You are on page 1of 4

1.4.3.

Основни податоци и историјат

Со цел да обезбедите доволно информации, прочитајте ги, по потреба ревидиријате ги според конкретната
задача/активност/проект и одговорете ги следниве прашања:
1. Кои податоци ги знаеме за нашата организација (кога, каде и зошто е формирана, мисија, улога, институционална
поставеност...), нејзината социјално-економска и демографска поставеност? Кои се заинтересираните страни
(stakeholders)?
Пример: ЛАГ-от од опшитна АБВ е формиран во .... и во него се застапени .... Со ЛАГ-от управува Управен
Одбор (или друга форма на управување) составен од претставници на ...... . Целта на ЛАГ-от е да даде подршка
за руралниот развој во општина АБВ преку .....
2. Што имаме да претставиме во врска со досегашните активности на организацијата и/или
задачата/активноста/проектот, со цел ОЗ го ставиме во контекст на организацијата и/или
задачата/активноста/проектот?
Пример: Досега ЛАГ-от има организирано повеќе обуки во делот на ...... Исто така, активно е вклучен во
работата на ..... Беа изработени брошури, флаери за .... Во текот на 2009 се донесе под-Стратегијата за
рурален развој до 2015, која ги дефинираше стратешките приоритети во следниве области.... итн.
3. Кои се специфичните проблеми и предизвици на организацијата и пошироката заедница, а кои имаат ефект врз
конкретната задача/активност/проект?
Пример: Во општина АБВ живее ..... рурално население кое не е опфатено со организирано изнесување и
депонирање на комуналниот и органскиот отпад. Поради ова се јавуваат многу диви депонии, кои негативно
влијаат на квалитетот на живот во руралните области и се потенцијална опасност за животната средина.
Поради ова, една од стратешките цели во под-стратегијата за рурален развој е „справување со отпад во
руралните средини во општина АБВ до 2015 година и примена на оддржливо користење на ресурси“. Затоа, во
текот на ..... беше изработена „Програма за постигнување на енергетска ефикасност преку искористување на
органски отпад (ѓубриво) од фарми за добивање на биогас“, со која се препорачаа следниве активности и
мерки ......

1.4.4. Цели на задачата/активноста/проектот

Во ова поглавје всушност се даваат информации за генералните очекувања од реализацијата на


задачата/активноста/проектот. Вообичаено е да се даде една општа цел, а истата потоа да се раздели на повеќе
конкретни цели кои ќе допринесуваат во исполнувањето на општата цел.
4. Што сакаме да добиеме од предложената задача/активност/проект, а што ќе ни помогне подобро да се справиме
со конкретен проблем или предизвик?
Пример: Општа цел - Да се поттикне и обучи населението во руралните средини во општина АБВ за
искористување на органскиот отпад за добивање на енергија (био-гас и/или електрична).
5. Како може да ја разделиме општата цел на повеќе делови, со цел понудувачите да имаат појасна слика кога ќе ги
подготвуваат нивните предлози?
Пример: Специфични цели (треба да бидат мерливи) и:
- Да се подготви материјал и да се спроведат Х обуки за вкупно Y учесници;
- Да се подготви брошура за добивање на биогас преку користење на органскиот отпад;
- Да се подготви и дистрибуира промотивен материјал за добивање на биогас од органскиот отпад.

