You are on page 1of 67

СОДРЖИНА

СОДРЖИНА НА ИЗЈАВА ЗА СООБРАЗНОСТ НА ЕС ............ 4


FCC НАПОМЕНА ....................................................................... 5
ЕВРОПСКА ИЗЈАВА EMC ......................................................... 5
ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ....................................................... 6
Симболи ............................................................................... 6
Информации за мастила и течности .................................. 7
Чување ............................................................................ 8
Ризик од пожар .............................................................. 8
Истекување и фрлање ........................................................ 10
Електростатичко празнење ................................................ 11
ОПШТО ...................................................................................... 12
ОПИС .......................................................................................... 12
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА ........................................................ 12
Печатач A320i ....................................................................... 12
Печатач A420i ....................................................................... 13
Печатач A520i ....................................................................... 13
Спецификации за печатачот ............................................... 14
Глава за печатење ......................................................... 14
Куќиште ................................................................................ 16
A320i, A420i ..................................................................... 16
A520i ................................................................................ 17
Надворешни поврзувања .................................................... 18
Систем за мастило .............................................................. 18
Средина ................................................................................ 19
Панел на допир тип 3 .......................................................... 19
ПОЧЕТНА ИНСТАЛАЦИЈА ........................................................ 20
Позиционирање на куќиштето ........................................... 20
Монтирање на куќиштето ................................................... 20
Подготвување на системот за мастило ............................. 21
Инсталација на i-Tech Module ............................................. 23
Инсталација на касета за мастило ..................................... 25
Инсталација на make-up касета за мастило ..................... 25
Стартување .......................................................................... 26
Екран чувствителен на допир (QuickStep) ......................... 26
QVGA .................................................................................... 26

1
ИСКЛУЧУВАЊЕ ......................................................................... 27
ПРЕПОРАКИ ЗА ДОЛГО ИСКЛУЧУВАЊЕ .............................. 27
КОНТРОЛА НА ПЕЧАТАЧ ......................................................... 28
Екран чувствителен на допир (QuickStep) ......................... 28
Општо ............................................................................. 29
Екран на уредник ........................................................... 29
QVGA (само за A320i, A420i) ............................................... 30
СОСТОЈБИ НА ПЕЧАТАЧ ......................................................... 32
КОНТРАСТ НА ДИСПЛЕЈ ......................................................... 32
QVGA екран .......................................................................... 32
КРЕИРАЊЕ ПОРАКА ................................................................ 33
Екран чувствителен на допир (QuickStep) ......................... 33
Додавање текст ............................................................. 33
Додавање нов офсет за часовник ................................ 34
QVGA (само за A320i, A420i) ............................................... 35
Опции за фонт ................................................................ 35
Опции за часовник ......................................................... 37
За да ја зачувате пораката ................................................. 39
Екран чувствителен на допир (QuickStep) ................... 39
QVGA ............................................................................... 39
За печатење на пораката .................................................... 39
Екран чувствителен на допир (QuickStep) ................... 39
QVGA ............................................................................... 39
ЗАМЕНА НА КАСЕТА ЗА МАСТИЛО
И MAKE-UP КАСЕТАТА ............................................................. 40
Замена на make-up филтер ................................................ 42
ЗАМЕНА НА I-TECH MODULE ................................................... 44
Внесување на кодот за податоци за i-Tech Module .......... 44
Екран чувствителен на допир (QuickStep) ................... 44
QVGA ............................................................................... 45
Замена на i-Tech Module ..................................................... 46
ЗАМЕНА НА ФИЛТЕР ЗА ВОЗДУХ ........................................... 48
НАОЃАЊЕ ДЕФЕКТИ ................................................................ 49
РЕФЕРЕНЦА ЗА QVGA .............................................................. 51
Широчина и височина на печатење ................................... 51
Височина на печатење ................................................... 51
Широчина на печатење ................................................. 51

2
Ориентација на порака ....................................................... 51
Икони на екранот ................................................................ 52
Тематски копчиња ............................................................... 53
Копчиња Општа намена ...................................................... 54
Копче Помош ................................................................. 57
Копче Валута .................................................................. 57
Заклучување ................................................................... 57
ЧИСТЕЊЕ НА ГЛАВАТА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ ................................. 58
ОТСТРАНУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ПЛОЧАТА
НА РАСПРСКУВАЧОТ ............................................................... 60
Стандардна глава за печатење .......................................... 61
Глава за печатење XS ......................................................... 63

3
СОДРЖИНА НА ИЗЈАВА
ЗА СООБРАЗНОСТ НА ЕС
(во согласност со ISO/IEC 17050-1:2010)
Бр.: EDP002568/5
Име на давателот: Domino UK Ltd.
Адреса на давателот: Bar Hill, Cambridge CB23 8TU
Предмет на изјавата: Domino A320i, A420i, A520i.
Горе-опишаниот предмет на изјавата е во сообразност со
барањата од следните документи:
EN 61000-6-4:2007/A1:2011 Електромагнетна компатибилност (EMC).
Генерички стандарди. Стандарди за емисии за индустриски средини.

EN 61000-6-2:2005 Електромагнетна компатибилност (EMC).


Генерички стандарди. Стандарди за имуност за индустриски средини.

EN 55022:2010 Опрема за информатичка технологија - Карактеристики


на радио-пречки - Ограничувања и методи за мерење.

EN 60950-1:2006/A2:2013 Опрема за информатичка технологија -


Безбедност - Дел 1: Општи барања

2006/95/EC: Директива за низок напон.

2004/108/EC: Директива за EMC.

Директива 2011/65/EU RoHS

4
FCC напомена
Оваа опрема е тестирана и утврдено е дека е во сообразност со
ограничувањата за дигитален уред од Класа А во согласност со
делот 15 од Правилата на FCC. Овие ограничувања се конструирани
да овозможуваат разумна заштита од штетни пречки кога со опремата
се работи во комерцијална средина. Оваа опрема генерира, користи
и може да зрачи радиофреквентна енергија и, ако не е инсталирана
и не се користи во согласност со упатството за употреба, може да
предизвика штетни пречки во радио-комуникациите. Ако со оваа
опрема се работи во населена област, постои веројатност да се
предизвикаат штетни пречки при што корисникот ќе мора да ги
коригира пречките на свој трошок.
Сите промени или модификации кои не се изречно одобрени од страна
на производителот може да го поништат овластувањето на корисникот
за работа со опремата.
Европска изјава EMC
Овој производ може да создава пречки ако се користи во населени
области. Таквата употреба мора да се избегнува освен ако корисникот
не преземе посебни мерки за намалување на електромагнетните
емисии за спречување пречки во приемнот на радио и тв-преносите.

5
Здравје и безбедност
Симболи
Следниве симболи се користат во овој прирачник. Онаму каде што
се појавуваат покрај процедура или инструкција, го имаат значењето
и важноста на пишани предупредувања и опомени.

Мора да се носи заштита на очите.

Мора да се носи заштитна облека. Користете адекватни


заштитни ракавици. Консултирајте го релевантниот лист
со безбедносни податоци (SDS).

Исклучете го пред да спроведете одржување или поправка

Откачете го струјниот приклучок од изворот на напојување


со електрична енергија

Само обучен персонал треба да ја извршува оваа процедура.

6
Информации за мастила и течности
Domino обезбедува листови со безбедносни податоци (SDS) давајќи
конкретни безбедносни информации со секое од неговите мастила,
течности за миење и make-up. Исто така, има предупредувања
на секоја амбалажа. Следуваат општите основни барања:
• Мора да се одржуваат соодветните стандарди на индустриска
пракса за чистота и уредност.
• Мастилата и нивните амбалажи мора да се чуваат грижливо
и со нив да се ракува внимателно.
• Пушењето или употребата на отворен пламен (или други извори
на палење) во близина на какви било мастила или растворувачи
е многу опасно и непрепорачливо.
• Сите кои доаѓаат во контакт со мастила мораат да бидат правилно
упатени во нивната употреба.
Упатствата за безбедни работни практики се разликуваат според
околината. Општи принципи за да можат да се преземат неопходните
мерки на претпазливост:
• Мора да се избегнува контакт со устата. Затоа, мора да се
избегнува јадење, пиење или пушење, или какви било лични
навики или дејства со кои може да се пренесе мастило во устата.
• Мора да се избегнува контакт со очите. Мора да се носи соодветна
заштита на очите секогаш кога постои ризик од прскање. Ако
во очите влезе мастило, третманот за прва помош е измивање
на погоденото око 15 минути со солен раствор, (или чиста вода
ако не е достапен солен раствор), внимавајќи да не се дозволи
водата да тече во здравото око. Веднаш мора да се обезбеди
медицинска помош.
• Повеќето мастила содржат растворувачи кои можат да ја повредат
кожата. Секогаш мора да се применуваат добри работни практики
и да се извршува процена на ризикот. Достапни се листови со
безбедносни податоци што обезбедуваат совети за лична опрема
за заштита. Повеќето ракавици нудат само ограничена и
краткотрајна заштита и мора да се заменуваат често, како и после
секое прскање.
• Многу мастила содржат материјали кои лесно испаруваат и може
да се вдишат. Неопходна е добра вентилација.

