You are on page 1of 4

Алтернативни извори на електрична струја

Ветерни централи

Ветерот кој дува на површините на Земјата во себе содржи еден вид на енергија.
Таа енергија може да се конвертира во механичка енергија за вршење на
некаква работа. Со поврзување на ротор на електричниот генератор,
современите ветерни турбини ја претвораат енергијата на ветерот во електрична
струја.
Кога воздухот кој е загреан од Сонцето се крева нагоре, на неговото место се
создава вакуум. Поладниот воздух го пополнува овој вакуум. Оваа брза размена
на воздух е позната како ветер.
Египќаните се најверојатно првите кои ја откриле енергијата на ветерот. Тоа го
гледаме по бродовите кои ги граделе околу 4 век п.н.е. со векови подоцна сите
пловни објекти кои служеле за превоз се придвижувале со помош на енергијата
на ветерот. Оваа енергија за првпат е искористена на копното кога е создадена
првата ветерница од страна на Персијците во 7 век од нашата ера. Тогашната
ветерница се користела за мелење на жито, пумпање на вода и обезбедување на
други видови механичка енергија.
Бидејќи ветерот е чист и обновлив извор на енергија, современи турбини се
инсталирани во 26 држави до 2007 година, за да ги дополнат традиционалните
извори на енергија како горењето на јаглен. Подобрувањата во дизајнот како
поврзување на поефикасни ротори и зголемување на бројот на турбини,
помогнаа да се зголеми капацитетот на струја произведена од ветерот за речиси
150 проценти до 1990.
Првите ветерници во Европа се појавиле во 12 век во Англија и Франција.
Европејците за разлика од Персијците, развиле ветерници со ротори кои се
вртеле околу хоризонтална оска. Типичните европски ветерници користат 4 или
5 сечила.
Современите ветерни енергетски системи се составени од три основни
компоненти: носач или столб на која е поставена ветерната турбина, ротор кој се
врти со помош на ветерот, и генератор во кој е сместена опремата, и со чија
помош се претвора механичката во електрична енергија. Пропелерите треба да
бидат лесни и силни за да имаат аеродинамична ефикасност и да ги издржат
силните ветрови.

Столб
Подобрувањата на дизајнот и градежните материјали доведоа до изградба на
повисоки кули, дозволувајќи им на роторите да бидат монтирани подалеку од
копното, каде што ветровите се обично посилни. Помалите ветерни турбини кои
произведуваат струја до 1 киловат се поставени на висина од 10 до 20 метри.
Турбини кои произведуваат енергија до 30 киловати се движат на висина од 20
до 40 метри. Средните ветерници се монтираат на столб направен од челик и се
поставуваат на висина од 25 до 50 метри. Ветерните турбини може да бидат
направени од метал, армиран полиестер и бетон.

Ротор
Роторот, кој се врти со помош на силата на ветерот, ги држи перките кои се
дизајнирани да ја заробат кинетичката енергија на ветерот. Речиси сите
современи ветерни турбински ротори се вртат околу оска која е поставена
паралелно на земјата. кога се врти роторот, тој го врти вратилото што ја претвора
енергијата на ветерот во механичка енергија. Потоа, во вратилото се наоѓа
генераторот, која механичката енергија ја претвора во електрична струја. Иако
некои современи турбини имаат пропелери направени од дрво, повеќето
модерни турбини содржат перки направени од фиберглас, лесен и цврст
материјал што се состои од полиестерни смоли и стаклени влакненца.

Материјалот од кој се направени перките

Генератор
Генераторот ја претвора механичката енергија на роторот во електрична струја.
голем број од модерните турбини користат два генератори, мал генератор за
полесните и слаби ветови, и еден голем за силните ветрови. Некои пак, имаат
генератор кој содржи двојни електрични намотки, кои ја извршуваат истата
задача како комбинираните два генератори. Најновите ветерници користат друг
тип на специјално дизајнирани генератори кои се управувани директно од
страна на роторот без пренос.

Големина на турбини
Турбините се поделени во три класи: мали, средни и големи. Малите ветерни
турбини се способни за генерирање на струја помеѓу 50 и 60 киловати и
димензиите на роторот се во дијаметар од 1 до 15 метри. Малите турбини се
монтираат главно во оддалечени области каде е потребна енергија, но
пристапот до конвенцијалните извори на струја е скап. Постојат мали турбини
познати како микро-турбини, кои се копмактни и може да се пренесуваат.
Средните турбини користат ротори чиј дијаметар опфаќа димензии помеѓу 15 и
60 метри, и имаат капацитет да генерираат струја од 50 до 1500 киловати.
Големите ветерни турбини имаат ротор кој опфаќа дијаметар помеѓу 60 и 100
метри и се способни за генерирање на струја од 2 до 3 мегавати. На почетокот се
мислеше дека големите турбини ќе бидат поекономични. Повеќето земји имаат
направено обид за создавање на мулти-мегаватни турбини, но овој обид се
покажа како помалку економски исплатлив.
Локацијата на ветерниците е од клучно значење за максимизирање на струјата
што може да се произведе со помош на ветерот. Област со висока просечна
брзина на ветровите може да произведе повеќе струја од области со ниска
брзина на ветерот. Во речиси сите континенти, ветровите се најсилни во текот на
зимата и пролетта, а најслаби во текот на летото и есента.
Енергијата на ветерот е обновлив но испрекинат ресурс, поради зависноста на
силата на ветерот од сезоната. Во области со висока просечна сила на ветрот се
произведува 60 проценти од вкупната струја што се користи. Во областите со
просечна брзина на ветерот се произведува околу 25 до 35 проценти од
вкупниот капацитет.
Во Македонија првите ветерни електрани се изградени во
периодот од 2011 до 2014 г, како дел од ПВЕ
„Богданци“ близу градот Богданци во јужниот дел на
земјата.

You might also like