You are on page 1of 12

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА

ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ
РЕГИОН
Бр. 05-122/20
30.08.2019 год.
Струга

Д О Г О В О Р
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ
Изведба на нови сообраќајни решенија во Вевчани

ДОГОВОРНИ СТРАНИ

1. Центар за развој на Југозападниот плански регион, со седиште на


ул. Партизанска бб (П.Ф. 27), 6330 Струга, застапуван од раководителот м-р Мирјана
Лозаноска, во понатамошниот текст "Договорен орган", односно, "Набавувач", од една
страна

2. Трговско друштво за градежништво, трговија и услуги БОКОП Бороец


Струга ДОО, со седиште во населено место Боровец, 6330 Струга, застапуванo од
Нејат Исоски, во понатамошниот текст како "Економски оператор", односно, "Носител на
набавката", од друга страна.

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

Член 1
Предмет на Договорот на јавната набавка за работи е: Изведба на нови
сообраќајни решенија во Вевчани, според утврдена техничка спецификација.

Член 2
Предметот на договорот за јавната набавка од член 1 е детаљно опишан во
Техничката спецификација од тендерската документација на Поедноставената отворена
постапка со оглас бр. “03919/2019”, која целосно се спроведe преку ЕСЈН и заврши со е-
аукција како последна фаза од постапката.
Овој Договор е валиден со обезбедена гаранција за квалитетно извршување на
работите од страна на Носителот на набавката.
Техничката спецификација, прифатените понуди со предмер-пресметки и планот и
динамиката за извршување на работите се составен дел на овој Договор.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Член 3
Вкупната вредност за изведба на предметот на набавка од член 1, за Дел 1, на овој
Договор изнесува 3.130.000,00 денари, без вклучен ДДВ, со букви: (три милиони и
стоитриесет илјади денари), додека вредноста на ДДВ е искажана посебно и изнесува
563.400,00 денари, со букви (петстотинишеесетитри илјади и четиристотини денари).
Единичните цени од прифатената понуда, како и вкупната вредност на Договорот
се фиксни и непроменливи по било кој основ.
Описот на работите за изведба на постојните сообраќајници е утврден во
прифатената понуда, која е составен дел на овој Договор.
Договорните страни се согласни дека евентуалните промени на цените на пазарот
нема да влијаат на вредноста на овој Договор.

НАЧИН И РОК НА ПЛАЌАЊЕ

Член 4
Плаќањето на износот од членот 3 од овој Договор ќе се изврши на два пати:
- прв дел по 50 насто од завршувањето на работите, по изготвување на времена
ситуација, на стварно изведени работи, потпишана и заверена од страна на овластен
надзорен орган, и

- останатиот дел по целосното извршување на работите, односно по изведбата на


новите сообраќајни решенија во Вевчани, и по достава на фактура, и врз основа на
доставена завршна ситуација, а во согласност со спецификациите од тендерската
документација.

Времената и Завршната ситуација, Носителот на набавката, ја составува и


поднесува за исплата до Договорниот орган, врз основа на стварно изведени завршени
работи, потпишана и заверена од страна на овластен надзорен орган.

Договорниот орган, согласно Договорот за реализација на проекти во Југозападен


плански регион бр. 08-109/1 од 13.06.2019 година, до Бирото за регионален развој ќе ја
достави исплатната документација (времена и завршна ситуација), како и други
релевантни докази за извршените работи на зафатот според приложениот инвестициски
проект и записникот од извршениот технички прием на сообраќајниците, потпишан и
заверен од изведувачот на работите по доставување на завршна ситуација, а претставници
од Бирото за регионален развој ќе извршат непосреден увид на сообраќајниците кои се
предмет на јавната набавка.

