You are on page 1of 1

Правилник за преведувачи

- Фонт: Times New Roman (македонска поддршка)

- Величина: 12

- На крајот да се наведе име и презиме на преведувачот, и образование;

- Цитатите од Светото Писмо да се препишуваат буквално од Светото Писмо, а не


да се преведуваат. Само во случај кога стихот во оригиналот не се совпаѓа со
нашиот превод, може да се преведе од оригиналот, но во фус-нота да се наведе како
е во нашиот официјален превод. Електронската форма на Светото Писмо може да ја
добиете од нашата издавачка дејност.

- По завршувањето на преводот, преведувачот е должен барем еднаш да го прочита,


провери и поправи својот превод, па дури потоа да ни го испрати како word
документ.

- Посебните карактери è и ì ги користиме од фонтот MB_Times, кој можете да го


добиете по e-mail од нашата издавачка дејност.

- Нејасните зборови и реченици да се потцртаат (underline), или пишете ни на мејл,


па ќе ви одговориме, како правилно да преведете.

- Празно место (space) не се остава пред знакот за интерпункција, туку по знакот;


како и пред почетната заграда, и по завршната заграда (доколку по заградата не
следи друг знак).

- Кога се зборува за Христос, а треба да се употреби лична заменка, наместо Тој


користиме Он.

- Имињата кои во српскиот јазик завршуваат на –је (Григорије, Антоније) ги


преведуваме со завршеток –ј, т.е Григориј, Антониј, Макариј итн.

You might also like