You are on page 1of 1

Како посебни односно споредни хипотези за потврдување на главната хипотеза се јавуваат

следните: 1) Менаџерите и вработените во деловните банки треба да имаат слични позитивни


ставови и мислења по прашањето дека менаџерите добро ги познаваат сите видови на банкарски
ризици. 2) Менаџерите и вработените во деловните банки треба да имаат слични позитивни
ставови по прашањето за застапеноста на различните видови на банкарски ризици во деловната
банка. 3) Во деловните банки, менаџерите и вработените вршат правилно квантитативно мерење
на кредитниот ризик. 4) Во деловните банки, менаџерите правилно ги анализираат факторите за
определување на кредитната спосoбност на кредитобарателот. 5) Менаџерот правилно ги
анализира и предвидува финансиските потешкотии во банкарското работење во деловната банка.

88

6) Менаџерот правилно ја оценува имотната состојба и способноста за враќање на кредитот на


кредитобарателот во нивната деловна банка. 7) Во секоја деловна банка опфатена во
истражувањето има изработено стратегија за правилно управување и справување со кредитниот
ризик. 8) Секоја деловна банка опфатена во истражувањето организира и реализира програма за
континуирана обука на вработените за навремено препознавање и правилно справување и
управување со кредитни ризици. 9) Во секоја деловна банка има определено субјект (управен
одбор, одделение и сл.) за управување со кредитниот ризик. 10) Менаџерите во деловните банки
правилно менаџираат со вработените, клиентите, активностите и сл.

You might also like