You are on page 1of 9

Универзитет ,,Гоце Делчев” – Штип

Економски факултет – Струмица

Семинарска работа по предметот:


Менаџмент
Тема:
Лидерство и менаџмент

Ментор: Студент:
Проф.д-р Трајко Мицески Елисавета Крстева – 083394

Емилија Кантарџипандева - 08339

Април 2019, Струмица


Содржина

Вовед....................................................................................................3
1. Лидерство и менаџмент................................................................4
2. Нивоа на лидерство.......................................................................5
3. Карактеристики на лидерите.........................................................6
4. Вредности на лидерот...................................................................7
Заклучок...............................................................................................8
Користена литература.........................................................................9
Вовед

Поимот лидерство, како збор од англискиот јазик, се преведува како


водење, водство, управување. Меѓутоа, за објаснување на овој
поим неопходно е да се земат предвид карактеристиките што
всушност ги изразува водството и водењето.

“Лидерството е влијание врз луѓето со одредување цели,


давање насоки и мотивирање додека работат за да ги остварат
задачите и да ја унапредат организацијата”
“Лидерството е начин на насочување и мотивирање на група
луѓе и нивно доведување во состојба да ги остварат
поставените цели. Тоа исто така, бара да се биде одговорен и
да се одговара за целата група“
Менаџментот, поради неговата важност во работењето на
претпријатието, покривајќи ги сите функции на работење,
претставува подрачје од посебен интерес во микроекономската
наука. Терминот менаџмент има повеќе значења кои можат да
бидат применети на различни начини. Менаџменот е доминантна
активност во секој аспект на модерното општество, што значи дека
постои универзалност на менаџментот.

Менаџментот се дефинира како множество на активности преку кои


се вршат одредени функции со цел на ефикасен начин да се
обезбедат, распоредат и мобилизираат човечките потенцијали и
физичките ресурси, за да се постигне одредена цел.
1. Лидерство и менаџмент

Лидерството и менаџментот се два поими, кои често се користат


како замена еден за друг, но тие всушност објаснуваат два
различни концепти. Лидерството е само дел од многуте предности
што еден успешен менаџер треба да ги поседува.

Главната цел што треба да ја има менаџерот е да ги максимира


излезните резултати на организацијата со административно
извршување. За остварување на ова,лидерите мора врз себе да ги
преземат функциите:
планирање, организирање, раководење, координирање,
контролирање, мотивирање и одлучување;

Лидерството е само една значајна компонента од функцијата


насочување. Менаџерот не може само да биде само лидер, тој исто
така има формален авторитет и да биде ефективен.
Менаџментот ги прави работите да бидат вистински, а лидерот
прави вистински работи.Ова значи дека менаџерите ги работат
работите со помош на книги,ја следат политиката на компанијата,
додека лидерите ја следат нивната интуиција, со помош на која
можат да бараат поголема корист за компанијата.
Менаџментот вообичаено се состои од луѓе што имаат искуство во
подрачјето на нивната работа и кои имаат работено на
издигнувањето на компанијата. Менаџерот знае како работи секој
дел од системот, а исто така можр да поседува и добро техничко
знаење.
Главните разлики меѓу лидерството и менаџментот се следните:
-менаџментот е процес кој во себе вклучува неколку функции:
планирање, организирање, раководење, координирање,
контролирање, мотивирање и одлучување;
-лидерството е една од фазите на менаџментот, а тоа е водењето;
-менаџментот е насочен кон сите ресурси на организацијата;
-лидерството е насочено само кон луѓето;
-менаџментот создава услови за развој на организацијата;
-лидерството има извршувачка задача;
-менаџментот користи разни методи за поставување на задачите;
-лидерството ги користи своите, личните човечки чуства, емоции;
-менаџментот, во суштина е тимска работа;
-лидерството е работа на поединец;
-менаџерството менаџира работи;
- лидерството води луѓе.

