You are on page 1of 2

Тереса Стиглер

Младинска заедница Ландшут

Со ова ми е покажано, како е важно да го слушаш чувството

Драги пријатели

Од Школската недела во Загреб дојдов дома полна со сознанија и нова, свежа снага.
Беше толку убаво што и овде во Загреб можевме потполно да го доживееме сето Добро
по пат на пренос од Школската недела во Гесек.Нам ни се чинеше како да господин
Хојслер стоеше на нашата сцена во Загреб.Посебен впечаток ми остави љубовта на
луѓето. Забележав дека многу од нив живеат многу повеќе според своето чувство,
едноставно го следат своето срце и внатрешност, без многу да размислуваат за нешто.
Кога стигнав дома сосема цврсто наумив такво нешто да вежбам и утврдив дека, штом
нешто изнесуваме од чувствата, од срце, се оди многу побргу. Сите тие попречувачки
мисли воопшто тогаш не ми доаѓаат. И всушност тоа е така важно во ова време, да
реагираме брзо и одлучно.Минатата година пријателката еднаш ми рече, дека има
чувство како „ Бруно сега има„ чизми од седум милји“. Секое Добро толку брзо се
случува.

Истотака кога бев на Воведот навистина за тоа не размислував: зошто?, како тоа?,
поради што? Едноставно чувството беше кристално јасно и се одеше сосема брзо. И
тоа беше она најубавото што ми се случило. Истотака, сега најпосле можам да го
опфатам со срце што господин Хојслер мислеше кога кажа дека сака сите да бидеме
целосно будни, да не го преспиеме тоа.Секогаш мислев:„Да, но Бруно Гренинг сепак
знае точно дека јас САКАМ да одам по патот и сакам ЦЕЛОСНО да одам со него- како
тогаш јас можам нешто такво да преспијам?

Во Загреб можев толку многу да спознаам: Да се направи некое дело, тоа е она што ми
недостасуваше или што често не ми успеваше, едноставно затоа што премногу
размислував.На една пријателка, која беше отворена за тоа, и раскажував за Кругот на
пријатели. Еднаш, кога врнеше дожд, ме возеше на Час на Заедницата, на кој инаку
секогаш одев со велосипед. Кога стигнавме со колата пред Центарот, имав чувство:
едноставно земи ја со себе. И тоа не го направив, бидејќи ми дојдоа мисли:„Не, не
можеш тоа да го направиш, нејзе и треба Вовед“, итн. Тогаш се покажа дека се
одржувало Воведно предавање, слично на Часот на Заедницата. Но мојата пријателка
веќе беше отидена. Со ова ми е покажано како е важно да го слушаш чувството. И веќе
се радувам на тоа, затоа што секогаш ќе продолжи да расте во мене.

Уште нешто би сакала со задоволство да известам. Веќе подолго време нешто ме


окупираше постојано и сакаше да ме повлече надолу. И тогаш тоа се реши на
Школската недела. Реченицата на Бруно Гренинг:„Кога луѓето би знаеле што се тие би
можеле да постигнат во еден Земски живот, тогаш тоа би го правеле постојано“,
нејзиното значење ми влезе целосно во срце.
На себе увидов многу од тоа што сакав да го променам, многу од тоа за што знаев дека
уште не е добро. На тоа морам нешто да променам. Сето тоа се повеќе се натрупуваше.
И како што ги слушав извештаите и предавањата, така се повеќе ми стануваше јасно
како тој пат е далечен. И тогаш бев толку очајна- имав чувство дека стојам пред
огромно брдо од сознанија- Ти мораш таму горе.Тоа сакаше да стане толку тешко. И
кога ќе се потсетев дека Бруно Гренинг ме носи високо, ништо од тоа не ми правеше
подобро.

Тогаш мојот татко ми рече нешто што по првпат ми стана јасно кои барања си ги
поставував себеси. Наиме тој рече:„Ние не сме во Кругот на пријатели за да бидеме
совршени луѓе“. Ми падна камен од срцето, но тоа не ми беше сеуште целосно
разјаснето.

И тогаш во Загреб едноставно во срце ми влезе сознанието дека Бруно Гренинг го


познава моето темпо подобро отколку јас. Едноставно внатре во себе треба да го
држам него и не треба да се„трчи пред уздите“, бидејќи така порано или подоцна се
удара во зид.

Сега секогаш се Einstellen за тоа да бидам трпелива кога Бруно Гренинг ми помага и со
него се да работам чекор по чекор. Од тогаш се е решено.Повторно можам слободно и
без лоша свест да го слушам и да се восхитувам на господин Камп што се тој прави, а
веднаш да не се создава едно брдо пред мене. Едноставно знам дека само морам да се
држам до Бруно Гренинг и до тоа што тој ми кажува преку моето чувство, а после
навистина веднаш и да дејствувам, ако сакам да држам чекор со него.

Полно љубов!

You might also like