7
• Сите користени материјали за чистење, на пример, крпи, хартиени
марамчиња, претставуваат потенцијална опасност од пожар. Тие
мора да бидат собрани за безбедно фрлање после употребата.
По изложувањето на мастило, мора да се измијат сите можни
останати траги што е можно поскоро во најблиската просторија
за миење.
• Печатачот може да се контролира од далечина. Ако се користи
на овој начин, од клучна важност е далечинскиот кориснички
интерфејс да не е поврзан пред да се извршува чистење или
одржување на печатачот.
Чување
Мастилата за печатење мора да се чуваат во добро проветрени
простории, во области за таа намена и избрани поради безбедност
во случај на пожар. Сите течности мора да се чуваат во согласност
со локалните прописи.
Ризик од пожар
Не користете вода за гасење на пожар предизвикан од струја. Ако
мора да се користи вода, како во случај на пожар од нитроцелулозно
мастило (видете подолу) прво МОРА ДА СЕ ОТСТРАНИ електричното
напојување.
Некои мастила содржат нитроцелулоза како поврзувач и остануваат
лесно запаливи кога ќе се исушат. Внимавајте на сите предупредувања
дадени на машината и следниве безбедносни инструкции:
• Ако постои акумулација од исушено мастило, не користете метални
стругалки, бидејќи можат да произведат искри.
• Ако се запали суво мастило базирано на нитроцелулоза, тоа ќе
произведе сопствен кислород и може да се изгасне само со
намалување на температурата со вода.
• Ако дојде до нитроцелулозен пожар, ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ
ПЕЧАТАЧОТ Е ИСКЛУЧЕН ОД ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ПРЕД
да се употреби вода за гаснење на пожарот.
Ризикот од пожар е најважната грижа таму каде што се чуваат
и користат мастила за печатење. Степенот на опасност од пожар
значително ќе варира од еден до друг тип на мастило или белило.

8
Мастилата базирани на вода нема да горат, иако мастилата базирани
на мешавина од вода и алкохол можат да горат ако има доволно
алкохол.
Долготрајната изложеност на системите базирани на вода на високи
температури може да доведе до испарување на водата и да создаде
запалив остаток.
Мастилата базирани на растворувачи пружаат поголем степен на
опасност во зависност од конкретниот растворувач или комбинација
од растворувачи. Кога постои одредена опасност, соодветните
информации се дадени во SDS.
Печатачите поставуваат мали електростатички полнења на капките од
мастило употребени за печатење. Во повеќето случаи, како на пример
кога ќе пристигнат на површината за печатење, овие електростатички
полнења или се празнат или не можат да се акумулираат. Меѓутоа,
во текот на сервисирањето, капки од печатењето може да се соберат
во сад како што е чаша. Важно е овој сад да биде направен од
спроводлив материјал и да е безбедно заземјен. Електростатичките
полнења тогаш ќе бидат безбедно спроведени во земјата.
Ако има пожар, постои веројатност дека ќе настане опасен чад од
мастилата за печатење. Поради оваа причина мастилото мора да
се чува онаму каде може брзо да му пристапи противпожарната
служба и каде нема да се шири надвор од складот.

9
Истекување и фрлање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Некои исушени мастила се лесно запаливи.
Веднаш исчистете ги сите истечени
мастила. Не дозволувајте мастилото да
се исуши или да се акумулира истечено
и исушено мастило.
Истекувањата мора да се исчистат најбрзо што може со соодветни
материјали за растворување и земајќи ја предвид безбедноста на
персоналот. Мора да се погрижите да се спречи истекување или
остаток од чистење влезни канали или одводни системи.
Мастилата и сродните течности се материјали кои спроведуваат
електрицитет. Затоа, електричната енергија до печатачот мора
да биде исклучена кога се чистат истекувањата во кабинетот
на печатачот.
Мастилата за печатење и сродните течности не смеат да бидат
третирани како обичен отпад. Тие мора да бидат фрлени користејќи
одобрени методи во согласност со локалните прописи.

10
Електростатичко празнење
За да избегнете статичко празнење од опремата на производната
линија, опремата и сите елементи на неа мора да бидат правилно
заземјени. Иако Domino нема одговорност за одржување на опремата
на корисникот, корисникот мора да биде свесен за важноста
на заземјувањето. При инсталирањето на печатачот, техничар од
Domino (или од дистрибутерот на Domino) треба да осигура водот
на кој што е инсталиран печатачот да е соодветно заземјен. Тоа значи
дека сите метални елементи, во рамки на 12 инчи (300mm) од
местоположбата на главата за печатење, мора да се безбедно
заземјени. Тоа треба да се провери во однос на заземјувањето на
шасијата на главата за печатење со помош на ом-метар, DVM или
друг соодветен уред. Од клучна важност е заземјувањето да се
проверува периодично и, во случај на преместување на печатачот
на друга производствена линија, новата производствена линија да
е правилно заземјена. Се препорачува употреба на дополнителни
уреди за отстранување на статичкото празнење, како што се
статички четки на линијата итн.

11
Општо
Овој документ содржи основно упатство за ракување за инк-џет
печатачите Domino A-Series i-Tech.
За детални информации за ракување и поправка, погледнете
во упатството за производот Domino A-Series i-Tech.
Поправките треба да се извршуваат само од страна на обучени
инженери користејќи оригинални резервни делови Domino.
Опис
A-Series претставува континуиран инк-џет печатач кој користи 1 или
2 млаза (во зависност од конфигурацијата) за печатење на супстрат
испорачан од корисникот. Тој се состои од:
• Правоаголна глава за печатење.
• Куќиште во кое се наоѓаат системите за достава на мастило
и електронска контрола.
Главата за печатење е поврзана со куќиштето преку флексибилен
цевовод.
Предвидена употреба
Domino A-Series претставува индустриски инк-џет печатач наменет
за печатење променливи податоци на производствени линии.
Печатач A320i
A320i го вклучува системот за мастило i-Tech за кој е потребно
само полнење на потрошните материјали за одржување оптимална
изведба. Потрошните материјали се означени со жолта боја за
полесно препознавање од страна на корисникот.
Со управувањето со мастила и разредувачи преку i-Tech, A320i
ја следи вашата употреба и пресметува кога треба да се изврши
замена на потрошните материјали.
Клучен елемент на системот за мастило i-Tech е револуционерниот
i-Tech Module, кој ги содржи работното мастило и филтрите за мастило.
Промената на i-Tech Module претставува работна операција што
може да ја изврши секој за помалку од 10 минути.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не вадете го i-Tech Module додека
е вклучен печатачот.

12
Печатач A420i
Печатачот A420i овозможува употреба на широка палета
специјалистички мастила давајќи флексибилност за печатење на
поширок опсег супстрати. Онаму каде што е соодветно, системот
за мастило е конструиран од материјали отпорни на мастила со
корозивни својства овозможувајќи сигурно работење и минимално
време на неработни состојби.
A420i е достапен со цевовод од 6m.
Замената на i-Tech Module ќе се разликува во зависност
од назначениот тип. За детали, контактирајте со Domino.
Печатач A520i
Печатачот A520i ги содржи сите одлики на A420i, но овозможува големо
куќиште со можност за складирање кое одговара на секоја средина.
За целосна сестраност, корисничкиот интерфејс е овозможен преку
QuickStep, или на опционалниот контролник со панел на допир тип
3, или преку компјутер.

13
Спецификации за печатачот
Глава за печатење

Стандардна Шасија Не’рѓосувачки челик


завршна Кутија со кабли: Лиен најлон
обработка: Футрола: Алуминиумска облога
Димензии: Широчина: 50,3mm (1,98")
Длабочина: 50,3mm (1,98")
Височина вклучувајќи ја навртката за
прицврстување на цевководот: 243mm (9,57")
Работна височина со цевковод под агол од 90 степени:
320mm (12,6")
Широчина вклучувајќи цевковод од 3 метри:
1,8kg (4lbs)
Димензии на Широчина: 57mm (2,24")
двоен Длабочина (макс.): 53mm (2,01")
модел: Височина: 255mm (10")
Тежина: 2,8kg вклучувајќи цевковод од 3 метри
(6,17lbs).
Големина на 60 или 75 микрони
распрскувач: 40 микрони
Само на
покажу-
вачот:
Растојание 12mm (0,47") номинално
од 4mm (+/- 1mm)
површината
за печатење:
Само на
покажу-
вачот:

14
Работна Цевковод од 3 метри: ±1m
височина Цевковод од 6 метри: ±3m
релативно
на основата
на
куќиштето:
Должина на A320i: 3m (10ft)
цевковод: A420i: 3m (10ft), 6m (20ft)
A520i: 3m (10ft), 6m (20ft)

15
Куќиште
A320i, A420i

Стандардна Лиен најлон полнет со стакло со задна врата од


завршна не’рѓосувачки челик од класа 304.
обработка:
Степен на Дизајниран за IP55
IP:
Димензии: Широчина: 455mm (17,91")
Длабочина: 370mm (14,57")
Височина: 524mm (20,63")
Тежина: 24,5kg (54lb)
Тежина Варијанта со единечен млаз (погоре) +1kg (2,2lb)
(Двоен
модел):
Контролна Супер-видео графичка низа (Super Video Graphic
табла: Array (SVGA)): Копчиња со мембрана, изработени од
полиестер, чувствителни на допир и екран
чувствителен на допир.