По реализираниот увид од страна на БРР и по трансферот на средствата на


сметката на Договорниот орган од страна на БРР, Договорниот орган вирмански, а
најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена, истите ќе ги трансферира на сметката на
Носителот на набавката.
Член 5
Договорниот орган има право да задржи сразмерен дел од вредноста на договорот
за отстранување на недостатоците утврдени при примо-предавањето на работите.
Задржаниот дел, Договорниот орган може да го употреби за отстранување на
недостатоците на изведените работи, ако Носителот на набавката на писмена покана од
Договорниот орган не ги отстрани тие недостатоци во примерниот рок што ќе му го
определи Договорниот орган.
Задржаниот износ, односно, неговиот непотрошен дел, Договорниот орган му го
исплатува на Носителот на набавката по отстранувањето на недостатоците утврдени при
примо-предавањето.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Член 6
Банкарската гаранција за квалитетно извршување на Договорот, во висина од 15% од
вредноста на договорот, важи до целосно извршување на обврските од страна на
Носителот на набавката и истата Договорниот орган може да ја активира и за време на
важењето на Договорот и по раскинувањето на Договорот поради неисполнувањето на
обврските што произлегуваат од овој Договор.
Неквалитетното и задоцнетото извршување на договорот повлекува и раскинување на
предметниот Договор.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, ќе биде наплатена доколку
носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во
рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде
до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе
објави на ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно
извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носителот
на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното,
банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја
враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на
договорот.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот Договорниот орган му ја враќа
на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или
лично во седиштето на договорниот орган.

НАЧИН И РОК ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ

Член 7
Носителот на набавката се обврзува да започне со работа во рок од 3 дена од денот
на воведување во работа од страна Договорниот орган и Надзорниот орган со кој ќе бидат
дефинирани видот на работата, локацијата и рокот за извршување на работата.
Носителот на набавката е должен да ги изведе предвидените работи во рок од 70
(седумдесет) дена од денот на воведување во работа и потпишување на договорот на
следните локации: изведбата на новите сообраќајни решенија во Вевчани, според
утврдената техничка спецификација и изработени предмер-пресметки.
Рокот за изведување на работите тече од воведувањето на Носителот на набавката
во работа. Ако Носителот на набавката не ги започне работите веднаш по воведувањето во
работата, Договорниот орган ќе му остави дополнителен рок од 5 (пет) дена за
започнување на работите. Ако Носителот на набавката ниту во дополнителниот рок, не
започне со изведување на работите, Договорниот орган може да го раскине договорот и да
бара од Носителот на набавката договорна казна, или наплата на гаранцијата за
квалитетно извршување на Договорот.
Носителот на набавката се обврзува веднаш по излегувањето на самото место да ја
изврши работата без одлагање, во целост, без прекин и во утврдениот рок.

Член 8
Договорниот орган има право да го задолжи Носителот на набавката со:
- Договорна казна - доколку има задоцнување;
- Сите износи за евентуално неизвршени работи, а наведени во фактурата како
извршени, со двојно зголемена вредност;
- Договорна казна во случај на настанување на услови за наплата на договорната
казна, согласно член 7 од овој договор.

ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА


ДОГОВОРОТ

Член 9
Договорниот орган и Носителот на набавката можат да се договорат дека
Носителот на набавката ќе му плати на Набавувачот определен паричен износ (договорна
казна), ако:
- не ја исполни својата обврска, или
- задоцни со нејзиното исполнување.

Член 10
Договорната казна изнесува 1%0 (1 промил) од вкупната договорена цена на
работите, за секој ден задоцнување, ако работите не се завршат во предвидениот рок, со
тоа што износот на така определената договорна казна не може да помине 5% од вкупната
цена на работите.

Член 11
Договорната казна се пресметува до примо-предавањето на сообраќајниците,
односно, на делот што претставува економско-техничка целина и може да се користи
самостојно.
Ако Набавувачот го започнал користењето на сообраќајниците, или на дел од нив,
пред примопредавањето, договорната казна се пресметува до почетокот на користењето.
Член 12
Кога казната е договорена за случај на неисполнување на обврската, Набавувачот
може да бара или исполнување на обврската или договорна казна.
Кога казната е договорена за случај да се задоцни со извршување на обврската,
Набавувачот може да бара и исполнување на обврската и договорна казна.

Член 13
Набавувачот има право да бара договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува
висината на штетата што ја претрпел, како и кога не претрпел никаква штета.
Ако штетата што ја претрпел Набавувачот е поголема од износот на договорната
казна, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.

Член 14
Носителот на набавката е должен работите од овој Договор да ги врши совесно и
квалитетно, според описот во проектната документација, а во согласност со нормативите и
стандардите за овој вид на работа, да постапува според упатствата на лицата овластени за
надзор над извршувањето на работите и да ги спроведува непосредните барања на
Договорниот орган.

