You are on page 1of 92

Луксуз и контрола 1 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЛУКСУЗ И КОНТРОЛА
стихозбирка од Игор Поп Трајков ISBN-10 (608-4891-01-2), ISBN-13 (978-608-4891-01-7)
EAN (9786084891017)
ЗЛАТНИТЕ ЗРАЦИ~4
СКАЛИТЕ КОН ГОРЕ~5
КРЕПКО~6
НЕПРЕГЛЕДНИОТ ПАТ~7
ВАДЕЊЕ НА МЛЕЧНИОТ ЗАБ~8
СТОЛБОВИТЕ НА ОПШТЕСТВОТО~9
РАЗУБАВУВАЊЕТО НА НАРЦИСОТ~10
БРИШАЧОТ~11
КОЛЕЖОТ ВО КАРТАГЕНА- ГЕНИЈОТ НА ФЛОБЕР~12
ГЕНИЈОТ НА ФЛОБЕР Е СЕГА СО ПРОПАДНАТ УГЛЕД ~13
ОКТАВИЈАН Е ЗА ПОВОЛНОСТА~14
ОСНОВНИОТ ЗАКОН...~15
ПИЛАТ, КОМПРОМИС~16
1~17
ГО ОДБЕГНА...~18
ОТКОРНАТ ОД БЛУЗАТА~19
ПАРИ~22
ДЕВИЈАНТНА ИМПЕРИЈА~23
ЈАГНЕ~24
ДУШКА~25
ОТВОРЕНАТА ОСТРИГА~26
КОМПРОМИС~27
БАРАЊЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ БР. 1~28
БАРАЊЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ БР. 2~29
ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛЕДЕЊЕ~30
ЗНАМЕ ОД КОПРИНА~31
ТЕМНА КОПРИНА~32
Луксуз и контрола 2 стихозбирка од Игор Поп Трајков

УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА~33
ОСОБЕНИОТ ШАРМ НА УЛИЦАТА СО ЛИПИТЕ~34
ХАЈДИ НА БАЛКАНОТ~36
СЕЌАВАЊЕТО ПО МОНИСТРАТА~37
КРУГ~38
АПСОЛУТНО~39
ПОЛЕТУВАЊЕ И АТЕРИРАЊЕ~40
СТРЕМАМ~41
РЕПРОДУКЦИЈА~42
ТАПЕТИ СО РОЗОВИ ГРАДИНИ~43
ПАРФЕМ~44
ПАРФЕМОТ СО ЦИКЛАМА БОЈА~46
ВИСТИНИТОСТА ЗА СТРАСТА~47
ФЕТИШ СО ЛАДАЛОТО~48
КОЈА Е ФИГУРАТА НА ЉУБОВТА?~49
ПОСТОЈАНОСТ~50
ПЕДАНТНОСТ~51
ЅИДОТ ИМА ОКО~53
ДУПЧЕ ВО ЅИДОТ~54
ЖОЛТИ ЛИСТОВИ~54
ИСКРЕНО ПРЕЧЕКУВАЊЕ~55
НЕОДМИНЛИВОСТ ЗА НИКОГО~58
ЗАР, КАРТИ~59
БОН-ТОН~60
ДИПЛОМАТИЈА~61
ВНИМАНИЕ~62
ФЛАСТЕР~63
ПОСАКУВАНИОТ ПОДЕМ~64
ВЕТРОТ, ВИСОКИ ВРВОВИ~65
ПРЕГРАДА ВО ЅИДОТ~66
РАШИРЕН ОБРАЧ~67
Луксуз и контрола 3 стихозбирка од Игор Поп Трајков

КРВАВИТЕ УТРА~68
ПРОСТОР И ВРЕМЕ~69
ИЗМИЕНАТА ПРОЅИРНОСТ~70
НЕКОЈА ПОИНАКВА ЖЕНА~71
ПЛЕТЕНО, ВЕЗЕНО~72
ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИМЕТО~73
АУТСАЈДЕР~74
ЗАРАБОТКА~75
ФУСТАНЧЕ ОД НЕДОСЛЕДНОСТ~76
СРЕБРЕНИОТ ПЕПЕЛНИК~78
ЅВЕЗДИТЕ НÈ ВОДАТ~79
МЕВ~80
ПЕСЈАЦИ ВО СТОМАКОТ~81
АЛАРМ~82
СИГУРНИОТ ЧЕКОР~83
БЕЛИОТ СВЕТ~84
АПЛАУЗ~84
ПОВТОРНО~85
ЗАВОИ ОД ЛОТОСОВИ ЛИСТОВИ~86
ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (I дел)~87
ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (II дел)~88
ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (III дел)~89
ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (IV дел)~90
ИСПРЕСЕЧЕНИ ПАТИШТА~91
Луксуз и контрола 4 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЗЛАТНИТЕ ЗРАЦИ

Внимателно се пробиваат
низ пластовите копринени
како слоевите на времето
низ мислите на наивните.
Кои веруваат во силината
на градењето, не во крадењето
од сјајот на ѕвездите во вселената.
Каде што патеката на смрачувањето
ја протегнала на кипарисите чемерната
долама на тажењата, се пени
во избликот на лавата на непрегората
насладата на од живитот смени
и дневни и ноќни
кои се секогаш страсни
поточно најстрасни
измени на оние среќни
камења најтврди, кои се најтврди
заради прекрасноста на детските
изблици со младешки наслади.

Зашто сонцето своите пипки надводни


ги простира по коралите на чесноста
како и секој цар на достоинственоста.
А пак со сенки студени обиколи простира
за гнасот на нечесноста која узурпира.
Луксуз и контрола 5 стихозбирка од Игор Поп Трајков

СКАЛИТЕ КОН ГОРЕ

Внимателно ќе чекориме
зашто скапотијата е лакирана
и многу лизгава.
Не е лесно да се одржиш исправено
затоа во група се воздигнуваме
дур се придржуваме
еден од друг исконски зависиме
кога се поврзуваме
како и сите фашисти и ние сме
поврзаноста со неморал ја наплаќаме
и со перверзност зацврстуваме.
Ако предниот кој вгоре води
се лизне сите ќе не сруши
и пак кај мувлосаниот почеток
ќе не врати. Затоа најнестабилниот
најназад го сместуваме
ако отпадне лесно со друг го заменуваме.
За паднатиот многу не се секираме
дур кон горе навлегуваме
како и сите фашисти на маката туѓа се смееме
- едната клечка лесно се крши, ама снопот тешко -
тоа ни е фашо потеклото од стар Рим стратешко.
Во фасциклата ги евидентираме
имињата на оние кои на патот ни стојат
за со нив да се изживуваме
дур постојат ил дур од мака не пцовисаат.
Луксуз и контрола 6 стихозбирка од Игор Поп Трајков

КРЕПКО

Бргу навикнав бргу да закрепнувам


особено дур од една на друга страна преминувам.
Не знаев дека ќе ме рушат
мислев дека е онака како што нè учеа
државните институции
дека сè со квалитет и вредност се постигнувало.
Но немало, ех немало
ни тронка вистина во сето ова
особено не на Балканот каде за ова
се добива ќелија затворска, казна за наивноста
или лудачка кошула, онаа за отвореноста.

Кога веќе си со нечесноста


треба да знаеш како да ја пречекаш
бесконечноста во која се вгледуваш
како кучето кое лае кон месечината
единствената му пријателка
во светот на темнината.

Во влагата на јазикот и грлото


сјајот кучешки месечински се огледува
и кучето прогледува дека лицемерното
е над сè, но пак лудоста кон лудоста
на од месечината совршеноста го
привлекува и тоа стапнува кон бездната...

Но не и јас. Со ранет подбрадок и


удирани потколеници јас сум, со свои
мисли и надежи, и изблици здрави
зашто знам дека патот морам сам
да го изградам, а потоа отпатувам.
А на крајот на патот се чекам самиот
себе си- а кој друг впрочем;
дур закрепнувам невидливо од драгиот
ангел катраносан и успехот попречен.
Луксуз и контрола 7 стихозбирка од Игор Поп Трајков

НЕПРЕГЛЕДНИОТ ПАТ

Одеше по едвај надзирачката


патека додека острите околни
гранки му ја кинеа облеката.

Одеше кон манастирот средновековен


зашто во ова средновековие му се
живее, додека громот светли и екне.

Во сенка злокобна пред заднина од


облаци посивени е сега за него
дворецот тој за испос сиот период.

Стремеењето кон повисокиот опстанок


во некакво битисување духовно направи
да заборави дека е со од намачен, пробиен опинок.

Манастирот ставоросан е значи она што


никогаш не му пречи да битисува таму
каде се вознесува иако останал без ништо.

Така манастирот станува и палата вилинска


кога на гладните и отфрлените им се помага
со дисциплина строга низ светлина вселенска.
Луксуз и контрола 8 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ВАДЕЊЕ НА МЛЕЧНИОТ ЗАБ

Не сакаше да оди
се преправаше дека му се лоши
дека не може четката за заби да ја држи
оти прв пат му беше на детенцето
кое сакаше да се докаже дека
е веќе голем маж, а всушност
сè до денес немало на забар одено.
Уште од како имало проодено
тоа дете има внимавано
никому на слабото место
да му нема застанато.
Пустото не знае дека токму
таквите животот ни најмалку
не ги штеди, луѓето од околу
уште помалку!
Како токму ова да е претскажувањето
за сè низ што денес детето треба да мине
за наклоноста на родителот да не го одмине.
По сè изгледа по неколку одложувања
сепак се реши да замине со таткото,
а кога сè ќе си дојде на свое место
ќе им се посвети на теглите со слаткото!
Луксуз и контрола 9 стихозбирка од Игор Поп Трајков

СТОЛБОВИТЕ НА ОПШТЕСТВОТО

Нашите предци внимаваа


сè она што е изградено да е
доволно цврсто. Знаеја
дека многу земјотреси има на нашата сакана земја која е
некогаш плошна, некогаш овална, зависи во кој дел од
историјата се загледуваме. Кога пак прогледуваме-
согледуваме дека не е планетата наша нашето жи-
веалиште градено, туку дека имаме глед кој мижи
пред сè она што е навидум штетно за постоењето
детно, божем кон наредните поколенија заштитувањето
е зајакнато, а всушност е само заразно пренесено
сè она што е внесено во нас безизлезно присилно
всушност цивилизациски регресивно, етички штетно.

И така се мора, вели старецот снемоштен дур во


морскиот далеч се вгледува, како да знаел дека
мрежата полна со риби, од него уловени чека
да биде преземена од оној со медалот на злото
чии песјаци се посјајни од најскапоцените бисери
средоземно-морски, така ретки, како доброто
зборување за хероите на денешнината и минатото.
Зашто оној кој кажува кој е, а кој не е- е херој
на денешнината под услов да е заборавот на
иднината...

Дорскиот столб е нажлебен вгоре и


хоризонтално кај потпората, за да не
се скрши како минојскиот кој е мазен.
Стариот градител многу знаел и нè
научил, но не и современиот празен
човек кој е од неправдата згазен
кој не може да е обновен, повторно роден
оти се нема почит кон херојот поразен.
Луксуз и контрола 10 стихозбирка од Игор Поп Трајков

РАЗУБАВУВАЊЕТО НА НАРЦИСОТ

Генијот на Овидие пред да биде по казна


во Романија испратен, напишал стихови
за генијалните Метаморфози.

Во кои и приказната за постоењето на


Нарцисот- чија кожа така сјајна,
беше така привлечна - е речиси женствена.

Божицата строга и дистанцирана во


него за прв пат се вљуби гледајќи
го движењето на раскошните му колкови.

Нарцисот беше убавина некаква чудна


која не сакаше со други да е споделена
и така од наклонот на Танатос е разделена.

Разделена е сè до денес бидејќи цивилизацијата


морала да научи како да делува и споделува
без никого да скратува и така гнев божествен, да не провоцира...

... кој Нарцисот на озлобената божица в неврат го ничкоса.


А дали Овидие пред или по Романија (старата Германија)
Метаморфозите ги напишал, тоа некој научник кажал.
А научникот не е винаги точен, зашто нема сочен
замав, како поетот Овидие со успех дрочен
- иако по казна. Без да знае за нешто бил успешен.
Прв Германски станал поет,
а Нарцисот само воденест цвет.
Луксуз и контрола 11 стихозбирка од Игор Поп Трајков

БРИШАЧОТ

Знаеше дека е многу потребен


иако ниту еден талент не му беше
развиен. Тој беше стискачот
на мевот на разгорот
во каминот на дворецот
каде некогашните грофови
ја гледаа принцезата со ископаните очи
навлечена на опиумот растен
покрај коровите на Персија
на која само насладот ѝ беше важен
од бедното образование ова наук ѝ беше најважен,
а потоа сè само на местото ќе си дошло...
Како дошло, така ошло...
Како и да е грофовите сè издржаа во име
на мекиот ќилим послан под надигнатата
им грпка. Им беше важно мафтањето на
ладалото, над нивните затапени мозоци-
од запотените слуги од Индија, кои тука
барем ги нахранија...
Тој умееше на сите сатрапи долговите да им
ги избрише, од пергаментите на историите
на фамилиите загреани од факелите на измамите,
со знамињата развеани од победите над доблестите.
Ако... Бришачот за сето тоа знае, трае, ги има нив
имањата од тишините во подрумите на наднесените
над ерата на несоницата, која настана од сонуваните
сонувачи, вечно разбудени од тревогата на сакатените.

посветено на Хајам
Луксуз и контрола 12 стихозбирка од Игор Поп Трајков

КОЛЕЖОТ ВО КАРТАГЕНА- ГЕНИЈОТ НА ФЛОБЕР

Мисловноста, а ни филозофијата
не беше некоја најсилна страна
на целата таа популација
вклучувајќи ја и нивната аристократија.