16
A520i

Стандардна Не’рѓосувачки челик од класа 316


завршна
обработка:
Степен на Дизајниран за IP55 (електроника со можност за
IP: IP66)
Димензии: Широчина: 440mm (17,3")
Длабочина: 395mm (15,6")
Височина: 470mm (18,5")
Височина (со панел на допир): 698mm (27,5")
Тежина: 33kg (75lb)
Тежина Варијанта со единечен млаз (погоре) +1kg (2,2lb)
(Двоен
модел):
Контролна Супер-видео графичка низа (Super Video Graphic
табла: Array (SVGA)): Копчиња со мембрана, изработени
од полиестер, чувствителни на допир и екран
чувствителен на допир.

17
Надворешни поврзувања

Детектор на производ Приклучок со 8 отвори


(сензор)/ приклучоци
за Shaft енкодер:
Влез за Shaft енкодер: Колектор за NPN или PNP или 24V
Push-Pull енкодер, влез за Single или
Quadrature
Приклучок за водич: Приклучок со 5 отвори
Приклучок за аларми: Приклучок со 7 отвори, максимум
1A, 30 V
TCP/IP: RJ-45
Пренос на податоци USB Тип A (A520i преку панел на допир
тип 3 или опционален комплет)
Приклучок за напојување: Приклучок со 3 отвори, кабел, испорачани
Опции:
Корисничка порта SK1: Приклучок за D-Sub со 25 отвори
Корисничка порта SK2: Приклучок за D-Sub со 37 отвори
Сериска (RS232) порта: Приклучок со 8 отвори

Систем за мастило

Капацитет на мастило 600ml (0,159 американски галони) -


(i-Tech Module): со автоматско мерење
Капацитет на мастило 825ml (0,218 американски галони)
(касета):
Капацитет за make-up 250ml (0,066 американски галони)
(резервоар): номинално - со автоматско мерење
Капацитет за make-up 1200ml (0,317 американски галони)
(касета):
Контрола на вискозност Автоматски вискозиметар
на мастило:
Контрола на проток Автоматско стартување/исклучување
на мастило:

18
Средина

Опсег на температура +5º до +45ºC (42ºF до 112ºF)


(при работа):
Опсег на температура -20º до +60ºC (-4ºF до +140ºF) (да се
(складирање): складира на суво место, влажноста
зависи од течностите)
Влажност 10 - 90% RH (без кондензација)
Напојување со 100-240V 50-60Hz (номинално),
електрична енергија автоматски еднофазно, 200VA,
внатрешен осигурувач 4A номинално
Ниво на акустичен шум Не повеќе од 70 dBA

* Зависи од моделот.
Панел на допир тип 3

Стандардна Алуминиумски калап (задна страна), пластичен


завршна најлон (предна страна)
обработка:
Степен на IP65
IP:
Димензии: Широчина: 307mm (12")
Длабочина: 75mm (3")
Височина: 232mm (9")
Тежина: 2,5kg (5,5lb)
Можност за Преку DVI кабел во задната страна од печатачот
поврзување: A520i
Пренос на 2 x USB тип A
податоци

19
Почетна инсталација
Позиционирање на куќиштето
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Внимавајте кога го преместувате печатачот
за да избегнете повреда. Оваа работна
операција треба да се извршува исклучуво
од лица од персоналот кои имаат
завршено обука за рачно ракување.
Куќиштето треба да биде во позиција во која што се има пристап
до предната и левата (кај A520i - задната) страна со безбедно
растојание за отворање на вратите. Куќиштето мора да биде
поставено во рамна положба и да биде електрично изолирано
од другата опрема освен за нормален интерфејс за податоци.
Печатачот треба да биде поставен во област каде што температурата
ќе остане во рамки од +5°C до +45°C и релативната влажност ќе остане
во рамки од 10% до 90% (без кондензација). Печатачот влече и испушта
разладен воздух низ работните отворите за држење. Овие површини
не смее да се попречуваат.
Монтирање на куќиштето
За потполна стабилност, печатачот треба да се монтира на држач
за куќиште Domino. Ако не се користи држач за куќиште Domino,
важно е основата на печатачот да се прицврсти со помош на монтажни
завртки М6. Мора да се употребат граничници за да се осигура
порамнување на монтажните четки со монтажната површина.
Куќиштата за A520i може, исто така, да бидат поставени едно врз
друго (максимална височина до 3 единици). За да се постигне
стабилност, при нивното поставување едно врз друго, мора да се
користи Комплет за поставување (P/N EPT011760) за A520i.

20
Подготвување на системот за мастило
Валидноста на i-Tech Module и типот мастило што се користи во него
мора да се потврдат и регистрираат. Тоа направете го на следниот
начин:
(1) Изберете Почетен екран > Статус на печатачот > Потрошни
материјали.
(2) Во рамката, внесете ги 10-цифрените кодови за квалитет за
i-Tech Module и касетата за мастило прикажани на предните
етикети. Притиснете Потврди код(ови).
(3) Ако кодот е во ред, ќе се прикаже рамка со барање да се
исклучи печатачот. Притиснете го копчето Вклучување/
Исклучување за да го исклучите печатачот.
(4) Наместете го i-Tech Module како што е опишано на страница 23.
(5) Наместете ја make-up касетата за мастило како што е опишано
на страница 25.
(6) Наместете ја касетата за мастило на i-Tech Module како што
е опишано на страница 25.
(7) На главата за печатење, олабавете ја завртката за
прицврстување и извадете ја главата за печатење од
нејзиниот држач и поставете ја во станицата за миење.
Забелешка: За детали за главата за печатење, погледнете на
страница 14.
(8) Извадете го силиконското капаче од цевката на одводот.
Осигурете главата да е чиста и сува.
(9) Притиснете го копчето Вклучување/Исклучување за да го
вклучите печатачот.
Печатачот сега автоматски ќе го испушти сиот воздух од системот
за мастило. Печатачот сега е подготвен за да може да се вклучи
млазот.
(10) Притиснете го копчето Старт/Стоп. Печатачот автоматски
ќе го стартува млазот.
(11) Проверете дали порамнувањето на млазот е точно во
согласност со дијаграмот на страница 22.
(12) Осигурете дека околу 40 секунди по притискањето на копчето
Старт/Стоп, пораката на статусната лента се менува во
Подготвен за печатење и сината индикаторска ламбичка
престанува да трепка и свети континуирано.
(13) На главата за печатење, олабавете ја завртката за
прицврстување, извадете ја главата за печатење од станицата
за миење и повторно поставете ја во нејзиниот држач.
Печатачот сега е подготвен за печатење.

21
Генератор на
капки (прикажан
е генерички
генератор на
капки) Порамнување на
млазот во
електродата за
полнење

Порамнување на
млазот со
рефлективни
плочи

1mm

Покажувач

1mm
Покажувач

90% 75% Млазеви


ID ID Порамнување на
млазот во одводот

Млазот да се постави 25% од


дијаметарот на одводот од
ѕидот на одводот

Порамнување на главата

22
Инсталација на i-Tech Module

Оваа процедура треба да се следи при првата инсталација


на i-Tech Module или по долго исклучување после отстранување
на i-Tech Module:
Забелешка: Проверете дали имате опрема за лична заштита,
хартиена крпа (или слично) и средство за чистење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не вадете го i-Tech Module додека
е вклучен печатачот.
(1) Отпакувајте го новиот i-Tech Module и внесете го кодот за
податоци за i-Tech Module.
(2) Отстранете ја лентата за запечатување на колекторот која
го штити колекторот на блокот за мастило.
Лента за
запечатување
на колекторот.

Лента за запечатување на колекторот на местото

(3) Поставете хартиена крпа или слично на врвот од модулите


со сензор за ниво за да се фати вишокот течност и користејќи
го средството, отстранете го исушеното заостанато мастило
од лицето на вентилот на блокот за мастило.

23
Миење на лицето на вентилот на блокот за мастило

(4) Поставете хартиена крпа или слично под цевководот на


i-Tech Module и подмачкајте ги цевките со средство за чистење.

Миење на цевките од цевкодот на iTech Module


(5) Вметнете го i-Tech Module помеѓу клиповите за држење и
цврсто турнете ги цевките на колекторот во внатрешноста
на блокот за мастило.
(6) Продолжете со туркањето сè додека клиповите за држење
не се вовлечат при што ќе се слушне кликнување.
Забелешка: Проверете дали клиповите се целосно вовлечени.

