You are on page 1of 39

Божествена литургија

на светиот отец наш Јован Златоуст

На архиерејската литургија пеачите се собираат во храмот пред


доаѓањето на митрополитот. При влегувањето на митрополитот се пее
Достојно ест, тропарот на празникот или ирмосот на 9-та песна. По
целивањето на Христовата и Богородичната икона митрополитот го
благословува народот. Во таа прилика се пее Владику и
свјаштеноначалника нашего Господи сохрани на многаја лета, на
многаја лета, на многаја лета владико! Додека епископот свечено се
облекува се пее Слава... и сега... Цар небесниј или Слава Тебје
показавшему нам свет. По облекувањето на епископот, протоѓаконот
му ги предава дикирите и трикирите со кои го благословува народот, а
народот за тоа време повторно пее Владику и свјаштеноначалника
нашего Господи сохрани на многаја лета, на многаја лета, на многаја
лета владико!

Ѓаконот (ако служи ѓакон): Благослови, владико.


Свештеникот: Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот
Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!
Ѓаконот (ако не служи ѓакон тогаш свештеникот): Во мир да се помолиме
на Господа!
Народ: Господи помилуј!

1
Ѓаконот: За мир од висините и за спасение на нашите души да се
помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За мир во целиот свет, за благосостојба на светите Божји цркви и
за соединување на сите, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За овој свет храм и за оние коишто со вера, набожност и страв
Божји влегуваат во него, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За блажениот архиерпископ ( или: за високопреосвештениот
митрополит наш, или: за преосвештениот епископ наш) наш ( името), за
чесното свештенство, во Христа ѓаконството, за сиот клир и за сите луѓе,
да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За благочестивиот православен народ наш, и за христољубивото
воинство, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За да помага и да покори под нозете нивни секаков непријател и
противник, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За овој град (или село, или света обител), за секој град, земја и
оние кои со вера живеат во нив, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За благопријатен воздух, за изобилие на земни плодови и за
мирни времиња, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!

2
Ѓаконот: За оние коишто пловат, патуваат, боледуваат, страдаат, за
заробените и за нивното спасение, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За да се избавиме од секаква скрб, гнев и опасност, да се
помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Пресветата, пречистата, праблагословена славна Владичица наша
Богородица и Приснодева Марија, откако ја спомнавме со сите Свети,
самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Народ: Тебје, Господи!

Свештеникот: Зашто Тебе ти прилега секоја слава, чест и поклонение, на


Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!

Прв антифон

На Христовите празници, првиот антифон се заменува со


антифонски стихови, а после секој стих се пее: Молитвами Богородици,
Спасе, спаси нас!
Овде може да се пее и 102 псалм, а потоа:
Народ: Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу. И ниње и присно и во веки
веков амин. Благослови душе моја Господа, и всја внутренаја моја
имја свјатое Его, благословен еси Господи!

3
Мала ектенија

Ѓаконот: Пак и пак, во мир да се помолиме на господа.


Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нè Боже, со Твојата благодат.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша
Богородица и Присно дева Марија, откако ја спомнавме со сите Свети,
самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народ: Тебје Господи!

4
Свештеникот: Зашто Твоја е власта и Твое е царството, и силата и
славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни
векови.
Народ: Амин!
Втор антифон

На Христовите празници, вториот антифон се заменува со


антифонски стихови, а после секој стих се пее Спаси ни Сине Божји.
После Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу, народот пее И ниње и
присно и во веки веков Амин. Јединородни Сине.

Народ: Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу и ниње и присно и во


веки веков. Амин.
Единородниј Сине и Слове Божиј, бесмертен сиј и изволивиј
спасенија нашего ради, воплотитисја од свјатија Богородици и
приснодеви Марии непреложно вочеловечивисја: распнисја же
Христе Боже, смертију смерт поправиј, Един сиј Свјатија Троици,
спрославјаемиј Отцу, и Свјатому Духу, спаси нас.

5
Ѓаконот: Пак и пак, во мир да се помолиме на господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нè Боже, со Твојата благодат.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша
Богородица и Присно дева Марија, откако ја спомнавме со сите Свети,
самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народ: Тебје Господи!

6
Свештеникот: Зашто си благ и Човекољубец Бог, Тебе слава Ти
вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни
векови.
Народ: Амин!

