You are on page 1of 1

Врз основа на член 39 од Законот за студентски стандард(Службен весник на РМ

бр.15/2013, 30/2013,120/2013, 41/2014, 146/2015, 30/2016 , 178/2016, 64/2018, 20/2019 и


124/2019),член 23 став 1 алинеја 6 од Законот за работни односи (Службен весник на
РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12,
39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и
Службен весник на РСМ бр. 110/19) и член 29 и 36 од Статутот на Државен
Студентски дом ,,Пелагонија,,-Скопје,Управниот одбор на Државниот Студентски
дом,,Пелагонија”-Скопје распишува

Јавен оглас
за избор на директор на Државниот студентски дом,,Пелагонија”-Скопје

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:


1) е државјанин на Република Северна Македонија;
2) во моментот на избирање со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или
прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
образование;
4) има минимум пет години работно искуство;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за
активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
Кандидатите покрај пријавата за учество на оглас треба да ги достават и следните
документи:
-кратка биографија;
-диплома за завршено Високо образование VII/1;
-потврда за пет (5) годишно работно искуство;
-уверение за државјанство;
-уверение за неосудуваност;
-меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик;
-предлог програма за работа на Домот
Рокот за пријавување е три (3) работни дена од објавувањето на огласот во дневните
весници.
Пријавите со потребната документација да се достават во архивата на Домот или преку
пошта на ул. Божидар Аџија бр.12 Скопје со назнака за комисијата за спроведување
на оглас за избор на директор.

Dr`aven Studentski dom

,,Pelagonija,,- Skopje
Управен Одбор

You might also like