24
Инсталација на касета за мастило

Забелешка: Погледнете ги дијаграмите на страница 41.


(1) Вметнете имбус-клуч од 6mm во врвот на касетата за мастило
и свртете го за да го пробиете капачето. Извадете го капачето.
(2) Турнете ја касетата за мастило на колекторот на касетата
за мастило на i-Tech Module. Осигурете се дека лепенката
е свртена нанапред.
Инсталација на make-up касета за мастило

Забелешка: Погледнете ги дијаграмите на страница 41.


(1) Отпакувајте ја make-up касетата за мастило и забележете
го кодот на касетата.
(2) Вметнете имбус-клуч од 6mm во врвот на make-up касетата
за мастило и свртете го за да го пробиете капачето. Извадете
го капачето.
(3) Турнете ја касетата во цевководот на резервоарот за make-up.
Осигурете се дека лепенката е свртена нанапред.
Вклучете го печатачот. Внесете ги кодовите за податоци кога тоа
ќе биде побарано.

25
Стартување
Притиснете го и задржете го копчето Старт/Стоп
• Трепка синиот индикатор на копчето за вклучување и копчето
старт/стоп.
• На екранот се прикажани графички индикатор и логото на Domino.
• Статусната лента го прикажува статусот на основните
податоци/печатачот (видете страница 32).
Екран чувствителен на допир (QuickStep)
(1) Изберете Почетен екран > Поставки > Регионално > Јазик
and Тастатура
(2) Од паѓачките листи, изберете ги саканите јазик, тастатура,
IME шема и примарна валута.
(3) Изберете ја картичката Датум и Време и притиснете
во полињата со можност за изменување.
(4) Внесете ги датумот и времето за системот со помош
на стрелките, или притиснете во полињата со можност
за изменување и употребете ја тастатурата.
(5) Изберете OK кога ќе завршите.
QVGA
Ако е овозможен инсталацискиот волшебник:
• Се прикажува екранот за јазик. Изберете го потребниот јазик.
• Се прикажува екран со модел на печатачот. Означете го
и изберете го моделот.
• Се прикажува екранот со волшебникот. Изберете ја потребната
опција за инсталација и поставки на печатач/печатење и потоа
изберете Заврши.
Печатачот сега е подготвен да печати пораки.
Забелешка: Ако го вклучувате млазот, на печатачот му се потребни
околу 2 минути за да достигне режим на мирување
и 2-3 минути за да достигне состојба подготвен за
печатење.
Исто така е возможно да го вклучите печатачот од исклучена состојба
во состојба на мирување. Тоа се прави со притискање на копчето
за вклучување на мембраната и задржување околу 2 секунди.
Функции што не се однесуваат на печатење (како што е креирање
пораки) може да се изведат додека печатачот е во овој статус.

26
Исклучување
За да го исклучите печатачот на контролиран начин, притиснете го
копчето Вклучување/Исклучување и задржете го околу 2 секунди.
За да го исклучите печатачот на неконтролиран начин, притиснете го
копчето Вклучување/Исклучување и задржете го околу 10 секунди.
За смена на печатачот помеѓу Подготвен за печатење и режум
на мирување, употребете го копчето Старт/Стоп . Од статусот
подготвен за печатење, ова ќе го одведе печатачот во статусот на
мирување, а од статусот на мирување ќе го одведе печатачот
во статусот подготвен за печатење.
Препораки за долго исклучување
Ако печатачот треба да се исклучи и да остане исклучен до 7 дена,
испразнете го одводот со правилно поставување на миењето при
циклусот на автоматско миење за целосно да го исчистите одводот.
Исчистете го преостанатиот дел од главата за печатење.
Ако печатачот треба да се исклучи и да остане исклучен повеќе од
7 дена, да се складира, преместува или користи периодично, со
преземање на следниве чекори, ќе се осигура запечатување на
системот за мастило и одржување на печатачот во добра состојба
додека не е во употреба.
(1) Испразнете го одводот со правилно поставување на миењето
при циклусот на автоматско миење за целосно да го исчистите
одводот. Исчистете го преостанатиот дел од главата за
печатење.
(2) Заменете ги касетата за мастило и make-up касетата со чисти,
празни касети.
(3) Исчистете ги заптивките од извадените касети за мастило
и складирајте ги за натамошна употреба.
(4) Кај печатачите со двојна глава за печатење, покријте ги одводите
со самолеплива лента или сл.
Забелешка: Од клучна важност е материјалите, што се користат
за покривање на одводите на двојната глава за печатење,
да не испуштаат никакви честички во одводите.
Ако печатачот треба да се исклучи и да остане исклучен повеќе од
14 дена, контактирајте ја вашата локална канцеларија на Domino.

27
Контрола на печатач
Екран чувствителен на допир (QuickStep)
Има само три постојани копчиња на печатачот; копчето за
Вклучување/Исклучување, копчето Старт/Стоп и копчето за
Предупредување. Тие се прикажани подолу. Сите други функции
и копчиња се достапни на екранот чувствителен на допир.
Забелешка: Корисничкиот интерфејс на A520i е преку панелот
чувствителен на допир тип 3.
Копче за
Вклучување/
Исклучување
Дисплеј

Копче
Старт/Стоп

Предупре-
дувања

Изглед на преден панел на SVGA


Предупредувања
Копче за
Вклучување/
Исклучување

A 520i
Копче
Старт/Стоп

Постојани копчиња на A520i

Приказот на корисничкиот интерфејс на екранот чувствителен на допир


е прикажан на следната страница:
28
Општо
Забелешка: Корисничкиот интерфејс на A520i е преку панелот
чувствителен на допир тип 3.

Статусна/
Икони за статус Предупредувачка лента Копче Старт/Стоп

Наслов на
екран
Лизгање по
страница
Картички

Лизгање
по ред

Заклучи екран

Екран на уредник

Повторно изврши/ Копчиња на менито


Отповикај

Избери
ставка
Подмени

Хоризонтално
лизгање

Навигациска трага

29
QVGA (само за A320i, A420i)
Со печатачот се управува преку предниот панел. Постојат два вида
копчиња:
• Постојани копчиња со фиксни функции (повеќето од копќињата)
• Функциски копчиња (софтверски копчиња) со функции кои
можат да се променат.
Главните области од QVGA предниот панел се идентификувани во
дијаграмот подолу.

Функциски копчиња Дисплеј Копчиња за покажувачот


Копче
Копче за Избери
Вклучување/
Исклучување

Копче
Старт/Стоп

Помош

Прати на
печатење

Тематски
Копчиња за копчиња
комплет на
знаци Копчиња за внес на податоци

Распоред на тастатурата на предниот панел QVGA


Презентацијата на дисплејот ја има следнава основна структура.

Насловна лента Број на екран

Симболи за
поврзување
Софтверски
копчиња Лента за
движење

Симболи за
печатење
и работа

Статусна/Предупредувачка лента Работна област


Приказ на дисплеј (QVGA)

30
Статусна/Предупредувачка лента прикажува информации за
статусот. Кога печатачот подигнал предупредување, тој прикажува
предупредувачка информација. Кога предупредувачката состојба
е расчистена, пораката за предупредување е избришана (и статусот
ќе биде прикажан). Ако симултано постојат две или повеќе
предупредувања, прикажано е предупредувањето со највисок
приоритет; ако двете се со ист приоритет, тогаш ќе биде прикажан
последниот. Пораките на дисплејот се дадени во детал во делот
„Пораки на дисплеј и наоѓање дефекти“ од Упатството за производот
(испорачано на диск).
Работна област обезбедува област на општа презентација за
функцијата во употреба.
Софтверски копчиња приказ до четири опции на копче, во QVGA овие
одговараат на четирите функциски копчиња веднаш лево на екранот,
за SVGA едноставно допрете го екранот чувствителен на допир.
Број на екран овозможува нумерички идентитет за секој екран.
Лента за движење покажува дека деталите на екранот, во работната
област, се протегаат надвор од екранот. Користете ги курсорските
копчиња за горе и долу во QVGA или притиснете над или под јазичето
на лентата за движење во SVGA за да се покажат скриените детали.
Симболи за печатење и работа го покажуваат статусот на печатачот,
симбол на печатење покажува дека печатачот е спремен за печатење,
симбол на предупредување покажува дека постои непознато
предупредување. Видете во табелата подолу.
Симболи за поврзување покажуваат ставки кои се поврзани на
печатачот. USB покажува дека е вметнат USB уред.
Видете во „Референца за QVGA“ на страница 51 за опис на симболите
и копчињата.