Трет антифон
Блаженствата

На Христовите празници третиот антифон се заменува со


антифонски стихови, а после секој стих се пее тропарот на празникот.

Народ: Во царството Твое, спомни не нас Господи, кога ќе


дојдеш во царството Твое.
1. Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно;
Напев по секое блаженство: Спомни не нас Господи, кога ќе дојдеш
во царството Твое;
2. Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат;
3. Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата;
4. Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се
наситат;
5. Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани;
6. Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога;
7. Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови
Божји;
8. Блажени се гонетите заради правда, зашто е нивно Царството
небесно;

7
9. Блажени сте вие кои кога ќе ве срамат и прогонуваат и ќе
зборуваат против вас секакви лоши зборови, лажно, заради мене;
10. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на
небесата;
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во
вечни векови Амин.

8
Мал вход

Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Премудрост, простум!


Народ: Придите, поклонимсја и припадем ко Христу, спаси ни
Сине Божиј, воскресиј из мертвих, појуштија ти, Алилујиа. (недела)
Приидите, поклонимсја и припадем ко Христу, спаси ни Сине
Божиј, во свјатих дивен сиј, појуштија ти, Алилујиа. (делник)

9
во недела

делник

После входот се пеат тропарите и кондаците според


пропишаниот ред во типикот.
На архиерејската литургија пред последниот кондак се изговара:
Господи спаси благочестивија! – И услиши ни. Потоа следува
многулетствија,најпрвин за народот, а потоа за Митрополитот, после
кои се пее Многаја лета. После тоа, архиерејот со свештенството го
пее И ниње, последниот кондак.

Ѓаконот: На Господа да се помолиме!


Народ: Господи помилуј!
Свештеникот: Зашто си свет, Боже наш, Тебје слава Ти вознесуваме, на
Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш:
Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): И во вечни векови.
Народ: Амин!

10
(На празниците: Велгиден, Рождество Христово, Духовден,
Богојавление, Велилика сабота и Лазарева сабота, наместо Свјатиј
Боже, се пее Јелици во Христа крестистесја...
На Крстовден и третата недела на Великиот пост, посветена на
Чесниот Крст, наместо Свјатиј Боже, се пее Кресту Твоему...
На архиерејска литургија Свјатиј Боже се пее на следниот начин:
Народ: Свјатиј Боже, 2 пати; од олтар Свјатиј Боже, 1 пат;
Народ: Свјатиј Боже, 1 пат, од олтар Свјатиј Боже, 1 пат;
Народ: Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во веки
веков. Амин. Свјатиј Безсмертниј, помилуј нас;
Олтар: Свјатиј Боже, епископот: Господи, Господи, погледни од
небото и види, и посети го оваа лозје Твое, што го насади Твојата
десница;
Олтар: Свјатиј Крепки, епископот повторно Господи, Господи...
Олтар Свјатиј Бесмертни, епископот повторно Господи, Господи...
Олтар Помилуј нас;
Народот Свјатиј Боже, еден пат.)

Народ: Свјатиј Боже, Свјатиј Крепкиј, Свјатиј Бесмертниј,


помилуј нас. (3 пати)
Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во веки
веков. Амин.
Свјатиј Бесмертниј, помилуј нас.
Свјатиј Боже, Свјатиј Крепкиј, Свјатиј Бесмертниј, помилуј
нас.

11
Читање на апостолот

Ѓаконот: Да внимаваме.
Свештеникот (ако е присутен архиереј, тогаш архиерејот): Мир на сите.
Чтецот: И духови твоему, прокимен глас... и го чита прокименот со
стихот.
Ѓаконот: Премудрост.

12
Чтецот: (кажува од кое послание ќе биде прочитан апостолот)
Свештеникот: Да внимаваме.

По завршувањето на апостолот: Народ: Алилуија, алилуија, алилуија.

Читање на Евангелието

Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Премудрост, простум да го


ислушаме Светото евангелие
Свештеникот (ако е присутен архиереј, тогаш архиерејот): Мир на сите.
Народ: И духови твоему.

Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Ќе се чита од светото


Евангелие според (името на евангелистот).

Народ: Слава Тебје Господи, Слава Тебје.

Свештеникот (ако е присутен архиереј, тогаш архиерејот): Да внимаваме.


По читањето на евангелието: Народ: Слава Тебје Господи, Слава
Тебје.