2. Нивоа на лидерство

Лидерството како процес влијае на другите за да ги остваруваат


задачите преку поставување цели,давање насоки и преку
мотивирање,вкличува четири клучни фактори: лидер,тие што
следат,околина или ситуација и процес на комуникација меѓу
лидерот и тие што следат.
Факторите што го определуваат нивото на лидерството можат да го
вклучат опсегот на контрола,нивото на раководство и степенот на
влијание што го има лидерот на позицијата на која се наоѓа.
Всушност,поголемиот број лидерски позиции се на директно ниво на
лидерство и секој лидер,на кое било ниво на лидерство дејствува
како директен лидер,кога тоа го прави директно со подредените.
3. Карактеристики на лидерите

Кога станува збор за карактеристиките што треба да ги поседува


еден лидер,тогаш може да се каже дека: лидерот е човек-добар или
лош,кој може да ги придобие или да ги мотивира луѓето да го
следат. Лидерот мора да има силен карактер за да може да ги
инспирира другите да го следат со доброволност.

Лидерот мора:

- да има пренослив оптимизам


- да покажува почитување на принципите и на средствата за
работа,дури и кога и самиот не е сигурен во материјалните
резултати.
-да поседува чувство на праведност во кое другите ќе имаат
доверба.
-добро да ја познава човековата природа.
-да има самоконтрола
-да биде добар пресудувач по карактер и одбирач на луѓе.
-да биде во состојба да доминира и на крајот да може да управува
со се што е околу него.

Лидерот исто така треба да има четири основни доблести : 


- внимателност: мудрост и тактичност
- праведност
- воздржаност: самоконтрола чуствителност и трпение
- храброст
Да се биде лидер значи да се развијат сите аспекти на човековата
личност, односно, да се биде, да се знае и да се работи.
4. Вредности на лидерот

Според некои критериуми развиени во САД, вредностите што треба


да ги има лидерот се следните :

- лојалност (Lojality)
- должност (Duty)
- почитување (Respect)
- несебичност во службата (Selfless Service)
- чесност (Honor)
- интегритет (Integrity)
- лична храброст (Personal Courage)

Разбирањето на вредностите е прв чекор.Секој лидер треба да ги


разбира и да верува во неговите акции и да ги прифати и да живее
со нив.
Лојалноста се искажува како доблест и обврзност да се почитува
Уставот, законите и власта, да се биде верен на институцијата и
вработените. Лијалноста не треба само да се очекува од другите ,
туку таа треба да им се дава.
Должноста започнува со она што се бара од лидерот и од
другите,согласно прописите,регулативите и наредбите но таа
вклучува и повеќе од тоа.
Почитувањето значи признавање и прифаќање на личниот
дигнитет и вредноста на сите луѓе, без оглед на расата, полот,
верата или религиските уверувања.
Несебичност во службата значи да се работи она што е вистинско
за организацијата и за луѓето што работат со лидерот заедно, при
што овие одговорности мора да се стават над личните интереси.
Чесноста значи да се стават вредности на фирмата над личните
интереси, над кариерата и личниот комфорт.
Интегритетот значи дека тие ги прават нивните принципи познати и
постојани. Да се има интегритет значи да се биде целосно морален
и искрен кон самиот себеси.
Личната храброст има две форми-физичка(да се надмине стравот
од повреди и извршување на обврски) и морална храброст(да се
остане цврст дури и под дејство на закани).
Заклучок

Лидерството и менаџментот се два поими, кои често се користат


како замена еден за друг, но тие всушност објаснуваат два
различни концепти. Лидерството е само дел од многуте предности
што еден успешен менаџер треба да ги поседува. Треба да се
посвети големо внимание за да се направи разлика помеѓу двата
поима. 
Менаџментот се дефинира како множество на активности преку кои
се вршат одредени функции со цел на ефикасен начин да се
обезбедат, распоредат и мобилизираат човечките потенцијали и
физичките ресурси, за да се постигне одредена цел.

“Лидерството е влијание врз луѓето со одредување цели, давање


насоки и мотивирање додека работат за да ги остварат задачите и
да ја унапредат организацијата”
“Лидерството е начин на насочување и мотивирање на група луѓе и
нивно доведување во состојба да ги остварат поставените цели.
Тоа исто така, бара да се биде одговорен и да се одговара за
целата група“
Користена литература

Трајче Мицески, Менаџмент – Штип, 2009

You might also like