31
Состојби на печатач
Долу се дадени некои состојби на печатачот кои се прикажани на
статусната/предупредувачката лента на дното од екранот.
Статус: Режим на мирување
Системот за мастило е неактивен, но се уште може да се користи
корисничкиот интерфејс.
Статус: Се подготвува за печатење
Штом заврши, печатачот треба да биде во состојба подготвен за
печатење.
Статус: Подготвен за печатење
Ако пораката е во мрежа, таа ќе се отпечати при добивање сигнал
за детекција на производ.
Статус: Неподготвен за печатење
Печатачот се префрла од Подготвен за печатење во состојба само
со млаз или во состојба на мирување (standby).
Статус: Загревање
Печатачот ја загрева главата за печатење до оптимална температура
за мастилото.
Статус: Систем за мастило во мирување
Системот за мастило е под притисок и активен, но млазот е исклучен.
Контраст на дисплеј
QVGA екран
Контрастот на дисплејот може да се прилагоди со заедничко
притискање на копчињата shift и поставување печатач за
влегување во режимот на прилагодување, потоа користете ги
копчињата за да го зголемите/намалите контрастот и копчињата
за да ја зголемите/намалите осветленоста. Со притискање на
копчето Избери , овие поставки ќе се зачуваат.
Забелешки: (1) Ако излезете со користење на копчињата shift
и поставување печатач , поставките ќе се
применат привремено, но по рестатирање,
печатачот ќе ги врати основните поставки.
(2) QVGA не е достапен на печатачи A520i.

32
Креирање порака
Екран чувствителен на допир (QuickStep)
Во овој пример, ќе бидат додадени текст и дефиниран офсет за
часовник на пораката.
Додавање текст
(1) Изберете Пораки > Нова порака за да го отворите
Уредникот за пораки.
Се прикажува подменито Ставки.

Текст Баркод Клонирај ставка

Променливи податоци Слика


(на пример часовник,
бројачи)

(2) Поставете го нишанот во рамки на конкретна област на


Уредникот за пораки каде што сакате да биде поставена
ставката.
(3) Од подменито, изберете ја иконата Текст .
Забелешка: Сменете ја тастатурата со избирање на соодветната
икона Алтернативна тастатура.
(4) Внесете го саканиот текст со помош на тастатурата и
изберете ја зелената штиклирана икона кога ќе завршите.
(5) За да го измените текстот, изберете ја ставката со текст и потоа
изберете ја иконата тастатура во подменито.
(6) За да ги измените параметрите на текстот (задебелени букви,
широчина, растојание помеѓу буквите итн), употребете го
подменито или изберете Повеќе...
Забелешка: Текстот и другите внесени полиња може рачно да се
преместуваат на Екранот на уредникот со нивно
повлекување и отпуштање.

33
Додавање нов офсет за часовник
(1) Притиснете на екранот во рамки на конкретна област на
Уредникот за пораки каде што сакате да биде поставена
ставката. На тоа место ќе се појави нишан.
(2) Изберете ја иконата Додај .
(3) Од подменито, изберете ја иконата Променлива .
(4) Изберете Креирај нов > Часовник.
(5) Во паѓачките листи, изберете го видот на часовник,
форматот и јазикот.
(6) Изберете ги потребните параметри за офсет (денови, месеци,
години и/или часови, минути, секунди) и додајте вредности
со помош на тастатурата. Изберете ја зелената штиклирана
икона кога ќе го внесете секој од параметрите.
(7) Прегледајте ги внесените податоци и, ако се точни, изберете
ја зелената штиклирана икона или притиснете во саканото
поле за додавање или изменување на вредностите.
(8) Изберете ја зелената штиклирана икона за внесување офсет
за часовник во пораката.

34
QVGA (само за A320i, A420i)
Едноставни пораки можат да се внесуваат во едиторот за пораки
користејќи ја тастатурата.
(1) Притиснете го тематското копче за Уредникот за пораки.
(2) Внесете ја пораката користејќи ја тастатурата.
Исто така, можно е да се смени форматот на пораката, како што
е големина на фонтот, задебеленост, празнина помеѓу знаци итн. и да
се внесат различни компоненти во пораката, како што се часовник,
датум, сериски броеви, кодови на смена, полиња за текст. Овие
функции се опишани подолу.

Регион на Уредник на
пораки

Формат за порака

Екран на Уредник на пораки

Опции за фонт
Ова мени овозможува пристап до: Големина на фонт, задебеленост,
празнина меѓу знаци и поставка за формат на порака.
Големина на фонт (знак), задебелени знаци и двоен проред можат
да се изберат како опции на функциско копче. Притискање на копчето
ја активира опцијата, и големина/задебеленост/проред на сите следните
записи ќе биде според тоа додека не се промени опцијата.
Големина на фонтот е означена од вертикалната големина на курсорот.
Ако во порака со повеќе линии е внесен поголем фонт, другите
знаци автоматски ќе бидат подредени околу поголемите знаци.

35
Поставка за формат за порака овозможува различни растери
(формати на порака) да бидат меморирани во печатачот. Печатачот
може да складира/управува со најмногу 8 формати за порака во
поставката за формат за порака. Креираните пораки може да
користат кој било од овие 8 формати за порака.
Во Уредникот за пораки е возможно да се отворат својствата или
релевантен дијалог за поставки за внесените формати со користење
на курсорските копчиња лево/десно за означување на записот
и притискање на копчето за избор.
Достапната височина на фонтот (за печатење) ќе зависи од тековно
избраните формати за порака. Изберете ја потребната височина и
притиснете OK.
Забележете дека височината на курсорот ќе се промени соодветно
во Уредникот за пораки.
Поставката „Задебелено“ всушност ќе додаде број на дополнителни
точки во смисла наместо печатење на 1 линија вертикални точки,
печатачот ќе го печати избраниот број (предложениот износ би бил 1).
Следниот текст внесен во пораката тогаш ќе биде задебелен.
„Празнина меѓу знаци“ е растојанието помеѓу секој знак, тоа може
да биде зголемено или намалено.

36
Опции за часовник
Полињата на датумот и времето како и кодовите на смена можат
да бидат креирани и вметнати во пораката.
За да вметнете или поле за датум или поле за време, изберете го
саканото поле од листата на екранот и притиснете го избраното копче.
Oбрасците за полиња за датум и време
постојат во печатачот како стандардни
и возможно е да се додадат на овие
обрасци. Прикажан е пример од
вистинскиот испечатен текст.

Се користат формати за да се изградат полињата на датумот


и времето, на следната страница е дадена табела на форматите:
Кодови за датум:

%A Датум (01 до 31) %G Име на месец


%B Ден од годината %J Име на ден
(001 до 366)
%C Јулијанска година %K Број на седмица
(0 до 9) (01 до 53)
%D Година (00 до 99) %L Број на ден (1 до 7)
%E Година (1970 до 2038) %P Јулијански ден
(001 до 366)
%F Месец (01 до 12)

Кодови за време:

%H Часови (00 до 23) %N Секунди (0 до 59)


%I Четврт часови %O Алфа часови
(01 до 96)
%M Минути (0 до 59)

37
Офсети за часовник може исто така да бидат поставени и применети
на било кој од обрасците за часовникот. Ова може да биде корисно
при кодирање на продажба или употреба на датумот кој што е одреден
број денови пред денешниот ден.
За да поставите офсет, изберете офсет од листата на екранот Офсети
за часовник и притиснете Промени. Сменете го името ако се бара
и поставете го износот на офсет. Најдобро е да се остави еден од
офсетите на нула за полињата на часовникот кои не бараат некои
офсети.
За да внесете офсет во поле на датум или време, отворете го екранот
Својства за полето датум или полето време, и изберете го бараниот
офсет.

Во овој пример, офсетот А е применет


на временското поле „HH:MM“.

38
За да ја зачувате пораката
Екран чувствителен на допир (QuickStep)
(1) Изберете ја иконата Фајл , а потоа изберете ја иконата
Зачувај .
(2) Внесете име за пораката и изберете локација.
(3) Изберете го копчето Зачувај.
Забелешка: Се препорачува пораките да ги зачувувате во
складишта за пораки за лесно архивирање.
QVGA
Штом пораката е креирана, возможно е пораката да се зачува од
Уредникот за пораки со притискање на копчето Зачувај/Чисти.
Забелешки: (1) Ако пораката во Уредникот за пораки е веќе
зачувана, со притискање на копчето Зачувај/
Чисти, Уредникот за пораки ќе се исчисти.
(2) Исто така, возможно е да се зачува активната
порака (во Уредникот за пораки) преку
складиштето за пораки, со притискање на
копчето Зачувај.
За печатење на пораката
Екран чувствителен на допир (QuickStep)
Со печатачот во состојба Подготвен за печатење:
(1) Изберете ја иконата Фајл .
(2) Кликнете ја иконата Прати на печатење .
QVGA
Со печатачот во состојба Подготвен за печатење:
(1) Притиснете го копчето Прати на печатење на
мембраната, за печатење на тековно избраната порака.
Сега пораката ќе се печати на секој сигнал Печати.
Забелешка: Ако порака во мрежа се промени на било кој начин,
потребно е повторно да го притиснете копчето Прати
на печатење за да се применат промените.

