање и морален хазард)

Административно-бирократски пречки и корупција – постои висока


корелација односно идеално совпаѓање помеѓу должината на процедурите за основање
нов бизнис и застапеноста на корупцијата во државата. Власта треба да се залага бројот
на процедури и денови за регистрирање и отпочнување со работа на фирмите да се
сведе на минимум како не би имало основа за подмитување на службениците.
Корупцијата претставува голем проблем за земјите во транзиција, (Табела 1) таа ги
зголемува трошоците за водење бизнис, ги колеба инвеститорите кои сакаат да
започнат со работа но и ја намалува довербата на граѓаните во институциите на
системот. Според податоците на ЕБРД(европска банка за рекконструкција и развој)
може да се заклучи дека дошло до одредено намалување на корупцијата во земјите во
транзиција но таа сеуште претставува голем проблем кој треба континуирано да се
решава и во иднина.

Табела 1. – Рангирање на земјите според степенот на корупција3

*оценување од 0-10 2017 2016 2015 2014 2013


1 Нов Зеланд 8.9 9.0 9.1 9.1 9.1
2 Данска 8,8 9,0 9,1 9,2 9,1
54 Италија 5,0 4,7 4,4 4,3 4,3
57 Хрватска 4,9 4,9 5,1 4,8 4,8
59 Грција 4,8 4,4 4,6 4,3 4,0
64 Црна Гора 4,6 4,5 4,4 4,2 4,4
71 Бугарија 4,3 4,1 4,1 4,3 4,1
77 Србија 4,1 4,2 4,0 4,1 4,2
91 Албанија 3,8 3,9 3,6 3,3 3,1
107 Македонија 3,5 3,7 4,2 4,5 4,4

Извор:https://www.transparency.org/news/feature/corruption_perceptions_index_
2017#table

Мерки за намалување на корупцијата:

 подобрување на ефикасноста на судството


 имплементирање на едношалтерски систем
 ограничување на правата на владините функционери
 непристрасна државна регулација
 зајакнување на независноста на институциите кои се борат против
корупцијата

3
http://www.transparency.org/news/feature/corruption_perceptions_index_2017#
Инфраструктура – ова се однесува на крупната инфраструктура: енергетика,
телекомуникации, патишта, железници итн. Власта треба постојано да се залага за
намалување на трошоците кои фирмите ги одвојуваат за користење на комплетната
инфраструктура како и намалување на времето потребно за патување. Владите мора
редовно да одвојуваат соодветни буџетски средства за изградба, модернизација и
одржување на крупната инфраструктура. Освен директи инвестирања од страна на
државата тука може да се користат и разни видови на концесии. Кога зборуваме за
привлекување на СДИ или развој на рурални средини од државата, поседување
солидна инфраструктурата е од голема важност.

Оданочување–ова е еден од елементите кои имаат клучно значење за развој на


претприемништвото. Преку даноците владата директно влијае врз трошоците за
водење на бизнис. Таа треба да се залага за пониски даноци со цел поголем дел од
парите да остануваат кај приватниот сектор кој во иднина тие средства би ги
реинвестирал. Оданочувањето може да биде линеарно или скалесто, односно сите да
плаќаат исти даноци или оние кои имаат поголеми приходи да плаќаат повисоки. Тука
станува збор за правење компромис помеѓу принципите на правичност и ефикасност.
Која и опција да се одбере ќе има добитници и губитници па е неопходно ова прашање
сериозно да се анализира од страна на властите. Во Р. Македонија се користи
принципот на рамен даночен систем.

Превисоките даноци ќе ги демотивираат инвеститорите за понатамошни


вложувања, ќе доведат до даночна евазија и зголемување на корупцијата. Во најголем
број случаи зголемувањето на даноците нема да допринесе за собирање поголеми
парични средства во државниот буџет.

Финансирање на бизниси – битен елемент за создавање поволна инвестициона


клима претставува можноста на фирмите да дојдат до потребните финансиски
средства. Владата мора да преземе мерки за зголемување на конкуренцијата на
банкарскиот сектор што би придонело за пониски каматни стапки за кредитите, развој
на берзата како и развој на ризичниот капитал.
Институции– постојана заложба на владата треба да биде подобрување на
квалитетот, ефикасноста и кредибилитетот на сите државни институции со цел сите
поединци да имаат доверба во истите.

