You are on page 1of 3

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“

Претприемништво и мал бизнис

„Бизнис Идеја“

Изработил: Професор

Митко Летников Проф. Д-р


Индекс: Радмил Поленаковиќ
1020
Насока:
МХТ
Доаѓа Нова Година? Денот на вљубените, роденден или годишнина?
Поминувате часови во потрага по совршениот подарок? Не мора тоа да го
правите повеќе. Гифти е едноставна апликација која ќе можете да ја превземете
на вашиот смартфон и со тоа да го решите проблемот околу ваквите „слатки“
маки.

Опис на бизнис идеја

1 чекор. Ја превземате апликацијата.


Да до толку е едноставно! Се што треба понатаму да направите е да одговорите
на неколкуте квиз- прашања во врска со личноста за која барате подарок
(основни прашања кои ќе помогнат во спецификацијата на нејзиниот карактер)
и ќе го добиете вашиот одговор заедно со листа од најблиските
места/продавници каде што истиот ќе може да го набавите. И не, со оваа
апликација не ги кршите правилата (само ги заобиколувате) затоа што се уште
треба да ги знаете допаѓањата на вашите блиски или да го познавате карактерот
на вашиот шеф.
Тоа што преостанува е да се смешкате на задоволните насмевки. 
Креирана на повеќе јазици за да ги намалиме нејзините ограничувања и да ја
прошириме и надвор од македонскиот пазар.
Целна група

Сите млади, па и возрасни... Од првиот роденден на симатијата до подарок за


„златна свадба“. Бидејќи апликацијата не е воопшто комплицирана секој кој
знае да ракува со смартфон (или секој кој има внук за да може тоа да го стори
место него) би бил нејзин идеален корисник. Демографските карактеристики
или возраста навистина не се важни затоа што ова е апликација наменета за сите
оние што сакаат да усреќат некого.

Секако, ќе бидат спроведени неколку анкети кои ќе ни помогнат во врска со


прашањата кои се појавуваат пред спореведување на ваквата идеја. Прашања од
типот:
Дали би користеле ваква апликација?
Дали сметате дека истата е корисна?
Што би не советувале во врска со нејзино креирање?
Дали мислите дека е едноставна за користење?

И со помош на нивните одговори ќе ја заокружиме сликата на нашата целна


група (7-99 години)

Потребни ресурси

Не се потребни некои специфично огромни средства за старт-ап на „бизнис“ од


ваков тип. Зошто? Затоа што потребен ни е само компјутер (спаѓа во групата на
бизниси кои претежно ќе можеме да ги контролираме од удобноста на
сопствениот дом) и незначителни средства за спроведување на анкетите, како и
на неколкуте презентации пред инвеститорите или пред оние на кои што ќе се
обидеме да ја „продадеме оваа идеја“. Апликацијата ќе може да биде поставена
на повеќе app- stores со што ќе ја направиме подостапна на корисниците.
Маркетингот исто така ќе биде еден од клучните моменти за ширење на
популарноста на самата апликација, затоа ќе одвоиме дел од средствата и на
овој план.
Потребните средства за изработка на оваа бизнис идеја ќе ги вклучуваат
средствата обезбедени од инвеститори, донации како и сопствен капитал.

You might also like