39
Замена на касета за мастило и make-up
касетата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пушењето или употребата на отворен


пламен (или други извори на палење)
во близина на какви било мастила или
растворувачи е многу опасно
и непрепорачливо.
Пораките „Add Ink Cartridge“ (Додај касета за мастило) или „Add
Make-up Cartridge“ (Додај Make-up касета) ќе се појават на екранот
кога треба да се заменат make-up касетите или касетите за мастило
и ќе засвети жолто предупредување. Внесете ги релевантните кодови
на касетата кога тоа ќе биде побарано.
(1) Извадете ги старите касети со вртење на касетата за мастило
налево и make-up касетата надесно за да ја ослободите и потоа
подигнете ја.
Забелешка: Овој механизам осигурува касетите да не можат да
се вметнат во погрешен цевковод.
(2) Вметнете имбус-клуч од 6mm во врвот на новата касета за
мастило и свртете го за да го пробиете капачето. Извадете
го капачето.
(3) Турнете ја касетата во цевководот на резервоарот за i-Tech
Module или за make-up. Осигурете се дека лепенката е свртена
нанапред.

40
Забелешка: Капакот
Завртете ја и на делот
подигнете ја за мастило
касетата за
да ја е изваден
извадите. за појасна
претстава.

A320i_0016.eps

Завртете ја и
подигнете ја
касетата за
да ја
извадите.

A320i_0017.eps
Извадете го
капачето со помош
на имбус-клуч од
6mm

Притиснете ги
касетите цврсто
надолу за да влезат
со лепенката
однапред.
A320i_0020.eps

A320i_0015.eps

Замена на касета

Ако make-up касетата не е заменета, make-up резервоарот ќе се


испразни и вискозноста на мастилото на крајот ќе излезе од неговите
работни граници. Исто така, кога печатачот е исклучен, нема да се
изврши миење на главата и мастилото може да е наталожено на
компонентите од главата за печатење. Печатачот сè уште може да
се користи, но може да дојде до дефекти на главата.

41
Замена на make-up филтер

Make-up филтерот се наоѓа во резервоарот за make-up. Тој претставува


дел што може да се заменува од страна на корисникот и затоа, означен
е со жолта боја.
За да го замените make-up филтерот:
Забелешки: (1) Потребни алатки: Имбус-клуч од 6mm, ткаенина
што не пушта влакна за да се фати истечено
мастило, заштитна облека (особено заштитни
очила).
(2) Одржувањето на чистотата е од огромна важност.
Осигурете да нема навлегување на отпадоци
во резервоарот за make-up за време на овој
процес. Почитувајте ги процедурите за одржување
добра чистота цело време.
(1) Исклучете го печатачот.
(2) Ако ако на резервоарот за make-up е поставена make-up
касета, извадете ја во оваа фаза, завртувајќи ја надесно
(погледнете во „Замена на касета за мастило и make-up
касетата“ на страница 40).
(3) Извадете го стариот make-up филтер од резервоарот
вметнувајќи имбус-клуч од 6mm во жолтиот врв на филтерот
и одвртете го филтерот и извадете го надвор од резервоарот.
Фрлете го во отпад на безбеден начин.
(4) Внимателно отпакувајте го новиот филтер од неговото
пакување.
(5) Употребете имбус-клуч од 6mm за да го стегнете новиот филтер
во неговата положба внатре во резервоарот за make-up.
(6) Заменете ја make-up касетата (ако е поставена).
(7) Стартувајте го печатачот и проверете дали има истекувања.
(8) Затворете ја вратата за пристап до преградата за мастило.

42
Филтер

Make-up
Резервоар

Замена на make-up филтер

43
Замена на i-Tech Module

ПРЕДУПРЕДУВАЊА: (1) Пушењето или употребата на отворен


пламен (или други извори на палење)
во близина на какви било мастила
или растворувачи е многу опасно
и непрепорачливо.
(2) Не вадете го i-Tech Module додека
е вклучен печатачот.
Главните филтри за мастило и за одвод се наоѓаат во i-Tech Module
и се составен дел на системот за мастило i-Tech на Domino. Заради
тоа, замената на овие филтри се врши автоматски за време на
редовната замена на i-Tech Module.
Внесување на кодот за податоци за i-Tech Module
Пораките Потребна е замена на мастилото за помалку од 24 часа и
подоцна Потребна е замена на мастилото за помалку од 2 часа ќе
се прикажат на екранот при крајот на работниот век на i-Tech Module.
Печатењето нема да продолжи после истекот на работниот век на
i-Tech Module.
Системот за мастило i-Tech автоматски ќе го намали нивото на
мастило во касетата за мастило на минимално ниво, така што
вообичаено се заменува истовремено со оваа касета.
Неопходно е да се внесе кодот за квалитет од новиот i-Tech Module и
да се ресетираат алармите за замена користејќи ја следнава постапка:
Екран чувствителен на допир (QuickStep)
(1) Вклучете го печатачот во standby состојба користејќи правилна
процедура, т.е. осигурете се млазот да е исклучен.
(2) Изберете Почетен екран > Статус на печатачот > Потрошни
материјали > Промени i-Tech Module.
На екранот ќе се прикаже барање за внесување на кодот за квалитет
отпечатен на етикетата од новиот i-Tech Module.
(3) Внесете го кодот за квалитет на i-Tech Module.
(4) Внесете го постоечкиот или новиот код на касетата за мастило.
(5) Изберете Потврди.

44
Ако е внесен точниот код, на лентата за информации ќе се прикаже
„Инсталирај i-Tech Module“ и времето на работа на i-Tech Module ќе
се ресетира, и алармите ќе се откажат. Тогаш, печатачот автоматски ќе
се исклучи. Продолжете до „Замена на i-Tech Module“ на
страница 46.
Ако бројот е внесен погрешно, може да се поправи со повторно
внесување. Ако е внесен погрешен број на кодот, бројот нема да
биде прифатен и пораките во лентата за информации ќе го покажат
проблемот, на пример, Погрешен тип на мастило - не ставај, Застарено
мастило - не ставај, или Податочниот код на i-Tech Module е веќе
искористен. Внесете нов важечки код (се користи стар број на
i-Tech Module).
QVGA
(1) Вклучете го печатачот во состојба на мирување т.е. осигурете
се млазот да е исклучен.
(2) Притиснете го копчето Поставување на машината и внесете
ја лозинката ако е потребно.
(3) Притиснете го копчето за Производни податоци и потоа
функциското копче означено Управување со течности >
Смени i-Tech Module и екранот ќе се смени за да покаже
барање за внесување на кодот за квалитет отпечатен на
етикетата од новиот i-Tech Module.
(4) Внесете го кодот за квалитет на i-Tech Module каде што ќе
биде побарано.
(5) Внесете го кодот на постоечката или новата касетата за
мастило каде што ќе биде побарано.
(6) Притиснете го функциското копче означено како Поднеси код.

45
Замена на i-Tech Module

Заменете го i-Tech Module на следниов начин:


Забелешка: Одржувањето на чистотата е од огромна важност.
Осигурете да нема навлегување на отпадоци во новиот
i-Tech Module или во блокот со мастило за време на
овој процес. Почитувајте ги процедурите за одржување
добра чистота цело време.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не вадете го i-Tech Module додека е вклучен
печатачот.
(1) Исклучете го печатачот.
(2) Отворете го капакот за пристап до делот за мастило
на печатачот.
(3) Ако има поставена касета за мастило на i-Tech Module,
извадете ја вртејќи ја налево.
(4) Повлечете ги двата клипа за држење на i-Tech Module
настрана од i-Tech Module.

A320I_0019.eps
Клипови за држење на i-Tech Module
Забелешка: Капакот на делот за мастило е изваден за појасна
претстава.
Вадење на i-Tech Module

46
(5) Повлечете го i-Tech Module наназад, повлекувајќи го поврзаниот
цевковод од блокот со мастило и извадете го стариот i-Tech
Module.
Забелешки: (1) Ако i-Tech Module не може да се повлече со
умерена сила, турнете го i-Tech Module целосно
нанапред (со што ќе се пробие какво било
затнување од исушено мастило) и обидете се
повторно.
(2) Цевчињата на цевководот ќе содржат остатоци
од мастило. Внимавајте кога го вадите i-Tech
Module за да избегнете излевање.
(6) Отпакувајте го новиот i-Tech Module и отстранете ја лепенката
што го штити цевководот на i-Tech Module.
(7) Потворно искористете ја ленатата за запечатување за да го
запечатите цевководот на стариот i-Tech Module.
(8) Поставете хартиена крпа или слично на врвот од модулите
со сензор за ниво за да се фати вишокот течност и користејќи
го средството, отстранете го исушеното заостанато мастило
од лицето на вентилот на блокот за мастило.
(9) Поставете хартиена крпа или слично под цевководот на i-Tech
Module и подмачкајте ги цевките со средство за чистење.
(10) Вметнете го i-Tech Module помеѓу клиповите за држење
и турнете ги цевчињата на цевководот во внатрешноста
на блокот за мастило.
(11) Продолжете со туркањето сè додека клиповите за држење
не се вовлечат при што ќе се слушне кликнување.
(12) Прицврстете нова касета за мастило на i-Tech Module
(постоечката може повторно да се употреби).
Забелешка: Заостанатото мастило може да се отстрани од стариот
i-Tech Module со вметнување имбус-клуч од 6mm во
јазичето за одвод на основата од i-Tech Module и
растресување. Проверете дали i-Tech Module е под
агол така што заостанатото мастило не е над
јазичето за одвод во текот на овој процес.
Кога печатачот потоа ќе се вклучи, ќе прикаже „Систем за проток
на мастило во тек - Ве молиме почекајте...“. Проверете дали системот
за мастилот има протекувања.

