You are on page 1of 6

КУЌЕН РЕД

ПРАВИЛА

ЗА УЧИЛИШЕН РЕД, ДОЛЖНОСТИ И ОДНЕСУВАЊЕ НА


УЧЕНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ
ВО ООУ „СИМЧЕ НАСТОВСКИ“ - ВРАТНИЦА

ООУ „Симче Настовски“-Вратница


1. ОСНОВНИ НАЧЕЛА И ПРИНЦИПИ

 секој субјект (вработен, ученик, надворешно лице) е должен совесно и


одговорно да ги извршува своите обврски;

 секој субјект е должен да се грижи за куќниот ред во училиштето;

 секој субјект е должен да допринесува за воспшоставување на


атмосфера на ред и дисциплина;

 да се воспостави ефикасен систем за следење, оценување и


евалвација на работата на вработените;

 почитување на законските норми и регулативи;

 Перманантен стремеж кон подобрување на перформансите на


вработените и учениците.

2. ПРОФЕСИОНАЛЕН ЛИК НА НАСТАВНИКОТ

- Да се одликува со професионалност, чесност, стручност, високи морални


квалитети, општа култура, педантност, флексибилност кон промените во
наставата и во односот кон учениците и нивните промени ...

3. ОДНОС НА НАСТАВНИКОТ КОН НАСТАВАТА И УЧЕНИЦИТЕ

 почитување на тајмингот за почеток и крај на часот и на работното


време;

 изработка на годишно, теметско/процесно и дневно


планирање;

 почитување на личноста на ученикот;

 постојано усовршување на наставниците и стручните училишни служби


(интерна едукација, соработка со други образовни институции во
државата и надвор од неа, отвореност кон проекти и промени);

 соработка и кохезивност во колективот (висок степен на соработка


меѓу вработените во тимското решавање на конкретни проблеми );

 комуникација и координација со учениците;

 додатна и дополнителна и подготвителна настава;

 Меѓусебна соработка на ниво на активи и Наставнички совет во


надминување на секојдневните прашања во врска со наставата;

 Коректност, објективност и јавност во оценувањето;

 грижа за здравјето на учениците и правилна примена на мерките


за заштита од КОВИД 19

 давање упатства на учениците за тоа како правилно и безбедно


да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на
рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на
останатите ученици и вработените во училиштето.
4. ПРАВА НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишување и други права на учениците:

 учениците мораат да посетуваат дополнителна и додатна


подготвителна настава;

 доколку се упатени на поправен испит, имаат право испитот да


го полагаат во јунскиот и августовскиот испитен рок;

 ако ученикот не е задоволен од годишните оценки што му се


соопштени, има право во рок од три дена да поднесе приговор до
Наставничкиот совет ;

 ако ученикот не е задоволен од оценките добиени по завршувањето на


поправните испити има право во рок од три дена да поднесе приговор
до Наставничкиот совет ;

5. ДОЛЖНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ

Како должности на учениците во ООУ „Симче Настовски”-


Вратница, регулирани со Законот за основно образование се
истакнуваат следните:

 ученикот редовно да ја посетува наставата;

 да го почитува куќниот ред во училиштето;

 да има одговорен однос спрема училишниот имот;

 да се однесува коректно спрема учениците, професорите и другите


вработени лица во училиштето и надвор од него;

 со своето однесување ученикот не смее да ја попречува воспитно


образовната работа во училиштето;

 ученикот не смее да внесува во училиштето алкохол, дрога и други


психотропни и стимулативни супстанци;

 да ги почитува правилата за заштита на сопственото здравје, но и здравјето


на останатите ученици и вработените во училиштето;

 за време на наставата задолжително да ја почитува мерката за физичка


дистанца од најмалку 1,5 метар и да носи заштитна маска/покривка на лице.
6. ОБВРСКИ НА УЧЕНИЦИТЕ

Обврски на учениците воООУ „Симче Настовски“ - Вратница за


непречено одвивање на воспитно-образовниот процес:

 ученикот да биде уредно облечен, педантен и редовно да ја


посетува наставата;
 се обврзуваат учениците лекарските или стоматолошките прегледи
да ги обавуваат после завршувањето на часовите, освен за итни
случаи;

 за време на малите одмори учениците не смеат да излегуваат


надвор од училишната зграда, освен оние кои имаат настава по
спорт и спортски активности;

 како поволно време за оброк или ужина, учениците се обврзани да


го користат терминот за време на големите одмори (по вториот
час);
 да го одржува потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5
метар
 да ги дезинфицира обувките и рацете со дезинфекционо средство
 задолжително да се мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба
на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани
 учениците оброкот ќе го носат од дома и ќе го консумираат во
училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја
отстранат маската/прекривката од лице во училница.

