You are on page 1of 3

Седеше на своето место, мала маса во аголот од кафеаната.

Секогаш сам

Едвај можеше човек да го види така во аголот некаде покрај шанкот, преполно чад од цигари.

Секогаш пред него вино евтино црвено и преполн пепелник

Молчеше, некаде отсутен со мислите, кој знае каде пловеше, несвесен за сѐ што се случува околу

Нерасположен за разговор впрочем како и секоја вечер.

Бавно отпиваче од чашата, со траги од прсти, кој знае колку усти поминала таа чаша оваа вечер

Секогаш пред да го порача второто шише вино

вадеше од џебот пари ги ставаше на аголот од масата и чекаше гледајќи втренчено во чашата.

Келнерот ја носеше кај тамбурашите, а тие знаеја

тажните тонови на Имам једну жељу

како нож го бодеа во градите

ја зафрлаша малку главата назад ги затвораше очите и слушаше

додека солзите се сливаа по неговото лице

Сите знаеја, замолчуваа и спуштаа поглед пред себе додека не заврши песната

Никој не го погледнуваше

сите знаеја, чувствуваа исто

И денес, кога веќе го нема, тамбурашите во исто време секоја вечер ја свират

и сеуште сите занемуваат............

Таа седи на пианото

го свири баш ова

во бел фустан со бледи розови цветови

го свири токму шопен овој дел

Тој е далеку, го чека месеци скоро година да се врати

Секој ден и пишува колку мнлгу ја сака и колку му недостига

Додека нејзините прсти нежни ги допираат типките таа мижејќи се сеќава на оние убави среќни
моменти со него
шетање по паркот

хранење на лебедите

возење со кајче по езерото

или ноќите поминати крај каминот

и заедничко читање на книга

Тој читаше а таа уживаше во неговиот длабок глас и мижејќи ги доживуваше сцените од книгата.

А кога ќе ја отсвири последната нота

погледнува низ прозорецот како да очекува да се појави на хоризонтот

јавајќи го својот бел коњ

тешко ќе воздивне и подигне од столчето

заминувајќи со бавни чекори кон библиотеката каде читајќи ја својата омилена книга се обидува
да ги растера мислите

јбг

знаеш ли кое е ова

Ова е нејзиниот омилен дел

Секогаш кога ќе го слушнеше ова

ја стегаше неговата дланка

и плачеше

толку силно ја тргонуваа овие звуци

даимаше чувство како лебди над двораната над сите

а тој ја гледаше додека солзите и се сливаа по нежното лице

а срцето како да ќе му изкочеше од гради

грлото суво

болен грч во стомакот

сега ја нема веќе

не ја стега неговата дланка

но има чувство дека седи крај него на празното столче

истото чувство

срце силно бие


грло суво

грч во стомакот

секогаш истото

само што сега солзи се слеваат по неговото од старост набрчкано лице

јбг

You might also like