Professional Documents
Culture Documents
смртен исход
смртен исход
ПН: Бројот на починати кај нас на милион жители изнесува 21 и тој е поголем во однос
на другите земјите од регионот, освен во Словенија каде изнесува 27. Споредено
според бројот на направени тестови подобро стоиме само од Албанија. Во однос на
излекувани пациенти кои кај нас се 86, подобри сме само од Бугарија каде има
излекувани 81 пациенти но и помал број на заболени отколку кај нас.
Од починатите, кај 32, односно кај 72,7 отсто се регистрирани коморбидитети, односно
присуство на други хронични заболувања. Најголема стапка на смртност во однос на
број на заболени има во Струга каде на 43 заболени има 8 починати и во Тетово каде
на 34 заболени има 4 починати.
Од други расположливи статистички извори паѓа во очи дека многу е поголем бројот
на починати мажи кои во вкупната бројка влегуваат со 70,59 отсто, а жените со 29,41
отсто. Од вкупниот број на починати 2,7 отсто се на возраст од 20 до 29 години и од 30
до 39 години, а 10,81 отсто на возраст од 40-49 години и од 49-59 години.
Бројот на починати кај нас на милион жители изнесува 21 и тој е поголем во однос на
другите земјите од регионот, освен во Словенија каде изнесува 27. Споредено според
бројот на направени тестови подобро стоиме само од Албанија. Во однос на
излекувани пациенти кои кај нас се 86, подобри сме само од Бугарија каде има
излекувани 81 пациенти но и помал број на заболени отколку кај нас.
Така во Хрватска има 31 починат на 1.704 заболени или 8 на еден милион жители.
Направени се 18.539 тестирања и 415 пациенти се излекувани.
Албанија има 475 заболени на 4.306 тестирани. Бројот на починати е 24 починати или 8
на милион жители, а бројот на излекувани 248. Бугарија има пак има 713 заболени на
18.502 направени тестови или 35 смртни случаи или 5 на милион жители. Излекувани
се 81 пациент.
Ако се погледнат бројките ќе се види дека земјите каде се прават повеќе тестови имаат
и помала стапка на смртност, што се објаснува со тоа што заболените порано се
изолираат и уште од почетокот на лекувањето има точна дијагноза како би можел да
биде и најсоодветен пристапот во третманот.
На прашањето зошто имаме голем број на починати пациенти кои најголем број и не се
во групата над 70 години, министерот за здравство Венко Филипче вели дека болеста
има непредвидлив тек, освен белите дробови ги напаѓа и сите други системи – ја
напаѓа крвта, а страдаат и сите други органи.
-Анализиравме резултати и литература зошто е така, а консултиравме и други болници
во светот. Така е секаде – смртноста изнесува 90, дури и 97 отсто кај тешките форми на
болеста – изјави министерот за здравство Венко Филипче.