НАДЗОР

Член 15
Договорниот орган врши надзор над изведбата на работите, особено во поглед на
видот, количеството и квалитетот на материјалите и опремата и на предвидените рокови.
Надзор над вршењето на работите од овој договор врши фирма овластена од страна
на Општина Вевчани. Надзорниот орган, полноважно го застапува Договорниот орган
пред Носителот на набавката.
Наодот на надзорниот орган се впишува во градежниот дневник и градежната
книга. Надзорниот орган ги заверува градежните книги и градежниот дневник и
испоставените ситуации.
Лицето определено да врши надзор е задолжено:
- да врши проверка дали изведбата на работите се врши согласно со проектната
документација и другите услови утврдени со законски прописи во државава,
- да врши контрола над квалитетот на изведбата и контрола над исполнување на
рокот на изведбата,
- без одлагање да го запознае Договорниот орган за сите недостатоци, односно
неправилности кои ќе ги воочи во текот на изведбата и истите да ги забележи во
градежниот дневник,
- да ја следи изведбата и да врши прием на изведените работи преку градежниот
дневник и градежната книга,
- доколку има неквалитетно извршување на Договорот од страна на Носителот на
набавката за тоа го известува Договорниот орган, и
- да состави завршен извештај за извршениот надзор.
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ

Член 16
Квалитетот и квантитетот на извршените работи се утврдува со записник потпишан
од овластените лица.
Договорниот орган врши преглед на извршената работа и за утврдените
неисправности или недостатоци го известува Носителот на набавката.
Договорниот орган има право поради нецелосно и неквалитетно извршување на
работите по свој избор да бара :
- Сразмерно намалување на сумата за исплата,
- Наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот,
- Наплата на договорна казна и/или
- Раскинување на Договорот.

ОБВРСКИ НА НАБАВУВАЧОТ

Член 17
Договорниот орган се обврзува да обезбеди и да му ги стави на располагање сите
потребни документи, податоци и ресурси на Носителот на набавката за несметана изведба
на предметот на набавката, согласно потребите.

Член 18
Договорниот орган е должен да го координира процесот на изведбата на предметот
на набавката.

Член 19
Договорниот орган се обврзува да постапува согласно начинот и рокот за плаќање
од член 3 и член 4 на овој Договор.

ГАРАНТЕН ПЕРИОД-ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИ

Член 20
Носителот на набавката гарантира дека изведените работи во времето на примо-
предавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека
немаат недостатоци што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност,
функционалност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата
определена со договорот.
Договорниот орган е должен за забележаните недостатоци да го извести Носителот
на набавката без одлагање.

Член 21
Носителот на набавката одговора за недостатоците што би се покажале за време од
2 (две) години од предавањето и приемот на работите.
Носителот на набавката презема обврска да ги отстрани сите недостатоци кои
произлегуваат од нестручно и неквалитетно изведување на работите согласно позитивните
одредби од Законот за облигациони односи.
Член 22
За материјалите што ги вградува Носителот на набавката важи, во поглед на
содржината и рокот, гаранцијата од производителот на материјалите и опремата, со тоа
што Носителот на набавката е должен целата документација за гаранциите на
производителот на материјалите и опремата, заедно со упатствата за употреба, да ги
обезбеди и да му ги предаде на Договорниот орган.

Член 23
Гарантниот рок- одговорност за недостатоци започнува да тече од примо-
предавањето на сообраќајниците, или на дел од нив, на кој се изведени работите, а ако
користењето на сообраќајниците, или на дел од нив, започнало пред примо-предавањето -
од почетокот на користењето.

Член 24
Носителот на набавката е должен на свој трошок да ги отстрани сите недостатоци
што ќе се покажат во текот на гарантниот рок, а кои настапиле поради тоа што Носителот
на набавката не се држел кон своите обврски во поглед на квалитетот на работите и
материјалите.
Договорниот орган ќе му определи на Носителот на набавката примерен рок од 5
(пет) дена за отстранување на недостатокот.
Договорниот орган има право и на надомест на штета по основ на став 1 и 2 на овој
член.
Ако Носителот на набавката не ги отстрани недостатоците во рокот што
Договорниот орган ќе му го определи, Договорниот орган може да ги отстрани
недостатоците на сметка на Носителот на набавката, со што е должен да постапува како
добар стопанственик.

Член 25
Носителот на набавката не е должен да ги отстрани оние недостатоци што
настанале како последица од несоодветна употреба, односно, ненаменско користење на
сообраќајниците, или на делови од нив.