7. ПОФАЛБИ, НАГРАДИ И ПЕДАГОШКИ МЕРКИ

ПОФАЛБИ И НАГРАДИ

Со пофалбите и наградите се стимулира развојот на позитивните


особини кај учениците и вработените, се јакне вербата во сопствените
можности и се дава признание за постигнатите резултати во воспитно-
образовната дејност. Пофалбите и наградите се доделуваат на ученикот,
наставникот, група ученици или цела паралелка, после постигнатите
резултати во текот или на крајот на учебната година.

Ученикот се пофалува и наградува за:

 примерно поведение и позитивно однесување (развивање на


другарство, почит и давање помош на соученик);

 залагање и унапредување во наставата;

 залагање и постигнат успех во слободни ученички активности


(натправари, ликовни и литературни творби изложби и сл.);

 залагање и придонес во разновидни активности во училиштето и


локалната средина (културни, производствени, хуманитарни и др.).
Пофалби и награди можат да бидат доделени и на:

 паралелка која особено се истакнува со успехот, поведението и


редовноста во извршувањето на училишните обврски;

 група ученици, секција или училишна екипа која постигнала


особени резултати на натпревари (освоено прво, второ или трето
место);

 паралелка, група или секција која постигнала најдобри резултати


во одредена акција организирана во училиштето или надвор од
него (производствена, хуманитарна, културна и др.);

 наставник за постигнати особени резултати на државни натпревари


(прво, второ или трето место) и индивидуални истакнати резултати
во воспитно-образовниот процес и науката.

Предлог за пофалбите и наградите дава раководителот на


паралелката, предметниот наставник или училишна комисија, а одлука
донесува Наставничкиот совет.
Пофалбите и наградите се доделуваат усно или писмено, во вид на
дипломи, пофалници, парична надокнада или други признанија. Тоа се врши
на свечен начин пред учениците од паралелката, односно училиштето.

НАДОМЕСТ НА НАПРАВЕНА ШТЕТА

Една од должностите на учениците е и одговорниот однос кон


училишнот имот. Доколку ученикот неодговорно се однесува кон училишнот
имот (скршил клупа, стакло, столче, пишува на несоодветни места низ
училницата, работните простории, санитариите и сл.) должен е да ја
надомести направената штета.
Наставникот е одговорен за кабинетот и опремата со која е задолжен.
Должност му е веднаш, доколку се направи штета, истата да ја пријави и по
можност да ги открие сторителите, во спротивно надокнадата за направената
штета ќе падне на негов товар.

8. СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ И ПОШИРОКАТА ОПШТЕСТВЕНА


ЗАЕДННИЦА

Родителите се вклучени во работата на училиштето на суштински


начин, не само со формално присуство на родителските средби. Тие
учествуваат во:
 редовно одржување на контакти со родители (поединечни и заеднички
родителски средби);

 координација во решавање на проблемите од воспитно-образовниот


процес;

 заеднички увид во изостанувањето на учениците од наставата;

 информирање на пошироката јавност за сите поважни случувања во


училиштето.
9. ТРАДИЦИИ, ЦЕРЕМОНИИ, РИТУАЛИ

 свечено одбележување на почетокот на учебната година;

 информирање и пофалување на секој значаен резултат постигнат од


страна на ученици и вработени;

 свечено одбележување на празници, Патронат (денот на училиштето)


и Денот на просветните работници;

 педантно водење на книги за запишување на сите важни настани во


работата на наставниците и учениците;

 почитување и следење на слоганите и симболите поврзани за


традицијата, мисијата и визијата на училиштето;

 избор и наградување на најдобрите ученици;

 свечена прослава на матурските прослави и

 Свечено одбележување на крајот на учебната година и доделување на


дипломи.

15.05.2012 година ООУ „Симче Настовски”-Вратница


Вратница Претседател на Училишен одбор
Деан Трпески

You might also like