Политики за привлекување на СДИ – за една земја која е успешна во


привлекување на СДИ може да се каже дека успешно ги управува сите погоре
споменати фактори со оглед на тоа што застапеноста на СДИ најдиректно ја потврдува
успешноста на владата за подобрување на инвестиционата клима во државата.

 Добра заштита на сопственички права, ефикасно извршување на


договорите, ефикасен судски систем и владеење на правото, стабилни и
предвидливи политики на владата, справување со корупцијата и
елиминирање на административно-бирократските пречки имаат клучно
значење за привлекување на СДИ
 Стабилна и предвидлива даночна политика и еднаков даночен третман на
економските субјекти како и даночни олеснувања придонесува за нови
СДИ. Тука треба да напоменеме дека даночните олеснувања се битни но
не и пресудни за доаѓање на нови СДИ
 Континуирана и добро осмислена промоција на можностите за
инвестирање во конкретната земја
 Ширина и апсорпциона моќ на пазарот како и постоење на договори за
слободна трговија, добрата инфраструктура и сл.
Државите што сакаат да ги привлечат странските компании да инвестираат
во нивните стопанства треба да имаат проактивна политика за привлекување
на странските директни инвестиции.Политиките и мерките за зголемување
на СДИ можат да бидат: мерки кои треба да се превземат со цел
воспоставување на стабилност на земјата во економски, правен и политички
домен инамалување на ризиците кои се вкалкулирани од странана
странските инвеститорите
2.2. Политика на одржување на конкуренцијата

Со цел пазарот да функционира нормално и без ограничувања потребно е да се


донесат одредени анти-монополистички законодавства. Со овие закони се забранува:4

 Договарање помеѓу претпријатијата за покачување на цените, поделба на


производни квоти и пазари.
 Илегални постапки на претпријатијата
 Фузија помеѓу претпријатијата доколку тие водат кон монополизација на
понудата или побарувачката

Договарање помеѓу претпријатијата за за покачување на цените, поделба на


производни квоти и пазари односно формирањето на картели се смета за најтежок
облик на злоупотреба на монополистичката моќ на претпријатијата и истите треба да
подлежат на ригорозни санкции.

Исто така дампинг цените, брзаните договори и дискриминаторските цени се


сметаат за илегални постапки на претпријатијата. 5

Фузијата помеѓу претпријатија треба да биде санкционирана само доколку води


кон создавање на монопол на понудата или побарувачката, а ова се докажува по судски
пат. Доминантната положба на пазарот сама по себе не подлежи на санкции.

Најстарите закони за ограничување на монополите се донесени во САД,


Шермановиот закон од 1890-та и Клејтоновиот од 1914-та година. Овие први закони за
ограничување на монополи се донесени за време на империјата на Џон Рокфелер кој во
1880-та година контролирал преку 95% од рафинериите во САД. Standard Oil Company
претставувала вистински монопол на пазарот во САД. На Џон Рокфелер му биле
потребни 17 години од 4.000 $ да создаде вистинска империја која поседува преку 95%
од производството, а таа позиција ја одржал повеќе од две децении. На
администрацијата и биле потребни 26 години да поведе пријава и уште 6 години да

4
Закон за заштита на конкуренција,Службен Весник на Република Македонија, Службен весник на РМ
бр.145/2010
5
Исто
донесе пресуда по што Standard Oil Company се поделила на четири компании Mobile,
Exxon, Chevron и Amoco.6 Денес одлично функционираат ExxonMobile и Chevron.

3. Улога и мерки на локалната власт во поддршка на претприемништвото

3.1. Бизнис инкубатори

Станува збор за релативно нови институции кои во високоразвиените земји


почнаа да се масовно да се формираат во почетокот на осумдесеттите години на
дваесеттиот век. Истите денес се формираат и во земјите во развој и транзиција.

Бизнис инкубаторите се институции чија основна цел е да го поддржат процесот на


селекција на претприемничките идеи и нивна комерцијализација преку воспоставување
на нови мали и средни бизниси.
Бизнис инкубатороите се состојат од поголем број на мали претпријатија лоцирани на
едно место,по правило во една зграда.Изразот инкубатор се користи како општ назив
за различни врсти на организации кои се бават со основање и развој на нови мали
претпријатија на стартот,во првите фази на животот кои се многу осетливи на
надворешни опасности и внатрешни грешки,од идеја до стадиум на развојот кога
претпријатието станува самоодржливо.7
Инкубаторите на фирмите им нудат стручна помош при управување и експертско
знаење, полесен пристап до финансии и опрема, им обезбедуваат деловен простор,
консултации, разни видови на контакти, правна помош и сл.

