You are on page 1of 2

Глава 3 – Рамнинско нестационарно струење на подземните води

3.1. Примена на хидродинамичката теорија на филтрација и преминување на хидрауличката


теорија.

Како што претходно е кажано доследната примена на хидродинмичката теорија на филтрација


на подземните води доведува до комплицирани математички изрази. Добиените парцијални
диференцијални равенки немаат решение во општ облик, што ја отежнува нивната практична
примена. Меѓутоа и покрај тоа голем број практични задачи изискуваат решавање со примена
на хидродинамичката теорија. Ова пред се се однесува на просторните тродимензионални
струења на подземните води, кои не може да се шематизираат како простите (рамнински или
еднодимензионални) како и струењата во услови на високи притисоци и температури, каде
што набљудувани точки се карактеристиките на порозната средина и водата во функција на
положбата (пред се длабочината).

Во денешно време кај примената на хидродинамичката теорија на филтрација, проблемите од


математичка природа релативно едноставно се надминуваат со примена на различни
нумерички методи на решавање на диференцијалните равенки и со работа на компјутерите.

Сепак низа на задачи од областа на струењата на подземните води може да се решат со


примена на хидрауличката теорија на филтрација, кај која се воведуваат одредени
упростувања на условите на струeњето, која не резултира со поголеми грешки во добиените
резултати. Благодарение на воведените претпоставки можно е да се изведат релативно
едноставни аналитички изрази за низа посебни случаи. Ова на хидрауличката теорија на
филтрација и дава одредена предност во досегашната пракса на решавање на пробеми од
областа на струења на подземните води. Покрај тоа примената на нумерички методи при
решавање на диференцијалните равенки со компјутерите овозможува практично
неограничено учество на хидрауличката теорија на филтрација на подземните води во
практичното решавање.

3.2. Основни претпоставки на хидрауличката теорија на струењата

Со решавање на диференцијалните равенки (доколку е тоа можно), се добива слика на


струењето на течностите во секој момент и во секоја точка на просторот на струјното поле.
Уважувајќи ги основните претпоставки на условите на струењето на подземните води, како
што се шемата континум и Дарсиевиот закон на струење, со примена на хидрауличката
теорија на филтрација, од равенки кои одредуваат некоја големина на струење во точката на
струјниот тек, се преминува на равенки кои се распростираат на конечна зафатнина на дел од
струјниот тек. Се воведуваат поимите попречен пресек на текот по целата негова висина, потоа
средни или репрезентативни, брзини, протоци и притисоци и други. Слика 3.1.

Ова е овозможено пред се благодарение на концептот на хоризонтално струење на


подземните води и воведување на хипотезата Дипуија во попречниот пресек на струјниот тек.
Оваа постапка се вика хидрауличка апроксимација.

Во општ случај струењето на подземните води е тродимензионално. Брзината се состои од три


компоненти, vx,vy и v2 (во правоаголниот координатен систем), кои можат да бидат различни од
нула. Пиезометриското ниво обично варира во просторот и со тек на времето, tj.П=П (x,y,z,t).
Меѓутоа благодарение на условите на генезата на повеќето водоносни слоеви, нивната
геометрија е таква што дебелината им е релативно мала во однос на хоризонталните
димензии.

Во склад со тоа може да се примени апроксимација според која се претпоставува дека


струењето во водоносниот слој е секаде хоризонтално , или може да се набљудува како такво,
занемарувајќи ја вертикалната компонента на струењето.

3.3. Специфична издашност на изданокот

Во општ случај при филтрација на подземните води, еластичните својства на порозната


средина и течноста имаат одредено влијание на карактерот на струењето. Ако се занемарат
процесите на транспорт и размена на топлината, ефектите од влијанието на наведените
параметри на водата и порозната средина доаѓаат до израз како последица на промените на
напонските состојби во областа на струењето. Во тие услови водата и порозната средина може
да се набљудуваат како еластични тела, кај кои промените на нивните својства се случуваат
како последица на промените на пиезометриското ниво на изданокот. Тоа значи дека водата и
порозната средина се набљудуваат како деформабилна , стисливи тела.

Во динамиката на подземните води, како параметар за состојбата на течностите и порозните


средини се зема и анализира големината на зафатнината на подземните води, која се добива
на сметка на еластичните особини на водата и порозната средина, изразена преку
специфичната издашност на изданокот.

Специфичната издашност на изданокот претставува поим кој е поврзан исклучиво со


изучувањето на струењето на подземните води во непостојан (нестациониран) режим. Во општ
случај може да се дефинира како зафатнина на вода која изданокот ја дава, или акумулира,
при поединечна промена на пиезометриското ниво на изданокот, односно тоа е количник на
зафатнина на вода (исцрпена од водоносниот слој, или налиена во него) и зафатнина на
промените на пиезометриското ниво на изданокот.

dV види ја формулата !!!!!

dVп,

каде, dV – зафатнина на вода која ја дава изданокот, или акумулира, при промена на
пиезометриското ниво.

dVп, - зафатнина која е резултат на промените на пиезометриското ниво (притисокот) на


изданокот.

Како однос на две димензионално исти големини, специфичната издашност на изданокот е


бездимензионална големина. Во зависност од условите на струењето на подземните води се
разликуваат:

 Специфична издашност на изданокот кај која струењето се одвива под притисок (u ) и


 Специфична издашност со слободно ниво (E), која во пракса често се вика и ефективна
или динамичка порозност.

You might also like