You are on page 1of 2

Според Вас и Вашето искуство:

Што треба да направи еден родител кога неговото дете ќе му признае дека го открило својот
вистински родов идентитет?

Одговорот е многу едноставен. Да прифати дека неговото дете е различно и да се информира


дополнително (од релевантни извори), како да му даде поддршка да продолжи да живее здраво
и безбедно. Доколку знае за што станува збор. Доколку за родителот е тоа сосема ново и
непознато, што значи и тешко прифатливо, да побара помош од стручно лице/ институција, и да се
информира, пред било што да преземе. НО, во нашата земја најголем дел од професионалците и
од најрелевантните институции /здравствени, социјални, правни и сл./, често не се доволно
едуцирани на темата родови идентитети и различности. Така што, родителот во старт останува
дезинформиран, застрашуван и погрешно насочуван, токму од нив. Оттука, на родителите не им
останува друго освен самите да решат дали и кому ќе му веруваат, најчесто следејќи ги
сопствените уверувања и ставови, и сопствениот пат, кој неретко почнува со бајачки, оџи, преку
заводи и клиники, до приватни ординации, во потрага по „вистината“.

При што најмногу страда детето, но и целото семејство. Но што кога трансродовото лице наиде на
отпор од семејството и најблиските?

Треба да побара помош. Но, ни тоа не е едноставно, особено кога се работи за малолетници. Во
такви околности, трансородивте млади се затвореници на своите семејства, често и самите без
јасна идеја што им се случува, без неопходната поддршка, и без надеж дека кога било ќе најдат
решение за својата состојба. Овие млади се неретки жртви на семејно и училишно насилство,
поради што често предвреме го напуштаат училиштето. Развојот и животните искуства на
отфрленост и социјална изолација во детството, оставаат трајни последици по менталното и
социјалното здравје. Неколку реномирани невладини организации во земјата, подолго време
самостојно, или во соработка со високо професионални и специјализирани тимови/организации/,
веќе нудат разни видови бесплатна помош и поддршка на трансродови лица, од: шелтер центри
за лица - жртви на домашно, или улично насилство, преку правна и медицинска до
психосоцијална помош и поддршка.

Што би можел секој поединец да направи за поголема видливост и поддршка на трансродовите


лица?

Како што гледате одговорите на сите прашања се Да - Но. Одговори има, но нема основа, контекст
и атмосфера тие да се имплементираат на ниво на целата заедница. Така што и одговорот на ова
прашање е: Да, секој може многу да направи доколку е добро информиран, но и доколку е
подготвен да ги менува стереотипните ставови и уверувања за ткн. „нормалност“ на родовите
идентитети и различности, често заглавена во дихотомната исклучивост на „чистите“ машки и
женски фигури и улоги. Се разбира и доколку научи како да им се спротивстави на
традиционалните родови норми, изворот на сите форми родови дискриминации, родови
нееднаквости и родово базирани насилства. Ограничувања има многу, но тоа се и предизвиците,
за континуирани битка за правата на живот, развој и учество на трансродовите лица, што се
основни човекови права. Образованието мора конечно да ја преземе одговорноста за сторената
неправда кон овие луѓе, преку елиминирање на незнаењето, празноверието и произволноста во
толкувањата на нивната појава и право на опстанок.

You might also like