Бизнис инкубаторите можат да се поделат на неколку типови. Според


Економската Комисија на Обединетите Нации за Европа (UNECE) инкубаторите се

6
http://en.wikipedia.org/wiki/Standard_Oil(Посетено на 22.11.2018 година.)

7
Илич Милан ,Пословни инкубатори и кластери као модел развоја малих и средних предузеча у
индустрији,Индустрија 4/2006–Прегледни научни чланак ,2006,стр 69-98
делат на следниве типови: класични бизнис инкубатори/бизнис центри, индустриски
паркови/зони, технолошки и научни паркови и виртуелни бизнис инкубаторти.Постојат
три вида на бизнис инкубатори, инкубатори од ниско технолошко ниво, средно и
високо во кои се примаат исклучиво соодветни компании.8

Бизнис инкубаторите и научни паркови треба да се основаат во региони во кои


се застапени опаѓачки индустрии и генерално региони кои имаат високи стапки на
невработеност. Тие најчесто претставуваат коалиција на тројца партнери: локалната
власт, универзитетот и бизнис заедницата. Локалните власти обезбедуваат простор и
инфраструктура, универзитетите трансфер на знаење, а бизнис заедницата финансии.

Инкубаторите работат на непрофитна основа, додека евентуалните финансиски


добивки се инвестираат во натамошен развој на инкубаторот. Можно е да постојат и
инкубатори основани од приватни лица кои ќе работат врз комерцијална основа и во
тој случај профитот се дели помеѓу основачите.

Денес постојат околу 7.000 инкубатори низ целиот свет од кои речиси 1.500 се
во Северна Америка, а преку 1.000 во Западна Европа, на чело со Германија, Франција
и Велика Британија.9

3.2. Научни паркови


Во литературата како синоним за Научно технолошки паркови се користат
разлицни називи:технолошки паркови, истражувачки паркови,технополис или со
еден назив центри за бизнис иновации.
Научно технолоски паркови претставува широк поим кој се користи како би се
опшшале разните облици на симулација за развојот на претприемништвото.10

Научни паркови, истражувачки паркови или технолошки паркови (техно поли)


се институции посветени исклучиво на научни истражувања. Истите настанале во

8
Илич Милан ,Пословни инкубатори и кластери као модел развоја малих и средних предузеча у
индустрији,Индустрија 4/2006–Прегледни научни чланак ,2006,стр 69-98
9
http://en.wikipedia.org/wiki/Business_incubator(Посетено на 23.11.2018 година)
10
Илич Милан ,Пословни инкубатори и кластери као модел развоја малих и средних предузеча у
индустрији,Индустрија 4/2006–Прегледни научни чланак ,2006,стр 69-98
педесеттите години во САД, а денес таму се лоцирани околу 150 вакви паркови.
Пример, Силиконската долина, Stanford Research Park NASA Research Park и др. 11

Научните паркови се лоцирани во одредени предели и функционираат како еден


мал и високотехнолошки град. Имаат мали и модерни згради, места за спорт и
рекреација, ресторани и многу други работи кои им го олеснуваат животот на
истражувачите и им ја зголемуваат креативноста.

Научните паркови на прв поглед се многу слични со бизнис инкубаторите но


всушност тие нудат можност за развивање на високотехнолошки производи кои имаат
големо значење за националната економија но и светскиот развој. Во научните паркови
најчесто се присутни големите корпорации кои заедно со универзитетите и разни
видови техничари се концентрирани кон создавање нови и подобрени производи.

Постојат неколку клучни елементи кои придонесуваат научните паркови да се


дистанцираат од бизнис инкубаторите: имаат нагласена научно-технолошка
компонента, висококвалитетен менаџмент, успешни маркетинг стратегии и совршен
претприемнички амбиент.