Златото, насладата, силата пред умот


беа оние патеводителки
кои во неврат однесоа со крајот
на денот многу ослободителки...

... кои наивно веруваа во светоста


на знаењето, во неговата силина
која одамна ја победила стрвноста
со замавот на орел-крилото со иднина.

Над урнатините сега само стрвниците


надлетуваат, со својот кикот
страотен, замавнуваат наследниците
на пленот на измамата од стрвникот.

Братучедот на Енеј заштита еднаш


даде, за родот кој во љубовта верува.
Сега во шаторот се скри кралот наш
без кралство, во азурот морски се вгледува.

Северот сега ликува, богатства нови


очекува, од патишта трговски војно
придобиени, тие сокриени планови
на алчноста, во `ржењето лавовско пладневно.
Луксуз и контрола 13 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ГЕНИЈОТ НА ФЛОБЕР Е СЕГА СО ПРОПАДНАТ УГЛЕД

Ја истражуваше медитеранската мисловност


или барем така самиот за себе прикажуваше
како по брегот на азурот одел
и сè- секој слој цивилизацијски
жив вид или подвиг човечки
запишал, а потоа многу книги
би напишал од истражувањево ова
негово така сестрано
несомнено генијално.
Така барем од него сето ова беше опишано
од тој некој кој сеуште со мајка си живее
чека таа да му згрее некакво си
суфле, дур одоздола се распее
пеачката од меаната, некоја си,
во буржоаските кругови така
популарна сега...
Арно ама буржоазов среден друг демон
го демне, сред медитеранот опасен,
а тоа е шепотот гласен, во самиот
него, сосем неодолив, најпрекрасен.
Самиот себе си, паралелно се истражува
блазиран од уредноста мајчина, ептен
на Хедон ориентален се оддава. Кажува
локалниот печат- „угледниот буржоа
Густав Флобер, некаде на пола пат
од Александрија до Истанбул тој
сифилис лепнува. Малолетната
проститутка го сепнува сред друштвата
угледни во Истанбул, дека не сака
со него да се секса, бидејќи од гениталијата
гноен исцедок му тече!“
Г.Ф. требаше да внимава што прави,
сега непоправлива трагична грешка
е направена, сиот свет дозна какви
гревови направи. Сите го напуштија,
така беше дружељубив, сега самотија
му мрачи, нема пријателства
веќе, да не ни помислиме на задоволства.
Луксуз и контрола 14 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ОКТАВИЈАН Е ЗА ПОВОЛНОСТА

Не мина многу време откако неговиот


претходник- Божествениот
како што го викаа, беше убиен,
кога тој реши да се зацрврсти
и од оние со кои власта ја дели
да се обезбеди.
Самиот себе се сметаше за
најповолниот, а мораше и сите
да ги натера така за него да мислат
- што впрочем не е тешко, кога
сите така мораат да мислат - и
законот за поволностите го донесе.
Со кој секој оној кој знае дека некој
е против Октавијан, може тој
некој да го убие, за потоа од
убиениот богатството да го ползува.
Следствено граѓанинот го убива
побогатиот, дури и ако тој некој
му е зет, брат или свекор, како и
рожба родена, за до поволноста
на Октавијан дојде, откако пред
диктаторот како лојален поддржувач
се покаже. Поволноста која со
свежа крв беше залеана, беше
сестрано поддржана, од класата
која на јазикот не чистотата, а влакната
ги изрти за сè напредно да усмрти,
со демонот на назадноста да се збогати.
Луксуз и контрола 15 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ОСНОВНИОТ ЗАКОН...

... за сè може да се опише


со почетокот на светот всушност,
поточно со планетава која дише
и не може да има идност
животот нејзин
доколку нема сигурност.

За човекот пак доколку


го сметаме за животно едно само
или не само толку,
а нешто посебно...
И во едната и во другата варијанта
важи истиот закон
најдобро претставен во човекот
на Ветрувие, каде стомакот
е сепак малку погоре од гениталијата.
Така да секогаш е поважен животот
од имагинацијата...
Тоа е како што и Еврипид вели
„таму каде стомакот е празен,
ги нема задоволствата...“
Нашиот човек ова го знае
дур бегајќи од геноцидот, од прогонствата
спознал што навистина трае.
Лицемерието! Компромисот!! Лажноста!!!
Луксуз и контрола 16 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПИЛАТ, КОМПРОМИС

Веќе едвај одеше


Неколку дни беше сосем бос
Од мачењата имаше згрутчена крв
Под ноздрите.
За непрепознатливоста допринесуваше
И онаа темна нијанса која кај мачениците
Се јавува под клепките, која тие намачените
Ги прави непрепознатливи, дури и за најблиските.

Судијата сепак го позна иако не го препозна


Беше многу изменет од денот кога прв пат
Го виде. Тогаш му се виде како некој разумен
Кој со судот компромис ќе направи.
Сепак професионалноста се пројави
Во дамарите на потсвеста и направи
Од судијата да прозборува совеста
Но сепак тој е семеен човек, работата е важна
Не поважна од судбината на мачениов- така тажна.

Замижи пред светот, нека тој ја донесе пресудата


Страшна- не јас, така си кажа.
Потоа на ред беа смртта, бесилката-
Онаа на Јуда? Останатото историјата
Мајката на сите неверства го презеде
Но надежта, љубовта, верата не ги разјаде.
Луксуз и контрола 17 стихозбирка од Игор Поп Трајков

Само 1 е оној кој знае


да чека секоја ноќ од
11 до 1 трудовите за
утрешниот ден да ги
подготвува, оти 1 кој
сонува, се преправа
дека е само 1 таков
кој на чин ваков се реши
без да згреши знае кој
е самиот тој, зашто
му беше јасно предочено
дека мора од сè различно
од другите да се откаже
и вредност за 1 од нас
да покаже, оној кој е 1
и најважен, таткото ни
на секој ден, од уморни
зраци сончеви одважен
како лебедот со врат
искривен, сѐуште неумрен
во денот последен,
како и секој претходен
лебедот е најдостоинствен
1 и единствен.
Луксуз и контрола 18 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ГО ОДБЕГНА...

... преправајќи се дека не знаеш


што правиш.
Мрсулот зелен ти беше здрвен
од студенилата на погледите
кога кон бесилката се качуваше
кон стоката погледнуваше
таа ти беше поважна од луѓето...
Така гледајќи по беспаќата
не бесчувственоста ти докажа
дека си како нив
- говедата и луѓето -
нурнат во бесконечноста на
траењета, дури живуркањата
се постилаа пред феудалецот
кој се качуваше кон тронот.
Во влажноста на денот ти
беше оттргнат од џелатот
за да се потенцира важноста
на простувањето на богот
на простотијата, кој е меѓу
нас, е еден од нас, е како нас.
Затоа немаш глас различен од
неговиот, дури и кога последниот
беше задоволен од првиот
беше и тој најстрвниот
од сите нас
затоа и најфалениот.
Го одбегна најлошото,
награден си за најопштото.
Луксуз и контрола 19 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ОТКОРНАТ ОД БЛУЗАТА

Го носеше под блузата


и самата се прашуваше дали самата
да се загрее или детенцето.
Вака нагрнат под шинелот
не му се познаваше ни ноџето, ни рачето.
Помина веќе неколку проверки,
кои ги имаше ѝ се чинеше
на секои 200 метри. Се надеваше
дека до вујко ѝ од Швајцарија ќе
стигне, а потоа кон Британија
би се упатила. Патуваше со
лажен пасош. Со убедувања
беше традиционални, конзервативно-
буржоаски. Се надеваше нема
никој да ја познае, тенот ѝ е
светол, семитско како да нема
ништо ни во одот ѝ незабележлив.
До вчера беше навикната да
оди само на штикли, ама сега
нема ни чорапи, чизмата ја
стега, престорена е како селан-
ка од Баварија. Нејзиното по-
текло се лоцира некаде на Бал-
канот. На една постројка несреќ-
но за неа забележаа дека нема
доволно облека во торбулето,
а рече дека одела на ваканција
во Швајцарија. Плус тоа во
здолништето ѝ беше напикан
и еден црн леб. Ја прашаа и-
зошто како да го крие детето,
да не мисли дека некој ќе ѝ
го земе? Ги раздвоија, среќно
нешто беше дека малиот не
беше обрежан, го ставија во
некој детски манастир во алпите.
Мајката пак заглави во некоја
прокуратура, и таму ја заборавија
со години. При ова цело време ѝ
Луксуз и контрола 20 стихозбирка од Игор Поп Трајков

беше страв дека нејзините роднини


ќе ја бараат, и така некој ќе дознае
дека е Еврејка. Во ќелијата цело
време мислеше на син ѝ и се наде-
ваше дека всушност е добро така
што се случило, дека судбината
го спасила. Не мислеше така
кога почнаа и бомбардирањата.
Еднаш едноставно падна бомба
на казнено-поправната зграда
и собата на нашата хероина остана
без ѕид. Таа се заталка долго, долго
по густата магла од прашина и
бензински согорувања, не знаеше
веќе ни дали е ден или ноќ и излезе
од темнината, кога и дозна дека
војната завршила, а таа, така излезе
за среќа била на победничката страна.
Долго го бараше синот, врз чиј
манастир паднала бомба исто така,
а според сведочењата би требало да не
бил он меѓу загинатите. Тукутака
заминал за САД, дозна, и и таа по него,
каде минуваа цели купишта време, а
таа не можеше да дознае ништо. Се
чудеше зошто и тој неа не ја бара.
Мислеше дека го посинило ново
семејство, и дека не сака да го бара
старото, а потоа пак, кога наполни
веќе 60, почна да мисли дека е
мртов, а погрешно се информирани
сите. Со оваа мисла и почина, ја
најдоа здрвена во столицата за
плетење и клатење, оваа вредна
чистачка на градската библиотека.
По само две седмици ја посети
синот, всушност живеел само 2 блока
од неа, откако некрологот го виде.
Тоа беше игра на судбина, зашто
името му беше погрешно со една
Луксуз и контрола 21 стихозбирка од Игор Поп Трајков

буква прва заверено, а тој беше


инвалид тежок, од бомбардирањето
двете нозе сосем до горе му беа ампути-
рани, тој беше едно чедо на страдањето.
Под перницата на мајка му тој ја
најде блузата која за него беше
торбата на кенгурот. Особениот
тек на настаните направи тој предмет
важен, да е сега миг одважен кој
продолжуваше да тлее по беспаќата
на неизвесноста на која имаше заборавено
и кога сè му беше простено без да има
што да му е простено. Мирисот кога
го вдиша тој, беше како сиот век
да му траел, во мирисот тој кој
тлеел од бесконечноста на тој
откинок од блузата развлечена
која беше средена, како песната
на кастратот, со светот на кастрацијата,
кој го дава тој пој божествен. Зашто
и тој беше скратен, со век обезличен
за во себе да го има просторот на
сончевиот тек, кој безгрешно му
го отвараше новиот свет, секое
утро во детскиот манастир му
покажуваше дека сиот несмир
на иднината, ќе е содржен во
бликот на сончевината. Така тоа
очекување, стана не надминување,
а засилување на амплитудата
на светлината, во векот на темнината
остварен со секое ново неверување,
измачување, понижување. Но нема
многу време за филозофирање, лошо
платениот социјален работник незадо-
волно праша: „Готов ли си?“ Овој
занесен со мајчините тапети со
црвено-кафеави бои рече: „Да.“
Украде и од овој ден наслада
од нежност и посветеност на својата
Луксуз и контрола 22 стихозбирка од Игор Поп Трајков

припадност- на сите среќи мајката.

ПАРИ

Секојдневно само остатокот


низ џебовите се мота
никој не мисли за она што е потрошено
тоа е секогаш за лошо истрошено
ретко, ретко добро дело
со парите е остварено.
Денот кога нив ги има
е посветол и од оној на
раѓањето треперењата од пеењето
на рајските птици
низ вековните парења на островите
на изолациите од војните
на рицарите со демоните
на мајките на вештерите, акрепите
со оние на убијците на злата
под нас, во нас, над нас.
Кога ѕвонот на парата ќе се оствари
од банкарскиот мермер, тоа е спас
од прекаријатот зависен од пари.
А пак тишината страдна штом
ќе завладее, тоа е пак мачење
од недостатокот паричен;
и сè така се врти околу перчење
без мислење во залогот страшен
во осуденото на неизмивање
и премолк илјадагодишен
во цивилизацијата на одумирање
на хипокритот ни најстрашен.
Луксуз и контрола 23 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ДЕВИЈАНТНА ИМПЕРИЈА

И на Исток и Запад своите црни крилја


Ги протегна, на жолтата основа
Богатства натрупува, од драги камења
Среброто најмногу го милува
Ништо никому таму не му недостасува
Каде Ориентот својата коприна подивена
Ја распнува, врз ткаенината од првата
Колепка. Всушност не токму таму
А во најдиректната географска близина...

Светот таму, е светот тука


Така Европа мисли
Византија е пребогата, во себе затворена
Од инаетот на Балканот и насилствата на Азија.
Примитивизмот како и сега, и тогаш ја
Надвладеа науката за стихот
Во прв план истакнувајќи го претсмртниот здив
На возвишениот рицар, предаден од она
Кое му е најсвето- како мајката родена, братот
Или жената му, сега замотана во долама најцрна.
Освен книгите свети, никој не знае каде оди
Она нешто што останува, по смртта на доблесникот
Освен тој најпроклетиот- писарот на едноокиот
Послушникот на оној заостанатиот, средновековниот.

