You are on page 1of 2

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

14.4.2020

Обработка на текстот „Тажната мајка“

Цели: Да чита изразно со почитување на интерпункциските знаци, да го збогати


речничкиот фонд, да врши анализа на текст

Активности:

Прочитај го текстот внимателно!

ТАЖНАТА МАЈКА

Беше пролет. Сите го очекуваа сонцето. Но него го немаше да се појави на


небото. Почнаа да врнат дождови. А ним никој не им се израдува. Такви какви што
беа, го вознемирија сето жителство на планетата Земја.

- Ах, ова се кисели дождови! Колку се нечисти... - се пожалија дрвјата. - Што


ќе се случи со нас? Ние сме загрижени за нашите животи.

- А и ние ќе свенеме... - се растажија и цвеќињата. - Спасувај не, мајко, како


што знаеш и умееш...

- Што да речеме ние!? - се пожалија и реките. -Нашата вода е нечиста. И нас


ќе не снема...

- Ама и со нас се случува тоа! - се придружија и езерата. - И ние сме загадени.


Тешко нам.

- А и кај нас не е подобро! - забучеа и морињата. - Оваа негрижа некој треба да


ја сопре.

Почнаа да се јавуваат сите со ред. Мајката Земја уште повеќе се вознемири. И не


можеше да се воздржи - тивко заплака.

Нејзиниот плач ги вознемири и луѓето. Тој како да ги предупреди дека не знаат да


ја чуваат својата планета.

Тогаш се случи нешто неочекувано. Одеднаш задуваа ветрови. И ги растурија


облаците. Сонцето пак се појави на небото.

- Главата горе, тажна мајко! Јас сум со тебе за да го одржам твојот живот... - ја
успокои. - Понекогаш и мене ми е тешко да ги совладам препреките. Но ме радува
тоа што луѓето почнуваат да ги сфаќаат своите грешки. А и децата се грижат
за својата планета. Ним најмногу им верувам. Тие знаат да си ја чуваат планетата.
И внимаваат да им биде чиста, со многу растенија, со бистри води...

Сонцето и ја даваше најголемата надеж на мајката Земја. Таа се развесели. А потоа


продолжи уште посветло да грее. Радоста пак се врати...
Горјан Петревски

Анализирај го текстот со помош на техниката„Квадрант“ (види учебник стр.55)

- нацртај слика за текстот

-наведи ги чувствата што кај тебе ги предизвика овој текст

-приведи ги звуците што ги сретна во текстот

 поврзи го текстот со случка од својот живот.

ДОМАШНА РАБОТА:

Да се одговорат прашањата во домашната тетратка!

1.Кој се вознемирил на дождовите?

2.Како се опишани дождовите?

3.Зошто бараат спас цвеќињата?

4.Кои води биле загадени?

5.Како реагирала мајката Земја?

6.Како престанале дождовите?

7.Кој ја давал најголемата надеж на мајката Земја?

You might also like