3.3. Бизнис линк организации

Претходно споменавме дека властите треба да создадат широко разгранети


мрежи за поддршка на претприемништвото и малите и средни претпријатија. Но токму
големиот број на најразлични институции може да создадат конфузија кај
претприемачите кои нема да знаат каде е најдобро да побараат совет па така ќе губат
време одејќи од една во друга институции, а згора на тоа нема да бидат сигурни и дека
ја одбрале вистинската. Исто така ваквата конфузија создадена од разни агенции ќе
придонесе до создавање на ривалство и нелојална конкуренција помеѓу истите. Бизнис
линк организациите треба да претставуваат збир на сите неопходни услуги за
потребите на малите и средни претпријатија на едно место. 12

3.4. Бизнис мрежи

Имајќи го фактот дека малите фирми се соочуваат со големи слабости во


работењето како што е недостиг на ресурси, знаење, опрема и слично во 1988-ма

11
Science parkhttp://en.wikipedia.org/wiki/Science_park(Посетено на 23.11.2018 година)

12
http://en.wikipedia.org/wiki/Business_Link(Посетено на 23.11.2018 година)
година во Данска се развил концептот на бизнис мрежи. Главната цел на бизнис
мрежите е создавање на механизми за соработка и кооперација помеѓу малите бизниси
со комплементарни производствени програми со цел да ја зголемат својата
конкурентска моќ и да се одржат на пазарот. 13

Битно е да напоменеме дека тука не станува збор за фузии, односно спојување


на претпријатијата. Суштината на бизнис мрежи е тоа да тие меѓусебно си помогнат во
поглед на зголемување на производствени можности, подобрување на квалитетот на
производите, трансфер на технологија и знаење, но може да стане збор и за заедничко
настапување на странски пазари.

3.5. Консултантски услуги и обука

Тука треба да се споменат сите видови на консултантски услуги и обука која


треба да се обезбеди од локалната власт и да се понуди на малите и средни
претпријатија. Во оваа група спаѓаат финансиски, сметководствените услуги, разни
правни совети и услуги од адвокати, помош околу изработка на бизнис план и
маркетинг итн. Освен консултациски услуги локалните власти треба да спроведуваат и
соодветни обуки, предавања, семинарии сл.

4. Насоки за развој на претприемничкиот амбиент во Р. Македонија

Република Македонија направи значаен исчекор за збогатување на бројот на


МСП. Денес во Р. Македонија се регистрирани 71419 претпријатија 14
Вистински
проблем претставува тоа што изостануваат вистински претприемнички, иновативни,
брзорастечки и извозно ориентирани МСП кои во голема мера би придонеле за
државната економија. Најголем дел од нив работат во секторот на трговијата, каде не
се создаваат нови вредности.

Во Р. Македонија изостануваат некои од виталните активности на


претприемничките процеси кои може да имаат големо влијание за раст на
претпријатијата, а воедно и претприемништвото. Тука се мисли на бизнис ангелите,
бизнис мрежите, научните паркови но и официјалните ризични фондови.

http://en.wikipedia.org/wiki/Business_networking(Посетено на 23.11.2018 година)


13

Државен завод за статистика, 2017-та годишен извештај


14
Во иднина треба да се работи на константно подобрување на инвестиционата
клима т.е. одржување на ниските даноци, зајакнување на капацитетот на институциите,
реформирање на судскиот систем, зголемување на капиталните инвестиции (енергетска
и патна мрежа која е во огромен дефицит) како и подобрување на претприемничката
култура во земјата преку воведување на претприемништвото како предмет во средните
училишта со што ќе се зголеми претприемачката свест кај новите генерации.

Владата на Република Македонија е посветена на економскиот раст и развој во


земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани
како „План за економски раст“, поделени во три столба, чија главна цел е да се
поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на
македонските компании.

Првите два столба од Планот, се спроведуваат преку Закон за финансиска


поддрска на инвестиции 15 усвоен од Собранието на Република Македонија во мај 2018
година, додека мерките од третиот столб се спроведуваат преку имплементација на
Среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за
иновации и технолошки развој, со што се овозможува практична реализација на мерките од
Планот за економски раста

Исто така Владата согласно законите кои го опфаќаат делот за финансиската подршка
на инвестиции на Република Македнонија има донесено :

 Стратегија за регионален развој на Р Македонија 2009-2019

 Стратегија за иновации на Република Македонија за 2012-2020

 Стратегија за претприемачко учење во Р Македонија 2014-2020

 Национална Стратегија за мали и средни претпријаттија 2018-2023

 Среднорочна програма за работа на фонд за иновации и технолошки развој за


финансиска подршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 ,

Според тоа, овие стратегии целат кон започнување на трансформација на


земјата во економија заснована на знаења способна да биде конкурентна на
меѓународните пазари преку нејзината обучена работна сила и иновативни