Вилата Западна се реши сепак


Облакот скакулци го прати
Врз богатствата инцестуозни, канибални
Константинопол беше пеплосан
Рицарот доблесниот остана неосквернавениот.
Сега сите знаат дека тој бил неосквернавениот!

Сопругите во лонци измиваа,


Со зовриена вода кошулите ги попарија
Оние на крстоносците, кои беа со многу крвови
Не обелеа, не обелеа
Останаа розови
Луксуз и контрола 24 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЈАГНЕ

Како кученце си поигруваше


со децата на стопанот.
Кои видоа на интернет
дека овчичката е еднакво
интелигентна како и
кучето. Чуле дека во
некои земји од Истокот
кучињата се јадат. Затоа
малку полесно им стана
кога помислија дека
ќе треба да се хранат!
да се хранат!! со бедна
пивтија од пропадната
хуманост, како нашава.
И кога беа на школо та-
ка беше. Никого не го
интересираше што
волци, пци и орли
можеа да ги соберат
дур кон школото идат.
Важно домашната била
напишана. За орлите
барем некои невладини
се грижеле, за децава
никој. За јарето исто
не се знае кој. Тогаш
со кој образ сме различен
сој од животните, или
сме исти судејќи по
бојата на со месо пакетите?
Луксуз и контрола 25 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ДУШКА

Душка секидневно ич не знае


дали некој ја има погледнато
зашто така би можело да се познае
филозофчето изгладнето
кое од утробата кучешка
надгледува
уште од денот кога кутрето прогледува.

Дворот нејзин е најубав несомнено


знае за ова оти кога се прошетува
низ маалото, свежо измочкано
ѝ е тогаш стомачето
во дворчето
нејзино;
дур млаката урина ја размачкува
по плочките дур излегува
од предворјето најраскошно,
тогаш, пред да заспијат, стопаните
ја шетаат, со сите за неа зборувајќи пофално...

Ја мами остриот мирис на сиромаштијата,


пред сè на душевноста скапана
и таа во поколенијата
претходни била ѕверосана.
Но да се пари не сака со секого -
иако искрено најмногу на соседите
вошкосани би се дала - зашто сè би изгубила
кога сечиј кур би пробала.
Така од дома како мивка би била шутната
откако за неморална е прогласена.
Вака во својата фрустрација окована
е спасена од друштвото на џукелите
кои ќе ѝ ги крадат оброците
зашто власта на посилните
е власта на примитивните
несреќа за наивните.
Луксуз и контрола 26 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ОТВОРЕНАТА ОСТРИГА

Површината матно сјајна


кога низ маска гледана
е долготрајна
наслада визуелна.

Тоа важи и за примитивните


мекотели, чии оклопи
најпрекрасно обоени
со некои преливи бело-црвени
или мермерни нијанси
со распоредувања на визуелноста
која со сета виталност подводна
ја пофалува креативноста на
мајката природа со подводна
сонливост и егзистенцијална
недоверливост. Многу модни
дизајнери ги искористија овие
убавини, сметајќи ги за медитерански
кои донесоа добивки во светот
надземен. Но во светот подводен
и остригата скапоцена некогаш
е отворена, небаре не се плаши
да биде жива изедена, или уловена
додека лови. Тоа е страшноста
на природата подводна која
со бистрината замајна е уметничка
најпрефинета. И остригата сака
од убоста животна да се насити,
не постојано да се плаши и штити.
Како што би требало да се плаши
и немарниот посетител подводен,
наш- човечен, кого гигантската
острига го усмрти со фатален
стисок кај глуждот под перајата.
Луксуз и контрола 27 стихозбирка од Игор Поп Трајков

КОМПРОМИС

Како денот да не умре, дур сонцето зајде?


Така и старите племиња
се прашувале, и во ритуалите
на пролетните нови раѓања се
наоѓале, зашто верувале дека
со ритамот на животот во себе
татнежот музикален
раскошот умствен
и постот неколку месечен
ќе биде зачнат новиот ден.
Со гревот на Персефона и испотот
од пазувите на верникот во гроздоберите,
со ужасните болки во слабините
на мајката Мнемозина, во сребрените
одаи на бесконечноста, се роди Дионисот
на технологијата.
Тоа разгалено, здебелено детиште-
му требаше постоен доток на електрика
затоа наречниците
многу се грижеа, иако критика
примија дека- преголеми им се платите.

А вие почитувани читатели, дали ќе платите


за најновиот дострел технолошки
иако знаете дека ќе преплатите,
а фирмата и потоа ќе ве изнудува патолошки?
Да, мислам дека повеќето од вас да.
Зашто ве маѓепсува можната
парична добивка, коприната, елитната наслада.
Луксуз и контрола 28 стихозбирка од Игор Поп Трајков

БАРАЊЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ БР. 1

Постојано го гледам низ живата ограда


сенките од честакот му го затскриваат лицето
придавајќи му на суратот погрда
од сè она што гадот го носи во срцето
кое потоа го тресе
од себе како првутот.
Кукавицата зло снесе
над калта, во троскотот.
Нечиј конфликт непознат за мене
кон мене се пренесе
немам ништо со ова околу мене
ослободете, ослободете
ме од таа сенка која по мене се вдаде
сонцето ми го краде
златно, сал рефлектор `рѓав ми дречи
право в очи. Од каде смее некој
ова да ми го прави? Го молам секој
од уредов кој мојот труд граѓански
го поддржува- намерно ова двосмислено го кажав.
Управата сè нечесно нека му дознае
и нека го прати дур млекцето од мама не го поврати
оној кој сакал на мојот восклик граѓански да поврати.
Не може да го има каде мене ме има, туку само да го
нема каде мене ме има. Ги молам почитуваните да го
чуваат ова во тајност, не сум било кој
да не преминам во крајност и кон
вас гневот да го насочам. Да видите кој
и што сум, дур мочам врз секој
од вас, за мој и општ спокој!
Луксуз и контрола 29 стихозбирка од Игор Поп Трајков

БАРАЊЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ БР. 2

Се прашувам зошто до сега


не го отворивте случајот?
Добар сум постојано со вас
внимавам како се однесувам со одделот
кој е постојано наоколу, јас
на ова одамна сум се навикнал, пределот
околу нас е преполн со вас
иако ретко кој тоа го знае, но јас
сум тој кој одамна со вас
имам сраснато. Ве познавам, тој
глас далечински е глас, за спас
на граѓанството уредно
кое воедно
мора да е горе, дур потиснува надоле.
Потиснувањето и поважно е
од полетувањето, каде
крилјата непоткастрени најважни се.

Како препознавам кои се вашите?


Иако полиестер од трикотажа
носите, вие тоа така го правите
како да е тоа од свила и кожа.
Малку манирите миграција село-град
ве издаваат, но јас сум со вас од главниот град.
Веќе нема каде да бегате
гадот кој ме подрива да е во затворот!
Се прашувам зошто до сега
не го отворивте случајот?
Луксуз и контрола 30 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛЕДЕЊЕ

Иако ве одбивме вие пак инаетливо


настојувавте да продрете
во законот и престапно
да го изиграте
да земате
да тргате и извлекувате
добивки, небаре малку имате.
Законот пак вели обратно
дека вие од бедата сечија
сте се збогатиле, иако и од наследство
многу сте имале.

Проверивме и увидовме, дека оној кој


сте го пријавиле е недолжен,
но вие сте сакале фирмата која
му е под стечај, на овој тажен
изданок на транзицијата да
му ја преземете. Исто така
вие во пријавата кон овој наш
полноправен граѓанин тукутака
тврдите дека ве следел и правел
да се чувствувате под закана. Вака
ние откривме и дека вие со титулата
академска непрописно сте се здобиле
бидејќи под друг сте биле pay line
специјален, дур сте студирале
на Соброна. Наши административци
цело време оделе, од страв без плати
да не останат, кај професорите ваши
и им кажувале на испитите да ве пуштаат
и така вие сте станале академик кој
не учел, а во кафетеријата бдеел. А пак
тие Французите се плашат сите странци
да не им останат. Нашите им рекле дека
назад ќе се вратите, дека работа тука
ве чека, и така со измами со струка
лажна, а без знаење сте се стекнале.
Луксуз и контрола 31 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЗНАМЕ ОД КОПРИНА

Денот не особено беше сончев


кога утринскиот довев
произведе шум чуден, над
градбата средновековна зад
градското собрание поставена
од славните ритери изградена.

Ретко има ветрец во пределов


медитерански. Кога господаров
на замокот се сети дека знамето
таму беше веќе уште од времето
на неговите студии, а тој е сега
пред пензија, која не му бега...

... бидејќи има добра локација.


Не се распаднала таа парталија
сосема зашто од скапа свила
била направена. Се потсетија
слугите од шумот, дека не вила,
а дворец била свилата осетлива.

Ветрот шумот студен го предизвика


парталите удираа еден од друг, и
не престанаа слугите без паника
везден оти така мораа, сал други
муабети да пелтечат. За без критика
и самокритика да е покорот за слуги.

Кој им е вековен
артефакт храмовен
срам репродуктивен
на децата им пренесен.
Луксуз и контрола 32 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ТЕМНА КОПРИНА

Ноќта во ден преминува,


за потоа пак сè ноќта да породува
зашто ноќта е онаа која
денот ни го раѓа по секоја
мена месечева, таму каде
сè мечот сончев отсекува
ламба пеперуга привлекува
за во ноќ да ја претвори
светлината божем витална
всушност рана отворена
со блескотијата на острата
болка во средина...
Крвта загнојува, во немаштија
терапијата во седефот
барај ја. Страста изгнети ја
со храната со шафранот
заборави во непреболот
кога затемнето е, сè е поскапо
сјајот на ѕвездите е на свилата
која со темнотијата одбива
зраци од самотијата, кога
вулгарноста ја привлекува
опскурноста на парите, во
долината на носорзите
(видовите кои одумираат)
загрозени и згрозени од крвта на хероите...
Луксуз и контрола 33 стихозбирка од Игор Поп Трајков

УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА

Имаше некогаш женски колеџ


во битолско. Таму сите штитенички
имаа извезено на капичката едно
големо ф за да се знае дека местото
е француско штитеничко место
взаемно со локалните граѓани-
кои тогаш, по многуте војни
и востанија, и пред многуте
војни и востанија претстојни
беа во колепките цивилизирани.
На курсеви одеа за плетење
чипки и рецепти префинети,
со мислите летаа по падините
и над сртовите кон височините
на принцовите, оние со
чистините, со косите им разрусените
завеани со од белите коњи гривните.

Пустите не можеа сонот тој


од прекрасните сликовници
француски поттикнат да го
остварат. Многу од нив тука
беа оти родителите сакаа
богато да ги омажат, а пак
тие, девојчињата недозреани
беа без можност за активни
денови воинствени, кои беа
нели ограничени од нивните
припадности кон поубавите,
односно кон понежниот пол.

Така бидејќи немаа никаква


сила ни контрола кон светот
кој ги опкружува тие завршија
едно поглавје кое сè заокружува.
И војни и гладувања и измами и
вонбрачни лажења, отајствувања
кон децата им од нив самите малтретирања.
Луксуз и контрола 34 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ОСОБЕНИОТ ШАРМ НА УЛИЦАТА СО ЛИПИТЕ

Дрвената штикла децентно одѕвонува


кога вдовицата со црните чипки тука поминува.
Зарем е ова некаква хипноза,
таа пак ставила голема доза
од тој парфем кој здрвува
веројатно Шанел 5
ил некоја копија негова
велат осиромашена е
ил станала ужасна циција
по смртта на сопругот?
Има многу што да се каже за неа
всушност како секој сè за неа да знае,
но слаткото мачење трае и трае...
Зашто земјата во која таа живее
дамна останала без аристократија.
Жителите се сега сиви селани во
шаренилото на запустените улици,
тие кучиња обеспаметени кои
упорно ја глодаат и последната коска.
Но иако сè ѝ дознаа, бидејќи сите они
се со докторат по чаршиски муабети
сепак таа чудна селска љубопитност
која прави аграрецот да го засака феудалецот
ги однесе кон улицата со липите
и тие почнаа да ја населуваат и доградуваат
чудно да ја уредуваат со својот чуден
вкусен невкус, како манџата им со вратен
лој која сакаат да ја загоруваат. Дрвената
(а во лето од тапа) штикла секој ден
околу пладне на тротоарот пред
пиљарницата стапнуваше, далеку по
дрворедот се простираше, а тие
новонаселените, интуитивно договорено
пцуењата си ги стивнуваа, во чест на
сосетката им возвишена. Буквално
постојано за неа се распрашуваа, по
сметките банкарски ѝ претураа,
но ништо не можеа (поточно не смееја)
Луксуз и контрола 35 стихозбирка од Игор Поп Трајков

да најдат. Секогаш кога ќе додјеа


на празни канцеларии наидуваа,
и недозволен електронски пристап.
Голема е многу- така мислеа
дека е многу богата, но скржава
затоа сета облека ѝ е од остава
на нафталин замирисана. Куќата
ѝ беше многу декорирана, успеаја
да дознаат дека ѝ е од некој германски
архитект. Сигурно добра им била
и на комунистите, штом тука ја
оставиле. Веројатно е некоја
многу благородна душа, штом
класика везден слуша. По некоја
женичка ќе се осмелеше да ѝ
дофрли едно добар ден, додека
под саксиите им минуваше, а таа
по долго околно разгледување
ќе го сосредоточеше погледот
кон изворот на информацијата.
Едвај слушно ќе возвратеше...
Секогаш каде и да беа кога ќе го
почувствуваа мирисот на липите
жителите овие го идеализираа
небаре го намирисале од ангелите
замавот. Но по едно време страотен
смрдеж од куќата нејзина се разлеа.
Необично им се виде ова, за неа уредна
така. Вратата ја скршија, пресметаа
дека 4 дни немала излезена. Во ходникот
скапана ја најдоа, во комплетот од
Ив Сен Лорен од 72ра. Знаела
што ќе ја снајде, на наткасната до
влезната врата имаше писмо оставено
со сумата за погребување. Како и назнака
каков ковчег би сакала. Не беше многу
стара... Дознаа дека не била особено
богата, всушност едвај сметки плаќала
од пензијата на маж ѝ, и дека била
еднаш разведена како стара скопјанка.
Луксуз и контрола 36 стихозбирка од Игор Поп Трајков

Одеднаш мирисот на липите сите ним


им стана некако евтин, всушност дознаа
и дека е лош за срце и дишни органи-
тој алерген проклет. Не се распрашуваа
веќе новите ѝ соседи, од провинција дојдени.
Сега гласните музики им се интересни...

