You are on page 1of 1

Светски ден на планетата земја

Стојам и те гледам како ја убиваш сопствента земја на која живееш, од


која живееш и на која растеш. Зошто го правиш тоа? Не уништувај ја планетата
Земја која живот ти дава.

Стојам и те гледам како ги фрлаш отпадоците наоколу.Зошто го правиш


тоа? Нели не учеа дека треба отпадокот да го фрламе во канта за отпадоци, не
учеа дека совесно треба да постапуваме со природата која не опкружува и со
Земјата на која живееме. Потсети се дете, постојат толку многи уништувачи на
природата наша зарем и нас да не вбројуваат во многуте такви. Ние треба да
бидеме свесни дека планетата Земја полека се топи и се уништува, а ние како
дел од совесното семејство треба да најдеме начин како да го запреме таквото
уништување и како да ги запреме уништувачите на планетата наша.

Постојат толку многу фабрики кои испуштаат густ чад и секакви други
хемиски материи во воздухот кој го дишеме, а за жал дрвја останаа многу
малку за да можат да го соберат тој нечист чад и да ни дадат кислород и водух
чист за дишење. Од кого е сето тоа, па од нас дете од несовесните граѓани.

Животот стана многу современ и со многу брз ритам. Секој, секогаш брза
некаде да стигне, а најбрз начин му е да стигне со автобус, автомобил, мотор,
а чадот кој го испуштаат таквите превозни средстава ја загадува и уништува
природата во која живееме.

Не гази ја ни тревата дете мало затоа што тоа ја боли, а таа е толку
прекрасна, исполнета со цвеќиња во различна боја што живот ни дава.

Во водите дете мало има чудесен свет кој ние никогаш нема да можеме
да го сватиме и разбереме, па затоа дете мало подобро е да не го ни убиваме.
Немој да фрлаш отпадоци во поточињата реките, езерата, океаните за да не го
убиеш светот кој живее во нив.

Со еден збор дете ЧУВАЈ ЈА ПРИРОДАТА ТВОЈА, ЧУВАЈ ЈА


ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА, посвети се на неа во целост на 22 Април светскот ден на
планетата земја.

You might also like