47
Замена на филтер за воздух

Замена на филтерот за воздух се препорачува по секои 2000 часа


работа, но може да биде потребно да се изврши и порано од тоа во
зависност од работната средина.
Нов филтер за воздух може да се порача преку BuyDomino кое
може да се најде на интернет-страницата на Domino Printing.
За да го извадите филтерот за воздух:
(1) Исклучете го печатачот
(2) Филтерот за воздух се наоѓа во лежиште од страната на
печатачите A320i/A420i или на задната страна (под куќиштето
за електроника) од печатачите A520i. Како дел што може да
се заменува од страна на корисникот, означен е со жолта боја.
(3) Извадете го филтерот за воздух држејќи го за жолтиот изложен
дел од филтерот и нежно повлекувајќи го надвор од куќиштето
на филтерот.

48
Наоѓање дефекти

Проблем Можна причина Поправка


Нема печатење, Блокиран Екран чувствителен
се прикажува грешка распрскувач на допир (QuickStep):
Сув одвод Отидете во Почетен
екран > Поставки >
Дијагностика > Тестови >
Чистење на распрскувачот.
QVGA: Отидете во >
> Дијагностика,
потоа изберете Чистење
на распрскувачоти
притиснете Почни тест
Мастило на плочата Блокиран Откако ќе го исклучите
за одбивање и/или распрскувач или печатачот и ќе го откачите
електродите за полнење, валкана глава на од изворот на напојување
можни грешки може печатачот со електрична енергија,
да бидат: исчистете ја главата за
„Откриено мастило на печатење, погледнете на
електродата за полнење“ страница 58.
„Неуспешна детекцијата
на полнењето“
„Повлечена модулација
на млаз во употреба“
„Одбивањето на EHT
е прекинато“

49
Не настанува печатење, Неисправен Проверете го сензорот
но пораката е испратена. сензор и неговата положба
Неисправен кодер Проверете дали кодерот
префрла сигнали (може
да се види преку Ext I/F
екран)
Неправилна Проверете дали активното
поставка на сензор ниво е правилно поставено
Одлагањето на Проверете дали
печатење и/или одлагањето и офсетот
офсет поставени за оваа порака се
неправилно соодветни, прилагодете
како што се бара.
Овозможи/ Ова копче ќе го менува
Оневозможи печатењето во почетниот
(Прати на екран, па единствена
печатење) копче неопходна акција е да се
е притиснато во притисне копчето
почетниот екран повторно.

50
Референца за QVGA
Широчина и височина на печатење
Широчината и височината на печатење можат да бидат поставени.
Забелешки: (1) Широчината на печатење ќе биде засегната
само ако се користи внатрешна стапка на
отчукувања.
(2) Височината и широчината на печатење се
поставки на машината и не се зачувани со
индивидуалните пораки.
Височина на печатење
Ова се прилагодува како процент од целосната височина.
Промените се моментални и ќе влијаат врз сите печатени пораки.
Широчина на печатење
Ова е ефективно само кога се користи внатрешно генерирана
стапка на отчукување. Користете ги копчињата за пораст/
смалување на широчината на печатење (мерено во отчукувања).
Ориентација на порака
Овозможува пораките да бидат печатени реверзно и/или инвертно,
а исто така и инверзно видео.
Забелешка: Реверзното и инвертното печатење се применува
на целата порака, а инверзното видео се применува
само на следниот внесен текст.

51
Икони на екранот
QVGA
Опис
икона
Поврзување (на екранот горе десно)
Вметнат е сервисен или посебен клуч

USB

Печатење/Работа (на екранот долу лево)


Вклучен млаз

Исклучен млаз

Печатачот печати

Преоден статус (т.е. печатачот преоѓа


од вклучен млаз во исклучен млаз)
Софтверот на печатачот комуницира
со предниот панел (нормална операција)
Воспоставена е далечинска врска со печатачот

Големи букви се вклучени (само QVGA)


Unicode копче (SVGA, содржано во нумеричката
тастатура) или Unicode е активен (QVGA)
Unicode и големи букви се активни (само QVGA)

Прво предупредување за i-Tech Module -


преостануваат 24 часа за i-Tech Module
(треба да се набави нов i-Tech Module).
Второ предупредување за i-Tech Module -
преостануваат 2 часа за i-Tech Module.
Рокот на i-Tech Module измина и мора веднаш
да се замени. Печатењето е запрено.

52
Тематски копчиња
Секое тематско копче отвора комплети екрански опции.

Уредник за Обезбедува пристап до алатките


пораки за креирање порака.

Склад за Обезбедува пристап до


пораки складираните пораки. Користете
го за зачувување пораки.
Параметри на Обезбедува пристап до алатките
печатење што го контролираат печатењето
на пораката, на пример,
ориентација на пораката. Овие
параметри се зачувани со
пораката.
Поставување Обезбедува пристап до
на машината и печатачот за сервис и
сервис поставување на печатачот.
Заклучување Кога е поставена безбедноста,
ова копче ќе го одјави тековниот
корисник.
Почетен Притискањето на ова копче од
екран повеќето екрани ќе го врати
печатачот назад на почетниот
екран.

53
Копчиња Општа намена
Вклучување/ Го вклучува/исклучува печатачот. Ќе го
Исклучување стави печатачот во состојба на мирување.
Ако е притиснато 2 секунди додека
е вклучен, печатачот ќе изврши процедура
за исклучување и ќе се исклучи, ако
е притиснато 10 секунди, ќе предизвика
печатачот да изведе итно исклучување.
Старт/Стоп Го вклучува печатачот во состојба
подготвен за печатење. Ако е притиснато
за време на состојба подготвен за
печатење, ќе го стави печатачот во
состојба на мирување.
Копчиња за Четири копчиња се користат за
покажувачот движење на покажувачот низ екранот.

Копче Ја избира тековно означената опција,


Избери или внесувајќи ја во пораката или
отворајќи ги својствата.
Функциски Избира опција на софтверско копче на
копчиња екранот десно.

Назад Притиснете за да отидете назад едно


ниво на мени.

Прати на Од Уредникот за пораки, Складот за пораки


печатење и некои делови од параметрите на
(Овозможи/ печатење, со ова се праќа тековно
Оневозможи избраната порака за печатење.
печатење) Од почетниот екран, ова го овозможува
и оневозможува печатењето.

54
Копче Брише записи веднаш лево од
Избриши покажувачот.

Комбинација Во Уредникот за пораки, става контура


+3 копчиња за околу секој поединечен компонент (како
контура што се датуми, текст) во пораката.
Алтернативе Притиснете го ова копче за да го изберете
н комплет на горниот лев син знак на копчето за знак.
знаци - Горе
лево (Син)
Алтернативе Притиснете го ова копче за да го изберете
н комплет на горниот десен зелен знак на копчето за
знаци - Горе знак на QVGA. (Само арапски - вклучува
десно (Зелен) арапска тастатура. Основно, знаците се
поставени горе десно. Притиснете и
задржете црна, црвена и сина за други
знаци. Притиснете повторно за враќања
на латинска тастатура).
Алтернативе Притиснете го ова копче за да го
н комплет на изберете долниот десен црвен знак на
знаци секое копче за знак.
- Долу десно
- Црвен (Само
арапски)
Копче за Ги менува знаците во мали додека
заклучување повторно да се притисне за да се врати
на shift на големи знаци.
Копче Shift Држете го притиснато за да ја смените
големината на знаците (од големи во
мали или обратно).

55
Копче Shift / Користете го за избирање на долниот
Копче за лев црн знак на копчињата за знаци.
алтернативе Користете го како копче shift кога
н комплет на е исклучена арапската тастатура
знаци (само
арапски)
Копчиња за Ја отвора листата со предупредувања.
предупре- Предупредувањата можат да се видат
дување во овој дијалог.

56
Копче Помош

Копче Обезбедува пристап до информации за


Помош помош во врска со тековното мени на
екранот.

Копче Валута

Копче Обезбедува запис за валутни знаци.


Валута Притискањето на ова копче генерира
поретко користени валутни симболи (на
пр. p, c, итн.), а со притискање на копчето
Shift генерира почесто користени
валутни симболи (на пр. £, $, итн).