Член 26
Носителот на набавката се обврзува благовремено да ги превземе потребните
мерки за безбедноста на објектите и работата, опремата, материјалот, минувачите,
сообраќајот и соседните објекти.
Носителот на набавката се обврзува да обезбеди на свој трошок користење ХТЗ
опрема (чизми, шлемови, елеци, кондури, јакни и др.) за надзорниот инжењер и
работниците.
Носителот на набавката одговора неограничено за штетните последици
предизвикани како резултат на непревземање или несоодветно превземање на мерките од
став 1 и 2 од овој член.
Трошоците за вршење на работите кои произлегуваат од овој член се на товар на
Носителот на набавката.
Организацијата на градилиштето и времените приклучоци на инсталациите за
работа на градилиштето ги извршува Носителот на набавката на своја сметка.

ГРАДЕЖЕН ДНЕВНИК И ГРАДЕЖНА КНИГА

Член 27
Носителот на набавката е должен во текот на изведбата уредно да ги води
градежниот дневник и градежната книга, во која се внесуваат податоците за видот и
количините на извршените работи и отстапувања од техничката документација, кои се
одредени со важечките стандарди и прописи за градба и со одредбите на овој договор.
Реалните количини ќе се утврдат во градежниот дневник и градежната книга
потврдени и одобрени од Надзорниот орган.

РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР

Член 28
Договорниот орган има право да го раскине договорот поради неисполнување на
обврските на Носителот на набавката, а особено:
- доколку Носителот на набавката не достави банкарска гаранција за квалитетно
извршување на договорот;
- доколку Носителот на набавката не започне веднаш по воведување на работа, од
Договорниот орган и Надзорниот орган, со извршување на работите за изведба на новите
сообраќајни решенија во Вевчани, и не ги изврши работите во вообичаениот рок за
вршење на ваков вид на работа и согласно пропишаниот начин на изведување на градежни
работи;
- доколку Носителот на набавката не ги исполнува обврските од член 7 на овој
Договор;
- доколку во текот на вршење на работите, предмет на овој договор, Договорниот
орган утврди дека работите се вршат неквалитетно.
Договорниот орган, по констатирањето на настапувањето на некоја од причините
за раскинување на договорот, писмено ќе го предупреди Носителот на набавката во
дополнително оставен рок од 3 (три) дена да ја отстрани причината.
Носителот на набавката е должен во дополнителниот рок од 3 (три) дена да ја
отстрани причината, односно да ја изврши бараната работа и да постапи по забелешките
на Договорниот орган дадени во писменото известување.
Доколку Носителот на набавката во дополнително оставениот рок не ја отстрани
причината за раскинување, Договорниот орган може да го раскине договорот, со проста
изјава за раскинување на договор. Договорниот орган раскинувањето на договорот,
писмено ќе му го соопшти на Носителот на набавката. За ден на раскинување на
договорот се смета денот кога писмената изјава за раскинување на договорот е уредно
доставена до Носителот на набавката.
Во случај на раскинување на договорот поради причините наведени во став 1 на
овој член или заради неквалитетно извршување на услугата која е предмет на овој
Договор, Договорниот орган ќе објави нагативна референца во ЕСЈН.
Во случај на раскинување на овој Договор, Договорниот орган и Носителот на
набавката изготвуваат записник за примо-предавање на извршените работи до фаза до која
се извршени работите предмет на овој Договор.
Во случај на раскинување на Договорот, Носителот на набавката е должен
извршените работи да ги заштити од пропаѓање. Притоа презема само мерки за заштита
што се нужни. Во овој случај Носителот на набавката ги сноси овие трошоци.
Раскинувањето на Договорот повлекува и наплата на Гаранција за квалитетно
извршување на Договорот.
Носителот на набавката е должен, во случај на раскинување на Договорот да го
напушти градилиштето со целокупната опрема и да изврши отстранување на евентуален
шут од градилиштето најдоцна до денот на потпишување на записникот за
примопредавање на извршените работи.

ВИША СИЛА

Член 29
Договорниот орган и Носителот на набавката се согласни ниту една договорна
страна да не биде одговорна кон друга за загуба, повреда или неизвршување на одредбите
од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
Под виша сила се подразбира се она што е регулирано со Закон за Облигациони
односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено во рок од 24 часа да ја извести другата
страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на
соодветен доказ. По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по
потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.