15
Закон за финансиска подрска на инвестиции,Службен Весник на Република Македонија, Службен
весник на РМ бр.83/2018
компании. Имајќи ја предвид ограничената расположливост на ресурси и
потребата за развој на критична маса на ресурси и компетенции за
постигнување на конкурентност на меѓународно ниво, стратегија за паметна
специјализација обезбедува здрава основа за изградба на национален систем
за иновации.

Бројот и вредноста на СДИ кои влегуваат во земјава ќе биде добар показател за тоа
колку е направено на полето на развој на инвестиционата клима и воедно
претприемничкиот амбиент во земјата.

Заклучок

Имајќи го предвид огромното значење на малите и средни претпријатија за една


национална економија, државата мора да создаде соодветни услови за влез, раст и
развој на овие претпријатија. За развој на претприемништвото во одредена земја
потребно е да постојат одредени специфични услови кои треба да се создадат од страна
на власта. Таа треба да создаде претприемничка економија, слободен пазар, приватна
сопственост и мрежа на институции кои ќе ги помагаат новооснованите фирми.

Воедно државата треба да го олесни влезот на нови фирми со воведување


едношалтерски систем и минимални давачки како би им ја олеснила работата на
претприемачите. Владата треба да создаде и да ја одржи поволната инвестициона
клима и да донесе соодветни закони за ограничување на монополите. Локалните власти
имаат повеќе мерки на располагање меѓу кои основањето на бизнис инкубатори и
научни паркови, бизнис линк, мрежи и сл.

Кога зборуваме за Р. Македонија треба да напоменеме дека е постигнат


соодветен напредок во насока на развојот на малите и средни претпријатија и
претприемништвото во целина но сепак има уште многу што треба да се направи во
иднина. Клучен елемент е одржувањето на поволна инвестициона клима како и
изнаоѓање на поволни странски средства за финансирање на нови приватни проекти
(EBRD, IBRD,IMF и сл.) но и да се обезбедат поголеми финансии за поддршка на
работата на Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото (АПП).
Во последните години се забележува постојан раст на СДИ во земјава што
според погоре образложението треба да претставува доказ за постоење на поволна
инвестициона клима. Сепак дали е тоа случај или не ќе оставиме за некое друго
понатамошно и поисцрпно истражување.

Summary

The article elaborates the meaning of entrepreneurial economy for small and medium
sized enterprises. We are going to elaborate the role of the central goverment in creating an
entrepreneurial enviroment and their commitment on creating better investment climate in the
country. After that we are going to talk abouth measures for supportign of local
entrepreneurship like business incubators, scientific parks, business networks, business link
organisations and so on. At the end we are going to see how Macedonian government is
developing entrepreneurial economy and what they can do to make it better in the future.
Користена литература

Државен завод за статистика, 2017-та годишен извештај

Државен завод за статистика, 2017-та годишен извештај

Закон за заштита на конкуренција,Службен Весник на Република Македонија,


Службен весник на РМ бр.145/2010

Закон за финансиска подрска на инвестиции,Службен Весник на Република


Македонија, Службен весник на РМ бр.83/2018

Илич Милан ,Пословни инкубатори и кластери као модел развоја малих и средних
предузеча у индустрији,Индустрија 4/2006–Прегледни научни чланак ,2006,стр 69-98

State of the Business Incubation Industry 2006

АПП Р.М. http://www.apprm.gov.mk/msp1.asp?id=8

Science park http://en.wikipedia.org/wiki/Science_park

http://www.entrepreneur.com/article/204086

http://www.transparency.org/

http://siteresources.worldbank.org/INTWDR2005/Resources/complete_report.pdf

http://en.wikipedia.org/wiki/Corruption_Perceptions_Index

http://aetherwavetheory.blogspot.com/2009_02_15_archive.html

http://en.wikipedia.org/wiki/Laffer_curve

http://en.wikipedia.org/wiki/Standard_Oil

http://en.wikipedia.org/wiki/Business_incubator

http://en.wikipedia.org/wiki/Business_Link

http://en.wikipedia.org/wiki/Business_networking

You might also like