You are on page 1of 3

АНАЛИЗИРАЊЕ НА ПРИМЕРОК

1. Извадете го тест китот од фрижидер и оставете го нaјмалку 10 минути


на собна температура
2. RFID картичката поставете ја на врвот од апаратот
3. Притиснете „measurement“ од главното мени

4. Притиснете за да продолжите
5. Изберете Sample Type и внесете ги податоците за пациентот
6. Притиснете за да потврдите
7. Вратата на анализаторот ќе се отвари автоматски!
8. Земете 20µl на плазма, аплицирајте ја длабоко во течноста на ERS
киветката, ставете го ERS капакот и притиснете (не го промешувајте
тест китот)!
9. Внесете го тест китот во просторот за ставање на примерок и затворете
ја вратата
10. По завршување на анализата, резултатите ќе се прикажат на екранот од
таблетот.
ПУШТАЊЕ НА КОНТРОЛА

Пред употреба на контролата истата мора да се раствори со 1ml на


дестилирана вода 30 минути пред употреба. Така растоврена се чува во
рок од 14 дена во фрижидер на температура од 2-8°C!

1. Извадете ја RFID картичката од пакувањето со тестови и поставете ја


на врвот од апаратот.
2. Притиснете „measurement“ од главното мени
3. Од Sex менито одберете - “Control”
4. Од Sampletype менито одберете – “Citr.Plasma”
5. Внесете го LOT бројот
6. Вратата на анализаторот ќе се отвари автоматски!
7. Земете 20µl од контролата, аплицирајте ја длабоко во течноста на ERS
киветката, ставете го ERS капакот и притиснете (не го промешувајте
тест китот)
8. Поставете го тест китот во просторот за ставање на примерок и
затворете ја вратата
9. По завршување на анализата, резултатите се прикажани на екранот од
таблетот.
ОДРЖУВАЊЕ:

- Чистење на екранот на таблетот


Со чиста крпа која не пушта влакна, со ВОДА. Не ја мокрете крпата многу!
Не го чистете екранот од таблетот со изопропил алкохол!

- Чистење на вратата и просторот за ставање на примерокот


Исчистете ја вратата на анализаторот со чиста крпа која не пушта влакна,
натопена со ИЗОПРОПИЛ АЛКОХОЛ.
Просторот каде се става примерокот (тест кертриџот), може да се исчисти со
памучно стапче натопено со ИЗОПРОПИЛ АЛКОХОЛ.

- Чистење на надворешноста на анализаторот


Површината на Eurolyser CUBE-S/CUBE треба да се чисти со крпа која не
пушта влакна, натопена со ИЗОПРОПИЛ АЛКОХОЛ.

You might also like