ХАЈДИ НА БАЛКАНОТ

Сите Хајди ја викаа,


не оти нешто знаеја
за семејството ѝ пребогато.
Таа не сакаше со мама и тато
живеалиштето пребогато да го дели
таму во седумдесеттите во комунис-
тичка Југославија. Имаше дома плочи
од сите најпознати групи, но таа сакаше
да биде во планињето со баба и дедо;
наместо прескапата храна од мама и тато
да го лиже селскиот мезалак од лукот
и кромидот од на старите дворот.

Така се занесуваа соседите, дека многу


фина била нивната „Хајди“ која не само
многу фина, но и добра била и отишла
баба и дедо од волците да ги брани и
по градината да копа компири и бостани.
Кога ете ти по весниците осамна дека
родителите препродавале стара техника
од Швајцарија. Сега се во притвор. Тешко
дека од таму бргу ќе излезат. Бабата и дедото
пак кога видоа дека не им капе некоја пара
од младите, им беше претешко да ја ранат
и перат, па ја дадоа во институтот каде ранат
со каши од плевел. На госпоѓицата одма
фустанчето ѝ го испокинаа, а куклите
префинети и ги испоскубаа, па таа нагрдна
„Хајди“ веќе никој не ја ферма. Навистина
ова се однесува и на соседите, кои неа ја
Луксуз и контрола 37 стихозбирка од Игор Поп Трајков

заборавија, а Хајди е сега она што секој


нормален мисли- ликот на Јохана Шпири.

СЕЌАВАЊЕТО ПО МОНИСТРАТА

Не умеев да уживам во нивното носење


Сè ми беше во брзање
Сè беше раснење, учење
Всушност само стареење.
Не внимавав доволно на нив
Не знаев како ќе ми е кога ќе ги изгубам.
Стакленцата ми беа подарени
Имам на себе премногу бои- така ми велеа.
Не разбираа зошто ме веселеа.
Тропкаа, ѕунеа својот свет го претставуваа.
Сите ми велеа како може да сум волку површна.
На традицијата се повикував, и мојата баба ги носела.
За целиот свет мојата радост од нив
Беше несфатлива. Тоа за нив би било губење време.
Да е некое злато да ти виси околу вратот
Да знеш дека нешто си сработила, и заработила
Вака само нешто да те кочи, да мислиш на нив
Да не ги скршиш...
Мислеа дека сум глупава, несериозниот дел
Од човештвото им го претставувам.
Јас голема магарица- по тие боички се знаесува.
... Бргу ја отворив вратата, конецот за ролетната
Ми се закачи, се истурија тркалцата. Ги собрав
Во кутија ги ставив, за уште утре да ги нанижам.
Сега сум остарена, од невнимавањето изнемоштена.
Не стигнав сеуште она што го сакам да го составам
Професорка сум
На факултетот за одродени сивила предавам.
Луксуз и контрола 38 стихозбирка од Игор Поп Трајков

КРУГ

Сите божем сакаа од него да излезат


како да се големи борци за цивилно општество
исто и за некаков си модернитет
кој почнува таму каде завршува
празнењето од нашите црева
односно нејзиното величество канализацијата
која бесконечно продолжува и сè посветува.
Притискаа, не оти сакаа да излезат
ама притискаа за другите да видат
дека притискаат, со тоа си го потврдуваат
божем лојалитетот кон државата
како граѓани достојни, посветени
на хуманизмот и на луѓето правата.
Кругот беше еластичен, небаре обрач
од пластелин пласичен, за секој врач
да помисли дека за секој од племето
има место солидно, за да нема поплач
за секој кој е внатре. Ете- дур на едно
место се испакнуваше, кругот постојано
деформиран, но најпостојано правилен,
оти од сите беше како за правилен зборен,
иако очигледно деформиран - од друго
место се вдлабнуваше и оние блиску
ивицата таа ги притискаше. Притиснатите
не се жалат, бидејќи се жалат, нели,
само улавите. Кругот конечно од притисокот
пукна, сите од него излегоа бидејќи нели-
сите се секогаш со сите. Кругот кога
испразнен, по својата природа амебна
сам од себе се спои и остана сосем празен
Беше раскошен неговиот стомак празен,
тој простор распростран беше за сите
примамлив и така во елдорадо вдаден
сега секој посака да му е жител внатрешен.
Оти за провинцијата секогаш награден
влог е одот селски во градот иструлен.
Луксуз и контрола 39 стихозбирка од Игор Поп Трајков

АПСОЛУТНО

Кога имаше телефони обично


времето бавно минуваше
затоа повеќе и го имаше.

Сè можеше да е релативно
кога со едно најобично
јавување многу е договорено.

Технологијата сè забрза и
времето ни го скрати. Сметката
за интернет е помата од за поштата.

Веднаш влеговме во најразлични


испраќања на содржини цели
кои никој не ги перципира ни детерминира.

Зашто е сосем сега јасно дека


нема кој да слушне некого
кој не е како гласот на слушател/ка.

Секој самиот себе си се слуша


технологијата сè релативизира
човековите права ги избриша.

Се вртиме во круг, од еден на


друг ја бараме свештената
посвета, но за сè е доцна.

Над сите времето било, него


никој не го контролира, а
тоа сите, со страст садистичка.

Ај на него некој нека му побара


имејл со дедлајн, сигурно нема
да одговори, тоа сал за смртта збори.
Луксуз и контрола 40 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПОЛЕТУВАЊЕ И АТЕРИРАЊЕ

Движењето сè повеќе се забрзува


со чувство на страв сме ние во седиштата
пред малку стјуардесата средуваше
меѓу нас разни работи, делејќи ги
советите, нам, исплашените.
А потоа...
Како некакво олеснување
се најдовме на воздушен балон
гравитацијата од нас се откажала
не и носталгијата.
Тажно изгледа нашата планета мала
одозгора погледната
сакаме веднаш кон тебе да се вратиме
веќе на стравот од летање заборавивме
и на сè останато заборавивме
што не врзува со нормалното, приземно
расудување. Кога мислиме дека не
сме ние тие кои летот го пилотираме
подобро да се смириме
во префинетите закуски и вина да уживаме.
Не смее сега некој клаустофобично
да урла
како оној дебелиот, би можел слон
со сурла
да биде и летот да го ничкоса. Но ете
смирен е со некакви седативи и музика
за јавни лифтови. Каква што е за нас
земјата кога пак на неа ќе стапнеме
некој нè чека, знаеме, ако не човек
ако сме без брат,
тогаш некаков предмет, омилениот сокак...
Кучето кое со опавчето мавта и лае,
некако сè за нас знае- што е и најубавото
кое нè буди, нè трае.
Луксуз и контрола 41 стихозбирка од Игор Поп Трајков

СТРЕМАМ

Воздухот кога бистар е


се качувам кон погоре
параглајдерот толината го издигнува
над планињето, со нозете
мавтам, длабочината да ја
осетам, слободата најмногу.
Ми треба качувањето, зашто
простото егзистирање е ништо,
во споредба со моќта на промислување
кога по беспаќата на Хадес
нови предели отварам, внатрешни
со ниши процветни, за да не
сум само суштество небитно
туку и некој кој има контрола
воедно кон ова возило полетно.
За сè погоре и кон најгоре се
стремам, кон здивот на боговите,
самракот на изневерите, кон без-
надежите запрашени од крилцата
на сребрената пеперутка и со тоа
ничкосани во бездната на проклетата
измама. Чија жртва и јас станав
верувајќи во својата супериорност
над законот на природата, стрмоглаво
паѓајќи во морето каде ручек станав
на ајкулите. И јас од судбата не побегнав.
Луксуз и контрола 42 стихозбирка од Игор Поп Трајков

РЕПРОДУКЦИЈА

Со елегантно движење големото рачиште на


Чичко ми ја намести како стебленце кршливата
Игла врз плочата. Се разлеа воздушна присатност
Од класиката, мислам дека беше онаа на Брамс
Поточно неговата животинска... Или шумска
Симфонија. Не се ни сеќавам веќе... Но не
Заборавам дека тоа некогаш се правеше со
Многу поголема почит кон музите на....
На новите раѓања? Како што тоа само уметноста
Го може... Сепак не се тоа преродувања
Туку возобновувања во старите вредности
Кои се предности за новите ученици
Задлабочени во мудроста на тоа тлеење
На љубовната неизвесност и наградата
Од сакањата на незнаените обожаватели.
Техниката не може да ја замени поетиката
Од електронската репродукција секогаш
Нешто фали, а особено она најслаткото
Кое е грешката на авторот, кој сакал
Низ чинот репродуктивен да се подмлади
Како зградите посивени и нивните фасади
Во кои толку долго живее. Греши зашто
Сака да сети дека љубовта сè простува
И возобновува со саканото дете кое го родила
На авторот му простила за слабоста кога
Сака да види свое дете, какво самиот некогаш
Бил, кое живее во него страсно отсекогаш.
Луксуз и контрола 43 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ТАПЕТИ СО РОЗОВИ ГРАДИНИ

Непознатоста е мајка на секоја креација


бидејќи провоцира безредија
различни кои со секакви средства
се постигнати.
Вообразените носови високо дигнати
се цевки за дишење на подводните пливачи
несвесно хибернирани
во набарувачката вода, од секаде со неа опкружени
светнати, а со водата впиени
тие делфини изнервирани.
Но оние кои отворено со прсјето стегнато
се имаат наработено
не со столче заседнато
туку со мачење наведнато,
знаат дека може раскошот да го имаат
во својата соба за која така
растреперено се плашат
да не ја изгубат во вителот на таа мака
која исчекуваниот ден се вика.
Тие некогаш кречеа,
а потоа костимирани продукции
на ДВД гледаа
посакаа, и добија
градина розова во својата соба
расцветана, иако налепена
на блискоста им припиена
мисла смирувачка, приспивна.
Луксуз и контрола 44 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПАРФЕМ

Чекањето на денот
да се роди се претворува во мака која
несомено води
кон крајот на ноќта
без доаѓањето на денот, кога
чекаме да се изроди она од нас
кое го слуша далечниот глас
кој допира
кој растреперува
сè внатре во нас проветрува
со парфемот на она кое го сакаме.
Она кое го сакаме е единственото
кон кое се стремиме
дури трепериме додека се плашиме
да не го изгубиме токму она кое го сакаме.
Човек. Предмет. Идеја.
Парфемот на објектот на нашата љубов
се протегна низ падините на нашата закоравена
внатрешност, исплашена токму од прекаријатот
за загубата на објектот на нашето сакање
кој е невратно замандален во дамарите
на нашите мината, наместо сегашноста.
Бидејќи знаеме дека сегашноста-
кучката на сите измами, е без иднина
кога е без нашите сакања.

Пролетниот ветер се распосла


во пејсажот на нашата уморна душа,
или сето она што душа го нарекуваме.
Значи тоа е она чувство на умор- кој
нè снемоштува кога ни е најтешко
кога се качуваме по нагорната стрмнина
на хероите, на чиј највисок врв е вечниот оган
на хероите.
Студениот виор ни го пара лицето,
остриците на ледот во него содржани
ни ја засекуваат кожата.
Ние слепо предадени на парфемот
Луксуз и контрола 45 стихозбирка од Игор Поп Трајков

на најсветото кон кое се стремиме


пусто оддадени
кон височините на нашите убави предци
копнееме додека венееме
по она кон кое се стремиме
за да докажеме
дека и ние умееме
и ние смееме
и ние светост имаме,
со храброста насушна зачинета
и ние постоиме.
Да, да... и ние сме на оваа планета
на чиј највисок врв е вечниот оган
на миризбата света, најсвета
произлезена од она што душа се нарекува
не ревноста изветвена, најпроклета
составена од илјадници лажни верувања
и суеверата на љубовта.

Не ќе застане часовникот на времето


кога парфемот тој ќе го снема.
Всушност него го нема
веќе многу долго...
Но не е исто кога некој се вгледува
во достојноста на истрајот
без да знае дека прогледува
иако сосем слеп е.

