You are on page 1of 1

Н: Во Словенија пронајдени остатоци од метеор што експлодирал во двор во Хрватска

Во словенечкото село Пречна кај Ново Место се пронајдени остатоци од метеорот што експлоди-
рал пред десетина дена над Хрватска и Словенија.
Деловите од метеорот ги пронашле мештаните Грегор Кос и неговиот син Jернеј во дворот на ку-
ќата, пренесува „Индекс.хр“.
- Мојот син и јас се возевме накај дома кога забележавме нешто во приодот на куќата што прет-
ходно не беше таму. Откако слушнав за потрагата по метеорот, му се јавив на г. Амброжиќ, кој
дојде и потврди дека станува збор за метеорот - рекол Кос.
Метеорот експлодирал над Хрватска и Словенија на 28 февруари. Во Загреб и во околината, но и
во другите делови на Хрватска, се слушнал силен татнеж. Експлозијата се случила на 34,5 кило-
метри над Земјата, а влегол во атмосферата со брзина од 21 километар во секунда.
Два дена по падот на метеорот, хрватската метеоролошка мрежа направила анализа, во која е на-
ведено дека ваквите брзи метеори не остануваат покрупни метеорити, туку целиот материјал
„гори“ во атмосферата.
„Меѓутоа, можно е помалите парчиња со големина до 10 грама да ја преживеат експлозијата и да
се распрскаат на поширокото подрачје“, пишувало во анализата.

You might also like