ОСИГУРУВАЊЕ

Член 30
Носителот на набавка ги осигурува работите кои се предмет на овој Договор, како
и материјалите, вработените и опремата кои треба да ги вгради, од вообичаени ризици до
нивната полна вредност.
Вообичаените ризици од став 1 на овој член се определуваат според сите околности
на конкретниот случај што се од влијанието, а особено според видот на работите, местото
на кое се изведуваат работите, видот и својствата на материјалите и опремата што се
вградува.
Премијата на осигурувањето ја плаќа Носителот на набавката.
Доколку се појавува случај или период непокриен со осигурувањето, евентуалните
штетни последици ќе бидат на терет на Носителот на набавката и истото го гарантира со
банкарската гаранција од член 6 на овој Договор.
Член 31
Договорот стапува во сила веднаш по неговото потпишување од страна на
договорните страни. Времетраењето на овој договор изнесува 3 (три) месеци од денот на
воведување во работа од страна на Надзорен орган, по неговото потпишување од страна
на договорните страни.
Договорот престанува да важи и пред времетраењето на истиот определено во став
1 на овој член доколку вкупната вредност на договорот утврдена во член 3 став 1 од овој
договор е исцрпена пред истекот на времетраењето од став 1 на овој член/односно по
целосна реализација на договорот и комплетно завршување на работите согласно
спецификациите-предмер пресматка на предметот на набавката.

Член 32
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата
што ја претрпел поради неисполнување или ненавремено исполнување на договорните
обврски.

Член 33
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на
Договорот е македонскиот јазик. Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу
договорните страни е на македонски јазик.

Член 34
Договорните страни се согласни, доколку го променат живеалиштето- седиштето
или доколку престојуваат надвор од своето живеалиште, за промената на живеалиштето-
седиштето во рок од 3 (три) дена од извршената промена да ја известат по пошта со
препорачана пратка или лично со писмено известување, другата договорна страна, а во
спротивно ќе се смета дека доставата на писма е уредно извршена доколку е направен
обид писмата да се предадат на наведените адреси во точки 1 и 2 од овој договор, а
договорните страни нема да бидат пронајдени на наведените адреси.
Доставата ќе се смета дека е уредно извршена доколку Носителот на набавката го
одбие приемот на писмата.

Член 35
Во случај да настанат околности за раскинување на договорот Договорниот орган
ќе го извести Носителот на набавката за раскинувањето на договорот согласно член 28 од
овој договор.
Доколку дојде до раскинување на договорот Договорниот орган има право да
склучи договор со следниот рангиран понудувач.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 36
Договорните страни се обврзани, за реализација на овој Договор, да соработуваат
меѓу себе, да се грижат за унапредување на односите и за таа цел редовно и благовремено
да се информираат за сé што е потребно за реализација на Договорот.
Член 37
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој
Договор само спогодбено.

Член 38
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање
до другата страна да го достави во писмена форма.

Член 39
Одредбите од овој Договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на
анекс на Договорот, ако се во согласност со тендерската документација, Законот за јавни
набавки и важечките позитивни законски прописи во државава.

Член 40
Дополнувањата и измените на овој Договор се важечки ако се направени во
писмен облик и ако се потпишани од двете договорни страни.

Член 41
Кога едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска другата
договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине Договорот.

Член 42
Договорните страни прифаќаат доколку во предвидениот рок од член 7, алинеја 2,
обврската не се реализира во целост, како што е опишано во Техничката спецификација од
Тендерската документација, и доколку двете договорни страни не се согласни да се
потпише Анекс на Договор, Носителот на набавката, за преземените работи и вложените
средства при извршување на предметот на набавка, нема да бара надомест за дотогаш
извршените работи.

Член 43
Договорните страни се согласни за сé што не е предвидено со овој договор да ги
применуваат одредбите од позитивните законски прописи и стандарди во државава, за
вршење на ваков вид на набавка.
Исто така, важат одредбите од Тендерската документација и спецификација кои се
составен дел на постапката за доделување на овој Договор за јавна набавка.

Член 44
Договорните страни се должни да ги применуваат највисоките стандарди за етичко
и законито однесување за времетраењето на овој Договор.
Член 45
Во случај на спор странките ќе се обидат да го решат спогодбено, во спротивно
надлежен ќе биде Основен суд во Струга.

Член 46
Овој Договор е составен во 6 (шест) истоветни примероци, од кои 2 (два) за
Носителот на набавката и 4 (четири) за Набавувачот.

НАБАВУВАЧ НОСИТЕЛ НА НАБАВКА


Центар за развој на Југозападен „БОКОП Бороец Струга ДОО“
плански регион

Раководител Одговорно лице

м-р Мирјана Лозаноска Нејат Исоски

Составни делови на овој Договор се:


- Гаранција за квалитетно извршување на Договорот
- Техничка спецификација
- Понуда со предмер пресметка на економскиот оператор
- План и динамика за извршување на работите

You might also like