Сеопфатноста на погледот навистина тоа е


кога погледот се простира низ пејсажот
на наште сакања, верувања, стремеења
провеан со парфемот на нашата оддаденост
составена од илјадници наивни сакања
обоени со крвта на девствените мачења.
Луксуз и контрола 46 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПАРФЕМОТ СО ЦИКЛАМА БОЈА

Ми го носеше кога од службените патувања


се враќаше. Не сакав ништо друго да пробам,
само тој мирис еден и единствен ми се допаѓаше...
Сега се вдлабочувам
додека ветрецот завесата ја милуваше,
а и таа мене, воочувам
дека сјајот лажен, вистински беше.
Затоа таква ролја голема оствари
и и сега кога шафран-розевата
проѕирност од прозорецот, сè до средината
на собата ми се простира, ме нервира
кога сфаќам дека оној кој ми го носеше
мирисот тој, го најде својот спокој.
Го нема!
Многу остваривме јас Ева, тој Адам
парфемот тој постојано ми го подаруваше
ми рече- со тебе никогаш не сум сам.
Јас пак пустата мирисот тој го заборавив
кога сакав куќата и сиот имот, знам,
со мрачност да го зачувам.
Но еве светленце сепак во собата ми влегува
во постоењето ми само и бездетно.
Страста, девојчето пак од мене прогледува,
но го нема! го нема!!
Тамастот свирепо ме разорува...
Ја помнам таа циклама
и шафран и роза, која ми прозборува
од етикетата на шишенцето, дур се стемнува-
кое е празно од мирисот потрошен.
Ме остварува во ништо, празноста привлекува.
Луксуз и контрола 47 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ВИСТИНИТОСТА ЗА СТРАСТА

Дали да се верува на научните наоди


кои велат дека во сласта најголема
се криеле потчинетости некакви,
дека не сè било заштита
на кршливоста љубовна
туку и заедничко препуштање
во област морна
без табла контролна?

Љубовта е зачин скапоцен и


за најбедниот, кога судбини
морни го мачат и нема
што да му купи на братот
единствен или на потомокот
свој најсакан.

Со љубовта покрај себе на сиромавиот


колибата- палата му се гледа.
Кога нема, пустиот бега
што подалеку од себе си
за да не го навредува викот
љубовен, кому нема како да му се најде,
како да е старешина неодговорен
од виорот воен кој е зафатен.

И страста и насладата се награда за секој


и богат и сиромав,
ама до неа не може да дојде кој нема
со што автобуски билет да
купи, во системот кој на чесниот сè му зема,
а само самота му дава.
Луксуз и контрола 48 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ФЕТИШ СО ЛАДАЛОТО

Без да знаеше дека никој не ја забележува


се упати таа- принцезата во бикини
кон лежалката каде лавот го одлежува
својот одмор со тури-потпечи зини-лапни.

На од врби плетената комода беше


поставена гастрономијата за тој ден,
како и аперитизерот кој беше еден
белосан сад со узо или мастика
и смрдосана салатка со домат и кромид
како и некаков зачин одозгора
колку да се рече дека јадачот не е со вкус
провинцијален. Зашто за разлика од
генерацијата на неговите родители
кои во своите биографии за од провинции
изданоци се прогласуваа, а божем
постигнале којзнае што иако биле од селото- тоа и тое...
Овој влакнесто-салест изданок со скапи,
но за него неадекватни очила, и со некакви
хавајски црвено-зелени купачи доколенки
не се ни сврте кон горе, кога паунисаната со
крилото замавта. Овој пак токму тогаш
од устата задремано пљунка испушти. Веднаш
ладалницата во својот ќош аргатски крај
шанкот се врати. Над очилата темни провери
да не е некој кон неа свртен, никој не се ѕвери
во неа сега. Секој може да провери
дека тоа сега ѝ одговара
за разлика од други прилики кога ровари
за провинциска слава неуморно
и напредување со нешто врбувано
и многу премолчувано.
Иако никогаш не беа сами
и сега во бифево имаше галами.
Луксуз и контрола 49 стихозбирка од Игор Поп Трајков

КОЈА Е ФИГУРАТА НА ЉУБОВТА?

Дали е напреднато движењето


на површината црно-бела
од енергијата таа страсна
од љубовниот оган кој сè
ќе стопи пред себе, до целта
своја за да дојде, и со
предметот на страста се спои.

Сепак таблата за играта


љубовна е нели како онаа
на шахот. Дали полето на
среќата може да е и полето
на љубовта, доколку таа нема
со што да се оствари?
За на таблата да се игра,
треба да може да се игра,
а не може да се игра
кога се нема што да се јаде и каде да се ноќува,
на пр. Така што фигурата таа
е од пари поскоро обликувана
отколку од љубовен оган
кој раката гладна, изнемоштена
не може да го запали,
ниту пак има што да гори.
Луксуз и контрола 50 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПОСТОЈАНОСТ

Кој и да мисли дека може


вечно да се стои со оние
јоги и др. вештини источни
се лаже, тоа времето ќе го
покаже. Сите сме слаби
робуваме на трагични пориви
кои ласкаат на оние кои им
ласкаат на боговите, или
нам ни ласкаат, но сеедно
секој е дим и чад воедно.

Како што ништотијата


го зема својот заграб
уникатен кога репресијата
владее со имотот на
филозофијата,
така и планетава ни е осуетена
во својот природен стремеж
балансот да си го одржи.
Зашто едни рушат,
други се обидуваат да ги спречат
или да градат,
но севкупно сите они рушат.
Зашто луксузниот двор на
нашиот дом може да се
одржи само од оној кој
може да го сруши,
а тоа е човекот кој се задуши.
Војна треба против него да се
отвори, неговиот слуга
отпаден да се уништи.
Да ги спасиме нашите души!
Свесноста ја имаме,
ајде да ја употребиме,
таа не е предавничка;
е секогаш проповедничка-
мора да си ја спасиме
богатата ни планетичка!
Луксуз и контрола 51 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПЕДАНТНОСТ

Згужваниот ќилим ќе беше знак дека


некој од таму минал,
но сè беше како таму никој да не живеел.

Ветрот еднаш вратата силно ја тресна


тој се стегна во страв дека
некој го виде ова, некој сосед од
улицата од спротива. Не дека
многу му беше важно што
тој ќе мисли за него. Нешто
го мореше страшно дека ќе биде
потоа сè по соседово, а не по негово.

Цел живот живеше сам


успеа имотот од предците
САМ да го одржи
за потоа да продолжи
да мисли колку е важно сето тоа
да постои и до стари денови, како
сето тоа да е поважно од животот
човеков. Демек тој би бил секаков
ако тие предмети од околу се
совршено сочувани, а не неговите
коски сардисани, како мислите му
уморни, од стравовите од иднината-
за од креденците бедната
содржина од предците на аристократијата
еднородна. Немам многу роднини, да
ми помогнат- си мислеше. Од работа
секогаш бргу дома кинисуваше
во огледалото се гледаше
некоја брчка да не се вдлабила
себе си како инвентар се доживуваше
дур на родителите заминати
се сеќаваше, додека сакаше
од небото да се вратат
маката од тешко платените сметки
да му ја скратат. Со страв од брчки
Луксуз и контрола 52 стихозбирка од Игор Поп Трајков

беше навистина, заш` тогаш


стравот, тој предавник отмен,
ќе го издадеше пред соседите
и така измамата ќе беше очигледна
и за генерацијата таа наредна
од онаа на родителите му.

Пластовите време еден врз друг


се наредија. Не престанаа да го
мачат. Кога дома токму тие му
дрочат, го прашуваат да не некоја
женичка по дома му се мота
да пегла и мете, затоа сè му
било средено како во аптеката
во куќата на соседката, онаа
од високата класа. Која за нив
беше тоа, зашто Мерцедес
возеше и не работеше, на база
на она што од разведениот
сопруг од Германија го земаше.
Но нему всушност му се чинеше
дека починатите мајка и татко
од мебелот ќе изронеа
ќе го претепаа, а потоа на улица
ќе го исфлеа, за да се кае
додека плаче и завива
како кога беше дете!
Нема милост воопшто,
о немарен свете!
Сега спокојно заспивам, уреден сум
јас сум вашето дете!
Луксуз и контрола 53 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЅИДОТ ИМА ОКО

За да не ти земат ништо
треба да си дома, затворен по цел ден.

Проблемот е премостен. Прозорецот затворен...

Капакот е спуштен, внатре не влегува светлина.


Собата никогаш не проветрувај ја.
Може да ти влезе влажен здив од надворешноста,
доказ за скорешноста
за секое лошо дело кое си го украсил
во албумите на твоите сеќавања
сведоците за училишните клупи
каде криевме кукасти крстови
некој добро нè научи
како да сме без ништо
ама свежи, од корењата на злото.

Иако беа почетоци, знаеја дека


нешто не е како треба
крикнаа, нема кој да ги слушне. Нека.
Растурената кутија со играчки
на ѕидот за среќа
отсечени ноџенца зајачки
сѐуште со траги крвави
за знаењата лажно стекнати
и додека наведнати, во лице бевме гледани
од сите страни надгледувани
од ангелите соборени
од срамот на слабоста, податноста
се изроди сласта на неправедноста
која оди до крај кон ѕидот на затворот
за во лежерноста на омразата
да се смееме од злобата на хуморот.
Луксуз и контрола 54 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ДУПЧЕ ВО ЅИДОТ

Го прими во одајата, која бидејќи имаше пари


вишок ја направи со проширување во ходникот.
Примениот беше голем фраер, и сѐуште е
на времето се збореше- ако се знаеш со него
сè ќе добиеш на сребрен послужавник, носен
од свилени ракавици. Не беше баш така, ама
кога почнуваа овој ѝ донел слика, за да има
и интимност со неа. Со преуредувањето
на просторот кај вратата влезна, таа се зезна
и мораше да го премести маслото на платно,
но дупката ја остави за да не помисли сеедно
ѝ е на оваа за него, ако пак на врата јасно
ѝ се појави. За среќа не ја загипса! Воедно
на секое му посетување наредно, се стаписа
таа самата од себе дека заборава- пробушено
било дупчето и во неа... Ако е, нека е, нема да
заборави, се заколна, за посетувањето наредно.

ЖОЛТИ ЛИСТОВИ

Зашто никој не знаеше дека само така ги нарекуваа


Можеби никој и не им обрнуваше внимание.
Или намерно така беа наречени
За од сите да се игнорирани.

Пустите, тоа се листовите наши свенати


На нашите тераси запуштени, кои некогаш
Требаше да нè прават горди со тоа каде
Живееме, за сега да венееме заедно со нив.
Во пустошот на разочарувањата, соборив
Сокол од возвишувањата кои упорно се
Стремеа со летот на Икар да постигнат
Надминување на познатоста на здивот
На питачот и непоколебливиот од на ѓаволот
По покривите на нашите живеалишта
Надвиснати со светот кој одумира, како атот
Луксуз и контрола 55 стихозбирка од Игор Поп Трајков

Кој крикнува по загубата на стопанот


Кој го сакал како ништо друго и да немал
Така навистина и било, не избирал.
Зашто тие надвиснувања, се нови извирања
На светот вегетативен, секогаш пожолтен
Но упорен. Во светот на благовеста загатен
Е мистериозниот сјај на листот во темнината
Каде ечи химната на природноста, плодноста.

ИСКРЕНО ПРЕЧЕКУВАЊЕ

За никој да не дознае дека со


сите соработувале
оние кои верувале
во наивноста на секојдневието
мораа сите контакти да ги
исклучат пред ТОЈ да дојде.
Најстариот внук појде
специјален код да даде
во телефонската фирма
за да не може оној кој зема
и од нив да бекне, за да молчи
да се јави додека стрикото
богат, од кој сè зависи не
си замине, како и некоја
седмица подоцна- да не се сети
ТОЈ случајно да се врати
доколку, да речеме пејсажот
необичен многу му се допадне
па да сака времето му западно
во сопрениот часовник локален
да се вовре...
Внучката пак имотот го суреди,
градината поткастри
слугите во униформите кои
по шифоњери стојат ги наштирка
и паратлите нивни привремено
ги снема, како и тоа недоизмиено
Луксуз и контрола 56 стихозбирка од Игор Поп Трајков

нивно смрдење...

Околните сите знаеја


дека роднината нивен
така богат за изданоците
му локални се грижи.
Уште кога беше мал
внук му, праќаше пари
редовно тој да се стрижи.
Внуката пак во маички
не локални, а западни
ја облекуваше, оние со
Мики Маус. Не сеедно
му беше како изданоците
од неговата крв ќе живеат.
Не знаеше дека тие многу
криеја. Маичките значат
имено многу за власта
комуњарска која тогаш
владееше. Внук му дозволи
уште од пошта кога непристиг-
нати кај децата на црвената
елита да завршат маичките, а он
пак одеше заедно со војската
да се потстрижи. Не му кажа
ништо на стрикото, ни
на своите родители кои
обајцата рано починаа
заради неадекватна терапија-
беа со потекло од аристократија
локална и средноевропска.
Значи низ години многу
на стрикото му таеја
братот и сестрата
па и сега кога основаа
своја фамилија и хиерархија.
Во која како и сите
од Северна Македонија
своите деца ги научија
дека најважен занает на светот
Луксуз и контрола 57 стихозбирка од Игор Поп Трајков

е да се ќути.

Многу се работи
не се оди по кафе-паузи
таму од каде стрикото
сега е. Тој не осети
никогаш дека последното
кое внуците би му го рекле
е вистината.
Од многу работа за диктатурата
ТОЈ не узна. Немаше време
едноставно кажано да чмае
пред телевизијата, како
локалниве, ни весниците
да ги листа. За него
секогаш иста беше внуката
и брат ѝ кои за него симболи
беа на светата крв,
пепелта на нашите идоли.
Немаше свои деца пустиот
се навикна така оддалеку
да се грижи за обајцата
кои за него секогаш се деца.
„На стрико принцезата-
со погледот најјасниот
и малиот, бушавиот.“
Луксуз и контрола 58 стихозбирка од Игор Поп Трајков

НЕОДМИНЛИВОСТ ЗА НИКОГО

Вгоре па попреку
како и вдолу
е патот на овој свет
кој иако воинствен
е расцвет единствен
на секој поет катадневен.

