You are on page 1of 3

Структура за повторување на циклус со броење на циклусите

(Основни елементи на Ц++)


1. Претставува надградба на Ц (Ц++) и е јазик за т.н објективно програмирање.
2. Азбуката на Ц++ се состои од множество дозволени симболи
(малите и големите букви од латиницата, цифрите 0-9, специјални знаци)

• Алгоритам претставува постапка од конечен број на прецизно формулирани дејства со


точно зададен редослед на нивното извршување.
• Алгоритамски чекори се нарекуваат дејствата од кои се состои алгоритамот .
Карактеристиките на алгоритамот се: конечност, дефинираност, влез, излез,
ефикасност и резултативност.
• За претставување на алгоритмите најчесто се користат графичкиот приказ и псевдо
јазикот.
• Графичкиот приказ на алгоритмите се врши со тнр. блок дијаграм. Секој алгоритам
може да се претстави со користење на една од трите основни структури: линиска
структура, разгранета структура и циклична структура.
1. Линиска (линеарна) структура подразбира извршување на алгоритамските чекори еден
по друг како што тие следат. Од почетокот до крајот постои само еден пат, нема
повторување и нема разгранување. Ова обично се алгоритми кај кои има влез,
обработка на податоци и излез (на пр. пресметување на цена на такси услуга).
2. Разгранета структура Со разгранетата алгоритамска структура е овозможено
решавање на проблеми каде податоците треба да исполнат некој услов (дали бројот е
позитивен, дали бројот е парен и сл.).Во зависност од тоа дали условот е исполнет или
не е исполнет, се извршуваат едни или други чекори. Значи, постои точка на
одлучување, односно разгранување на алгоритам (на пр. алгоритамот за печатење на
поголемиот од два броја).
3. Циклична структура Понекогаш е потребно некои алгоритамски чекори да се
повторат, односно да се извршат повеќе пати. Такви алгоритамски чекори
претставуваат циклуси, а алгоритамските структури кои содржат циклуси се
нарекуваат циклични алгоритамски структури. Можни се две ситуации:
• Однапред се знае колку пати циклусот ќе се повтори (на пр. наполни 10
шишиња со вода);
• Бројот на повторувањата зависи од некој услов и тој број не е однапред
познат. При тоа условот може да биде: - на почетокот на циклусот (на пр. додека е
црвено светло не поминувај преку улица) или - на крајот на циклусот (на пр. печати
копии додека има листови).

4. Програма е низа од наредби кои се изведуваат по точно одреден редослед и со точно


дефинирана цел.
5. Наредба е основен елемент на програма и претставува инструкција до компјутерот да
изврши одредени дејства. Софтверот го сочинуваат програми кои, од една страна, ја
контролираат функционалноста на сите хардверскиделови на компјутерот(системски
софтвер), а од друга страна извршуваат обработка на податоци (апликативен софтвер).
Влезот во компјутерот го сочинуваат две компоненти: програма и податоци.
Компјутерот ги следи инструкциите дадени со наредби во некоја програма и извршува
дејства врз податоците. Податоците претставуваат влез за програма.

6. Пишување на една програма


#include<iostream>
using namespace std;
int main()
{
programa
zavrshuva so
return 0;
}

You might also like