You are on page 1of 1

Ајде да се прошетаме до Јамајка, а?

Историска Јамајка
Јамајка е остров со помалку од 3 милиони луѓе, Лоцирана на Карибите, јужно од Куба.
Се до пристугнувањето на Кристофер Колумбо во 1494 островот бил населен со Аравак
Америндианс (Arawak Amerindians). Во рок од сто години, поголемиот број од нив
изумрелe Поради лошото однесување и болестите на Европјаните на кои тие не биле
отпорни. На крајот од 17-ти век, Британците завзеле контрола над островот и ги
експлоатирале природните ресурси на какао, кафе и шеќерна репка, искористувајќи ги
робовите. По укинувањето на робството во 1834, долгата борба за еднакви права
започнува. Еднаквост била конечно постигната во 1962, кога Јамајка станала независна
држава. Нејзина најголема индустрија е туризмот.

Спортска Јамајка
Домино е националниот спорт и Јамајканците се луди по крикет, спорт кој бил донесен
за време на колонијалното владеење на Англија. Од неодамна спортот во Јамајка кој
најмногу го привлече вниманието на Холивуд е боб. Покрај фактот што во Јамајка има
малку снег, Јамајка успеала да го квалификува тимот по боб во олимписките игри во
1988 година во Калгури, Канада. Поради судир успеваат да ја достигнат само 35-та
позиција. Но, 6 години подоцна Лилхамер, Норвешка, постугнуваат Пристојно 14-то
место со што го престигнуваат тимот на САД. Оваа приказна е инспирација за
холивудскиот филм `Реге на Мраз`.

Музикална Јамајка
Боб Марли за многу луѓе за секогаш ќе биде не само гласот на Јамајка и на реге
музиката, туку и како глас на потиснатите луѓе. Неговата заразна мелодија често ги
задскривала острите текстови кои огласуваат за угнетувања од било кој вид. Боб Марли
ја воведе реге музиката во трендовската популарна култура и го направи социо-
религиозното движење Растафаризам попознато.

Повеќе од реге
Во последните неколку години, пар интересни настани се станати интернационално
важни случувања. Во ноември го има Годишниот Јамајкански Филмски Фестивал, кој
иако не толку познат како неговите двојници во Кан, Венеција и Торонто, има многу
што да понуди. Згора над сето ова е фактот што тој се одржува на Монтего Беј,
најпознатиот јамајкански комплекс плажи. За по атлетски градените, на 3ти декември
го има Реге Маратонот, кој прв пат беше истрчан во 2001 година. Не е стар колку
Бостонскио маратон, или популарен колку Лондонскиот, но само кај него можеш да
трчаш 26 милји во ритамот на реге долж белиот песок на Карубиските плажи. Се
прашувам, кој ќе биде победникот оваа годинa?!

You might also like