Арно ама сите овие


димензии без хипертензии
се во димензијата 4 збиднување
кога таа навлегува без навестување
во грофот кој сега има
сè да плати, само што се извлече
од долгови кои долго време...
Се трупаа! Токму така, тоа време
е димензијата четврта, која
својата наплата си ја има во
многу брчки, свиснат задник
и дух посивен. Но во салонот
затемнет, каде младата кол-
герла ја чека, ова не се гледа.
Таа во мрак ќе го прегледа!
Времето значи неодминливо
надвадува, а справедливо
се снајдува оној кој со пари
- не надвладува, зашто тоа
е неможно - туку семожно
се снајдува.
Луксуз и контрола 59 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЗАР, КАРТИ

Дали проширените зеници


или просто погледот застаклен
ќе го издаде дека нешто
подготвува.
Не нема!
Почнува да зема
од пред коцкарницата
го чека друштвото
од возач и управувач.
Но управувач со што?
Со малата леќа се разбира во која
е вградена светлосната ознака која
картите на соиграчот ги гледа
од малата камера која на ѕидот
отспротива е поставена и со светлинска енергија
е самонапоена. Тоа е всушност една проѕирна
лепенка, врз тапетот. Потоа кај заровите седна
и на сличен начин пак сите пари го собра. Една
шепа масивна на рамото му се спушти, а друга
лактот спротивен му го фати. Од присилното
станување леќата очна му падна, оној од обезбеду-
вањето ја згазна. Го претресуваа двајцата обезбедувачи
им се виде дека секогаш само он добивал. Овој се
извади дека ќерка му е со леукемија, и дека му помага
Дева Марија. Потоа заигра пак, дури еднаш пак га-га
доби, значи без леќата. Потта студена си ја избриша
и со оние двајцата кои во колата го чекаа збриша.
Во еден далечен мотел на крај на градот, каде
пак по 4 дена смрдеата од пред 4 дена стана
неизмерна, вратата ја скршија
и онаа дружина тројна ја најдоа
отепана. Нешто веројатно не
можеле да се договорат за поделбата
на добивката и така се застрелале со стрелање придушно.
Опремата изманичка беше пронајдена. Сите еднодушно
сметаа дека крај заслужен нашло друштвото страшно.
Луксуз и контрола 60 стихозбирка од Игор Поп Трајков

БОН-ТОН

Прво седни си потпирајќи


се со рацете за рачките
од фотелјата.
Не да треснеш со задникот
на седалото, и да ја уништиш
таа фина свила и мекотија
која треба да направи да си
на нешто префинето.
А не да ти е свиснато
ластичето на гаќите и да се
види дека немаш пари за
ново, односно за гаќите.
Кога сркаш од шолјата
тоа никогаш не смее да е гласно.
Прво стави ја тацната на масата
никогаш не заедно со шољата
која си ја држел само со едниот
прст, за рачката.

Не смее да се види од каде си


дека и ти си со миграција село-град
дека си одел преку лешеви
дека мајка си предал, дека си гад.
Ако не внимаваш на маската своја
ќе дознаат за тебе, дека и ти си од сите
нив, дека си со егзистенцијален порив.
Сега имало некакви нови правила западни
сите ќе сме биле воспитани; не од Балкани
сме, и планини, преку кои патишта валкани
врват, за глави запалени, крајно бездушни.
Луксуз и контрола 61 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ДИПЛОМАТИЈА

Има неколку, а не многу правила


од кои дипломатијата се состои.
Треба да се внимава што ти стои
дури и ако тоа нешто е многу скапо
не бива да го облечеш ако како на
мрша ти се припива или те извива
како сè да е деформирано што од
тебе е навлечено.
Запомни- не се јаде било како
научи што од приборот за што служи.
Јади со нож и вилушка, а пак кога
со Американци на маса, прво сè
исечкај, а потоа вилушката во десна
рака стави ја, и само боди, лапај и џвакај-
со уста затворена, се разбира. Да признаам
не знам дали сево ова важи ако си левак...
Ако пак си на коктел, чашата во лева
рака (тука мислам дека правилава
се исти без разлика дали си левак...)
за со десната да можеш да се ракуваш.
Доколку си на конференција тогаш
доколку сакото го носиш, а седиш
треба врз него да седнеш, ако не секогаш
ќе ти кажат дека си како со еполети,
а тие околу тебе не биле друштво милитанти.
Веќе навлегуваме во светот западен в кој
на пуританизам оддаден е конзервативно секој.
Нема место таму за пијани прегратки,
блудничења разновидни и корупции балкански.
Не треба на дипломатите да им се слатки
локалните навики, пристрасно провинциски
договарањата по меани, парите јабанџиски.
Дипломатот вистински земјата си во најдоброто
светло ја осветлува и кога се заканува најлошото.
Луксуз и контрола 62 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ВНИМАНИЕ

Им обрнуваше секогаш целосно


внимание на оние околу себе.
Тоа беше најважната лекција
која одамна ја научи- не е
важно само сè да се научи
на школо туку да се успее
со довербите на незнаените
моќници. Овој секогаш фин
маж, кој беше веќе во средни
години, успеваше својот
егоизам да го маскира со
љубезноста на сатрапскиот
чиновник, така што секој
од него и се дистанцираше
и кокетираше со неговото
превртливо его. Позицијата
му беше централна, така што
успешно во таа администрација
се вклопуваше со организација
на својата околина човекова.
Но еднаш на еден „новинар“
кој од провинција исто така
сакаше да се пробие до пози-
ција, му падна во очи дека
на надредениот секогаш му
носи скапи подароци кристални.
Тоа беше КРАЈ на напредокот
на ова внимание. Знаете, кристалот
е со структура која лесно се крши,
особено кога некој законот ќе го прекрши.
Луксуз и контрола 63 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ФЛАСТЕР

Дали некому му се дере


кога на ужасот страшен
е претставен како неподготвен
монах соочен со пост пол-вековен?
Кога некој би можел да знае
дека без да се покае
и без да е способен и најмалку да истрае
дека ќе може неговиот од стамен
да потрае
како човекот да е од камен,
а не битие кое копнее
да го искаже секое постоење
во него длабоко врежано
од детето по детството в него закопано
тоа плодче сеуште неизртено,
а чекано... а чекано... ...
како празник небесен е неговото раѓање
и неговото враќање во светот човечен.
Зашто детето го нема наукот божемен
за молчење заколнато, за фластерот
врз устата залепен, за одот да е преќутен
наместо како на детето- појот црцорен,
така музикален, е татнежот ангелски
разбудувачки, освестувачки, боречки
нас`скан кон злото, кој е стисокот
на од лавицата челуста,
која самопожртвувачки
ја касапи змијата отровница
која и неа пустата ја касна и уби
бранејќи си го родот светечки.
Луксуз и контрола 64 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПОСАКУВАНИОТ ПОДЕМ

Она што го посакуваме е кога бдееме


Над она што незапирливо надоаѓа
Да осознаеме дали сме го дале најголемиот
Дел од нас, за најмалиот сегмент од целта.
Таква е природата
Таков е секој нејзин атом
Кој раздвојува и соединува
Додека кучето завива кон месечината
Мајмунот на дрво дрека несвесен за иднината
Негувателката ги завива бебињата...
Обврската е преврска неуспешна за секој
Засек во нашата психа, така немарно погребан
Во присилниот заборав предизвикан од демнеењата
На демоните во сенките на ноќите со полна месечина.
Кој знае што постоело, а што сега е?
Никој ја нема сеопфатноста на мислата
Така масивна, несовршеноста на светот да ја поткаже.
Затоа подемот е секогаш свесност за несовршеност-
Внесена во софтверот на неплатените сметки
Реите од нашата канализација, нанесени врз
Слоевите од нашите откажувања, од сето она
Кое сме го предале, во тежината на одот брз
И новите почетоци, украсени со блажеста морна.
Луксуз и контрола 65 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ВЕТРОТ, ВИСОКИ ВРВОВИ

Ми го занесува и телото, не само товарот


Додека се качувам кон скијачката куќичка
Знам дека таму пријатно ќе се загреам.
Многу се откажував дур до ова да дојдам
Одејќи нагоре морав многу да премолчувам
Од што засеци разни во внатрешноста ми се
Направија. Ова не го покажувам, ниту кажувам
Кому било. Знам дека не ни има кој да ме чуе.
Ако се расчуе, за мене најлошо ќе е. Нека е
Јас знам дека сè што нè учеле, лага е, кога
Е патот прооден, а уште повеќе кога закрчен
Е од искрените херои, кои се всушност
Питачите со гаќите распаднати, со бедност
Наместо проколнатост- како нас, но и
Снаодливост- исто како нас. Во разни
Неприлики сум бил, но кои ме заобиколија
На некој чуден начин, бидејќи верував дека
До ова ќе дојдам: скапа вила скиорска,
Опрема за децата, скапа скиорска исто
Така, а за жена ми- корекција силиконска
На устата бонбонска раширена од бакнежите
Трпеливи, кон високите врвови насочени
Така ветриштата студени се заборавени
Ние сме едни на други потпрени, како од
Мразот овој оформени, во студенилата
Заживеани се соновите на беснилата
Од стравот од несигурноста- маќеата на фамилијата.
Луксуз и контрола 66 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПРЕГРАДА ВО ЅИДОТ

Кога се досели беше веднаш сместен


ни една ноќ не мораше да спие
по ќумези. Многу ѝ беше важен
на новата власт, зашто беше учен.
Доби сместување во стан од пред-
војната. Во спалната соба имаше
од самиот ѕид направено како
остава за чаршавите. Многу беше
среќен со таа преграда која го
потсетуваше на некој свет кој
постоел пред овој во кој тој
сега битисува, каде сè се базирало
на некои стамени вредности, за
разлика од сега кога сè е кревко
подадено на разорното влијание
на корупцијата и чаршијата.
Си кажуваше дека некогаш некој
сакал со квалитет да го привлече
граѓанинот за да го купи. Сега
мораш да се снајдеш со она
што системот на ти - дај ми
наложува и кое продолжува
така сиво да трае во нас. Се
надеваше граѓанинот дека
тоа време ќе дојде, додека
малтерот од преградата се
ронеше, тој старееше, нејсе
го снема, остана само зјапката
во ѕидот, сведок ничиј за
солидноста на упорноста
втемелена во преградата.
Луксуз и контрола 67 стихозбирка од Игор Поп Трајков

РАШИРЕН ОБРАЧ

Обрачот беше стеснет, а запален


животното мислеше дека ќе
може и во скок да се протне
квичејќи се врати до местото
под стреата на циркусот каде
барем нема да го врне.
Во стариот кафез го вратија
и од храната му скратија
Само квичи, не знае ли дека
нема кој да го чуе?

За нас- рационалниот вид, не беше


вака, или така барем социолозите
тврдат. Дека некој за нас постојано
се грижи... Не некој од небото вишно,
туку некој од нас за некој од нас
легла постила кога потреба за
тоа се изродува низ ноќна утрина
или самната квечерина...
Ете, не далеку од животните
сме се одвоиле. Сме настапиле
како многу еволуирани, а смирени
сме само кога некој црвениот
тепих пред нас ќе го спростре
и тогаш... и тогаш... ... е како секогаш!
Во ваква прилика, зашто одлика
сме добиле без да сме ја заслужиле,
а погано сме се здружиле
кога обрачот сме го потплатиле
и дур вселената од нас ширум се отворила
ние на опашот од кометата ќе ја разнесеме
суетата од победата над здодевноста од
чесноста, која раскошно и обемно ја мразиме!
Луксуз и контрола 68 стихозбирка од Игор Поп Трајков

КРВАВИТЕ УТРА

Такви беа сите денови кои неосновано беа заглавени


Во текот на времето кое постоеше само за моменти
Засновани на довербите, меѓу кастите, кои со премиите
Ги урамнотежуваа приговорите на обесправените.
Сите заедно беа татнежите на револуциите- молњите
Од оддалечените луњи од градовите, кои мрачно
Напредуваа кон живеалиштата на чесните, замотани
Во завоите на негираните времиња. Со секое просветлување
Се слушаше позасилено грмење- не е точно кога се вели-
Кога грми, не врни- зашто силни луњи ги зафаќаа пре-
Делите. Дали тука ќе останете добри граѓани или од
Нас ќе се одделите? Прашуваа тие другите, знаејќи,
Дека „добрите“ не знаат дека токму тие луњите ги
Создавале. Лицемерието се исплатува, никој не поверува,
Дека оние кои до вчера мирно до нив живееле
Сакале со лажниот подем револуционерен животот
На добрите да им е одземен. Но луњата пресилно
Се разгори, многу мрачни дни траеше, а муграта
Тешко се раѓаше; крвта од небото како да паѓаше.
Тоа беше занаетот за секој кој знаеше, додека траеше
Дека аловото небо утринско ќе е знаме херојско
За оној кој знае како да го вее. Но не и сега. Сега
Сите се најдоа со разрушени живеалишта, откога
Грмна небото, настана катаклизма еколошка која
Сите присилно ги зближи во палатата на немањето,
наречена Земја!
Луксуз и контрола 69 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПРОСТОР И ВРЕМЕ

Морето веќе не удираше нервозно


со своите бранови. Не ни имаше
некаква особена бура, но скршено
се чувствуваше рибарот...
Постојано доаѓаа некакви
вагабонти, на оградата од
куќата од татко му се наслонуваа.
По цели ноќи пцуеја
од зад пристаништето доаѓаа
нешто претходно ќе направеа
(се дрогираа, се разбира).
Мештаните не ги пријавуваа.
Знаеја дека „тие“ некого имаа,
тие чии животи од нечие грдење
се состоеја.
Добро заработуваа, ништо не работеа.
Им се плашеа, мештаните знаеја на
високо место некого имаа.
Му беше криво на рибарот,
но оваа просторна градба
беше за него оставена од неговите
предци трговци кои светот на дланка
го имаа. Тие за него сè беа; гордоста
на неговиот имот се состоеше во
нивниот дух низ тие стари мебели,
меѓутоа кои беа од полно дрво цели.
Се сневесели, и се развесели...
Тој е само рибар, но со предци славни.
Ајкулите ги изедоа, пцујачите не се главни.
Издрогирани се качиле во барка
морето смирено обави дела благородни
за оние кои веруваат во старата арка.
Луксуз и контрола 70 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ИЗМИЕНАТА ПРОЅИРНОСТ