13
На архиерејска литургија, додека епископот благословува после
евангелието, народот пее Многаја лета, 3 пати.

Сугуба (двојна) ектенија

Ѓаконот: Да речеме сите од сета наша душа и од сета наша помисла, да


речеме.
Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Господи Седржителу, Боже на нашите татковци, Ти се молиме


услиши не и помилуј,
Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Помилуј не Боже, по Твојата голема милост, Ти се молиме


услиши нè и помилуј.
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.

Ѓаконот: Уште се молиме за благочестивиот православен народ наш, за


неговата власт, победа опстојување, мир, здравје и спасение, и Господ
нашиот Бог да му помага во сè и да покори под нозете негови секаков
непријател и противник.
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.

14
Ѓаконот: Уште се молиме за За блажениот архиерпископ (или: за
високопреосвештениот митрополит наш, или: за преосвештениот епископ
наш) наш (името), и за сето во Христа братство наше.
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.
Ѓаконот: Уште се молиме за блажените и секогаш споменувани создатели
на овој свет храм (или оваа света обител), и за сите православни порано
упокоени отци и браќа наши, кои почиваат овде и насекаде.
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.
Ѓаконот: Уште се молиме за милост, живот, мир, здравје, спасение,
посетување, прошка и разрешување од гревовите на Божјите слуги, на
сите благочестиви и православни христијани, кои живеат во оваа парохија
и во овој град (село), настојателите и браќата на овој свет храм (или света
обител).
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.
Ѓаконот: Уште се молиме за оние што принесуваат плодови и прават
добрини за овој свет и сечесен храм, за оние што се трудат, пеат и за
луѓето што присуствуваат, очекувајќи од Тебе голема и богата милост.
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.
Свештеникот: Зашто си милостив и Човекољубец Бог, Тебе слава Ти
вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни
векови.
Народ: Амин!
Заупокоена ектенија

Ѓаконот: Помилуј нè, Боже, по Твојата голема милост, Ти се молиме


услиши нè и помилуј.

15
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.

Ѓаконот: Уште се молиме за упокоение на душите на починатите слуги


Божји (имињата) и да им се прости секое прегрешение, волно и неволно.
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.
Ѓаконот: Та, Господ Бог да ги всели нивните души таму каде што почиваат
праведниците.
Народ: Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј.
Ѓаконот: Милост Божја, царство небесно и прошка на нивните гревови, од
Христа – бесмртниот Цар и Бог наш, просиме.
Народ: Подај Господи!

Ѓаконот: Да се помолиме на Господа.


Народ: Господи помилуј!

Свештеникот (ако е присутен архиереј, тогаш архиерејот): Боже на


духовите и на секое тело... Зашто си воскресение, живот и покој на
починатите Твои слуги (имињата), Христе Боже наш, Тебе слава Ти
вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец и со Пресветиот и благ и
животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!

16
Ектенија за огласените

Ѓаконот: Огласени, помолете се на Господа.

Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Верни, да се помолиме за огласените, Господ да ги помилува.

Народ: Господи помилуј!


Ѓаконот: Да ги поучи со словото на вистината.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Да им го открие Евангелието на правдата.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Да ги соедини со Својата света, соборна и апостолска Црква.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Спаси, помилуј, заштити и запази ги, Боже, со Твојата благодат.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Огласени, вашите глави приклонете ги пред Господа.
Народ: Тебје Господи!

17
Свештеникот: Та и тие со нас да Го слават Твоето пречесно и великолепно
име, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!

Ектенија на верни

Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Вие кои сте огласени
излезете, огласени излезете, вие кои сте огласени, излезете, да нема никој
од огласените; а вие верните, пак и пак во мир да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.


Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Премудрост.
Свештеникот: Зашто Тебе ти прилега секоја слава, чест и поклонение, на
Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!
Ѓаконот: Пак и пак, во мир да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј! (според горните ноти)
Кога свештеникот служи сам, следново не го изговара:
Ѓаконот: За мир од висините и за спасение на нашите души, да се
помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!

18
Ѓаконот: За мир во целиот свет, за благосостојба на светите Божји цркви и
за соединување на сите, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За овој свет храм и за оние коишто со вера, набожност и страв
Божји влегуваат во него, да се помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За да се избавиме од секаква скрб, гнев и опасност, да се
помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.


Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Премудрост.
Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Та секогаш пазени
под Твојата власт, Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и
Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!
На Велик Четврток наместо Херувимската песна се пее: Вечери
твоеја тајнија, а на Велика Сабота Да молчит.
Херувимската песна
Народ: Иже херувими тајно образујуште, и животворјаштеј троице
трисвјатују пјесн припевајуште, всјакое ниње житејское отложим
попечение.

19
20
Голем вход

Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Благочестивиот и христољуби-


Виот православен народ наш, да го спомне Господ Бог во Своето Царство,
постојано, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!
Свештеникот: Блажениот архиепископ (или високопреосвештениот
митрополит или преосвештениот епископ) наш (името) и сиот
свештенички, свештеноѓаконски и монашки чин, да ги спомне Господ Бог
во Своето царство, постојано, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!
Свештеникот: Ктиторите и приложниците на овој свет храм (ако е во
манастир: на оваа света обител) да ги спомне Господ Бог во Своето
царство, постојано, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!
Свештеникот: Вас и сите православни христијани да ве спомне Господ Бог
во Своето царство, постојано, сега и секогаш и во вечни векови.

Народ: Амин! Јако да царја всех подимем, ангелскими невидимо


дориносима чинми. Алилуја, алилуја, алилуја.

21
Прозбена ектенија

Ѓаконот: Да ја исполниме нашата молитва пред Господа.

Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: За предложениве чесни дарови, да се помолиме на Господа.

Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: За овој свет храм и за оние коишто со вера, набожност и страв


Божји влегуваат во него, да се помолиме на Господа.

Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: За да се избавиме од секоја скрб, гнев и опасност, да се помолиме


на Господа.
Народ: Господи помилуј!

(кога служи сам свештеник)

или ако служи ѓакон (кратко)

22
Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат!

Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Целиот ден да биде совршен, свет, мирен и безгрешен, просиме


од Господа.
Народ: Подај Господи!

Ѓаконот: Ангел на мирот, верен наставник, пазител на душите и телата


наши, просиме од Господа.

Народ: Подај Господи!

Ѓаконот: Прошка и разрешување на гревовите и прегрешенијата наши,


просиме од Господа.

Народ: Подај Господи!

Ѓаконот: Сè што е добро и полезно за нашите души и мир во светот,


просиме од Господа.

Народ: Подај Господи!

Ѓаконот: Останатото време од нашиот живот во мир и покајание да го


завршиме, просиме од Господа.

Народ: Подај Господи!

23
Ѓаконот: Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен,
мирен, и добар одговор на сташниот Христов суд, просиме.

Народ: Подај Господи!

Ѓаконот: Пресветата, пречиста, преблагословена, славна, Владичица наша,


Богородица, и Приснодева Марија, откако ја спомнавме со сите Свети,
самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Народ: Тебје Господи!

Свештеникот: По милосрдието на Твојот Единороден Син, со Кого си


благословен, со Пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш
и во вечни векови.
Народ: Амин!
Свештеникот (ако е присутен архиереј, тогаш архиерејот): Мир на сите.

Народ: И духови твојему!


Ѓаконот: Да се возљубиме еден со друг, та со единомислие да исповедаме.

Народ: Отца и Сина и Свјатаго Духа, Троице единосуштнују и


неразделнују.

24
Ѓаконот: Двери, двери, со премудрост да внимаваме.

Символ (исповедање) на верата - читање

Народ: Верувам во единиот Бог Отец, Седржител, Творец на


небото и на земјата и на сè видливо и невидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој
е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина,
вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, единосуштен на
Отецот, преку Кого сè станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од
небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат и
страдаше и беше погребан;
И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;
И Кој се вознесе на небесата и седи оддесно на Отецот;
И Кој пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на
мртвите и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од
Отецот, Кој со Отецот и Синот е почитуван и славен, и Кој говорел
преку пророците;
Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
Исповедам едно крштение за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин!

25
Ѓаконот: Да застанеме добро, да застанеме со страв, да внимаваме, светиот
Принос во мир да го принесеме.
Народ: Милост мира, жертву хваленија!

Свештеникот (ако е присутен архиереј, тогаш архиерејот): Благодатта на


нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отецот , и заедницата на
Светиот Дух, да бидат со сите вас.

Народ: И со духом твојим!

Свештеникот (ако е присутен архиереј, тогаш архиерејот): Горе да ги


имаме срцата.

Народ: Имами ко Господу.

Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Да Му благодариме


на Господа.
Народ: Достојно и праведно ест, поклањатисја Отцу и Сину и
Свјатому Духу, Троице единосушнеј и неразделнеј.

26
Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Пеејќи, воскликну-
вајќи, извикувајќи и говорејќи ја победната песна:
Народ: Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот, исполн небо и земља
слави твоеја, осана во вишних. Благословен градиј во имја Господне,
осана во вишних.

Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Примете, јадете,


ова е Моето Тело, кое за вас се прекршува, за прошка на гревовите.
Народ: Амин!
Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Пијте од неа сите,
ова е Мојата Крв на Новиот Завет, која се пролева за вас и за мнозина, за
прошка на гревовите.
Народ: Амин!

27
Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Твои од Твоите,
Тебе Ти принесуваме, за сите и за сè.
Народ: Тебје поем, Тебје благословим, Тебје благодарим
Господи. И молим ти сја Боже наш.

Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Особено за


Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша
Богородица и Приснодева Марија.

28
Народ: Достојно ест јако воистину, блажити тја Богородицу,
присноблаженују и пренепорочнују, и матер Бога нашего. Честнејшују
херувим, и славнејшују без сравненија серафим. Без истленија Бога
Слова рождшују. Суштују Богородицу, тја величајем.

Свештеникот: Најнапред спомни го, Господи, блажениот архиепископ


Охридски и Македонски (или високопреосвештениот митрополит, или
преосвештениот епископ) (името) и дарувај го на Твоите свети цркви, во

29
мир, цел, чесен, здрав, долговечен; правилно да раководи со словото на
Твојата Вистина.
Народ: И всех и всја.

На архиерејска литургија
Протоѓаконот: Најнапред спомни си Господи, за блажениот архиепископ
Охридски и Македонски (или високопреосвештениот митрополит, или
преосвештениот епископ името), кој ги принесува овие дарови на Господа
Нашиот Бог, за здравје и спасение на нашиот народ, и за сите и за сè.
Народ: И о всјх и за всја!

Свештеникот: И дај ни со една уста и едно срце да Го славиме и воспеваме


Твоето пречесно и великолепно име, на Отецот и Синот и Светиот Дух,
сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!

Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): И да бидат


милостите на Великиот Бог и Спасител наш Исус Христос, со сите вас.

Народ: И со духом твојим.

Ѓаконот: Откако ги спомнавме сите Свети, пак и пак, во мир да се


помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј! (нотниот текст е ист како оној во
прозбената ектенија)
Ѓаконот: За принесениве и осветени чесни дарови, да се помолиме на
Господа.

30
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Та, човекољубивиот Бог наш, откако ќе ги прими во светиот,
наднебесен и духовен Свој жртвеник, како благопријатна духовна
миризба, да ни ја испрати божествената благодат и дарот на Светиот Дух,
да се помолиме.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: За да се избавиме од секаква скрб, гнев и опасност, да се
помолиме на Господа.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народ: Господи помилуј!
Ѓаконот: Целиот ден да биде совршен, свет, мирен и безгрешен, просиме
од Господа.
Народ: Подај Господи!
Ѓаконот: Ангел на мирот, верен наставник, пазител на душите и телата
наши, просиме од Господа.
Народ: Подај Господи!
Ѓаконот: Прошка и разрешување на гревовите и прегрешенијата наши,
просиме од Господа.
Народ: Подај Господи!
Ѓаконот: Сè што е добро и полезно за нашите души и мир во светот,
просиме од Господа.
Народ: Подај Господи!
Ѓаконот: Останатото време од нашиот живот во мир и покајание да го
завршиме, просиме од Господа.
Народ: Подај Господи!

31
Ѓаконот: Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен,
мирен, и добар одговор на сташниот Христов суд, просиме.
Народ: Подај Господи!
Ѓаконот: Откако испросивме единство во верата и заедница со Светиот
Дух, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го
предадеме.
Народ: Тебје Господи!

Свештеникот: И удостој нè, Владико, со смелост, неосудено да смееме да


Те призиваме Тебе, небесниот Бог и Отец, и да говориме:
Народ: Оче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое, да
дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на
земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите
наши, како и ние што им ги проштаваме на нашите должници; и не
воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот.
Свештеникот: Зашто Твое е царството и силата и славата, на Отецот и
Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!
Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Мир на сите.

