You are on page 1of 1

Програмирање и алгоритми 2014/2015 Лабораториски вежби

_____________________________________________________________________________________

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА – ПРОГРАМИРАЊЕ И АЛГОРИТМИ БРОЈ 3


ТЕМА: IF … ELSE, WHILE, FOR
Име и презиме Индекс број Група

1. Да се напише програма која на екран ќе ја печати следнава табела:

За пресметување на степен на вредност да се користи функцијата float pow (float <osnova>, float
<eksponent>) која се наоѓа во библиотеката math.h
Како ќе ја промените програмата да работи за N цели броеви?

2. Една болница има потреба од софтвер за поставување дијагнози. Да се напише


програма која во зависност од внесените симптоми ќе испечати соодветна дијагноза за
еден пациент. Сите симптоми се внесуваат така што корисникот кажува дали пациентот го има или
го нема симптомот. Можни се следниве симптоми:

1. Зголемено ниво на леукоцити


2. Главоболка
3. Мачнина во стомакот
4. Повраќање
5. Осетливост на светлина
6. Матно гледање

Во зависност од симптомите програмата треба да ги даде следните дијагнози:


Стомачен вирус – само 1 и 4
Мигрена – сигурно 6, и барем еден од 2 или 5
Грип – сигурно 1 и барем два од симптомите од 2 до 4

3. Од тастатура се читаат N цели броеви (N се внесува од тастатура). Да се напише


програма која на екран ќе испечати дали внесените броеви формираат строго растечка низа
(односно секој елемент да е помал од неговиот следбеник).

You might also like