Дали сеуште си сокриена


во гелот на времето
здрвен од некогашните миења?
Протриена
е ламбата со духот
тој ќе ти ги исполни сите сонувања
за кои ти развиваше фантазии
дека се за нежноста на пупките мачења.
Она што те опкружуваше
не ти овозможуваше да дојдеш
до она што навистина те движи
кога лебдиш над патеките
од испарувањата
над мочуриштата од сеќавањата
на скршеното достоинство
кое е пространство неосвоиво
од такви како јас и ти-
верувачи во граѓанското општество.
Не можам веќе да гледам низ тебе
да ги проверам состојките на твојата трпеливост
сега сè е загадено, затнато, во комплекноста
на насилството. Кутијата од стакло стана
темниот ковчег на измамата, каде мораме
да скапуваме, за да имаме, за да се збогатиме
од мачноста на времето кое го мразиме.
Луксуз и контрола 71 стихозбирка од Игор Поп Трајков

НЕКОЈА ПОИНАКВА ЖЕНА

Раздразнето се завртува
на задната штикла
балерина прави пируета
занесена е сета.
Многу е т`нка, како дека
гледа кон целта некаква
постојано
во работењето ова-земно
се преработила
ѝ го нема сјајот во очите,
од проблемот напластите
ѝ ги товарат даноците
ним им плаќа, наместо на внуците.
Уште кратко ќе биде убава
- така си мислам -
умореноста ќе го направи
својот кружен тек
околу она што се нарекува
класика на безнадежноста.
Затапеност. Немаштија. Самоповредување.
Сепак ќе ја гледам, нека венее
ако така морало да биде
дур едноокиот демнее
таа покрај мене, во стаклото
одразот си го виде.
Јас пак внатре во бифето
мислам- бежовиот ѝ фустан
и мој штит ќе биде
кога ангелот без престан
нè спојува. Ни го пронајде
лекот-избавот посакуван.
Луксуз и контрола 72 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПЛЕТЕНО, ВЕЗЕНО

Симпатичните шарки на џемперчето сиво-зелено


Од самото дете беше одбрано. Бабата му го сплете
А детето од списанието современо го одбра. И на-
Вистина сите од класот се чудеа какви се тие рас-
Кошни шари кои како да не се од сивиот Балкан
Туку како да потекнуваат од некој простор за
Луѓето далеку поразбран. Каде се преплетуваат
Стремежите на културите, а не дремежите на
Суетите- со апетити поголеми од оние на ѕверовите
Од прашумите. Кога страотните зачнувања на
Токму тие ѕверови, отелотворени токму во наодите
На анализаторите на војните, се насркаа од крвта
На нашите втемелувачи, тогаш кон нас, нивните
Потомци се упатија. Како да знаеја дека се сите
Од различна партија, односно бласфемија. Дните
Течеа бавно и тешко, 1 ден како 1 месец, годините
Се чинеа бесконечно долги, сосема навлезени
Паразитско втемелени во наборите и шарите на
Џемперите кои таа изнемоштена жена ги плетеше.

Војната заврши. На сцената застана жена му оддаде-


На на стариот занает везењето. Живеалиштето им
Беше празно. Тој не сакаше ништо на ѕидовите да
Има, му се чинеше секој миг ќе почне нова војна
Сето тоа ќе е залудно. Но таа почна да везе и плете
Со прекривки чудесни, пајажинки копринени сиот
Ентериер го збогати. Тој се праша- до кога ова ќе
Трае, до новиот изблик воинствен? Ете, тоа е сè.
Од сè претходно само прашањето остана. Сè
Друго снема, но плетењето и везењето не престана.
Луксуз и контрола 73 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИМЕТО

Кога пристигна сè беше како


ништо необично да немаше
во врска со овој млад човек.
Тој само чекаше да добие
документи и да се смета
за жител на новиот град.
... Одненадеж го забележа
неподносливото искрење
во очите на оние од шалтерите
кога ќе си го кажеше прези-
мето. Многу им сметало
дека пред -ски немало -в.
И сега како? И сега што?
Како да продолжи вака.
Мислеше само името го
издава дека е од провинција
не и движењето незграпно
како и севкупната му става
премногу месеста, од итрата
амбициозна мајка преухранета.
Фати милион врски, даде цело
богатство за мебели и посто-
јано дома сите ги викаше, оние
староседелците од градот. Но
пак, иако и шепите почна да
си ги депилира, сфати дека
сите ги нервира. Предност
му беше дека на Балканот
провинцијата е основата
на корупцијата, така на
сите и тој одбивно им треба.
А за дужење не ни има потреба...
Сега се кае што толку пари
за она -в даде, итака-итака
граѓанин преку ноќ станав.
Така граѓанинот секаков
го почна својот од некаков.
Луксуз и контрола 74 стихозбирка од Игор Поп Трајков

АУТСАЈДЕР

Мислеа дека не може во


ништо да биде прв, но
тој сепак сите ги надвладеа.
Сиот беше со прокрвени
жили, некои ронливи коски,
но бетонски стегнати
во времето, иако изабени
од времето. Најслични
му беа (коските) всушност
на карпите покрај морските
брегови, и крај некои езера-
како оние нашите. Кои се со
безброј дупченца од ударите
на брановите, школките,
паразитите, алгите. Тој соб-
рал сили да се спротистави
на разјадувачките бранови,
школки, паразити, алги.
Победи на трката.
Ужасно го болеа препо-
ните, вратот, главата
му се вжешти, густа
пот го препокри. Сега
е прв. Никој никогаш не
го праша како му е,
ама ни тој не ги праша
како им е.
Ликуваше.
-Супер, тешко им е.
Луксуз и контрола 75 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЗАРАБОТКА

Гледливоста не беше некоја


најсилна страна
на сите оние кои настојуваа
патот свој да го изодат
без и доволно да се одморат.

Некои други пак секогаш


имаа на што нозете да ги качат
како штркот кој гнездото
свое го свива на оџакот.
За луѓето да не се мачат
и домот на штркот е уриван.
Огнот од темното злато
за молкот, во јаглен
транспонирано се има кревано
кон небесните височини.
Стопанот домот свој го
пази, внимава, но и сè пред
себе гази. Знае дека ако не
пази, тогаш сè ќе изгуби-
сè што од својата заработка
го купил, а не од некаков
непобитен квалитет
измамнички суптилитет
на вредностите кои
напредуваа со нашето
доусовршување од
наукот мразен
од зборот на Минхаузен
од летот на острицата
од укот на кукавицата.
Луксуз и контрола 76 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ФУСТАНЧЕ ОД НЕДОСЛЕДНОСТ

Постојано кога минуваше по главната


уличка некој ѝ дофлуваше бездушно
грубо, онака како што е тоа единствено
возможно на балканските простори
каде и родителите децата сопствени
ги третираат не подобро од животни.
6годишно девојче, со голема глава
како да е веќе ќелава, косичката темна
постојано ѝ е замрсена. Околу устето
имаше широка флека од бедната каша
која мајка ѝ лудата ѝ ја давала. Еднаш
еден чичко ѝ покажа мастика и ѝ рече
дека постојано нешто ќе добива од
него ако му раскажува што сè од
рајата се правело. Девојчето почна
брзо да учи, кога беше тинејџерка
веќе картите беа сменети, сите од неа
се плашеа, сакаа да побегнат од неа
и сета провинција, иако самите они
истата ја создаваа. Супер стипендија
девојчето наше доби, знаеше каде
да поткаже и каже во најкодошката
земја на светот, така сите врати ѝ
беа отворени. Кога се омажи на 25
како сиот свет да беше нејзин. Веќе
беше со куќа огромна, а и зетот на
лудата мама беше со сметка огромна.
Постојано фустанчето прво кое го
доби од чичкото со мастиката ѝ
беше испеглано, за и сè друго да ѝ
е средено. Така имаше мислено, кога
фустанчето на пиедесталот во
шифоњерот го ставаше. Сопругот
пак многу се пеглаше исто, никој
да не му го познае минатото изме-
ќарско, а ете, го фатија со проневера
за која тој мислеше дека е вера
вистинска. Сè изгубија дур да
Луксуз и контрола 77 стихозбирка од Игор Поп Трајков

трепнеш воедно. Мораа и да се разведат


штета е рожбата да им страда, дур во
затвор таткото старее. Тоа не било
добро за околината. Мајката млада
сега се правеше, како ништо да не
знаеше. Како везден да морала да
е на работа, да работела, готвела, пеглала
за својата ќерка, мислела, никој
нема да дознае дека и ги отпуштала
сограѓаните свои драги дур ги кодошела.
Ете сега неа ја отпуштиле. Таа не знаела
колку бргу злостите се ширеле, од
јазиците на најотровните змии на
јадицата на оној со козјите уши. И
така сè и се сруши, остана без работа,
ќерката мораше да оди во некаков
институт каде веројатно на морничав
начин ќе ја претворат во ороспија.
Искусната пак си помисли, додека
мислеше како за струја и вода да
плати- ова вака ми се случуваше
зашто фустанчето неиспеглано
ми е. Ќе го средам и пак ќе почне
да ми оди, по улиците кои мене
само ме чекаат, на сите да им се
претставам како најдобра пријателка,
а потоа од издадените им интимности
да направам многу од знаењата најтешки,
а прости...
Луксуз и контрола 78 стихозбирка од Игор Поп Трајков

СРЕБРЕНИОТ ПЕПЕЛНИК

Имаше заспано покрај телефонот


очекуваше некој важен повик,
во полусон така не можеше
да се сети, како по навик
што е тоа на масичето кое дречеше.

Огледалце некакво? Згужван целофан?

Се подразбуди, со поглед прибран


се насочи кон предметот загадочен...
И пак не може да се сети
што тоа би можело да биде.
Параноја го вдаде, а не е
ни чудо оти на берза сè
изгуби. Помисли некој
тука да не бомба му остави
оти многу должи...
Жена му го напушти
детето му го зеде, не може
покрај тебе нормално да се живее-
така му кажа. Тој не можеше
да се откаже од тоа рискантно
чувство, од кое секогаш
одново се чувствуваше
како дечко. Од кое добиваше
сè некогаш додека беше
фраер, а сега сè изгуби. Сè
тука смрди на највалканиот
пепелник на свет... Ох да... Се
сети. Единственото што му
остана од богатите предци-
сребрениот пепелник, го извади
од креденецот, сребрениот сјај
да го бодри. Ама и ова предметче
сентиментално да не го изгуби?
Подобро да го сокрие!? Оти
не умее да внимава, да му се сневиди.
Луксуз и контрола 79 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ЅВЕЗДИТЕ НÈ ВОДАТ
еднаш во Охрид

Не беше сосем стемнето кога одевме. Од страните


Имаше многу честаци. Внимателниот набљудувач
Ќе забележеше дека тие се оградите од капините
И останатите бодликави честаци, кои како бодликави
Жици ги оивичуваа нивите и овоштарниците на
Селаните. Небото беше модрикаво, а не црно.
По краевите за да нè спасат од темнината се по-
Јавуваа светилките, прецизно патот го насочуваа.
По крајпатните засеци со патеки и застаноци се
Вдлабуваа- покажуваа дека и други насочници
Постојат. Пуштив останатите двајца да продолжат.
Мене ме викна токму таа, мајката природа. Ми
Требаше да си олеснам. Јас застанав на страна.
Тие брзаа на некоја забава на плажата. Додека
Го слушав жуборот на течноста од мене, вни-
Мавав да не си ги напрскам скапите обувки.
Како ќе стигнам сега сам до таму? Дали е опас-
Но- слушнав имало змии? Не размислувам на
Ништо егзистенцијално, дозволувам она
Белузлаво-бисерно кое се простира над мојата
Глава да ме води, пресликувањето на ѓерданот
Од светилките, на кој наидов и кога пристигнав
На забавата. Само тука тој беше и пресликан
Во езерото. Патот наш е насликан во ѕвездите.
Не треба никој од нас хармонија да му додава.
Ние сме дел од ѕвездите во ноќта со сонцата
На душите во утрата на очекувањата на доблеста.
Луксуз и контрола 80 стихозбирка од Игор Поп Трајков

МЕВ

Се превртев со лицето кон перницата


Мислев така добро е, ќе мине
За повторно тежината да обземе
Како сончевото време дур зимата ѕемне
Или пак тежината на полниот лилјак
Кој од крвта сирова се нацицал
Преку полињата прелетал, но ниско
И така тој плен ѝ станал на мачката
Гладна, остарена, но итра, со уста црвјосана
За плен гладна. Сега таа е полна, таа
Ѕверката, за плен стрвна, гнети вешто
Мевцето од животинчето го трга
За потоа устата да си ја лиже, од
Темната трага од насладот. Без почит
Е гнетот тој небаре последен на светот,
Од кој светот, токму тој, би се откажал.
Стрвникот крилест пленот го покажал
На хиените, едно антилопче одвоено
Од стадото. Се вклештија челустите
Со потисок неколку-тонски врз препоните.
За разлика од големите мачки ѕверот
Овој пленот не го дави прво, а дур уште
Жив парчиња му откорнува, и дур антилопата
Уште прета, предниот дел веќе ѝ го нема
Во крв е сета, ја стрефи судбината проклета...