Народ: И духови твоему!

32
Ѓаконот: Главите ваши приклонете ги пред Господа.
Народ: Тебје Господи!

Свештеникот: По благодатта, и добрините, и човекољубието на


Единородниот Твој Син, со Кого си благословен, со Пресветиот и благ и
животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народ: Амин!

Ѓаконот (или свештеникот ако нема ѓакон): Да внимаваме!


Свештеникот: Светињите се за светите.
Народ: Једин Свјат, Једин Господ, Исус Христос, во славу Бога
Отца, амин.

33
Причасен

Хвалите Господа снебес. Хвалите его во вишних. Алилуја.

Ѓаконот: Со страв Божји, вера и љубов, пристапете.


Народ: Благословен градиј во имја Господне, Бог Господ и
јависја нам. (на Велигден се пее Христос воскресе)

34
Молитва пред причест

Верувам, Господи, и исповедам дека Ти си навистина Христос,


Синот на живиот Бог, Кој дојде во светот да ги спасиш грешниците од
кои првиот сум јас. Уште верувам дека ова е Самото Твое пречисто
Тело и ова е Самата Твоја чесна Крв. Затоа, Ти се молам: помилуј ме
и прости ми ги моите прегрешенија, волни и неволни, направени со
збор или дело, со знаење и незнаење, и удостој ме неосудено да се
причестам со Твоите пречисти Тајни, за прошка на гревовите и за
вечен живот.
Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата тајна вечера,
зашто нема да им ја кажам тајната на Твоите непријатели, ниту ќе Ти
дадам целив како Јуда, но, како разбојникот Те исповедам: спомни ме,
Господи, во царството Твое.
Господи причестувањето со Твоите свети Тајни да не ми биде за
суд или за осуда, но за исцеление на душата и телото. Амин!

Народ: Тело Христово примите, источника бесмертнаго вкусите.


Алилуиа

35
Свештеникот: Спаси ги, Боже, Твоите луѓе и благослови го Твоето
наследство.

Народ:Видехом свет истиниј, пријахом Духа небеснаго,


обретохом веру истинују, неразделнеј Троице поклањаемсја, та бо нас
спасла ест. (на Велигден се пее Христос воскресе...)

Свештеникот: Постојано, сега и секогаш и во вечни векови.

Народ: Да исполњатсја уста наша, хваленија твојего Господи,


јако да поем славу Твоју, јако сподобил еси нас причаститисја свјатим
твоим боежественим, безсмертним и животворјаштим тајнам.
Собљуди нас во твоеј свјатини, вес ден поучатисја правде твоеј.
Алилуиа, алилуиа, алилуиа. (на Велигден се пее Христос воскресе...)

36
Ѓаконот: Откако ги примивме божествените, свети, пречисти, бесмртни,
небесни и животворни, страшни Христови Тајни, простум стоејќи,
достојно да Му благодариме на Господа.

Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.

Народ: Господи помилуј!

Ѓаконот: Откако испросивме цел ден совршен, свет, мирен и безгрешен,


самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

37
Народ: Тебје Господи!

Свештеникот: Зашто Ти си наше осветување, Тебе слава Ти вознесуваме,


на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Народ: Амин!

Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Со мир да излеземе.

Народ: О имени Господни

Ѓаконот: Да се помолиме на Господа.

Народ: Господи помилуј!

Свештеникот: Господи, Кој ги благословуваш оние што Те


благословуваат...и Тебе слава, и благодарност и поклонение Ти
вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни
векови.

Народ: Амин! Буди имја Господње благословено от ниње и до


вјека. (3 пати)

38
Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Благословот
Господов да дојде на вас, со Неговата благодат и човекољубие, постојано,
сега и секогаш и во вечни векови.

Народ: Амин!

Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): Слава Ти, Христе


Боже, надеж наша, слава Ти.
Народ: Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во
век и веков. Амин. Господи помилуј, Господи помилуј. Оче
благослови.

Ако служи архиепископ: Блажењејши владико свјати благослови.


Ако служи митрополит: Високопреосвјаштенејши владико свјати
благослови.
Ако служи епископ: Преосвјаштенејши владико свјати благослови.
Христос, вистинскиот Бог наш...

Народ: Амин!

Свештеникот (ако служи архиереј, тогаш архиерејот): По молитвите на


светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè.

Народ: Амин!

39

You might also like