Заклучување
Притискањето на копчето за заклучување спречува неовластени
промени преку предниот панел или интерфејс додека печатачот
е без надзор. Со избрано заклучување, контролата на печатачот е
ограничена на вклучување, исклучување и испитување на пораката
што се печати. Пристапот до сите други функции бара употреба на
соодветна лозинка, под услов ова да е поставено, корисникот
може да се пријави и да има пристап според нивните права на
пристап. Администраторот може да постави нови корисници. Само
администраторите имаат пристап до областа на безбедносни
поставки на печатачот.
За да се овозможи функцијата заклучување, безбедноста мора да
биде овозможена во областа Поставување на машината. Погледнете
во Техничкото упатство за детали околу безбедносната област.

57
Чистење на главата за печатење

Отстранете ја футролата со притискање на двата клипа за држење


на футролата на страната од главата за печатење. Повлечете ја
футролата влечејќи ја внимателно надолу. Отстранете го внатрешниот
капак со внимателно стискање на страните за да се ослободат
клиповите и подигање на долниот дел подалеку од главата за
печатење и внимателно влечејќи надолу.

Клип за држење на
футролата

Внатрешен капак

Разлабавете го шрафот и
извадете ги електродите
за полнење. Исчистете го
отворот со соодветно
средство за чистење и
исушете го користејќи
ткаенина што не пушта
влакна.
Исчистете секаков остаток
од мастило од плочките на
дефлекторот

Исчистете секаков остаток


од мастило од областа на
A320i_003.eps маргината за поврзување

Стандардна глава за печатење

58
Разлабавете ги шрафовите и
извадете ги електродите за
полнење. Исчистете го
отворот со соодветно
средство за чистење и
исушете го користејќи
ткаенина што не пушта влакна.

Исчистете секаков остаток од


мастило од плочките на
дефлекторот

Исчистете секаков остаток од


мастило од областа на
маргината за поврзување
AD_0001.eps Двојна глава за печатење

Разлабавете ги шрафовите и
извадете ги електродите за
полнење. Исчистете го
отворот со соодветно
средство за чистење и
исушете го користејќи
ткаенина што не пушта влакна.
Исчистете секаков остаток од
мастило од плочките на
дефлекторот

Исчистете секаков остаток од


мастило од областа на
маргината за поврзување
XS Printhead Cleaning.eps
Глава за печатење XS

59
Отстранување и чистење на плочата на
распрскувачот

ПРЕДУПРЕДУВАЊА: (1) Никогаш не вклучувајте го печатачот


ако е извадена плочата на
распрскувачот.
(2) Под одредени услови на дефект,
мастилото во цевките од цевководот
и генераторот на капки може да
останат под притисок кога печатачот
е исклучен. За да се заштити
мастилото да не истекува, поставете
парче ткаенина околу плочата на
распрскувачот пред да ги одвртите
шрафовите за прицврстување, или
околу развод на цевки за проток на
мастило пред го откачите.
ВНИМАНИЕ: Во следниве постапки, освен онаму каде што
е наведено поинаку, не допирајте ги вентилот на
смукалката на главата и јадрото на распрскувачот
(во средината на плочата на распрскувачот)
со прстите.

60
Стандардна глава за печатење
Отстранете ја плочата на распрскувачот на следниот начин:

Шрафови за
прицврстување

Генератор на
капки

Шасија
O-прстен

Плоча на
распрскувач

A320i_0042.eps
Отстранување на плочата на распрскувачот
(1) Исклучете го печатачот.
(2) Извадете го држачот на главата за печатење со притискање
на двата клипа што го прицврстуваат држачот и повлекување
на држачот.
(3) Извадете го преградниот капак, кој се наоѓа врз внатрешниот
цевковод и жиците, нежно притискајќи ги страните на капакот
навнатре и повлекувајќи го настрана од главата за печатење.
(4) На задната страна од главата за печатење, одвртете ги двата
шрафа за прицврстување (кои се наоѓаат во црните гумени
шајбни) и кои го прицврстуваат генераторот на капки.

61
(5) Нежно повлечете го генераторот на капки настрана од шасијата
доволно за да овозможите пристап до шрафовите од плочата
на распрскувачот. Избегнувајте да ги влечете жиците.
(6) Извадете ги четирите шрафа што ја прицврстуваат плочата
на распрскувачот. Повлечете ја плочата на распрскувачот
од нејзините потпорни чепчиња и извадете ја.
За чистење на распрскувачот, поставете ја плочата на распрскувачот
во чиста чаша полна со соодветно средство за чистење. Поставете
ја чашата во улстрасонична када полна со вода. Вклучете ја
ултрасоничната када и чистете ја плочата на распрскувачот не
подолго од 10 минути. Ако распрскувачот треба да се замени,
осигурете новиот распрскувач да е од правилен тип. Повторно
поставете ја плочата на распрскувачот на следниот начин:
(7) Исчистете го лицето на генераторот на капки и врвот од
вентилот на смукалката на главата каде што е поиздаден од
генераторот на капки. Нежно притиснете го врвот на
смукалката во генераторот на капки за да проверите дали
се движи слободно.
(8) Осигурете О-прстенот да е поставен во своето место на лицето
на генераторот на капки, а потоа, поставете ја плочата на
распрскувачот на генераторот на капки. Плочата мора да
е свртена правилно така што дупчињата за шрафовите да
соодветствуваат и плочата да одговара на потпорните
чепчиња. Стегнете ги шрафовите колку што е можно.
(9) Повторно поставете го генераторот на капки на неговото
место осигурувајќи точно да влезе во неговите потпорни
чепчиња. На задната страна од главата, стегнете ги двата
шрафа за прицврстување.
(10) Повторно поставете го преградниот капак врз внатрешниот
цевковод и жици и поставете го држачот.

62
Глава за печатење XS
Забелешка: За поставување на склопот на распрскувачот,
потребна е алатка за вртежен момент.
Отстранете го распрскувачот на следниот начин:
O-прстен
Шрафови
за
прицврсту- Генератор
вање на капки Кристал

Ознака

Кристал

Ракав на
изола-
Шасија торот

Труп

Склоп на
Removing the Nozzle Plate - XS Print Head.eps
распрскувач
Отстранување на склопот на распрскувачот -
глава за печатење XS
(1) Исклучете го печатачот.
(2) Извадете го држачот на главата за печатење со притискање
на двата клипа што го прицврстуваат држачот и повлекување
на држачот.
(3) Извадете го преградниот капак, кој се наоѓа врз внатрешниот
цевковод и жиците, нежно притискајќи ги страните на капакот
навнатре и повлекувајќи го настрана од главата за печатење.
(4) На задната страна од главата за печатење, одвртете ги двата
шрафа за прицврстување (кои се наоѓаат во црните гумени
шајбни) и кои го прицврстуваат генераторот на капки.
(5) Нежно повлечете го генераторот на капки настрана од шасијата
доволно за да овозможите пристап до склопот на
распрскувачот. Избегнувајте да ги влечете жиците.
(6) Држејќи го генераторот на капки, употребете вилушкаст
клуч од 8mm за да го одвртите склопот на распрскувачот
од генераторот на капки.

63
(7) Внимателно повлечете ги распрскувачот и склопот на кристалот
од генераторот на капки.

O-прстен

(8)Внимателно отстранете го O-прстенот од склопот на


распрскувачот.
ВНИМАНИЕ: Секогаш отстранувајте го О-прстенот пред да го
отстраните пиезо-скопот. Во спротивно, кристалот
може да се скрши.
(9) Нежно извадете ги пиезо-кристалите и плочката од склопот
на распрскувачот.

Ознака Ракав на
Кристал изолаторот

(10) Извадете го ракавот на изолаторот


За чистење на распрскувачот, поставете го во чиста чаша полна со
соодветно средство за чистење. Поставете ја чашата во улстрасонична
када полна со вода. Вклучете ја ултрасоничната када и чистете го
распрскувачот не подолго од 10 минути. Ако распрскувачот треба
да се замени, осигурете новиот распрскувач да е од правилен тип.
Повторно поставете го склопот на распрскувачот на следниот начин:
(11) Повторно поставете го ракавот на изолаторот.
(12) Поставете го првиот кристал, имајќи предвид дека страната
со бакар треба да биде најгоре, а потоа, поставете ги плочката
и вториот кристал, имајќи предвид дека страната со бакар
треба да биде најдолу.
Страни со
Страна со бакар, заедно
Кристал бакар

(13) Заменете го О-прстенот.


(14) Внимателно, повторно поставете го склопот на распрскувачот
имајќи предвид дека треба да се стегне до 0,7Nm.

64
(15) Повторно поставете го генераторот на капки на неговото
место осигурувајќи точно да влезе во неговите потпорни
чепчиња. На задната страна од главата, стегнете ги двата
шрафа за прицврстување.
(16) Повторно поставете го преградниот капак врз внатрешниот
цевковод и жици и поставете го држачот.

65

You might also like