Сепак на грб легнав, да ми е полесно. И


Мене стравот од гладот ме прогонува.
На ТВ гледав емисии за животни за да
Можам да заспијам и за да ми олеснува
Откако сум се прејал за да знам дека
Некому му значам, а не дека постојам!?
Погрешно мислам, во сводот зјапам.
Луксуз и контрола 81 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПЕСЈАЦИ ВО СТОМАКОТ

Науката модерна за лебедот знае, оној на


Психологијата, која е, нели, наука за
Душата. Вистината денешна пак е многу
Пострашна, базирана на претпоставка погрешна
Дека секоја несреќа самата од себе минува
И во нашиот дом никогаш не влегува.

Многу поголема силина е неопходна


Гнетот- од душманот храната- да ја
Надвладееме, кога во нечесноста
Живееме, кога едвај сонуваме за
Гривната на атот на рицарот, која
Се вее на ветрецот на пролетта на
Надежта на новите градења, во
Просториите на манастирот на
Чекањата, на од изворите на младоста
Поплавите...
Кои ги мијат ајкулите на вознемирувањата
Од војните возобнувањата, со раскрварените
Стапала патувањата, кон источните сенки
Или западните мразови. Нема милост за
Размислувањата, природата си го прави
Своето. Данокот крвав на неправдата го
Плаќаме, кон родната постела се враќаме
Мора да ни се полни стомаците, за да ги
Досегнеме силите на вилите на Остроготите
Ги развивме песјаците во нашите утроби
Окрепени, залепени со крвта на змејовите.
Луксуз и контрола 82 стихозбирка од Игор Поп Трајков

АЛАРМ

Отсекогаш постоела таа лажлива,


завидлива цивилизација
прилепена до нашата
која се загледува во плодовите од нашиот труд
сакајќи да го земе она што е наше
пренесувајќи ја таа злоба
од генерација во генерација
ѝ успеа да ја загади и нашата
цивилизација. Така и ние станавме
проклетија, на раката која од земјата
излезе сакајќи да го врати назад
ркулецот кој самата таа со големо
внимание го изнедри, за да е нежен
животот во нашиот нежен свет.
Којшто е проклет!
Така сега нашата почва е како
бремената жена која сака некако
во своите црева да го свари сопственото
бебе. Затоа сега алармот стои за некако
нè спаси од одот регресивен, толку заразен
кој кон утробата мајчина нè враќа.
Кога ни крадат, тоа е ден поразителен
затоа сензорот пречувствителен
со ласерот, градината и внатрешноста
на мојот дом го чува, да е осветлен
со сигурноста на домот и далеку од арамијата
кој нам ни ги пренесува проклетствата.
Луксуз и контрола 83 стихозбирка од Игор Поп Трајков

СИГУРНИОТ ЧЕКОР

По скалите ехото одѕвонува


и најавува
воздигнувања
со преместувања
кои поимуваат
самите од себе
како нас да нè нема
секој е сам во себе
ништо не оддава
колкава темнина прикрива
од тежина пренеслива
од нас,
а како сончевина ја претставува.
Кога влакнестата лебарка
како домашната порта висока
по подовите ќе ни зашкрипи
тогаш нема поткрепа, тогаш нема поткрепа...
На подот само флека
од нејзината утроба
смрдлива, густа од нас домашните згмечена
за поворката да ни е секогаш свечена
за никој да не дознае за мислата наша развлечена
од детството до зрелоста дволична.
Луксуз и контрола 84 стихозбирка од Игор Поп Трајков

БЕЛИОТ СВЕТ

Некаде каде ти се чини дека


сите реки извираат
бидејќи само така
кога реките се сливаат
во виолетовото езеро,
а водата е бистра, сосем незагадена
се наоѓа праведната бледина.
Со отсјајот водата секогаш смирена
го надвладува сјајот
за кој е како создадена
и и сонцето свето дури станува
смешна жолтка
кога вилите ја пијат бистротијата
до последна голтка.
Слави го ти непознат свете
своето свето постоење
ти го имаш сонот на секое дете
за бегството од секое плашење!

АПЛАУЗ

Преполнетата сала е лекција права


кога со аплаузот сечиј
е пополнета просторијата која
не е со некој особен критериум.

Секој има на ум
тие внатре да се многу и празноглави да се,
а над сè
желни за добивка и со фластер на усните
кои за наркоза сакаат да се отвараат
вратите на пеколот кои
не се догорот од цигарите
на буржоаските тараси
туку пепелта на парите
од измамите
Луксуз и контрола 85 стихозбирка од Игор Поп Трајков

од врз хероите гробовите.

Оној кој најмногу ги закопал, дочекал


не само шум од ракоплескања
да чуе, туку на сметки плаќања
благосостојба од измама
без покажан страв
дека кукавицата ќе е фатена.

Таа пцосното јајце го снесе


ѝ ракоплескавме
за својот измет врз нас да го стресе
ако е, важно добри сме.

ПОВТОРНО

Колку пати реков дека е


неповратно земено
сето одземено дека е
наследено од минатото
од лажните почетоци.

Целосно е кога нема


некој чесно да размислува.
Мораше сè да е договорено.
За разлика од паралелниот
свет на соништата во кој
владеат верувањата во
светлите светови.
Во мостовите накитени
со кристалните канделабри
наследени од имагинацијата
на архитектурата... Повторно
се смени времето, од многу
сончево, нагло стана дождливо.
Дури почнаа светкавиците...
Некој нè потсетува дека
ќе внимаваме на обликот
Луксуз и контрола 86 стихозбирка од Игор Поп Трајков

на времето, доколку сакаме


да го сочуваме нашиот
мал рај, од лаги бескрај.

ЗАВОИ ОД ЛОТОСОВИ ЛИСТОВИ

Лебдат над мракот од темнините


Таму каде изворите вечно се студени
Од топењата од височините, на глечерите
Во близината на бездните
На ѓубрињата од душите
Кои сме ги фрлале во тие длабочини
Со надежи никогаш од темноста да не се извлечени.
Ние сосем голи, со рани загноени
Дојдовме кон изворите на надежите
На самовилите зачнати во длабочините
Од плачењата на душите
Растревожени од
Неправдите, загубите, отфрлувањата, лицемеријата
Кои се втемелени во нас самите
За наредниот пат остар да ни е ножот
Во вратот на душманот...
Раните ни се лечени од цветовите со бојата
На најчистата мисла на смртта
На калежот на џелатот.
Како природните племиња кои својата храна
Во лисје огромно ја подготвуваат, така секоја рана
Од превоите зелени, од маглината зелено-пурпурна
Ни е срасната, од завојот-херојот на таа денешна
Опасност и страст истовремено, и власт утрешна
Од молитвата денешна- во длабочината таа зачувана.
Луксуз и контрола 87 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (I дел)

Бисерите над превојот азурен


кон брегот напредуваат
за потоа пак таа скапотија
разбелена со ударот врз каменот
да се оствари
за разлика од оближниот пазар
медитерански кој со џагорот
рибарско-селски, со својот говор
се спротиставува, со сета валканост
на инаетот на ѕверот во човекот.
Брегот- е станицата, на која владее
кралицата на објективноста...
Брегот- е границата меѓу светот на
бисерите и од рибите реата...
Брегот- е болницата на душите на
непостојаните во верувањата...
Дали брегот ќе се скрши
за браната да попушти?
Не нема- морето на богатствата
ја има рамнотежата природна
со која човечноста нерамномерна
ја надвладува со гигантизмот
на ерупциите водно-бисерни
од палатите корални на самовилите
подводни, кои го немаат похотот
на рибарот недоизбричен, а презир
кон брегот граничен, тој бедем
прекрасен, од брановите обликуван
со погледот морски бисерно-јасен
владеен, на мрсот човечки непредаден
со бисерните удари прочистуван
како оклопот на секој ритер одбран.
Луксуз и контрола 88 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (II дел)

Важноста на Нептун во смиреноста


крајморска се согледува кога
оној кој прегледува по улиците
на смиреноста Латинска (како
што авторите од изгубената генерација
американска ја нарекуваат), се наоѓа
во јанѕа некаква страотна дека би
можел тој перфектен оклоп
заштитен еднаш да го загуби
кога ќе нема што да покаже
од достојноста своја
кога самата од себе се продала
на гладната уста ѝ вдала
симболи и епиграми
за богатства славни,
а на отпорот само епитафи.
Во улицата пругорна која
води до плоштадот на сеќавањата
на младоста, на од срцето избраната
како и херојството на доблесноста
се наоѓа домот на осамениот водач
посветен на утринската чистота
рамна на разборитоста на детинестоста.
Ретко тој сега на улиците градски
крочи, нема моќ на препуштањето
кон пените од пристаништата да се
спротистави. Кои незаслужени се
сал, од жителот стрвен, распакуван
за пат кон морската шир подготвуван
кој се враќа со плен незаслужен
со чин лажен и имот никогаш таксуван.
Ама сепак граѓанинот изолиран
од сјајот на бакнежот на поскокот
е од морето посакуван
тој Амор од брановите вдахнуван.
Луксуз и контрола 89 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (III дел)

Љубовниот пар кон бескрајното


синило се упати
додека 2 беа покриени од бескрајното
синило на морето.
Се знаеше дека ова им е наградата
за тешките мигови кои ги минаа
заедно додека се обидуваа
со многукратните компликации
да ги остварат своите идеали за
заедничи живот, иако можеби
истите не ги ни имаа.
Знаеја дека многу нечесности
ќе мораат да премолчуваат,
но за жал најчесто така и
е на скапаниот Балкан. Но сега
се измиени, со ноздри јодизирани
од спарнината туку што излезени
чекаат некоја студена струја
да ги освести, и таму каде се
топат уморностите од неправдите
ја споделуваат неправдата
далеку од брегот на пустошот на судбините...
Ненадејно ветрец се јави, непоколебливоста
на засилувањата ја докажува, моќно мислата
и моќно опасноста владеејќи ја, кршејќи ја
врвноста на брановите, водата пенејќи ја.
Тогаш настапи славата на повлекувањата
кон брегот на сигурноста
кон милениумот на рационалноста.
Луксуз и контрола 90 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ПЕНЛИВИ БРАНОВИ (IV дел)

Бранот скршен е бран опасен


пливачот не знае дека е немоќен
пред аждерот природен
со ноздри црвенести, здив смрден
од несигурен, а обземачки моќен.
Нежното битие- човекот напредува
и против бранот одејќи
и во плачот смеејќи
се кон демонот на непредвидливоста.
Иако за доблеста не е награден
тој е смирен
тој- човекот на скромноста
тој- таткото на утрешнината
тој- ангелот во бранувањата
од огнот на недовербата, во огнот
на утрешнината, заведен е тронот
на земната прелест, со сјајот
на градината на изобилието
од розите на опуштањата, летувањата
и победите над изѕемата и осамата.
Со брод силен плови сега непознатиот
борец на доблеста
сега тој ги крши на брановите врвовите
со гневот на пената од челустите на ламјите
доказите за неуморот на гнасите.
Сега не плива веќе непознатиот, оти знае-
со бродот на доблестите, сите ќе се спасите!
Луксуз и контрола 91 стихозбирка од Игор Поп Трајков

ИСПРЕСЕЧЕНИ ПАТИШТА

Какви се деновите кога напредуваме


кон хоризонтот кој е далеку
кај денот кој умира?
Посветено веруваме дека во спокојот
на неродениот ден се наоѓа
вистинитоста за чистотиите
кои нè наднесоа над изворот
на девственоста кој единствениот
токму тој е извор на нескршливоста
и нескротливоста истовремено.

Везден се нижат патиштата по


кожата на нашата планета.
Раскошот на нејзините палати
е несогледливо најраскошен
непознат за другите планети.
Животот не би можел да е задржан
доколку е бесцелен- денот продолжен
зашто задолжен
зашто превртен
за сите стрвности да му се очигледни
и кога угнетен, пак витален е
зашто се крепи од дните последователни
на неказнетиот деликт.
Во цивилизацијата која варира меѓу
сјајот на ѕвездите и тамастот на осаменоста
се наоѓа тој- патот на планетата.

Многумина ја гребеа нејзината нежна


кожа, расцветана од бакнежите во
Вавилон, олицетворена во неговите
градини, по чии таинствени падини
се стркала исцедокот на загаденоста
од стаклената градина
создадена да ја понижува радоста
на токму таа- доблеста на вистинскиот
пат и расеаноста на најубавото нешто
раѓањето на новиот ден
Луксуз и контрола 92 стихозбирка од Игор Поп Трајков

кој е зачнат од наивноста на тоа вешто


дете заживеано во секој од нас.

Дали и ти си размислувал пријателе


како и јас
колку отров слеаја дождовите носени
по споредните патишта
кои се разлеаја по насадите
насадите родија плодови на темнината
растенијата беа стеблата за стрвнината
корењата го цицаа злото, се хранеа
од планетата која остана без иднината?

Стар пријателе се сеќаваш ли како


беше кога бевме млади кога
постоевме за да менуваме, зашто верувавме
дека и ние сме дел од оваа планета
не само оној кој на сатрапскиот ќилим седи
не грижејќи се за човечките трагедии
кој е креатор на толку несреќи, беди?

Нечовекот има моќ, но ние ќе му го загорчиме


оброкот, со отровот- од нас остатокот.
Навистина малиот наш остаток
ќе го загатне опстанокот
на нему сродните кои се последните
изданоци на Хера и на неа сличните
ние ќе сме победниците, ние сме патувачите
ни не сме скршнале, ја имаме нашата прашинка
во вселената
симоболот на нашата душа
која е онаа на планетата.

You might also like