You are on page 1of 1

Дневен оперативен план за час

Наставен предмет: Англиски јазик


Одделение: II
Дата: 17.12.2015
Наставна единица: Обработка на песна `` My room is nice.``и увежбување зборови за
локација и играчки

Цели на часот:
• Повторување на вокабуларот за мојата соба и моите играчки
2. Обработка на дијалог
3. Обработка на песна `` My room is nice.``

Фази на часот:
Воведен дел: ( 10 мин )
- Наставникот со учениците ги повторува изучените зборови,а потоа го слушаат
дијалогот.По ислушаниот дијалог наставникот им укажува на учениците каде да отворат
за да ги најдат лепенките и да ги залепат на даденото место
Главен дел : ( 25 мин )
- Vocabulary Revision: Со помош на картичките, учениците го повторуваат вокабуларот за
мојата соба и моите играчки
- Listening Comprehension: Наставникот објаснува што ќе слушаат ( дијалог, стр.25 ) и на
што треба да се фокусираат. Откако ќе го преслушаат неколку пати, потоа повторуваат по
касетофонот и за крај неколку ученици го драматизираат истиот.
-Listening Comprehension: Наставникот дава насоки за слушање на песната `` My room is
nice ``, а потоа ја пеат и учениците со помош на наставникот

Евалуативен дел: ( 5 мин )


- Учениците уште еднаш ја слушаат песната `` My room is nice `` и при тоа наставникот ги
поттикнува да се приклучат кон нејзино пеење.

Наставни средства и помагала:


- учебници за II одделение, CD, касетофон, картички со ликовите од учебникот
Форми и методи за работа:
- индивидуална работа, фронтална демонстрација, работа во група
Корелација со други наставни предмети/со македонски јазик(значење на зборови),со
музичко образование(развивање чувство за ритам)
Методи,форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците/
Постојано следење на активноста на ученикот,усвоеност на вокабулар,усни одговори на
прашања,усна повратна информација,практична работа на час
Очекуван исход-учениците да можат да ги изговорат зборовите,да ги залепат
стикерите,да ја пеат песничката
Рефлексија на часот-

You might also like