1.4.5. Прашања кои треба да се проучат

Ова и следното поглавје (Методологија) ја претставуваат суштината на Описот на задачи. Имено, истите треба да
обезбедат доволно инструкции за потенцијалните понудувачи, со цел подобро да ги подготват нивните понуди.
6. Дали постојат планови, студии, анализи..., кои биле изработени претходно, а кои треба да бидат земени во
предвид и проучени од страна на понудувачите?
Пример: Во текот на .... година, од страна на ..... беше изработена „Студија за ...... “ која дава информација за ......
Дополнително, од страна на централната (локалната) власт е изработена „Стратегија за енергетска
ефикасност“ која предлага да се .... Пондувачите ќе треба да ги проучат постојните студии/стратегии со цел
да ги илустрираат потребите и можностите, како и усогласеноста не предложената
задача/активност/проектот со истите.
7. Кои се други заинтересирани страни и целни групи во заедницата со кои понудувачите треба да остварат средби и
разменат искуство?
Пример: Понудувачите треба да се сретнат со претставници од Секторот за животна средина и комунални
дејности во општината АБВ, комуналното претпријатије, земјоделските задруги .... и да ги согледаат
реализираните, тековните и идните планови на заинтересираните страни во областа што е тема на овој ОЗ.
Понудувачите треба да достават информации за сите одржани средби вклучително и листа на
идентификуваните заинтересирани страни.
8. Дали во моментот се реализираат исти или слични активности, на кое ниво се истите, дали постои празнина во
нивното обезбедување? Да се изврши анализа на научените лекции од поранешни искуства, да се провери / потврди
усогласеноста со други тековни иницијативи итн...?
Пример: Понудувачите треба да ја презентираат моменталната ситуација во оваа област во руралните
области на општината АБВ, да презентираат евиденција за слични активности реализирани претходно (се во
тек на реализација, или се планира да се реализираат), да образложат аргументи за или против предложената
задача / активност/проект, итн....
9. Дали постои подршка од заедницата за реализација на задачата/активноста/проектот?
Пример: Да се изврши теренско истражување за потенцијалот на органскиот отпад во руралните средини на
општина АБВ; Да се испита мислењето на локалното население за интересот и можностите за добивање био-
гас од органскиот отпад... за овие активности треба да се предложи детално елаборирана методологија со која
ќе се врши истражувањето....
10. Дали постои реално оправдување за реализација на дадената задача/активност/проект, а врз основа на
искуството и согледувањата на понудувачите?
Пример: Врз основа на искуствата на понудувачите и обезбедените информации за прашањата од 5 до 8,
понудувачите треба да предложат одржани аргументи дали има или нема потреба од реализација на
предложената задача/активност/проект.
ЗАБЕЛЕШКА: Препораките на понудувачите „за“ или „против“ реализација на предложената
задача/активност/проект, не мора да значат дека истата треба или не треба да се реализира. Конечната
одлука за тоа е во раце на заедницата (ЛАГ-от), а дадените препораки може да се користат за подобро
согледување на проблемот/предизвикот што треба да се адресира. Токму поради ова, доколку во заедницата
нема доволно експертиза од дадена област, треба да се разлгеда можноста за користење на
консултантски/експертски совети уште во фазата на дизајнирање на Описот на задачи.
11. Дали придружните распореди на активности, како и на ресурсите и трошоците ќе бидат презентирани преку
Логичка рамка?
Пример: Понудувачите треба да изготват детална логичка рамка која ќе ги опфати планираните активности,
ресурсите и начините на верификација на постигнатите резултати, според теркот на логичка рамка даден во
Анекс хх...
12. На кој начин ќе се обезбеди мерење на извршената работа (следење, проверка и евалуација) и дали прецизно се
дефинирани одговорностите? Како ќе се обезбеди потврда за квалитетот (quality insurance) од преземаните акции?
Пример: Понудувачите треба да предложат мерки со кои контиурано ќе се следи прогресот на реализираните
активности. Исто така, за секоја предложена активност потребно е да се назначи одговорно лице за
реализација .....
13. Дали се вклучени потенцијалните ризици и претпоставки за реализација на задачата/активноста/проектот, како и
барањето за нивно преоценување од страна на понудувачите.
Пример: Реализацијата на задачата/активноста/проектот треба да ги земе во предвид следните
претпоставки:
- голем дел од населението во руралните средини има само основно образование
- итн...

Во табелата е презентирана матрица на ризиците, како и веројатноста за настанување на


истите, влијанието што би го имале и против-мерки за елиминирање на ризиците:
Веројатност (Висока, Влјание (Големо, Средно,
Ризици Против-мерки
Средна, Ниска) Мало)
Незаинтересираност од Трибини, средби со населението,
С Г
локалното население промотивен материјал
Непостоење услови за
одржување на обуките во Н М Обуки во општината АБВ
руралните средини

Пондувачите треба да ги прегледаат и анализираат дадените претпоставки и ризици, и доколку е потребно, да ги


изменат и/или дополнат истите и да предложат план за справување со истите.
14. Како се планира одржливоста на резултатите добиени со реализација на задачата/активноста/проектот? Дали
постои можност за нејзино реплицирање во други средини/области? Кои ќе бидат конкретните придобивки по
завршувањето на задачата/активноста/проектот?
Пример: Понудувачите треба да предложат конкретни мерки и активности со кои ќе се обезбеди одржливост на
резултатите од задачата/активноста/проектот. Овие мерки треба да содржат институционален (кој и како ќе
биде одговорен) и финансиски (колку ќе чини) план со цел да се обезбеди одржливост на резултатите..... Да се
дадат препораки за нивно реплицирање во други средини/области....
Очекувани резултати од задачата/активноста/проектот се: 1. Обучени Х жители во руралните средина за
производство на биогас; 2. Испечатени и дистрибуирани брошура и промотивен материјал до месното население;
3. .......... итн
15. Дали постојат други дополнителни материјали од конкретната област со кои располагаме, дали имаме доволен
број на копии за да им се презентираат и/или достават на заинтересираните понудувачи?
Пример: Заинтересираните понудувачи може да добијат копии од следниве документи ...., по претходно
доставено писмено барање на адреса ....... Телефон за контакт: +389 хх ххх ххх, е-маил: џџџџ@hhhh.ggg

1.4.6. Методолгија

Делот на методологијата треба да даде опис како ќе се реализира задачата / активноста / проектот, вклучувајќи ги
главните методи коишто ќе се користат за собирање, анализа, бележење и доставување на информациите. Доколку
барањата за презентирање на методологијата се дадени подетално во ОЗ, до толку повеќе заедницата (ЛАГ-от) ќе
има поголема контрола врз исполнувањето на задачите од страна на изведувачите. Спротивно, доколку барањата за
методологијата не се опишани во многу детали, тогаш им се остава поголем простор на пондувачите да креираат и
предложат сопствена методологија која според нивните искуства и знаења би била најсоодветна за постигнување на
бараните резултати. Одлуката за тоа во колку детали ќе се опише методологијата во ОЗ е во рацете на тимот за
подготвување на ОЗ.
Без разлика кој пристап ќе се избере, делот за методологијата треба да одговори на следниве минимум прашања:
16. Во колку фази ќе се реализира задачата / активноста / проектот?
Пример: задачата / активноста / проектот ќе се реализира во три фази – планирање (во период од .... до....);
фаза на имплементирање (од .... до ....) и финална фаза (од.... до...). Во фазата на планирање ќе треба да ......,
додека во фазата на имплементирање треба да ......, итн.
17. Како ќе се вклучат сите заинтересирани страни, и на кој начин ќе се стимулира учеството на посебните целни
групи (жени, сиромашни, неписмени, лица со посебни потреби и други ранливи групи)?
Пример: Понудувачите треба да предложат конкретни мерки со кои ќе го стимулираат учеството на обуките
на неписменото население и лицата со посебни потреби и да предложат соодветна методологија за обука на
ваквите ранливи групи...
18. Дали е точно одредена локацијата и времетраењето на реализацијата на задачата / активноста / проектот?
Пример: задачата / активноста / проектот ќе се реализира на територијата на општина АБВ и руралните
населени места во општината. Се планираат ..... патувања до ....... за ..... учесници на обуката. Времетраењето
на секоја фаза од задачата / активноста / проектот се следниве ...........
19. На кој начин ќе се реализираат теренските истражувања и кои алатки за собирање податоци/информации ќе се
користат?
Пример: Теренските истражувања треба да се реализираат во периодот од ....до ..... при што ќе се опфатат .....
лица (5% маргина на грешка) на возраст од 18 до ...... год. После собирањето на податоците од истражувањата
истите треба да бидат презентирани во вид на анализа која ќе се презентира пред локалната група за рурален
развој (ЛАГ). Пополнетите прашалници од истражувањето да се достават до ЛАГ-от заради евиденција......

1.4.7. Потребна експертиза и ресурси

Во зависност од приодот што ќе се користи (види 1.3.7) се дефинираат барањата за експертиза што понудувачите
треба да ги обезбедат.
20. Дали е одреден пристапот по кој ќе се утврди потребната експертиза? Дали за избраниот пристап се дадени
доволно јасни податоци за критериумите и квалификациите што треба да ги поседуваат предложените
експерти/консултанти/фирми?
Пример: За реализирање на задачата / активноста / проектот пондувачите (консултантите / експерти, или
фирмите) треба да предложат:
- Раководител (Team Leader, Project Manager) на задачата / активноста / проектот (20 работни дена) - кој ќе
биде формално одговорен за реализација на задачата / активноста / проектот и поднесување на нацрт и
финалните извештаи. Истиот треба да ги исполнува следните општи (високо образование од областа на.....) и
посебни барања (работно искуство од минимум ..... години во областа на добивање био гас од органски отпад,
итн .....)
- Два (2) тренери за органски отпад (2х15 работни дена) – одговорни за подготовка на материјалите за обука и
испорака на тренинзите. Тренерите треба да ги исполнуваат следните општи (високо образование од областа
на.....) и посебни барања (работно искуство од минимум ..... години во областа на добивање биогас од органски
отпад, итн .....).
- Експерт за теренски истражувања (10 работни дена) – одговорен за дизајнирање на прашалниците,
организирање и раководење со истражувањето и изработка на Студијата од истражувањето. Треба да ги
исполнува следните општи (високо образование од областа на.....) и посебни барања (работно искуство од
минимум ..... години на теренски истражувања, работа со статистички програми, итн .....).

1.4.8. Барања за известувања

21. Колку извештаи треба да бидат изработени? Кога и како ќе се доставуваат извештаите?
Пример: Изведувачот на задачата / активноста / проектот е должен да достави три извештаи, најдоцна ........
дена по завршувањето на секоја фаза од задачата / активноста / проектот. Прво се доставуваат нацрт-
Извештаи само на македонски и во електронска форма, и по одобрувањето на истите се доставуваат
финалните извештаи на македонски и англиски јазик во три печатени копии и на ЦД во .pdf или .doc формат.
Нацрт-извештаите се достасуваат по електронска пошта, а финалните се доставуваат лично на рака во
просториите на ЛАГ-от, на адреса: ул.........., бр.... – општина АБВ.

1.4.9. Работен план и временски распоред

22. Дали е доставен работен план? Дали истиот може да се менува во зависност од потребите или не? Дали
работниот план за задачата / активноста / проектот зависи од други внатрешни и надворешни фактори?
Пример: Понудувачите се должни да го следат дадениот работен план (види Анекс хх)и доследно да ги
почитуваат дадените рокови за реализација.
За секоја измена и отстапување од овој план потребно е претходно да се достави писмено барање до ЛАГ-от со
детално образложение за причините поради кои се бара измена на планот. ЛАГ-от го задржува правото да одговори
негативно на секое барање за измена на планот, дури и во случај кога се обезбедени доволно докази во барањето за
негова измена.

You might also like